А кај виде дека јас ја советувам да остане тоа? Де врати ми се на постот! И да, она живее со нив 9м а ситуацијава со коронава е 4м, 5м божем не било така. Или сеа досадно и е и ај да разбиеме монотонија. Во Македонија умираат по 10-15 луѓе на ден од корона, во Македонија дневно има по 150+ случаи нови, она треба да дојде од град во кој има многу заболени, ризикува да си ги зарази и родителите кои толку ги сака и луѓето во нејзината околина зошто според пишаново на неа во карантин не и се оди. На страна од коронава, девојчето не е искрено! Јас не го оправдувам однесувањето на свекор и свекрва, малоумно е, ама на 20г некако не ми е верен судов нејзин. Промислена е, пресметана, во другата тема јасно си кажа дека отишла најмногу за школото и сега куку не чини мажот не чини свекрвата, на крај ќе излезе а па не било баш така. Ако е ко што сама вика моќна нека си отиде под кирија. Чисто се сомневам дека за 2 недели ќе ја донесат во Мк како што се надева, ако се навистина такви како што ги кажува прашање на време е кога ќе и го земат пасошот и ја затворат дома. Да имам сега јас снаа таква млада, збесната, да не сака да се разбере од збор, дека не е сега време за шетање гости праење ќе му кажам јас на син ми да и купи билет. Луѓе не е време за шетање, стварно не е, еве граници од ден во ден затвараат, читав во Српска група од вечер грците и за србите затвараат граница, ќе испозаглави народ надвор од државата во која живее и работи па ќе се чеша после. Проблемот не е само кај светковци, и кај младиве е ама ај. Мажот неспособен да се разбере со жена му, мамичка и никој, она млада и досадно и е, а богами и нејзините долеваат масло на оган. Тоа што стариве се понашаат како девојчево за нив да се омажило а не за синот, тоа е па најголем проблем.
Да де, сите се сложивме овде дека од напишаното се гледа дека има 2 незрели 20 годишњаци, родители кои суфлираат од мк, и родители кои контролираат во странција. И дека решението не е глатко и мазно, туку болно и непријатно. Луге аман намалете со тоа критиките за патување. Ако има превоз и има граница отворено, и носи заштита, и има потреба од пат, и е свесна за ризик, кај сака нека иде. Дека се прави моќна, не се прави. А и не е. Со самото тоа што е потполно финансиски зависна.
Вака значи не ми е текнало да се шетам јас седам овде короната како што кажа ти е 5 месеци јас не сакам да си одам за време на карантин итестови и затоа до сега не спомнав ништо за одење, сега се е слободно и сега ако не си отидам ке затворат се после и којзнае кога ке имам шанса да си одам. После ке почнам со школо којзнае и кога ке бидам слободна тоа беше целата приказна. А за пасошот и да ми го земат не можат дома да ме затворат одат сите на работа, така да ке чекам уште 2 недели и после ке видиме..
Pobara mislenje, dobi nekolku strani gore-dole isto objssnuvanje,eve resila do dojde "Dole"...(t.e vo Mk)! No ne e nezavisna,moze jazik da znae, no ne raboti, 20godini ima, ne ocekuvavme deka ke se odluci sama bez zbor da sobere kuferi. Mama, tato,the boss i serifot toa se e samo brak ne e,mazot go nema nikade, a i kako bi go imalo -na tolku drugi glavi sam ke mu ja misli! Eve samata ke si razmisli i neka odluci koga ke se vratat. Nejziniot problem se resaval so vrakanje.
Јас одам овде како на пола работно време и носам флаери по сандачињата на лугето и од таму земам пари и со тие живеам овде не сум дамо да седам дома само штомислам дека тие детали ни не се битни мене само ми беше потребен совет од вас тоа беше се. Јас не сакам проблеми таква личност сум до сега сум попуштала за се за да не се карам со никого, сега ми е друго проблемот.
Се е ок. Како што и сама знаеш веројатно, битно е да се има свои пари за разни не дај боже ситуации. Размисли си добро и без нагли потези и заштити се ако патуваш и носи гелови за дезинфекција, маски и биди многу внимателна, колку можеш дистанца од луге по пат ако се одлучиш да патуваш.
Никој не е толку моќен за тебе да те оддалечи од твоите деца. Ама баш никој. Колку сака мито нека дава, што сака нека прави нема да може. Само се силат а еднаш не застанал да помине време со децата. За скоро ќе стане и насилник. Спаси ги децата од него. Спаси се ти од него. Заслужувате подобро! @Summer16 девојко премногу си млада. И да не си пак ист совет ќе ти дадам. Јас не гледам тука зошто да даваш шанси? Да те држи во кафез? Цел живот домаќинка ќе чистиш тоа ли сакаш? Не знам ама јас д А да си се преселите ти и мајката заедно? Ќе работите двете ќе плаќате кирија. Ти можеш да се школуваш.
Еј де де да не сакала да се разбере од збор ако дошла во твоја куќа не е твоја сопственост, како ке ти е мајкаи да вика на син ти млад збеснат несака да ме слуша а?
Па ако е ко девојкава, богами збеснат е. Син ми има 4г па разбира од збор дека во игротека и парк нема додека трае ситуацијава.
Ne mozhe da sporeduvash edno so drugo Tuka chlenkata kazhuva na odnosot na svekor i i svekrva i kon nea I toa deka soprugot na nishto ne i se sprotistavuva na majka mu Seriozno sporeduvash 4 godishno dete so brachni problemi na nekoj
Прво, ако така гледаш, не е она толку збесната, секако и рекле дека сите ќе дојдат во Македонија за 2 недели, што значи дека не им е нив проблемот короната, па демек се потресени за неа. Друго кога би била ти на нивно место, ако ти се мешаш како што кажуваш дека ќе си му речела на син ти да и купи карта, иста си како свекрва и. Кога ќе сфатиме дека проблемите на утреден нашите полнолетни деца оженети/омажени не се наша работа? Ја осудуваш неа, а они се тие што планираат да дојдат во Мкд зс две недели. Демек нив не им е до шетање и идење по гости, само она е збесната,а? И они излегуваат збеснати.
Значи На свекорот и свекрвата гајле им е дали имало корона или немало Тие не сакаат девојчето само да оди Познато ми е тоа И кога ќе отидат Мк на пример с и с нема да ја пуштат сама кај нејзините на пример На свекрвата злато ќе и излага од уста пред комшиите Детето ќе смее со другари да се види само, снаава нема да смее со другарки Јасно ми е се Девојче кажи за две недели што ќе биде, до тогаш батали не Да беше форумски идол никој немаше да ти замери што сакаш Мк да одиш, ама дека си прилично нова на форумив ете за тебе важи забраната за патување и собирање со друг народ
Ај за 2 недели ќе збориме дали ќе си дојдат! Не споредувам, гледате дека се трудам да објаснам фигуративно. Исто како и примерот дека јас би му кажала на син ми како да постапи. Се жестите од женска солидарност, океј тоа е фино, ама не гледате на општата слика. Не е време за рашетување и крај. А мислам дека стариве само ја замајуваат дека за 2 недели ќе дојдат.
Фала ви за советите, нема потреба што да се карате меѓусебно, ќе ви пишам за 2 недели.Ние можеме и тие 2 недели да пишуваме овде но тоа е џабе. Само можеме сега да чекаме и ке ве информирам за се најново. Поздрав Ти да си на мое место би седела ли овде? Ајде сега е од короната, во зимо ке треба да си одам пак тие како кажат? Картичката зошто ми е земена заради короната ли, зошто не смеам да шетам без мажот ми додека е на работа??? Заради коронава???Зошто се мешаат во нашиот брак тие? И зошто одлучуваат без мене и ми кажуваат забрави мајка и татко кога и да си одиме си одиме сите заедно? Зошто заврана колку да седам кај нив и дека не смеам да спијам? Јас знаеш како би кажала ако мислам на снаа ми и на патиштата, ке се видите сега не е пригодно време а не забрани и закани и уште полошо однесување спрема неа. И тоа што не го знаете пред едма недела керкаи си ја пушти ако забележа напишавдека живеам и со золвата зошто ја нема во муабетов оти ка пушти. Сега сигурна си дека е заради короната и дека трена да ме споредуваш со син ти од 4 ри години???? Немам ништо против тебе ако можеш дај ми одговор на ова оти јас сум збунета.
Јас ништо не те разбирам. Ти го доживуваш живеењето во странство како престој во интернат, дури има школо седиш таму, после си одиш кај мама и тато? Или си решена да се вратиш кај мама и тато и да завршиш со школувањето и со бракот?
Од што толку мисли на мене и од што ме дака пивеќе керкаи си ја прати и додека имаше карантим да дреме на попова шапка и додека имаше тестови фа плака пари а снаата и кога нема ми карантин неможе? Оти? Оти нигу се секира за мене а не и за керкаи? Снаата да сакаше да се расшетува ке си одеше уште во феб кога немаше школо. Нели? Ама снаата ја сфати озбилноста на сотуавијата си седи дома 5 месеци дега има шанса да си оди за послњ избори да се качи оти пак затвараат граници ама снаата е проблем сега?? Ако јас тоа што го барам е многу советувајте ме како да направам ве молам @AngelOfArh . Погоре пишав на две три страни е темата причитај ако сакаш
Просто прашање поставив @cornflakes6556 Планираш да одиш на зимски и летен распуст кај мама и тато, а после да се враќаш кај свекрва?
Не, зимото имаме слава и затоа кажав за зимото за одење. Додека не се дојдов јас таа секои 3 месеци се симнуваше со свекорот. Почнаа да кажуваат абе карантин има абе и кога ке дојдеме пак карантин и јас реков ако ви е ризик да си одите мене и така ми е досадно ке отидаѓ ке се видам со моите и после ке се вратам овдњ и ке седам карантин, за тие од работа да не изгубат (не ги плакаат деновите од карантин овде и ако се разболиш долу не покрива здравството) со добра намера сакав фс си одам сама не со лоша . Не одам да спијам нон стоп кај нив, претходниот пат останав две вечери само и толку. Си спијам во куќата со маж ми.