Се омажила за некоја што ќе ја носи во странство да таму да заврши факултет, каква глупава одлука, а не мислеше дека ова може таму да те очекува. Во странство и без факултет ќе најдеш пристојна работа ако знаеш јазик. Не ми е јасно нели мислеше за последиците од живеење во странство со некој што уште цица од неговите и ги слуша нив и не знае сам да донесе одлука? Па и ти без работа, ќе чекаш некој да ти даде пари, по цел ден дома, нема со кој да прошеташ таму и ќе ти недостигаат твоите и стариот начин на живот. Абе се мажам на 30че со некој зрел способен за своја фамилија, а не на 20 години за некое си дете. Ај кога ќе пораснеш ќе сфатиш што си направила.
Ај пред да го осудувате девојчето ставете се на нејзино место, за момент. Луѓе сме, грешки правеме, вие па некои ептен светици се правете, шта да ви причам. Заглавена е во странство, сака да се врати, и јас да бев на нејзино место ќе сакав исто да постапам. Бракот не доаѓа заедно со упатство за употреба и никој не гледа на кугла како ќе течат работите. Воздржете се од напаѓања о вие безгрешни суштества. Налетала на мамин син и лоши свекор и свекрва. Мислам, да ми земат картицата, да одлучуваат во мое име па одозгора и мажот да ме остави на последно место и да си ја слуша мамичка пошто на нејзин терет е. И вие што напаѓате цело време прва прилика би се пожалиле во тема за снаи и свекрви и свекори ама сега тука памет солите. Сака да се врати, бара начин, не знае како. Овде сме да помогнеме, а не да ја критикуваме зошто и како се омажила.
Работата беше да си одам порано сега веќе можам да почекам и накај 15 ти 17 ти ке си одам со сите ама не доагам назад пак ке му побарам развод не змаѓ како ке реагира и мн ми е ризик тука сум сама, мислам да не зборувам со никој за тоа и доле ке му кажам и на него. После нека си дојдат без мене фамилијарно... Не ме разбира сега пак разговаравме не размислува за мене дали сум среќна дали плачам, не џе замара едноставно си стои ма неговото...
Епа готово, не зборувај ама баш ништо за развод. Кога ќе си дојдеш, ќе разговараш со твоите, ќе ти помогнат за сè и фино лепо ќе си заминат сами. Не се премислувај и не дозволувај да те прелажат.
А зошто да бараш одобрување од неговите родители прај како што ти се сака ама ако зависеш од туѓи пари е тогај е тешко.. Не ми е јасно зашо се мажете со некој за да ве повлече у странство не го сваќај ова како провокација или слично, ама испод мира триста вира.. Поарно ке живеам со некој среќно во село сама со него и никој да не ми се меша да праам шо сакам отколку да живеам на Бахамите и да ми кажува некој што треба да правам и каде да се движам, по овој твој пост како во Саудиска Арабија да сме.
И да се оделите нема да се смене таков човек сега ако оде по акло на мама утре ке оде на некој колега што ке му пушта провокации или пак па ке се слуша со мајмаму скишно и ке му дава буи, нестабилен човек, а и млада си 20 години генерација сме наместо најголем проблем да ти е да немаш што да облечеш за во диско ти се замараш со свекви секако тое право ама токсична средина.
Вие океј ли бевте пред да заминете таму кај неговите? Имаше ли љубов помеѓу вас? Се разбиравте ли? Како па одеднаш одете таму и оп троп он се менува целосно и прави што ќе му кажат родителите? А и тие негови родители како можат да ти бранат да си заминеш од таму и да одиш кај твоите не ми е јасно? Со кој памет би те заробиле? Чудно. Ако ова е вистина и ако не те пуштаат мислат дека си нивна сопственост при тоа маж ти е на нивна страна во врска со ова нема што веќе таму да бараш Тие не смеат да ти забрануваат да излезеш од таму. А маж ти? И он ти забранува?! Кажи му 2 3 редови и замини се. Со таков маж ти е пред време пиши пропало, ќе останеш да бидеш цел живот командана и он него и од неговите дека нели те однеле. Таков живот со такви луѓе што мислат така не ти треба. Па и Мк да седеш 100 пати подобро отколку да бидеш нечиј заробеник дома. Не знам што правиш уште таму, искрено.
@cornflakes6556 Многу лошо. И навистина е за пријавување. Те малтретираат, ти забрануваат, ти се закануваат? Мила, мислиш дека ова е нормално? Не е. Никој не си оди од аздис, да се разбереме. Скроз те сфаќам зошто сакаш да си одиш. Мали сте многу, премали и двајцата. Сеуште сте дечиња без искуства низ животот а мама нормално е тука за да ве води вас, може така и таа размислува бидејки сте мали. Требало да си поодите да стекнете искуства низ животот и да се пресметате во меѓувреме дали сте еден за друг. Оди си од таму. Не е нормално ова што го читам. Ќе сфатам да ти кажеше "пандемија е ми е страв да те пуштам" ама не е нормално да ти кажува дека оти си омажена немаш право да си одиш. Не е нормално да ти забрануваат ме сфаќаш? Замини си. Ако треба и татко ти нека дојде таму или не знам што еве нека е спука со лошо на свекрвата или да и се закани да ја пријави ако не те пушта.
Мислам милион пати е кажано еве ќе повторам и јас. 70% од девојките овде немаат проблеми со свекрвите туку со нивното недораснато маже. @cornflakes6556 се надевам ќе успееш да си отидеш кај твоите. Си била млада и си донела малку избрзана одлука тоа со факултетот и мажачката па одозгора и живот со свекор,свекрва и золва. Верувам дека не ти е лесно. Инаку прочитав дека си пишала дека не ги признаваат нашите факултети, само ќе кажам зависи кој факултет. Правниот многу јасно дека не е признат. Моја роднина со економски факултет дополагаше само мал дел испити и сега си работи по струката во Америка. Со „дипломата не е признаена у странство“ да не те придобил и „заробил“ сопругот? Имам пример од секојдневието девојче што исто вака како тебе се омажи и отиде за странство да студира. Се уби од плукање по нашите факултети и универзитети, како ништо не чинат. Се омажи, отиде во странство, со надеж дека мажот и ќе работи и ќе ја издржава неа додека студира. Ама гадно се излажа. „Несакајќи“ ја остави бремена и сега си чува дете. Еве веќе 3 годинки и наполни ќеркичката а ние бедниците на македонските универзитети ќе дипломираме наредната година.
Сега периодов додека си таму само кулирај си, не се замарај, и пробај да ги игнорираш провокациите од свекрвата. Кога ќе се вратите во мк обавезно твоите да седнат со неговите да поразговараат сериозно што ќе ја биде работава или ќе продолжите или не, ова го кажувам затоа што факт е дека твоите и неговите родители имаат поголемо животно искуство и поинаку гледаат на работите за разлика од тебе и твојот сопруг, па вие за мене сте се уште постари тинејџери (22 со 20 години), од машка перспектива ти кажувам твојот сопруг уште е зелен во памет, ова не е навреда туку вистина, и јас на тие години бев зелен, и не постои машко на 22 години а да не е зелено во памет, па признавале или не, факт е жените побрзо созреваат иако си помала од твојот сопруг 2 години, ти си позрела од него, затоа во мк седни со твојот сопруг и објасни му како на дете дека сега кога е во брак веќе за него настапила нова фаза во животот. Ако видиш дека не бива тогаш подобро разведи се инаку ќе ти отиде младоста по кавги, нервози, стресови...
Јас пак мислам да не се мешаат воопшто родителите, утре да не излегуваат муабети ни од нејзина уста пред нејзините ни од негоава уста пред неговите, ете вие се умешавте и ни расипавте работа. @cornflakes6556 треба да се тргне со него некое време на страна од се, да видат можат ли сами да функционираат, да се преслушаат дали можат финансиски, емотивно и секако да функционираат независно од родителите. Ако не можат, а од друга страна и покрај финансиското п(од)магање на неговите или еве и нејзините нека се мешаат не можат тие двајца да функционираат на долги стази или одреден период решението е повеќе од очигледно. Ако се 'деца' според годините, однесувањето и зрелоста мора да прекинат со тоа и како возрасни да се договорат и одлучат што понатаму со нивниот брак. Бракот е за двајца, а не за цела фамилија и роднини во него, ако не им оди на нив двајца и исклучиво нив тоа е тоа.
Ке чекам додека треба да си одиме ако се зафркаваат со мене кажат не одиме мак ке и кажам одам сама ако не дозволат одам во полиција и ги пријавувам и си одам доле. Знам јазик и нема да дозволам да ме зафекаваат. Не се предомислувамповеќе ниту ке ги молам. Ако се симнеме сите заедно ке разговарам прво со моите после со маж ми и толку ако планира да продужиме со турско ропство јас не се враќам овде ако живееме сами и се врати во нормала како пред 2 месеци тогаш ке разговараме.
Пишував и во темата брачни совети мојата одлука е овас Ке чекам додека треба да си одиме ако се зафркаваат со мене кажат не одиме мак ке и кажам одам сама ако не дозволат одам во полиција и ги пријавувам и си одам доле. Знам јазик и нема да дозволам да ме зафекаваат. Не се предомислувамповеќе ниту ке ги молам. Ако се симнеме сите заедно ке разговарам прво со моите после со маж ми и толку ако планира да продужиме со турско ропство јас не се враќам овде ако живееме сами и се врати во нормала како пред 2 месеци тогаш ке разговараме.
Не сакам да те разочарам, ама според описот, нема ништо добро од него да видиш. И одделени да сте, пак ќе биде под контрола на неговите, нека не те залажува доброто однесување со времетраење од еден месец. Размисли си убаво, но таков маж на кој сега кога сте само 8 месеци во брак му е сеедно што ти плачеш и неговите те навредуваат, исто ќе биде и понатаму а можеби и полошо. Не ти треба.
Мој совет е да си најдеш работа да ги пријавеш и да ги баталеш, нестабилен човек секогаш ке е нестабилен а на 20 а на 50 години остај тоа машко е па уред е да е зелен на 20, тоа е до карактеро шо ке чекаш ли да остарее за да те поштува, мани таму почни со нов живот.
Сега само што разговарав со него вика твоите ке дојдат викам моите немаст одмор јас сум слобона плус, само да излезе за 2 недели не си одиме има во воздух да ги дигнам сите заедно
Види девојко не може никој мене било што да ми забрани пошто прво не сум се омажила од корист, второ заработувам и не зависам од сопругот уште помалку од неговите родители, ја гледаш разликата или не? Никој не коментира зошто нејзините се јавуваат, а сите ја искоментирате свекрвата, исти се и нејзините како и неговите. Ок, сите што отишле во странство се сељаци и немаат појма од животот, со самото тоа што пишува дека се “качиле” горе и сега ќе се “симнувале” долу доволно кажува и за нејзе, учење на факултет ај донт тинк соу. Не ми е јасно и што ја советувате да се оддели, каде бре ќе се оддели и маж и ако е колку нејзе или некоја година постар на 22-23 години ќе работи, ќе плаќа кирија, факултет, сметки, храна со една плата, може ако е доктор, инженер, ИТ вака со плата работничка ќе си седи со мама и тате, да работи и таа може, сам не.