Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Леона, тоа за подарокот за свадба треба да поразговарате само ти и сопругот, да видите колку се дружите со младите т.е. колку сте блиски со нив и сл.и да решите дали, што и колку ќе дадете. Тоа дали правеле свадба не е битно, ако ги сакам и ми се блиски, ќе се најавам на кафе и ќе однесам подарок. А тоа колку и како дава свекрва ти или братучедите не е битно. Тоа е нивна политика, не ваша. Вие ќе одлучите двајцата. Ако се замешаат прашај ја свекрва ти дали и нејзината свекрва така правела, па оваа го усвоила тоа како некоја фамилијарна традиција од колено на колено :) Ако не ви се многу блиски за дружење и сл, ако останува само на тоа статус братучеди тогаш купи една убава вазна/слика или нешто за станот и толку.Мада, кога ќе размислам подобро, можеби во секој случај е подобро да однесеш нешто такво за станот, а за некоја недела/месец одете на кафе и дајте „поклон за свадбата“ ако сте блиски. Ме нервира моментот што свекрва ти ве става во незгодно со точна цифра и точно време. Јас така би направила :)
     
  2. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    фала ви пред се за советите, но мислам дека мојот проблем сам од себе ќе се реши... ете во саботата свекрвата го зеде на спиење, и ете ја во 10 часот звони, му вели на мм дојдете да го зедете плаче по мајка му, кога одам таму детето не се сопре, кога дојдовме дома, пола саат ни требаше да го смириме, не се заигра со ништо... е сега и после ова што го виде ако сака пак да го зима, не знам што човек ќе е... детето едноставно се навикна на мене и не сака кај други да оди без мене...
     
  3. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110

    убаво ке биде да не го бара оти плаче по тебе ама помалечко е уште како што викаш година и пол, но кога ке подпорасне и ако сака да шета како моето е тогаш внимавај да не го злоупотреби тоа, во друг случај се ке си кажеш што ти лежи на душа, ти си мајка и детето по природа припаѓа кај тебе а не кај бабата. инаку се работи за жени себични и без осет кои така лесно одвојуваат дете од мајка со денови само за на нив да им биде интересно а кога ќе им згусти сфаќаат дека не им е местото таму. мојата свекрва е баш таква. кога имаше работа и беше зафатена никаде ја немаше ни да дојде да ги зирне а кога и е досадно дома оти е пензионер е тогас стапуваше на сцена. Само јас сум тука да и ги скратам крилцата.
     
  4. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    свекрва ми да има како и нејзино дете ќе биде, се сака да е со неа, секој ден одиме кај неа, мора таа да го види, а кај моите живееме па тие толку многу често како таа не го гледаат, кај моите нема преспиено воопшто, а кај неа има многу пати, таа уште на почетокот почна да ми се меша во се и сешто, имам пишувано и во други теми што ми има правено таа, затоа и дојдовме кај моите, ама продолжува пак на други начини, гледа да го присвои детето, зошто детето станало такво лигаво, да сакало се кај мене, тоа било веќе диво дете, па како нема да сака кога со мене е 24/7? јас по природа сум зборлеста и гледам се да кажам, не можам да ќутам, можеби и затоа не ме сака... мм и брат му ги има израснато нејзината мајка па можеби затоа таа сака да го гледа моето, бидејќи таа не оситила како е да се гледа дете...
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
  6. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110

    темата е совети за бракот, така да можно е да се спомне и свекрвата и мајката во проблемите и советите, тука и мажот е доста вмешан , не може се да биде апсолутно ограничено и да се распределуваат веднаш кое мислење каде припаѓа.
    инаку да ја прекрстиме темата поинаку ,,, вонбрачни совети,, ако сакаш?
     
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    За анина е одговорот најверојатно:) она ја имаше оваа дилема, јас исто пишав што мислам.:)
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Извини.
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.064
    Допаѓања:
    328.412
    Пол:
    Женски
    Бракот го сочинуват мажот и жената.Свекрвата е трета странка ко што рече Вонбрачна е.Барем јас и маж ни не ја вклучуваме во брак :?:
     
  10. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110

    Законот ја поистоветува брачната со вонбрачната заедница, само што поентата е тоа што во нив може да имаш проблеми со мажот од секаков вид, почнувајќи од мамино галениче па понатаму.....
     
  11. Alexandro_No1

    Alexandro_No1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Епа вака,да бидам искрен,со женами сме немале секс 2 недели, а толку време е долг период,кога дојде ден.да,се случи тоа,таа сама дојде,пуштивме ред тубе,а таа заспа за 3 мин за потоа јас да ја разбудам,и ми кажа дека сакала секс,само јас да,не се чувствувам лошо.има.ли.полошо од тоа секс од сажалуванје.
     
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.146
    Допаѓања:
    137.193
    Пол:
    Женски
    штом заспала толку брзо ваљда уморна била... помагај и во секојдневните обврски ке има таа повеке време а и стварно ке и биде до секс, не само ради реда колку да ти угоди
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alexandro_No1

    Alexandro_No1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Не дека не и помагам,и сама тоа го кажува секаде,знам работата и е напната,но да не најди време по две недели,сам сум свесен дека е уморна,но не би требало до толку
     
  14. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Ако 2 недели ви се многу, што ќе биде понатаму кога ќе се израдувате на бременост?
    Месеци се во прашање. А особено е битно во тој период да имате подршка, разбирање и пред се да разговарате за сексуалниот живот. Да не забега ни едниот ни другиот по секс надвор од бракот.

    Ако еднаш се случило да не и е до секс, не значи автоматски проблем.
    Ако и е премногу стресна работата, може од стресот да ја изгубила желбата за секс. ПРобајте да се опуштите со филм, вино, негде изнеси ја на вечера, да се ослободи од стресот.
    Па има тука и еден куп аперитиви што може да помогнат.
    Дај и уште шанси, не се разочарувај одма.
     
    На SimonaTino, eloves, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Alexandro_No1

    Alexandro_No1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Мислам дека ни се довоони две среќни бремености,тоа е најубавото нешто што воопшто ни се случило,но.за разлика од тоа мислам дека бракот ни оди во погрешна насока,на работа цел ден на,телефон,дома исто,па треба ли со некого и јас да најдам и да зборувам.
     
    На muchacha_a, Eli23 и blueberry93 им се допаѓа ова.
  16. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Чим сте поминале 2 бремености, сигурна сум ќе најдете начин за разговор и овој проблем ќе го решите.
    Ако не, ноќ само за вас двајца како од младоста ( читај кога сте немале деца ) сигурно ќе заврши работа.
     
    На Lady Phoenix и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.745
    Пол:
    Женски
    Јас овде не гледам никаква причина за самодожалување на себе си и автоматско подразбирање за криза и следување на исчекувањето за она "најлошото" во вашиот случај.
    Сметам дека си доста избувлив човек без трпение и разбирање за компромис и најотворен разговор што е клучно за еден опстанок на еден брак.
    Сте поминале верувам долги годни брак, бремености и две златни деца, сте се соочиле со безброј искушенија и предизвици зар помислуваш сега во самиот даден момент дека нема потреба за ислушување и некакво взаемно разбирање за икс проблеми и ситуации кој што ви се ставени на тапет?!
    Ете може ти некаде грешиш, може и жена ти некаде греши, обидете се да "прокомуницирате" и да се разберете како двајца созреани лица каде ви лежи проблемот. Нема потреба од самосожалувања и раздори..
     
    На Lady Phoenix, Nausicaa и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Јас твојот ,,проблем,, не го сфаќам како трагедија.
    И ние сме имале моменти кога сум била мртва-уморна и сме воделе љубов ЗА АТЕР ЗА НЕГО...
    Ништо страшно не е тоа и воопшто не е сожалување, и не значи дека не те сака.
    Тоа е брак и брачни ,,обврски,,.
     
    На Lady Phoenix, Bozica1980 и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  19. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Е да може, може и до толку 2 недели,штом работи сигурно е уморна,а што работи ако не е тајна.Инаку и јас бев во таква ситуација како тебе иста,само што мм беше тој што работеше по цел ден,се прибираше кога денот ќе заврши,и јадеше,легнуваше,немаше време,беше капнат од работа,уморен,и си разговаравме убаво си кажавме се,го разбрав дека е уморен,одма заспиваше,но помина и тоа,за се треба трпение.Ако не едниот,тогаш другиот,повеќе работи.Тоа е,мора да се обезбеди на децата се што им е потребно,а ние за тоа ќе се жртвуваме.Разговарај со неа,ќе ја разбереш,дај и време,ќе помине.Тоа е само период.
     
  20. Alexandro_No1

    Alexandro_No1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Работи административна работа,но и друго хонорарно,навистина работи,никогаш не го потценувам тоа,но секогаш преуморена,а станува во 3 кафе пие,легнува пак и во 6 се разбудува,и и почнува работата.по цел ден е весела комуникативна,се додека си дојди дома,незнам што,но нешто нее како што треба.