Ако не сте за заеднички буџет како тоа воопшто сте се решиле на заеднички живот?? Јас на тоа гледам од сосема поинакво гледиште со мм имаме заедничка заштеда и подеднакво ист пристап кон средствата на другите сметки. Првенствено поради тоа ако нешто недај боже се случи на некој од нас другиот заглавува во бирократскиот систем па додека се решат сите тие префрлување и чуда ти отишле нервите. Но сепак секој со свое мислење и гледиште.
А зошто да се објаснувам? Мм не бара од мене објаснување никакво се е на куп и сите трошоци се знаат...
Мажите сакаат нив никој да не ги прашува каде ги трошат парите, а за жената сакаат да знаат се. Јас сум за заеднички да се чуваат парите, ама пак секој да си има и во себе за да си купи и свои потреби. Не може некој да му забраниш да си купи нешто од негови лично заработени пари или да му ги земаш.
Баш така. Ништо не е ненормално тука. Заради тоа што кај нас сметаат дека е ненормално, повеќето жени немаат денарче на страна кога не дај боже дојде ред за развод и немаат кај да одат.
Ако не сакам цела плата да ја ставам во заеднички буџет, значи дека нешто не ми е во ред со врската, па за да не се решам на заеднички живот? Точно, секој со свое мислење и онака како што му одговара. Од моја гледна точка, јас преферирам да имам лично своја заштеда, да си ги трошам заработените пари онака како што јас сакам, без да давам објаснување никому. Ако тој смета дека (карикирам) 6 пара штикли се многу, јас не мислам и ќе ги купам без да имам грижа на совест дека трошам заеднички пари. Од таа причина сметам дека е сосема нормално и според мене подобро. Значи ако ти утре потрошиш 5000 ден на козметика, тој ќе е океј со тоа? Ако е така,тогаш супер. Дефинитивно. И нема никаква штета ако и едниот и другиот имаат своја заштеда. Нормално дека ако некогаш едниот партнер има потреба од финансиска поддршка, другиот ќе му ја даде цела заштеда, нели и во добро и во лошо? Ама секој нека си прави онака како што мисли дека е најдобро.
Охоо да имам ја 5000ки за козметика Хипотетички: Да да секако ако ми е таа козметика неопходна да. Реално, ние имаме заеднички буџет и бебе кое зависи од нас. И двајцата работиме и си ги знаеме платите па така колку ни е чергата толку. Ова што праша е хипотетички затоа реков ако ми е неопходна да ќе ја купам. Исто ако на него му е неопходно да има не знам машинка за бричење од 10.000 ќе ја купи. Ако двајцата можеме да си ги дозволиме тие работи. Нејсе, не може едниот да се облака во Масимо дути а на детево да се купува Second Hand облека. Сите сме еднакви без разлика кој повеќе заработува... Само да се едитирам. Не сите бракови вака функционираат и тоа е ок. Тебе ти е чудно моето мене твоето. Но секој си прави како му одговара. Никогаш не би си замериле ако ја имам повеќе штикли или он повеќе панталони. Битно ние да се сакаме и почитуваме пари ко пари денес имаш ама утре може и со 100 денари да си во новчанин...
Како во мојот случај, мојот сега веќе поранешен сопруг на почетокот ми предложи едната плата да сме ја оставале на страна, а другата да се трошела. Алудирајќи на мојата плата бидејќи заработувам повеќе. Зошто само едниот да сносува одговорност за заштедата? Тој неспособен е да штеди? Треба за најмала ситница да се чувствувам како да барам дозвола да си ја купам? Зошто кога тој има слобода да ги троши средствата на што ќе посака, јас да немам? Се може да функционира најнормално: тој ќе плати сметки, јас ќе платам за намирници за цел месец, на излегувања трошоци покрива еднаш тој, еднаш јас, без да се мери кој повеќе платил. Пак е тоа заеднички и на чудење на некои, истото функционира совршено и рамноправно е за двајцата. Слободата да купиш што сакаш е задржана. Ако му фалеле средства на едниот да си купи нешто, другиот додава. Нема ништо нефер и ненормално. Он топик: за ситуацијата на членката, да ми рече дека тоа што сакам да одвојам од заштедата за да и помогнам на болната мајка е МОЈ проблем е нешто преку кое не би можела да преминам. А за тоа дека би го отстапила старателството туку-така само затоа што ситуацијата е неподнослива, едноставно не го поддржувам. Работава демек, бидејќи сум поамбициозната и помаж од мажот, еве нека му го детето, па нека излегува на крај да го видам.. На кого ќе се остави? На некој за кој се вели дека нема абер да придонесе нешто повеќе за семејството? Велиш си имала цел детето да расте со двајцата родители (мислам дека тоа ни е целта на сите) но, дали е во најдобар интерес да остане со него? Утре во каква личност ќе израсне тоа дете, неволна, антисоцијална и мрзелива, иста како татка си, или ќе се угледа на амбициите и желбата за промена на мајка си, на која и се слуша гласот, кое е поверојатно? Ти треба нова перспектива, според мене. Да се обидеш да зауздаш малку ситуација, убаво рече многу си толерирала.. Ете, за промена не толерирај. Не оставај половина плата, или барај ополномоштување за штедната сметка. И смени ја монотонијата. Најлесно е да се кренат раце од се. Инаку по кажувањето, на мажов повеќе не му значи дали ќе остане во брак или не, сосема е оладен, дали сте разговарале зошто е тоа така или не, не знам, но за оладени чувства нема лек. Сума сумарум, правете компромис без разлика кој ќе биде исходот.
Ние платите ги трошиме заедно и никогаш не сум се чувсгвувала дека треба дозвола да барам за да си купам нешто. Се прашувам со какви мажи сте во врска. Утре може да добиете отказ и да не работите некој месец дури не најдете нова работа. И во тие месеци ќе се осеќате дека дозвола ви треба за да одите на фризер? И мажите и жените треба да го научат значењето на зборот Заедница.
Очекувано беше да се носат неосновани заклучоци за нашите мажи. Нејсе, нема овде да се докажуваме кој има подобар маж. Што ако ти Мантуб секој месец трошиш пари за козметика, чевли, палта, додека тој не троши за ништо? Како е тоа фер? Еве тој нема да ти побара објаснување, но како ти нема да осетиш грижа на совест? Затоа, додека ти трошиш, тој ќе си ја полни сметката. Ете баш затоа јас преферирам да си оставам дел од платата за себе, и тоа не значи дека имам лош маж или не знам што значи зборот заедница.
Која сметка да си ја полни бре? Парите се заеднички. И утре да се разведеме, на пола ќе се дели се заштедено затоа што ниту тој е идиот ниту јас. Затоа реков се пази со кого се влегува во брак. Во брак не треба да се осеќаш дека треба да ги држиш парите под перница, да не ти ги земе случајно. И јас да не одам на работа, само од него да штедиме пари, пак при развод на пола ќе се делат. Тоа е заедница, а не мое, твое.
Se soglasuvam potpolno i nie taka funkcionirame... Ne mi ima logika nisto porazlicno od toa, zosto bi bile vo brak ako ne sme edno...
Не осудувам за браковите кои функиционираат во смисла ова е моја плата ова е твоја, тие сигурно тоа го постигнуваат со договор ама искрено јас не можам да се замислам да функционирам така а мислам дека и мажот ми. Нашите плати споредбено се скоро исти, се разликуваат најмногу за 2000 денари. Буџетот е заеднички нема мое твое туку наше. Парите одат на едно место, ако нешто ми треба одам си земам и кажувам зедов 500 денари за тоа и тоа, истото го прави и тој, тоа не е отчет или дозвола дали јас да земам или не. Двата имаме право да знаеме каде одат парите бидејќи сме ги заработиле со мака особено тој (работи по 12 саати) за се во бракот гледаме да е рамноправно. Она што ќе остани оди како заштеда за нешто да си купиме дома, да реновираме или ако излези нешто непредвидено (нешто да се расипи па да треба ново). Отприлика точно знаеме колу пари одат месечно, никогаш не сме се стегале во смисла ќе штедиме и ќе кратиме од потребите ама и не се луксузираме бидејќи реално и не ни се толку големи платите.Значи се е наше, нема мое твое се е со договор, и фала богу до сега сум немала размислување сега ако се разведиме каде ќе оди заштедата, можеби е во прашање сигурноста (која нема врска со финансии) туку со доверба и разбирање. До сега не сум се почуствувала како да сум потчинета па да треба да молам за 1000 денари иако буџетот оди на едно место во нашиот дом ама тоа не е џебот на мажот ми па ниту мојот, туку место каде си седат парите и секој си зема колку што е потребно за месецот да се помини нормално без стегање ама и без луксузирање. Сепак на крајот се е договор, ако мене или на некој друг му е незамисливо да има ова се мои пари ова твои, некои парови така функционираат најдобро и штом му одговара и нема конфликт,тогаш се е во ред. Не сме сите исти и со исти размислувања, секој си знае и прави најдобро за неговата заедница и дом.
Ех драга абе за тоа пола/пола што го пишав погоре сама сум си крива. Тоа мој предлог беше, ај да кажам да сме биле рамноправни во бракот, јас горда, самостојна жена сакав да се покажам, абе да земеше некој едно дрво па да ме мавне по глава, да ми дојде памет. Некој напиша дека сме како цимери, ете и у право се. Во нашава ситација изместени се улогите, скроз...Кога треба да се трга мака-тука сум јас, кога е во добро, супер, он прискокнува. Ајде дури ќе преминев преку цимерскиот живот, ама накачувањето на глава не се трпи...Дури во неколку наврати пробав да го сменам договорот за парите,ау вооојна. Не доаѓа предвид, дури вика, ти ќе си живееш ко мома(ко немажена) , јас ке го тргам, а не може, ако демек не ставаш пари ти , не ставам ни јас...Нема разбирачка. А веќе не е ниту до парите, немам нерви да се борам со него,ама некако како читам по форумов, врти сукај, се околу парите е пробеломот ( во однос на тоа како да се менаџираат)...Јас мислев ова е најдоброто решение, да нема пробелми, кој дал помалку, кој повеќе, ама не било...И сепак тоа решение да кажам беше добро и некако функционнираше дур беше жив стариот/ свекор ми и тој имаше добра пензија, па се подмируваше душичка, сега кога го нема, синот не сака да си го превземе товарот. Значи онаа половината негова што е , јас не знам ни колку има на картичка, ниту пин му знам, таму мешање ни под разно/очи се вадат. Мојата половина-ајде да кажеме е исто само моја, само што јас, се фаќам за џеб па ќе си купам работи за детето , нешто за мене, ама тоа сум јас таква..Тој не. Неговата половина, е свето нешто , ниту знам , ниту смеам да знам колку има. А и моиве да ви кажам се тврди како мазги (родителите), ако им се пожалиш, веднаш за очи те фаќаат, ама мораш нешто и да голтнеш, ама нема месо без коски, ама човекот не те малтретира, ама не е пијаница, ама не е женкар (според нив нема маана) , таков човек дури ретко се наоѓа!!!Искрено и мене ми било чудно, кога ќе чуев,некои блиски или познаници се развеле , а од страна изгледа се супер, веројатно си имало Х причини кои само тие си ги знаеле , мислам сега ми е јасно. А и да се одлучам на таков чекор, опцијата за враќање кај родителите не доаѓа предвид/ мислам тоа ќе биде ко да сум си потпишала доживотна робија. Не ја бива таму веќе...Се јавив кај психолог,ќе имам средба неделава, јас да си разрешам некои дилеми во главата, зашто тој советувалишта и сеанси не прифаќа ни под разно. И така, фала ви на сите на советите и искрените одговори.
и плус разговарсј со него кажи му дека планираш со детето да ди одиш под кирија и дека последен пст разговараш до него да ги средите работите земи си детето и оди си под кирија
Барем си самокритична, вредна и спремна на промени. Не си го оставај детето, единствено ако немаш друг излез на сосем кратко време. Тоа дете ќе порасне и ќе те обвинува..
Не е лошо заеднички да се парите. Не е лошо секој своите да ги чува. Се додека има договор и мир, се е во ред. Што се исчудуете тука "па зоштооо сте во браааак"? Ние не ставаме на купче пари, иако моите се секогаш достапни да си земе и неговоте исто. Некогаш јас плаќам храна/ сметки, некогаш он. Јас си имам моја кола и она е моја обврска, неговата е негова. Мојата фирма е моја обврска, неговата е негова. Не давам отчет за секој денар, не ми дава ни он. Но знаеме колку имаме заштедено и двајцата ставаме пари на страна. Супер функционираме, без караници и проблеми.
@Angel_G а кој те тера да ја даваш таа половина? Имаш налог автоматски да се префрла на таа сметка штом легне плата на твојата сметка? Што ќе се случи ако не ги дадеш парите?
Баш ние на сличен начин функионираВме (зошто моментално не работам) со тоа што од платите си плаќавме секој свој кредит, одделувавме за пазарење, сметки итн. Некој денар од двете плати во заедничката заштеда и со остатокот од парите си правевме секој што сака, нели и по потреба да се докупи нешто. Е сега, кога не работам мм вади пари, плаќаме се што треба, пазариме и се што останува ми ги дава, зема нешто ситно за во џеб да има за на работа и ми вика "ти чувај ги, ако треба нешто земај" и фала богу до сега супер е, барем заштедата ни стои за "недај боже или дај боже". Кога ќе почнам да работам пак здравје, исто ќе си биде како претходно. За нас ова е идеален начин, кој како му одговара така. Ама тој да си ја чува неговата плата, јас да плаќам се со мојата, не фала.
Кај нас парите се заеднички. Всушност, пола од бракот само тој работи, јас не, ама секој прилив, оди во еден куп. Е сега, проблем е што маж не знае да менаџира финансии. Едноставно не го бива за есап... Јас сум циција и сум склона на штедење, од ко презеде тој контрола, до гуша се заглавивме во долгови. И многу се нервирам искрено. Знае, свесен е... И за него ќе беше поарно да не мора да отплаќа долгови. Факт е дека не секој знае да менаџира буџет.