Реално и ти си во право, ама барем да не ја слуша толку многу и да размислува позрело, со тоа што би подзастанал во одредени ситуации на страна на жена му. Мислам мајка ми уште одкога почнав да земам плата, а тоа беше од 18 години, несмееше да помисли да ми зема картичка или да ми каже кај смеам да трошам пари или па да ми забрани, сега во брак па ич. Незнам не е толку мал да неможе да разграничи некои работи.
Ne e mal ama samo na godini. Ne e dozrean. So ke pravel mazot 2 ned bez zena mu... Pa nie do sega 100 pati ke se razvedevme. Mm na teren po 2 3nedeli, roditelite ni se od dva razlicni grada, sega za koronava toj e sk na rabota, doaga vikendi,nie sme kaj svekito ...ehee...kaj ke ni bese krajot!
Ама тоа мамичка го кажува. А синчето си ќути. Среќа што немаат деца, 10000 пати и е полесно да се разведе, секако е млада, цел живот е пред неа, со ваков и да си ма друг крај на планетата, мамичка ќе е главна.
Уживај не треба ништо да прикриваш затоа што ти веќе цитираш мислење изнесено во јавност (социјална платформа) секој има право на свое мислење и тоа јавно да го изнесе, и секој има право да сподели (цитира) туѓо мислење изнесено јавно. Не правиш никаков прекршок спрема никој.
За јавно објавено мислење, не мора да цитираш со криење имиња. Ако не сакале да ги читаат и цитраат, требало да не постираат јавни мислења.
Здраво феминки. Јас порано се консултирав со вас за еден проблем. Јас сум во Македонија и во моментот решаваме со мојот маж за проблемите и размислуваме да се преселиме од кај неговите и да живееме сами. Така би спречиле неговите да се мешаат во нашиот брак и нема да има проблеми. Фала на сите за консултациите.
Здраво сакам да се олеснам некаде за ова што ми се случуа а воедно и да побарам некој совет за мојата ситуација. Мојот сегашен сопруг го запознав кога имав само 20 години и по 10 месеци врска се земавме. Додека бевме во врска неговите родители постојано инсистираа да се земеме наводно немало што да се чека. Во почетокот врската ни беше генерално ок ама отпосле видов дека мојот сопруг е премногу лесноумен, наивен, верува на сите и лесно може да се манипуира со него. Лесно потпаѓаше под туѓи влијанија, веруваше и ги слушаше сите од родителите негови, брат му, друштво, роднини сите кажуваа што треба да се прави. Неколку пати го фаќав дека ме лаже, дека крие важни и не важни работи од мене, а многу пати докажа дека не сум му нешто посебно важна. Тврдеше дека ме сака ама делата зборуваа сосема друго. Неговите родители на толку инсистирања успеаа да го наговорат да отиде и да купи прстен,а јас млада и луда со сите тие информации каков е тој и дека не е материјал за брак не е созреан ниту стабилен му реков да. Реално бев многу несигурна околу таа работа ама тој ветуваше дека ќе се среди се, дека повеќе нема да ме лаже, дека ќе ги батали другарите кои инаку му се другари само од корист, дека ке живееме убаво и ред други работи. Моите родители оставија јас да си одлучам, а неговите ветуваа и пред мене и пред моите дека тие се на моја страна дека ме разбираат и поддржуваат и дека нема да дозволат тој да фаќа кривини дека се ке биде најокеј. Ме запроси направивме веридба, па свадба и нашите проблеми и кавги почнаа уште првиот месец зошто тој се однесуваше како да не е женет. Си правеше што и како ќе му текне, буквално за ништо не се колсултираше со мене. Ја продаде колата своеволно, позајмуваше пари на луѓе, купуваше работи без мое знаење и ред други работи. Неговите родители знаеа се и се што предходно кажаа тогаш падна во вода зошто тој ни 2%не се замараше со нив.Се нервирав и јас а и тие и кога и да пробаа да разговараат со него тој ги бркаше од тука со зборовит да не го замараат, дек аќе прави што сака, дека немаат право да се мешаат, мајка му милион пати си одеше плачејки накај дома. Тогаш престанав да ги информирам неговите за секој наш проблем зошто сфатив дека тие не можат да направат ништо, решив сама да се справувам како знам и умеам со проблемите. Моите родители не беа запознати со ништо зошто татко ми не е баш најдобар со здравјето една веер останав кај нив на спиење инаку за 2 години брак прв и последен пат се случи тоа и другиот ден дознавам дека маж ми и кумот наш донеле некои нивни другарки кај нас во куќата на гости. Другиот ден кога дознав го направив лом маж ми и бев решена да си заминам. Му се јавив и на кумот кој цело време се бранеше од далеку и негираше наводно тој не бил таму. А да биде уште полошо свекрва ми истата вечер дошла до кај нас да му донесе вечера на син и и ги видела. И замислете не ми кажувала ништо, за да не се нервирам да не сме се оставеле. Некако ја решивме таа ситуација и решив да останам, за отпосле да следат и уште неколку слични глупсти од негова страна. Две години се обидуваме за бебе јас ги направив сите можни испитувања и со мене е се во ред. Неговите цело време замараат внуче сакале, а господинот не сака да отиде на доктор убеден е со него било се во ред и упорно префрла зошто не сум останувала бремена. Се на се животот ми се уништи целосно. Не можам повеќе ни минута да останам во оваа куќа. Последните 2-3 месеци е мирно и океј ама предходно се случија многу работи, се сомневам дека ме има изневерено зошто ми најдоа инфекција а предходно не сум имала такви проблеми. Цело време живеам со лутина, бес и гнев во мене. При секоја кавга му плеснам што се има изнаправено. Некогш и не јадеме, не спиеме заедно.Сигурна сум дека повеќе нема љубов од моја страна, само навика. Тој можеби сега не прави ништо ама јас живеам со сомнежи и кој моѓе да ми гарантира дека утре нема да се повтори? Сакам да се разведам ама не знам како, тој ни не сака да чуе ми вика шамари ке сум јадела. Многу ми е тешко.
Не знам дали има друго решение освен развод. Не сакам грубо да звучам, ама и подобро што немаш дете со ваков човек. Ништо не те врзува за него. А тоа дека шамари ќе јадеш нека не те плаши и одвраќа од идејата да си одиш од таков манипулатор како него. Кажи му дека ако ти јадеш шамари, он ќе јаде пријава. Сигурно ќе ти се заканува дека он има пријатели и ништо не му можеш, ама нека не ти чуе. Мислам дека нема токсичен маж што не го кажал тоа.
Како не знаеш како да се разведеш? Мноху едноставно одиш кај адвокат подаваш документи и се враќаш кај твоите додека трае процедурата. Типот очигледно не те цени, а не е ни самиот спремен за брак. Немој воопшто ни да се обидуваш дете да имаш, само уште повеќе проблеми ќе си имаш.
Тие таквите секогаш на зборови се јаки, а на дело никаде ги нема. Прво ќе си заминеш од таму, дали кај твоите или на некое друго место твоја одлука. Потоа ќе контактираш адвокат да ти напише барање за развод, а ако се договорите за спогодбен развод тоа ти е најбрзо решение за проблемов.
Што и да правиш, не се обидувај повеќе за бебе со овој. Не само ти, туку ќе додаш ново суштество што ќе го трпи со сите испади. Зарем навистина мислиш дека овој ќе биде добар татко? Ќе отидеш кај твоите и убаво ќе им објасниш се. Не си ни прва ни последна што се развела од оваков маж. На него ништо нема да му спомнеш. Ако ти е страв, заедно со нив ќе отидеш да си ги спакуваш работите, а потоа кај адвокат за да поднесеш барање за развод. Колку и да се заканува, со што и да се заканува, џабе му е. Таквите се силни само на збор. Колку врски и да има, никој нема да си ризикува работа да брани насилник, чисто колку да не се разведе.
Замини си кога не е дома и разведи се. Дете правење со тој човек никако!!! Имаш среќа што до сега не си останала бремена. Животот не си го уништувај веќе ни минута повеќе со него. Уште одамна требало да ставиш крај.
Пакуваш ствари и си одиш, можеш кога не е тој тука. Како бе дете да раѓаш во таков брак? Да не те излажале дека ќе се смири кога ќе дојде детето? Нема, бетер ќе биде, а ти ќе ја носиш одговорноста. Немаш никаква иднина со него, а од секоја навика се одвикнуваш
Не гледам тука никаква причина за планирање на дете со таква личност, во брак кој очигледно станува нефункционален. Не ти треба врзување со таква личност која не знае да те цени па уште и те изневерува. Гледај само да се спасиш колку што е можно понавреме.
Па ти си крива ма жено, и не он ти одеш по газо на неговите тие кажале така и ти оп направеш сакале бебе и ти ајде оп тој нејкел ти одмаа, чекај малце какво дете у таа ситуација и од кај таа слобода од кај си прае шо сака па и да изневерува па и да шамара абе ајде постојат закони у ваа држава не се прај толку наивна и плашлива..Ти самата си се довела до овде
Важно е во оваа ситуација како размислуваат и нејзините родители, ако се патријархални со мислења од типот сама си го бирала ќе си го трпиш, или кај ти беа очите сега нема назат тогаш не знам колку е паметно да се врати кај нив, ама развод при вакви несогласувања и проблеми е најдобро решение. Испитај ја ситуацијата дали ќе можеш после тоа сама да се снајдеш, дали ќе имаш од твојте подршка и ако немаш како би било без нив дали имаш работа која ќе може да те прехрани и овозможи сместување ако немаш поддршка од никој, а ако немаш работа можеби е подобро прво да најдеш и одлучи се како и што ќе правиш после тоа.
Немој те молам на личност што е во ваков лош брак и во ваква лоша ситуација, со закани за ќотек да и викаш дека е сама крива. Нејзе се гледа дека и е страв и веќе е жртва на психичко насилство, уште некој да и вика дека е сама крива ич нема да има храброст да си отиде.