Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Оди кај твоите (или под кирија ако е возможно) пред да се породиш.
    Првиот ден кога ќе си дојдеш "дома" со бебето може кошмар да ти е.
    Големи се шансите да те фати постпородилна депресија и/или слично па нема да имаш волја и сила да си отидеш.
    Оди пред да се породиш. И цело маало/село/град крени во вис, само не дозволувај си да останеш тука.
    Ако останеш сега уште минимум 2-3 години ќе се жалиш тука, па можеби и после осум години со две деца.
    Изборот е твој. Ти само донеси одлука и коцките сами ќе се подредат.
    2021-ва е за некој ден. Дозволи им да цицаат од мама на таквите.
    Зарем сакаш со години да си несреќна? Да ти го земаат бебето од раце. Цицалчето да вика дека мајка му е во право.
    И самата си свесна дека тој не е како што треба.
    Ако доаѓа кај вас на секое викај полиција.
    Бебето нека расте во здрава околина.
     
    На Skorpija25, Biljarkata, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Мораш да бидеш смирена и да не се нервираш заради бебето. Кога ќе бидеш смирена со таа цел,помалку ќе те погодуваат зборовите на твојот сопруг. Мораш да бидеш мудра и да излезеш како победник од целата ситуација но само ако решиш дека така и ќе направиш. Кога сопругот ти кажува дека се плаши од короната и не те пушта до продавница, не значи дека ти ги ограничува правата напротив се грижи за тебе. Од друга страна ти кажувам од искуство, неговите мајка и татко секогаш ќе бидат добрите во приказната.
    Кон твоите така се однесува само од љубомора и неспособност да ја реши целата ситуација во која се наоѓате, сигурно е во конфузна состојба, но затоа ти помогни му со предлози и идеи како би живееле заеднички живот посебно само вие со бебето, а неговите и твоите би биле во близина за да Ви помагаат во секое време. И ќе ти треба помош, посебно во ова време, не се нервирај само остави работите да се смират постепено.
    Не обрнувај внимание на ситниците бидејќи времето тече, ништо од тоа нема да остане во сеќавање ниту ќе остави некакви последици. Гледај долгорочно, на целата оваа ситуација како ќе помине во најдобар ред, ништо не поважно од здравјето, од Вашето бебе и Вашиот брак. Најлесно е да се замине дома кај твоите, но што понатаму? На тоа бебе му треба и мајка и татко. Се е релативно, само со мудрост и трпение ќе излезеш од таму под свој кров, денес можеби е лошо но утрото ќе ти донесе подобри нешта. Не се откажувај.
     
    На pikabu5 и Milobebence им се допаѓа ова.
  3. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Жено батали менталитетот, гледај си го здравјето и малото. Јас би те советувала да бидеш со твоите барем одреден период пред да се породиш и после тоа исто, па понатаму ќе размислиш како ќе живееш, дали со нив или под кирија. Ама никако во таа куќа со секакви будали.

    За каква конфузност зборуваш? Маж и е типично мамино синче и никогаш нема да се смени. Навреди кон неа и родителите и забрани никако не се ситници, а уште помалку тоа што не ја поддржува неа во ниту една ситуација.
     
    Последна измена од модератор: 4 јануари 2021
    На MeowMeow, crazylady и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  4. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Конфузна состојба поради ситуацијата што живеат сите во заедница и неспособноста да се реши да живеат одделно, можеби немаат доволно финансиски средства. Ситници во смисла, растурени украси и така натаму. Затоа треба да се стреми да најде позитивно решение и да го извлече од сопругот најдоброто. Таа веќе е во брак една година а и бремена, не е решение веднаш развод.
     
    На Sinolicka. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Не е решение ниту да трпи секој ден стрес.
    Маж и треба сам да биде свесен дека се однесува лошо.
    Ништо добро нема во тој човек.
     
    На Skorpija25, MeowMeow, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Во право си, ништо не го оправдува неговото лошо однесување, се треба да биде кажано во мир и разбирање, но еве прашува за совет, доколку му даде шанса на бракот, со предлог да живеат сами и пак не добие ништо за возврат, секако треба да продолжи понатаму надвор од него.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Верувам дека се има членката со се обидено. Со сила убавина не иде.
     
    Последна измена: 3 јануари 2021
    На crazylady, Sinolicka. и flawless. им се допаѓа ова.
  8. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Ама работата е што него му е убаво таму и не му е гајле за жена му. Што би правела со таков маж освен да се разведеш?
     
    На MeowMeow, crazylady, MissBreezy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет за проблемов што не верувам и дека некако можеме да го решиме. Цело време мислам што би советувала друг да го споделеше проблемов и стварно не знам, па искрено се надевам дека ќе ми дадете некое решение.

    Е вака, јас не сум некоја особа по природа што многу сака да се дружи и да комуницира, си имам одредени луѓе само што ми лежи муабет со нив и толку, а мажот ми е тотална спротивност од мене он има многу пријатели често излегува и оди кај нив на гости, одиме и заедно но јас не сакам толку често.

    И вчера излезе проблем од ова, он цел ден беше излезен во кафана со другарите и на крај тоа му беше малце па завршија кај другарот дома со жените, а јас одбив да одам и не отидов, кога се врати од таму се испокаравме, како сум можела јас така да го срамам пред другарите и да не одам он кога ме вика, он за што се оженил, не сум го почитувала и слично, а кај другаров бевме пред неколку дена што е најбитно.
    И сега он кога бил таму му рекле другариве да дојдат на повојница кај детето, а јас искрено не сум расположена за пречекување гости, и он без да се договори со мене ги викнал за викендов, а другиот викенд да сме оделе кај друг другар што исто така имаат бебенце една недела се разлика со моето.

    И додека разговаравме за ова како може да ги викне без мое знаење и да договара средби ми рече мораш да се навикнеш, ние така и порано си бевме секој викенд се собиравме кај некој, јас му реков дека ни сакам да одам веќе по гости, ни па да ми идат, и дека мене толку чести дружби не ми одговараат, поготово со жениве ама воопшто не сакам да се дружам, бидејќи сега последен пат кога бевме на гости собрани дека они ги дојат нивните бебиња, а моето е на адаптирано млеко дури ме направија не мајка (не дирекно) ама муабетот така јас го сфатив. И он не го разбира ова, ми вика ти си саможиво створење, не знам како не сакаш да се дружиш и слично. И сега никако не можеме да дојдеме до компромис околу ова, како ќе продолжиме понатаму не знам искрено.
     
    На tina2018 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    @Snowflake97 Па сега со коронава ако нема причина да не се рашетавате многу, не знам кога ќе има. Навистина, како толку многу неодговорно се однесува? Во кафана. (facepalm)

    Ајде тоа на страна, пошто проблемов и без корона ќе го имате. Навидум проблемот е кратко кажано екстроверт наспроти интроверт. Решението е секогаш компромис. Ниту тој ќе се смени, ниту ти. Ама ќе се прилагодите еден на друг. Ти ќе излезеш некогаш кога ти се седи дома, тој ќе седи дома кога му се излегува. Некогаш може и сам да излезе со другарите.
    Ете договорете да одите само на битни настани или одреден број на собиранки во месецот. Колку со друштво, колку заедно. Само што и двајцата треба да сте спремни да направите отстапки.

    Инаку навистина не знам како толку лабаво се однесува, на вакви услови да се бутаат на затворено. Па уште и дома ги викнал, што да кажам. (facepalm)
     
    На Martka, ForeverYoung, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    И јас сум иста како тебе не ми се оди по гости а и многу многу не сакам зошто сакам да сум опуштена а не да се стегам. Тоа што он ги договорил нека си спрема он за гостите нека чисти средува ич не се замарај штом он се договорил нека си ги пречекува,а ти ако сакаш можеш и да искочиш и да прошеташ со бебето зошто он не се договорил со тебе ти си таа што одредува кога да јаде,спие,игра,пелени,бања и ред други работи сигурна сум дека он врска нема од ова. Не му се замарај воопшто и ако дојдат гостите однесувај се како да не се тука сепак најбитно е бебето во цела ситуација. Времево и не е за по гости иди ми дојди ми а очигледно он тоа не го сваќа. Пробај направи вака и ти кажи му навикни се дека бебето ми е пред сите твои другари,а највеќе од се здравјето

    Најлошото е што он не се договара со нејзе сам си се договорил...барем да прашал вака во последен момент може да му каже извини јас се договорив кај другарка да одам тој ден...штом е кој што скаа даси прави...пред се треба за детето да си мисли. Јас кога имам гости највеќе мразам еден префати го бебето друг и цело е збунка и на крај вришти од плачење затоа сега многу ретко со гости надвор на кафе ако е убаво времето сабајлечки и толку
     
    Последна измена од модератор: 19 јануари 2021
    На tina2018, cresa-jagoda, Milkiway и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    181.032
    Пак ме претрка Безимена со одговорот:).
    Во вакво време, ама искрено, најискрено, пандемијата ми е легитимен изговор за не дружење. Ќе им помине со тек на време @Snowflake97 , мислам на тие другарите што се дружеле така од секогаш. Јер приоритети се менуваат, ама мажи поспоро сфаќаат.
    Инаку има и друго чаре- преселете се во странство:lol:
     
    На Dentina, cresa-jagoda, Milkiway и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Се сложувам. Само ако направи така ќе се испокараат и пак се на почеток на проблемот. Да не сме во Македонија, цела пандемија ќе се отселам чим шеткара многу, без око да ми трепне. Он нека крши глава. Да ми загрозува здравје на мене и дете.

    Ама пошто сме каде што сме, не знам колку би била во можност да го направи тоа.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Он ми помага цело време околу детето и домашните обврски, со тоа немаме недоразбирање. Ама еве ова што сме тотално различни околу дружбиве ни е проблем уште во врска кога бевме, и цело време попуштав и одев со него по гости, ама сега со детето ми е малтретирање такви седенки да си правиме цело време, башка сакам да си се опуштам и да си легнам или да си гледам некој филм, а јас морам да му седам на маса и да се муабетам. Од секогаш сум мразел такви женски домаќински муабети, а овие се такви само околу тоа тупат.
     
    На oblace1, tina2018, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Ќе се мрдне тој ако се пресели ќе се слуша на скајп со другарите ќе заборави се околу него 100%
     
    На cresa-jagoda, thelittle17, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Болдираното ми падна многу во очи. Извини, да не се оженил за жените на другарите да имаат друштво случајно?
    Јас разбирам дека постојат екстроверти луѓе, ама искрено ова собирање во време на пандемија со мали бебиња посебно, ич не можам да го разберам.

    И си пишала ти помага. Не ти помага. Заедно живеете, истите обврски ги имате во домаќинството. Детето не е само твое, па да ти помага.
     
    На WildMk, Doozy, flawless. и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    181.032
    Ќе седнеш и ќе му го кажеш сето ова. Приоритети се смениле, плус пандемија. (абе стварно се несалам). Доволно е што ве става во ризик што се мува ваму-таму, па уште дома да прибираш луѓе, не ти треба. Само смирено и без нервози и лични напади:!:. Разговарајте како возрасни, пошто, сакале, нејќеле, штом имате дете возрасни сте.
    И не, сеуште немате проблем, а камо ли нерешлив проблем. Само тој има малку проблем со перцепирање на реалноста.
     
    На oblace1, tina2018, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Не е само помагањето прво за да дојдат гости треба да средиш што со дете е малце потешко он оди на работа ти си дома ти сакаш барем два саата д асе тргнеш од детето д аодмориш мозок сите сакаме. А наместо тоа ти треб алуѓе да пречекуваш и да седиш со нив додека седат они има и некои без осет ќе седнат не знаат да станат. Јас на мм му имам кажано доаѓање гости од 18:00 до 20:00 ни минута повеќе дете треба да спие во мир и да се успива да си го знае редот. На прво место треба да сте ти и детето па АКО остане време за другарите еднаш можат да се соберат сите два три саата и секој по дома али секој викенд нема шанси. Вака правеа на мм неговите прво сестра со мајка па мајка и татко па сестра со дечко и му кажав нека се договорат и нека дојдат сите заедно што е ова секој ден ќе ми доаѓаат и толку беше еве еднаш во месец доаѓаат и толку. Крај краева кога ќе дојдат гости седи со детето играј го кажи не сака да седи во едно место и кој ги врти па нека каже после ич не комуницираш. Треба малце мозок да се употреби не живее сам он има дете и жена што се ПРИОРИТЕТ запомни ти си приоритетоти детето
     
    На Lisicko, oblace1, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Хаххах, додека бев бремена дома реновиравме и за тоа време седевме кај мајка ми, цело време го напнуваа да седат, ама тогаш се вадев на тоа дека ми е мачно, не можам долго на стол да седам и не одеше ни он, башка по далеку му беше и не можеше да се малтретира, а сега пак си е тука во маало и цело време е старата песна.

    Па претходно сите другари му беа женети или со девојки, а он најпоследен се ожени, и се собирале така парови само он бил сам, и сега кога и он е женет морало јас да ги прифатам неговите другари и да сакам да се дружам со нив и нивните жени.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.109
    Пол:
    Женски
    Ова сме јас и маж ми. Исто. Он сака сегде да оди, со сите да се дружи. Јас не сакам со никој и нигде да одам. :D Добро, не баш, си имам и јас така некоколку со кои сакам да се дружам, ама малку се.
    Кога се земавме и почнавме да живееме заедно доаѓаа сите, ајде да се истера редот, немав и дете тогаш, па не ми беше до толку мака. Неговите пријатели ич не ми правеа ќеиф, мачење ми беше седењето со нив. Ама, ќе отидев еднаш, после он одеше, или се договараа сами другарите, без жени. Ама, никогаш не сме си префрлале, се имаме прифатено какви што сме. Сега па, нит он оди негде, ни јас. Таква е ситуацијата и тоа е тоа. Би ми пречело сега да се рашетува од здравствен аспект и ништо друго.
    Се прави компромис кога се сака, некогаш вика да излеземе, мене не ми се излегува, па си седиме дома. Ама не сме имале проблеми поради тоа што сме различни. Поразговарај отворено со него. Посебно не е во ред што договара така без твое знаење. Маж ми ако толку сака да вика гости он спрема и ручек и све. И се договараме кога да биде, а не, е ќе дојдат утре, така не може. Пробај да му објасниш со убаво како се чувствуваш, дека сакаш да направите компромис, ама ќе треба и он да направи отстапки и да ги земе предвид твоите чувства.
     
    На thelittle17, oblace1, H.VAGA и 11 други им се допаѓа ова.