Абе ти зошто се врати кај недокваканиот? Оди си кај твоите, не гледаш дека не функционира кско што треба. Некој да збори против моите родители им очи фа му иставам. По 2 пат ти кажувам. Спаси се од типов, забеган е, а забегана е и нивната фамилија. Породи си се со лес и ВО РААТ. Ако родиш таму, ќе биде пеколно и за тебе и за бебето. А, ако не мислиш за себе, мисли на бебето, и дај му нормален живот.
Не би седела ни минута со ваков ко маж ти. Те памтам и друг пат кога пишуваше, еве ти кажувам, јас на твое место одамна ќе имав заминато досега, тоа е најсоодветно решение според мене. И не враќај се ако заминеш, нека моли колку сака клошарот. Требало да му дојде памет кога си заминала, да сфател што ќе изгуби, ама толку те цени и сака.
Нека си ги чува мајка му и татко му штом толку сака. Зошто да не смееш да одиш до продавница он кога искача нема вирус само ти кога искачаш бог да чува.Тргни се со време после нема да ти дозволат да уживаш во најубавите моменти со бебето само стрес и нервоза
Твојте што викаат? Колку време го познаваш маж ти? Како вака одеднаш нели го знаеше пред тоа ова? Жално за тебе и бебчето ама или иселете се од таму па видете дали ја бива иначе за жал ќе мора сама да го растеш. Греота за бебето во оваа ситуација што ќе треба утре да го шалтате де кај едниот де кај другиот... Не знаев дека и претходно си имала проблеми сега ги читнав другите коментари факт е дека немаш многу избор
Зошто си го правиш и си го трпиш овој стрес? Твоите не ти прават проблеж да си кај нив, не знам зошто седиш кај овие??? И зошто па да не се породиш кај твоите? Ќе трпам глупости само за да не е срамота да се вратам кај моите????? Аааа не!!! Не биди будала. Ти треба да си одморена,смирена со сили за тоа бебче. Не треба никој да ти е побитен од тоа. Ни тој маж ти, а па другиве тотално небитни да не ги ни спомнувам!
Стварно не ми е јасно што гледате пред да се омажите? Не знаеше дека ќе живееш со две фамилии заедно и дека ќе има проблеми? Прост е твојот маж, неизживеан, некултурен, неспособен за да има своја фамилија и си ги цени само неговите.
Да ги навредува моите родители, не само што ќе си заминам од кај него туку и од живи ќе го отпишам и него и неговата фамилија. Ако не ги почитува моите, не ме почитува и мене. Наместо да се оделите од цела фамилија и да живеете сами, ем раат ем мир заради вас и бебето, тој ги усложнува повеќе работите. Бебето си има свои потреби, треба парите за него да се трошат и да гледа да не му недостига нешто а тој кој знае на што ги троши парите. Уште кога има 349645 фамилии у куќа да се знае дека нешто нема да штима и секогаш ќе искрснува по некој проблем. Секоја чест на исклучоците ама се поретки се. Не знам што гледате и каде гледате кога бирате, стапувате во брак и слично. Дали се плашите да не останете сами, да не ви побегне партнерот или трета работа. @Sinolicka. гледај за себе и за бебето да си погодиш, треба во мир да се породиш а не секој ден по 2 3 стреса да имаш. Му требаш здрава и жива на бебето, а не да закачиш 300 болести од нервози и стресови секој ден. Никој друг не е битен, само ти и малото.
Да тоа е се убаво што кажувате, ама како што рече во олкава заедница е невозможно.. каде да се свртам некој има немам раат дури ни алиштата да му ги исперам и исушам како што треба. Немам раат ни во сопствената соба старава со другото внуче претрес ми прави, лом, сите украси алишта по земја, а најлошо сопругот не му смета удобно му е со мама.. веќе ќе полудам од нервози од сега, а не кога ќе дојде бебето за некоја недела
Ја не би седела ни минута таму. Ич ама ич нема да се мислам. Знам дека е лесно да се каже од страна ама мисли на себе и на малото. Еден ден ќе се каеш што не си го решила тоа на време. А такви пизди шо се кријат под суќната на мајка нема да се променат додека и ти не покажеш заби.
Зошто си се вратила ? Мислеше дека ќе се промени тој ? А и пред да се омажиш си знаела каде живее и со кого, еден куп луѓе на мало место, па уште ќе се дере. Треба веќе да му се спротиставиш. А и кога следен пат некој ќе каже лош збор за твоето семејство, да му покажеш каде му е местото, а не да молчиш. Кој се тие да навредуваат твоја фамилија ? Ако мислиш уште дека со него би имала живот, предложи му да се иселите па и кирија да плаќате само да не бидите таму. Ако не сака кажи му дека ти и бебето си одите од таму. Знаеме сите дека не е лесно. Посебно на почеток е тешко да, ама имаш фамилија, со тек на време ќе се среди, отколку да трпиш психички тортури, нервози секој ден, а со тоа си го уништуваш здравјето.
Па јас сакам да си заминам, од една страна ми е жал за моите, знаете каков е менталитетот тука, ајде тоа ќе го надминам ама овие се многу проблематични луѓе ќе ми прават милион проблеми, ќе ми досадуваат, ќе ми се закануваат тоа како да го решам? , а со самото тоа ќе направам проблем на моите што не го сакам тоа во никој случај. Не гледам никакво решение само проблем до проблем за жал.
Епа за да не им правиш проблеми на твоите, трпи си ти. На твоите гајле ли им е за тебе, како што на тебе ти е гајле за нив?
Мислиш дека со тоа што ќе останеш и ќе ги трпиш сите стресови и неправди кон тебе и детето нема да ги загрижуваш твоите? Тоа е подобрата опција? Сметаш дека ова е здрава средина за бебе? Со што ќе ти се заканат? За досадувањето има решение, игнорирај пораки и повици, не одговарај на неговите молења како што си направила претходно. Не потклекнувај повеќе, биди решителна и замини си, гледаш дека ништо не се подобрило од оној пат кога го остави.
А да си заминам сама со детето под кирија на пример мислите ли дека е тоа подобро решение? Да јас заминав еднаш од кај овие ама се со цел да не ги загрижувам моите не им ја кажав целата вистина.. грешка до грешка.. си го колнам животот со какви луѓе имам работа
Се додека менталитетот е оправдување за состојбата во која се наоѓаш, одјави се од форумов и остани каде што си. Реалноста е општопозната, но одговорноста за постапките и одлуките е лична.
Да, подобро е. Ама и ако ти е поубаво вака ондак терај. Ќутете и трпете и после акајте се од зид кога е доцна. Обично не сакам да критикувам ама џабе се даваат совети на некој кој не сака да си помогне на самиот себе. Со среќа пошто навистина ќе ти треба.
Не знам како стоиш финансиски, но верувај дека не е лесно сама со мало дете. Секако е подобро сама и независна, но ако твоите не те поддржуваат или се грижиш за да не ги потресуваш тогаш ти останува да одиш сама под кирија. Ма да, не знам како би се снашла толку брзо за сместување сега во 9 месец, подобро е да се породиш кај твоите, па кога ќе закрепнеш и ќе пркне дете пресели се сама. И плус, според мене, ти треба некој до тебе доколку сметаш дека тој твојот или неговите ќе те замараат. И немој да чекаш ниту ден повеќе. Пакувај се и заминувај.
Ако си финансиски моќна ова да го издржиш, најдобро решение е. Тогаш нема да бидеш зависна ни од родителите. Во кој век живееме, разводите се најнормална работа. Срамота е да се разведеш, а не е срамота секој ден да трпиш психичко насилство од овие?
Не си го колни животот. Мани ги луѓето, и опкружи се со луѓе покрај кои ти е пријатно. Ништо не е во камен напишано.