Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Тотално погрешно си ме сфатила. Трпи мислев во поглед на да се гледа и да седи со нив по цел ден пошто се иста куќа. Taa рече како можела таа по цел ден да седи со нив, а тој еднаш месечно да не сакал да седи со нејзините. Погрешен и` е ставот, додека не престане со „може ли“ и почне со „јас и малата одиме кај моите ќе се вратиме за 2 саати“ без простор за многу дискусија, ќе си игра вака со неа.

    И некои родители викаат „додека си под мој покрив и додека јас те хранам, ќе ме слушаш“ ако е за тоа. Па секогаш нашите се фини и одиме во куќата на мажот со став како со перце да не` мазеле и како никогаш да не сме послушале никого во животот, па демек ќе се праиме од уште ладна перница и 0 придонес во домаќинството газди.

    И да е така, не мора да значи, сум работела во такво место и имало редовни автобуси до градот. Ама арно велиш, до локацијата си зависи.
     
  2. zelenooo

    zelenooo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Од овде кај што сум мажена до местото од кај што сум дојдена нема никаква автобуска линија освен такси. Што мене таксито ме чини 400 ден во еден правец. Имаме кола зошто со неа да не не носи. Во ред ако неговата мајка не ги сака моите ,но зошто на синот при секое излевање да му вели дојдете си за еден саат? Или таман ке тргнеме некаде ним кола им требала за во селото (во истото место кај што сме). И мс поради мајка му не им прави чест на моите за никаков празник оди само како на број да е. Кога сме разговарале за ова што така вели за моите нема пари за такси,нафта или колата е дефек а за други има само ми ќути. Еднаш ми рече да одберам мегу моите и овде (нив и син ми). Како бе да бираш мегу луѓе што од 3 кг месо те гледале и бдееле врз тебе и те дале некому наготово и мегу сопруг и дете. Со кое право ? Ударот за кој велите дека е чисто од потчукнување ,какво е тоа потчукнување човек воздух да не си зеде и да му се знае рака на грбот 2 дена? Па не еднаш ме удрил вака. Многу го сакам мс неможам без него ама ова .. ;( Како јас можам се да трпам овдед во ова куќа каде постојано ме потсетуват дека сум дошла од посиромашно семејство, каде моите се „стока„ наместо сватовци, каде јас не сум добра зошто имаме повеќе пријатели од мајка му. Мајка му ,му вели на мс дека таа како млада одела кај нејзините 1 во 3 месеци така требало и јас и мс ја слуша како ке му нареди. Во куќава колку мс има дадено за неа толку и тие имат дадено. Платата на мојот сопруг завршува за нивни долгови каде што за гардероба секој месец зимат на вересија . Епа од камен да сум ке си пукнам од мака.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    А тој тебе и да не те потчукнува од време на време?
    Не знам како да ти помогнам, по сето ова што го изнапиша. Па мајку му може ли се да се сведува на пари и кој од какво семејство е (богато, сиромашно).
    Едно ќе ти кажам имаш маж исто како да го немаш. Требало со мајка му да се ожени, а не со тебе, кога постојано ти вели оди ти ама без дете. Мене тоа ми изгледа како ти да си само крава (извини) која што ќе се тели и потоа остај ја во шталата и давај и од време на време вода и храна. Не знам ама со таков ВОЛ тешко дека ќе можеш да опстанеш. Пробај пак турај му семки во тоа тиквата, зборувај постојано дека вие сте друго семејство и треба ти и тој да носите одлуки, а не мама.
     
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Секогаш оригинална! Се согласувам целосно!
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Тоа е точно. Ама па и не мораш да ги гледаш по цел ден. Ќе си фатиш работа (макар и низ дома) и колку помалку муабет, толку помалку пречки.
    Јас сум многу нетолерантен тип - значи НИКОГАШ не би можела да живеам во заедница. Не дека кај моите рози ми цветале, ама друго е. Колку пати сте свикале на мајка, на татко, сте се налутиле, па на крај не ви фатиле здраво за готово. Кај свекор/свекрва е друго - не можеш како со мајка и татко.
    ама па затоа ти немаш ништо со неговите. било какви проблеми се меѓу тебе и сопругот. А ако тој нема став и се крие под сукњата на мама ич не ти ни треба.
     
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Имам проблем кој не е баш брачен ама сепак се сведува на различните сфаќања меѓу мене и мм. Фамилијата на мм се ем без пари ем видете ме чудете се. Веднаш после нашата свадба, свадба правеше и братучед на мм. Знам дека живеат многу убаво, па тогаш разговаравме и одлучивме да му дадеме 100е како поклон. Толку ќе даделе и девер ми и золва ми и свекрва ми... Тие му се наблиски роднини на мм. Стварно сме многу блиски. Пред една година се вери братучетка му. Бевме на честитање со бонбоњерче и букет. Па правеше регистрација на која бевме поканети и јас и мм и најблиските роднини (непотребно), па пак бевме со букет и шампањско. Им се роди бебушка и за тоа бевме со поклони, пари... Е сега после една година они ќе се селат во стан па не поканија на „нова куќа“. Разгледував и мислев да и земам миксер или пегла или тостер... Сега се отвори едно глупаво прашање, дали ние сме им дале поклон за свадбата :^) За која свадба????? Не ни правеа свадба. Денес доаѓа свекрва ми и се отвори таа тема. Јас или сум луда или нешто не сум сфатила како што треба ама таа ми рече дека треба да однесеме пари како кај нејзиниот брат :?: Тие цела фамилија веќе дале пари на братучеткава кога разбрале дека купила стан па дека ќе треба да реновираат нешто. И јас знаев ама не мислев дека и должам 100е, па воопшто не ни размислив да и дадам. Стварно е глупаво. Сите и дале пари, само мм стои настрана. Искрено останав занемена кога се спомна дека до наредната среда треба да најдеме 100е за поклон... Уште немам убаво размислено за да разговарам со мм ама тој, набрзинка, спомна нешто како - ако треба ќе земам заем. За што заем? Ништо не ми е јасно. Дали сум јас обврзана да однесам поклон иако не правеле свадба???????
     
  7. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    девојки не најдов некоја посоодветна тема, па затоа тука пипувам.. се изнервирав премногу, маж ми ми се јавува пред некое време и ми вели брат ми сака кристијан на кафе да го носи, прашувам каде, кога ќе се вратат, ово оно, како и секоја мајка што прашува, тој ми вели не знам, и почнавме да се караме, ми рече и дека ќе дојде накај 5 часот, но тој дојде порано, детето не ми беше спремно ( има година ипол ) и јас како мајка почнувам да го прашувам каде ќе оди, ми вели незнам, каде сакаме таму, ќе видиме, му велам до 5 ипол да го вратиш, ќе му се спие, тој некако почна на повисок тон да ми зборува, и јас само влегов и го спремав, и детето не сакаше да оди со нив, на вратата почна да плаче, да се дере по мене, и татко ми слегна и го зеде... е сега да напоменам, мене што ме изнервира е тоа дека тој никогаш се нема грижено за детото, не знае ништо за него, а мм не го сфаќа тоа, тој упорно е од нивна страна, кога треба да се бира меѓу мене и мајка му или брат му тој е од нивна, тој смета дека тој им должи ним многу, па на тој начин и се одолжува ( со синот ) кога и да го побара мајка му на спиење тој е секогаш таму, син ми првпат е однесен таму на спиење кога имаше само 3 месеци... затоа што мајка му сакала така, сега мајка му ми зборува кога ќе останала дома од работа да и го давам по 3-4 дена да спие кај неа, а тоа јас воопшто не го сакам, а мм само ќути и дозволува се... и сега ем јас сум скарана со мажот, ем брат му му се изнавикал по телефон, што сме се замислувале ние, ако сме му биле родители, не значи дека тој не смее ништо да прави со него, а како така да го пуштам кога не знам ни каде ќе оди ни кога ќе се врати :@ а јас му реков на маж ми кажи му нека дојдат кај тебе ( тој работи во кафич ) и кажи му најкасно до 6 часот нека биде дома, ама тој, што не сум кажала јас, се тој да пренесувал, дрн дрн дрн... :fubar:
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Ако дале сите ќе треба да дадете и вие. Кога земаш треба да знаеш дека ќе дојде ден и кога треба да дадеш.
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Фифи, јас не сум мајка и знам дека зборувам на памет ама еден ден, кога ќе имам деца, нема да има сила на планетава која ќе ме натера да дадам дете на некој, било тоа да е моја мајка, свекрва, свекор, девер итн ако јас сметам дека на таа личност не можам да и верувам.

    Детето е твое и на маж ти и тука завршува приказната, никој од страна не смее да се меша, никој! Ако свекрвата сака дете да и спие по дома, нека си роди уште едно. Срамота, толку мало дете, цицалче, да спие кај баба. Истото се однесува и за деверот. Ај ќе сватев да сака да го прошета детето низ парк, низ природа, да го однесе во луна парк, ама каде сака тој да го носи- во кафич? Па зарем на мало дете местото му е во кафич, особено кога времето е толку убаво како денес? Или мало, слатко дете е магнет за девојки па да си ја проба среќата, и тоа токму во сабота кога цел град е збутан по кафичи?

    Јас сум секогаш за тоа дека мажот треба да си ја доведе под контрола својата страна од семејството, исто како што девојката е одговорна за нејзината страна но во твојот случај, бидејќи станува збор за дете а маж ти си ќути и игра како што други му свират, заземи став и подбери ги сите кои си земаат преголема слобода, и свекрвата, и деверот ама и сопругот!
     
    На stetoskop, butterfly4, fifi16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^^
    А братучедите што не се во брак и живеат со родителите и тие дават по 100 евра посебно?
    Братучедата беше кај вас на свадба, ви даде 100 евра?
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    Мене не ми е јасно како да се даде поклон за свадба кога не се прави свадба????Можеш нешто да им земеш за новиот стан како поклон.А тоа дека сите дале секој за себе.И башка од тоа да се позајмиш па да се чудиш од каде да ги вратиш тие пари,чудни луѓе сме ние,ќе се позајмиме само да не бидеме помалку
    од другите.Дај толку колку што ти се можностите а што ако некогаш му текне да направат свадба,пак ли ќе даваш???
     
    На Hipica и anina им се допаѓа ова.
  12. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не сакав да објаснувам толку долго ама ајде... Некако останало како традиција измеѓу свекрва ми и јатрва и да даваат многу. За матури, дипломски, новороденчиња... Не дека имаат Бог знае колку ама... И си остануваат должни едни на други ама таа должност ја пренесуваат и на деца кои не се спремни за тоа. На пример стрината на мм им дала по 150е за матура па свекрва ми враќа итн. Ние сите сме стапиле во брак пред братучедите и ни дале по 100е, сите фамилијарно. Значи децата биле со родителите. Не давале пари одделно. Ама мене ме мачи тоа што и золва ми и девер ми дале пари. Доаѓаме само ние како одделени. За детето кога се роди дадов 3500 ден за облека + пари му дадовме и тие дадоа за ќерка ми бидејќи веќе беа двајцата во брак. Ама некако ми е многу глупаво ова, да давам пари за свадба која не ни била. Чест сме направиле ама не би да се позајмувам пари за вакви глупости. Пример ќе ја земам сестра ми, за синчето направи скромна крштевка на која јас и мм не бевме поканети (сопругот има многу браќа и сестри). Јас не и однесов поклон за крштевката. Глупаво е да давам за нешто на што не сум била поканета. Која е логиката на тоа. А и ако решам да дадам како ќе ги дадам???? По кој повод? Што би рекла? За свадбата која не ја правевте????????
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^
    И кај нас во фамилија родителите наши си имаат утврдено цени за поклон за разни славења, ама ние како деца кои веќе сме во брак, за братучеди даваме кој колку сака, обично тоа е минимална сума колку да се покрие порција, затоа што нашите родители веќе дале поголем поклон кој треба да е нели, фамилијарен.
    Тоа си е нивна работа, и не може мене родителите да ми утврдуваат сума која треба да ја дадам. Поголеми суми ќе давам јас за моите браќа и сестри и браќата и сестрите на сопругот и нивните деца затоа што тие се моја потесна фамилија, братучедите нека си ги мислат родителите.

    Но ако биле тие двајца (братучедата со сопругот) кај вас на свадба и дале поклон, редно е и вие да возвратите, без разлика што свадба нема да прават. Поклон се дава заради тоа што стапиле во брак и ве поканиле да ве почастат, дали е тоа свадба или обична седенка дома, нема разлика.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Анина ако веќе им е таква традицијата а дал и деверот треба и вие ( работава е биле не биле, поканети/непоканети за сите поводи во иднина треба да давате, глупости живи, не е во ред по мене ама ако и др.играат така мора и вие). Е сега, ама имаш и ти сестра, па те боли знам. Договорете се до сопругот, одете на 'нов стан' ама не мора да се позајмувате, па нема рок мислам до кој мора да ги дадете. Кога ќе бидете во можност. А на сестра ти исто кога ќе бидеш во можност, односно на внуката купи и нешто, нека биде и после 5 медеци.


    Фифи, бабата има право да го види внучето ама на таа возраст да го бара на спиење па и на повеќе денови нема. Девер ти ако има деца и знае како треба со нив и ако детето сака да оди со него во ред е да го прошета во спротивно не. Не може со сила да го носи ако детето не сака. Ме чуди дека се лутел оти не сакало да оди.....па кај пишува дека чичковците може кога сакаат во кафичи да носат деца. А бе бебе е уште.....Може има и др.факти и ситуации ама многу е мало да биде штафета.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    факт е дека бабата има право да го гледа, и секој ден скоро одиме кај неа, кога мм е слободен.... и спие кај неа, ама една вечер, е сега таа зимата нема работа, и сака да го зима на повеќе денови, но не ми кажува мене директно, туку како да разговара со син ми и на него му зборува... девер ми нема деца, нема ни женска, и јас реков немам ништо против да оди, ама нека ми каже каде и сакам кога ќе кажам тогаш да биде вратено, а не тој кога ќе сака... не знам што ќе биде понатаму, но знам само дека ме чекаат тешки денови посебно кога ќе остане свекрвата на одмор :worried:
     
  16. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Со маж ти ќе се разбереш со убаво, кажи му дека е мало уште, дека има време ќе спие кај бабата. Јас лично сум паничарка за деца и не би дала толку мало дете на некој што нема деца, или еве на девер, а и не сакам да ми спијат со денови децата кај бабите ( да се разбереме и за двете кажувам).
     
  17. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    леона со маж ми тешко дека ќе се разберам кога се работи за свекрвата, секогаш е од нејзина страна, секогаш ја слуша, ептен ретко може да се случи да не ја послуша, оди и до ситуации мајка му да му кажува што да јаде а тој ја слуша, а не тоа јас што го имам зготвено... за други работи наоѓаме заеднички јазик, ама кога се работи за таа тема ептен тешко... затоа и велам дека ќе биде многу тешко да дојдеме до некој заеднички јазик, сум пробала и со добро, и со лошо, и со кавги, и со милувања, но ништо од тоа...
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Како што гледам, во најголем дел родителите се мешаат и неверојатно влијаат врз целата работа којашто од нив зависи дали ќе ја покварат или пак ќе ја држат во нефункционална состојба. Не ми е страно тоа и јас по истава почва газам, не сум од другиот крај на светот. Но, некогаш и самите млади се виновни. Има девојки коишто при прва караница или тежок збор, се јавуваат на мама и и` плачат. И мене ми доаѓало, признавам. Но, останало на „ми доаѓало“. Но, со секое жалење и со секоја изреферирана брачна расправија, на родителите им подаруваме мало делче учество во нашиот брак и трошка повеќе право да судат за текот на истиот.

    Кога некој ќе рече рече „Вие сте идеален пар значи. Каква среќа имате...“ на тоа ми доаѓа да одговорам, а некогаш и одговарам „Не сме идеален пар ако не те оптеретувам со ти реков-ми рече на секое по телефон или во живо. Затоа што брачната расправија е интимна работа и одлуките за текот на бракот се исто така интимна работа во којашто никој не смее да си зема за право или пак да даде на другиот за право да суди за неговиот тек и развој.“

    Како што можеш да си земеш за право, така можеш и да дадеш право некому.

    Не велам дека ако вие не им дадете право, не можат да си земат за право да ви судат. Туку ви дава можност пред нив да застанете цврсто зад својот став, велејќи им дека немаат право да проценат ситуација којашто останала вон нивни очи.

    Не праам муабет за екстремни ситуации, да се разбереме, за коишто некогаш е потребно не мама, туку и на полиција да се јавиш што се вели.

    Не сум правничка, нека не ве залажува тоа што зборчето право го има 20 пати у текстот. Не ми се замара со дотерување, а штом се разбравме, арно е, нели по рецептот се оди, декорацијата не прави разлика. :D
     
    На Nausicaa, Daleron и Daydream им се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Штом до тоа е дојдено ништо не можеш да поправиш, едноставно само ќе си имаш дома расправии и поради тоа да не дојде до многу поголема работа мој совет ти е (знам дека тешко ќе ти падне) помири се со состојбата, за да не се нервираш и да си го губиш здравјето.
    Кога веќе се си пробала во тој поглед и ништо не помага.
     
  20. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    и јас го имам маминото галениче дома, покрај многуте проблеми што ги имавме поради неговите, го имавме и истиот проблем како твојот, го земаше син ми кој е две години , да спие кај неа со денови, се почна спонтано, демек да го прошетаат ваму таму, јас родив уште едно бебенце и немав толку време на почетокот да му се посветувам комплетно како порано. И си го зема здраво за готово свекрвата спиењето кај неа, ке дојде и ке го праша ,,сакаш баба да те земе кај нас да спиеш, ваму ке те носам таму ке те носам и така натаму,,. на почеток и го давав за доброто на син ми, да испадне од дома додека ние цицаме по дома и спиеме со бебето нели ама како помина времето се почесто идеше да го зима преку еден ден, еве ја дошла, и сметав дека од 7 дена во неделата 4-5 дена е таму два дена дома. И почна да ми врие крвта, почна да ми недостасува, едноставвно го оттуѓи детето од дома. и неколку пати и викав нека го друг ден ќе дојде ама и маж ми ја подржуваше, нека го таму му е убаво, ова она. Ама еден ден пресеков и чекав само да прозбори... и дојде на врата и замисли првото влегување дома и одма ,, баба сакаш кај нас да те носам?,, и реков ,,,чекај малку , кога си дојде детето дома, не вчера некни а сега уште 10 саат сабајле да го зимаш? како може така , нека си го дома со мене, што е претерано претерано е веќе , јас сум му мајка и јас ќе кажам кога и каде ќе оди , ти ако сакаш толку да бидеш со него дојди тука и после оди си, не може така веќе, а малото што се роди не сакаш да го подржиш, туку одма да си одиш и со денови те нема да го видиш, демек го чуваш син ми. Тебе ти поминал редот и реков, си го изгледала син ти и ќерка ти и сега само ке доаѓаш да ги видиш, понекогаш да дојдат кај тебе еве и да спијат некогаш не велам не ама дома си е дома, како прво лошо му правиме на детето, ке се збуни, не му се знае кај му е креветот веќе, само се пакуваме распакуваме, на што личи тоа. Јас сакам да си уживам со него а и на малото му е убаво кога го гледа баткото дома, се радува.,,,,,
    и проблемот беше решен, за чудо оти е многу инаетлива жена и тврдоглава до бесвест ама веќе не го побара , ке дојде и ке си оди и некогаш и со нас ке прошета и чао пријатно. и на маж ми му реков , јас сакам да си бидам со децата, еве и да помогне и да доаѓа кај нас и да оди детето таму ама се умерено, не така без ред. На дететто му се прави лошо, само ќе го збуниме и што сме направиле. Замисли и он ме послуша. Може и кај тебе да биде решен проблемот ако разговараш на овој начин и си кажеш што мислиш, пред се нели за доброто на детето мислиш.

    Ако требало бабите да ги чуваат толку децата и со денови да спијат кај нив, ке дала природата и тие да раѓаат деца ако им е досадно дома , за да не ги земаат внуците.