Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ти со твоите другарки си одиш редовно на гости, во комлет со мажи и деца? Зошто само неговите? Нека седи и тој секоја недела со еден куп луѓе кои не му се баш блиски па натерај го и да спрема за нив. Па роднини со фамилии викај си, да видиме тогаш дали е друштвен или само за неговото друштво е спремен за журка. Познавам такви "друштвени" кои не можат да се одделат од друштвото свое а треба да ги влечеш еднаш во годината кај некоја твоја роднина да отидете. Па и -мораш да се прилагодиш, види мајката, да се прилагоди мајка со мало дете на неговата неизживеаност со другарите.
     
    На Kate Rina 93, oblace1, Kom.pot и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Луѓе не се менуваат таму нови другари ќе најде

    Не знам како би те советувала
    Со мм партнерски околу овие работи се договараме кај нас ретко и родителиве да дојдат во моментов не па други луѓе. Сам надвор со маски се гледаме.

    Да ми шета по кафани и по дома дури ја сама седам чувам бебе мало морген.
    Он доаѓа од работа правац дома он чува бебе ја да одморам малце од обрвски и да пришетам. Секако ако е уморен од работа го оставам саат два да одмори после дежура ноќе.

    Ако иде во кафана треба да ми најави ако планира на гости треба унапред да се договара со мене.
    Кога некој го бара на тел он вика "Ај со Милки да се договорам ќе ви јавиме". А и јас истото го правам.

    Иначе исти сме мм е како твојот да не беше он таков 1 пар за дружење ќе немавме.
    Он е тој што иницира друштва ама ради мене тоа не е пречесто и порано одел сам ако мене ми се легачело.

    Не знам зошто би се срамел ако сите биле со жените а он сам...уствари и треба да се срами пошто сите биле поред жените а он сам.
    Се знае каде е неговото место: Покрај тебе
    Покажи заби малце ]:)
     
    На thelittle17, crazylady, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ќе попиздам да си ги викне другарите на повојница без да се договори со мене и без да ме праша дали мене како нова мајка ми е удобно да седам со гости, дали ми се чекаат гости и слично, особено па во пандемија, на бебето нека мисли ако не мисли на тебе.
    Како може да прават деца, семејство и уште со памет да се како било со другарите.
    Било како било, сега семејството е најважно.
    Мислам дека време ќе ми треба да преминам преку ова и тоа под услов да ми се извини и да вети дека нема да му се повтори, а не па да мисли дека јас треба да правам компромис.
    За гости ако ти се оди ќе одиш, ако не, нема да одиш, ти сега со бебето ќе си седиш, нема што да те тормози по гости за да исполниш очекувања на другарите.
    Некогаш во обид да им оставиме лице на небитни луѓе, ги повредуваме тие што ни се најбитни.
    Бебе пред 1 месец, тој в кафана цел ден ахххх леле, ни другари ќе станам да поздравам ако ми ги донесе дома, ни него ќе му прозборам 1 месец.
     
    Последна измена: 4 јануари 2021
    На kim.k, oblace1, crazylady и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    А и уште нешто
    Ќе ме праат Немајка пошто давам АД?
    Ауу па нема ни он да се глеа со нив ако мене некој ме омаловажува
    И бабава од мм паника крева како е на ад па затоа сега е на стенд бај и не го глеа веќе бебето дури не се "помири сас судбом"
    Идиоти што вреѓаат мајки! :swear:
     
    На Kate Rina 93, Snowflake92, Green Ivy и 8 други им се допаѓа ова.
  5. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Кажи кога ќе доаѓаат на повојница кај вас и ние ќе ве пријавиме на оној бројон па раат ќе си бидеш.
    Проблем имате, не дека немате.
    Овој не е дружељубив туку тинејџер. Друштвото исто лабаво тера изгледа.
    Оди еднаш на 2-3 месеци и ти макар и со сила да не е дека ич не одиш ама ова со повојница не би му го опростила никогаш, жолт картон би добил.
     
    На thelittle17, oblace1, nena2010 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Директно ништо не и рекле, пререкле. И сама си кажа. Можеби само така се почувствувала. Хормоните не се на место. Чувствителни сме. Можеби ја погледнале под око или таа се осетила дека чудно ја гледаат ама не ја омаловажувале на никаков начин, барем не намерно.
     
    На BabyT*, thelittle17, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    А ок не сум прочитала убаво
    Се извинувам
    Сепак не треба тоа да ја засега ИЧ луѓе какви маки имаат сондеца
    Битно да е здраво право
     
    На cresa-jagoda, Just.do.it, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Во време на пандемија со мало бебе дома, вие правите собиранки. Па уште повојници дома (facepalm)
    Во твојот опис никаде не спомна дека короната ти преставува проблем, а уств тоа е најголемиот проблем. Јас сум бремена и од старт кажав, иди ми дојди ми не сакам да чујам, само кога ептен ептен е морално. Со моите се немам видено 3 месеци.
    Изгледа сте немале близок случај затоа сте така лабави. Еве јас со родител кој што заврши во болница и знам колку е лош вирусот, вака размислувам.
     
    На Martka, kim.k, Celltica и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Во постот не спомнав, ама сакала или не поради детето се пазам постојано, освен до маркет што морам да испазарам не сум отидена на друго место, постојано сум дома, кога му реков сите се чуваат ние собиранки ќе правиме, ми рече да бе цел свет веќе излезе се шетаат, се собираат ние уште ќе се пазиме, башка овие другариве со се жени сите беа позитивни и го прележаа вирусов па затоа не биле опасни сега.
     
    На Nevenche26 и tina2018 им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.587
    Допаѓања:
    43.113
    Пол:
    Женски
    Кој цел свет излезе, буквално само кај нас се рашетуваме ко говеда, секаде е строго, затворено и со забрани. Кажи му дека има кога да се собираме и да славиме, сега не е време, ако се лути нека се лути, ако му се побитни другарите од бебето и жената тогаш нека си тера, ти си стој на твоето.
     
    На Celltica, dayla, Mantub и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Никогаш не го сфатив ова, со мм да се расправам или он со мене за другари, другарки, или било кој друг од страна. :shake:

    Ваквите како него обично на почеток од бракот се залетуваат по некои филмови дека друштвото е исто битно како семејството, дека ќе си продолжат исто да се дружат, ништо не може да ги сопре, другарите секогаш биле тука за него, бфф, никој нема да ги раздели и такви слични филмови, се додека не осети дека уствари сите се силни на муабет, а пак дома циле миле се со жените и не одлучуваат без семејството ништо. Тогаш ќе му текне кој му е вистински приоритет. :D

    Јас разбирам друштво, пријатели, имаме сите, нормално треба малку од дома да се излезе, не сме само јас и мм на светов, ама тие да му се приоритет, не сфаќам.

    Па има ли некој побитен од нас двајца? Уствари ќе има, само детето наше, никој друг.
     
    На flawless., Green Ivy, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Џабе ти не одиш никаде, ко тој се влечка со ојле-дојле секој ден.
    Ќе ти го донесе тој.

    Бебе да имам и да шета на сред пандемија, ќе го избркам од дома.
    Нека живее кај сака, со нас нема да дели кујна и купатило.
     
    На Martka, Celltica, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.056
    Допаѓања:
    225.415
    Пол:
    Женски
    а спална?:?:
     
    На pikabu5 и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И спална и дневна и детска... да не ги редам сите соби де.. кујна и купатило со секој во домот делиш.
    И со детето, не само со жената.
     
    На cresa-jagoda и Milkiway им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.056
    Допаѓања:
    225.415
    Пол:
    Женски
    ја да си прашам :!:
     
    На pikabu5, cresa-jagoda, Brpbrp и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки...
    Влегов на темава зашто во последно време имам да кажам имам да кажам недоразбирање, напната ситуација, несогласување со партнерот...не знам како да кажам како едноставно човекот да се промени, особено во последните две години. Во овие последни 2 до 3 години имавме некои пресрвти во семејството, почина свекор ми (да бидам искрена тој е голема загуба за мене, затоа што ми беше силна поддршка и потпора), за разлика од маж ми кој е скржав на убави зборови, пофалба, потпора, ајде така да го наречам... во меѓувреме ни се роди и дете, кое е прекрасно и тој да бидам искрена одлично се грижи за него како татко. Малово има 2,5 години, ама некако откако тоа дојде и тој се промени. Некако се врза за детево, мене ме турна у ќош, не е важно моето мисење, моите постапки, да кажам се чувстувам отфрлено. Постојано ме критикува, наоаѓа влако у јајце што се вели, јас сум дежурниот кривец и за детето и за обврските околу дома. Навистина ми е прелеана чашата да се трудам ајде условно речено „да се докажам дека сум и добра мајка и сопруга“, а да не успевам во тоа. Дури детево го користи да ме напаѓа, а чудна е работава како повеќе ме напаѓа, така повеќе ми се случуваат непријатни ситуации или малово во мое присуство ќе плаче, ќе захтева од мене невозможни работи, ендоставно како и тоа да ја осеќа таа моја немоќ...Јас не сум тип на жена што плаче и глуми жртва , дури овие работи гледав некако да ги занемарувам и да не ги ставам на срце. Ама едноставно , се осеќам како да не припаѓам таму... Развод како опција ми доаѓал, ама некако си имам ветено на себе дека ќе се трудам детето да израсне со двајцата родители (не Знам тоа и како животна мисија). И имаше уште една околност ,имав пред и пост породилен период лош, имав и депресија, ама тоа веројатно од спелетот на околностите во кои се најдов , кажав загуба на свекор ми, раѓање на дете, све измешано. а дури имам и чувство дека од таа депресија не сум ниту излезена...Со нас живее и севкрва ми и золва ми во еден стан. Не би можела да кажам дека тие се пречката, ок се, дури нашите носагласувања и напнатноста и тие ги трпат, што на некој начин и не е фер. Инаку, мажот ми не е насилник, не ме малтретира,не ме удрил до сега, фала богу, држи до ниво, ама нападите и кртиките се неиздржливи. На нападите знам и да возвратам , ама после уште понервозна излегувам од сето тоа...Кога бев у таа пост породилната депресија, на неколку пати ми идеше да му напишам ливче у сред ноќ да му го оставам на креветот, у стилот,„ Јас отидов, грижи се за детето , знам дека ти тоа го можеш, не ме барак повеќе“, толку и да испарам. Ама немав храброст сепак...
    Да додадам дека за равод немам никаква поддршка ниту од моите родители , ниту од свекрва ми, тоа е нешто страшно и одвратно за нив. Така што и ако прекипи чашата кај мене скроз, јас ќе бидат таа „кривата“ која го растурила семејството. Ете една шах мат позиција. За ова разговарав и со социјелен работник, ама сама, не добив некаква потпора, таа дојде до заклучок дека е криза во бракот и дека требало да се стиснат заби. Дали некоја од вас имала слична ситација? Не сум свесна дали трпам голема жртва, дали е криза, не знам? НЕ можам да проценам, правам се да биде најдобро, ама едноставно не оди. Инаку и одам на работа и трчам дома и на сите страни, ама некако тоа не се брои као плус, едноставно мојот труд се маргинализира...Во обид за раговор, за решавање на проблемот, наидувам на ѕид- одговор добивам, прилагоди се на ситацијата, промени се , до тебе е , не е до мене и толку. Едноставно човекот е тврд, не флексибилен, праи како што зацртал , нема ни лево , ни десно гледање и плус скржав е за пари , тоа додатно. Оставам пола плата дома, плус купување се и сешто за дете, ама ништо...Дури и за пари што оставам толку дома , а за мене не останува нит за цигари, почнува да ми смета.Ете јас се исповедав, извинете за долгиот пост. Кој има мислење и искуство нека сподели, јас едноставно сум уморна и збунета!
     
    На tina2018 и ☆P!nselsp!tze☆ им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Оди сама или заедно одете на брачно советување, ќе ви помогне да го откриете проблемот и да го решите.
    А вака на форум што и да кажеме можеме да згрешиме, не ја знаеме страната на маж ти, што има тој да каже, затоа оди или сама или заедно ако и тој сака, на брачно советување.
     
  18. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу што ми одговори мислам и тоа брзо...Проблемот е што тој не сака да оди на никакви советувања, (тоа го нарекува солење на мозок), а тоа нему не му требало. Неговата верзија е дека ја треба да се променам, стаам у ред (више не знам у каков ред) зашто искрено мака ми е од редови и подредувања и исполнувања задачи, а потоа да бидам прогласувана за неуспешна...Да бидам искрена, некој друг тип на карактер можеби и би хендлал без пробелем,у смисол да не ја допира ништо и кога он мрчи, она да си свирка. Ама јас не можам така, едноставно сакам да биде уважен мојот труд, моето учество во бракот, да бидам признаена, а не отфлена и прогласена за небитна. Оти во налет на караници ми има кажувано у стилот, кога ти си на работа и те нема , ние со детето супер си тераме, ти ко ќе дојдеш сите коцки ни ги рушиш. Пораката е подобро функционираме без тебе...Ако му е идејата да биде самохран татко, нека каже, ок е, нека биде! Што да речам, ако смета дека може подобро да тера без мене исто човечки е да каже, зашто според мене у 21 век, сепак никој не треба со никој да биде ради нешто или од зорт. У суштина јас лиебрана, отворена особа, имам разбирање за човечките маани и недостаоци и многу ретко критикувам. Мене ми е мака, што ја не се закачам, терам со арно, дипломатки, а мене ми се накачуваат и очекуваат некаква супер -воман , супер мадер, што у суштина е недостижно (иако сите се трудиме да бидеме најдобрите верзии од себе)...Но тоа е!
     
    На crazylady и tina2018 им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    А тебе прифатливо ти е тоа он да е самохран татко? Прашувам зошто малку ми доаѓа како веќе да се имаш откажано од заедничкиот живот, нормално, ние од форум може само да претпоставуваме не мора да е точно.
    Сметам дека е важно да одиш на советување посебно ако навистина имаш депресија, зошто не ретко коренот на проблемот не е лесно видлив. А самата состојба како таква може лесно да ги помати мислите, нашите реакции и тоа како ги доживуваме нештата. Сметам дека е навистина битно да го решиш тој дел пред да правиш дополнителни одлуки.
     
    На tina2018, cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам како се чувствуваш и баш ми е жал затоа што е ептен безвеза долго време да се осеќаш неценета.
    Ако тој не сака да оди на терапевт, оди ти сама, ти гарантирам дека ќе ти помогне.
    Не викам воопшто дека во тебе е проблемот, можеби тој е таков проблематичен и тоа е, само викам да одиш на терапевт за да разговараш со некој кој објективно ќе ја види ситуацијата, да ја земеш во предвид можноста дека можеби и тој има некаков проблем заради кој што се однесува вака или дека можеби и ти можеш да смениш некои работи кои него му пречат.
    Значи не викам ниту дека во тебе е проблемот, ниту во него, не знам, само можно е двајцата да имате емоции на гнев, на нервоза и да не можете да се слушнете што му треба на другиот.
     
    На Avery, crazylady, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.