Кај нас јас менаџирам со парите Додека работевме двајцата,платите си ги стававме на едно место,секој си зема кога и колку му треба, затоа што има потреба. Ниту јас,ниту мм некогаш сме се осетиле дека се правдаме,или дека ни е забрането да си купиме нешто,ниту било што. И сега кога јас не работам,платата негова пак си стои на истото место и пак секој е слободен да троши колку сака (секако не еден да се луксузира,а друг да се стиска).
Nikade ne spomenav cela plata da ja stavas vo zasteda normalno da ostane nesto i za trosenje. I neznam kako funkcioniraat drugite no ako primer na nekoj of nas mu tekne da potrosi +12000 za sebe e sosema ok.
А вие што заедничко трошите и парите се на едно место заеднички - не ми е јасно, зарем вадите цела плата кеш, или па префрлате цела плата на една сметка? Мене па овој начин не ми е јасен. Моите родители функционирале одсекогаш така што секој си располага со својата плата, не даваат отчет за сите трошоци еден на друг ама пак секогаш парите се трошени во домот за заеднички потреби. Пример мајка ми плака сметки, храна и месечни трошоци околу домот, од на татко ми платата обично биле трошоци за студирање, покрупни инвестиции и потреби околу домакинството. Двајцата си имаат посебна заштеда која пак најчесто се вложува во нешто заедничко. Ама никогаш не се ставале пари на купче, дури не можам ни да замислам со оглед на тоа што денес ретко се плака во кеш а не ми изгледа фер да се става се на сметка на една личност. И јас најверојатно би функционирала слично, со тоа што ке се делат трошоците околу домот и секој ке си има своја заштеда, не гледам која е потребата се да биде на купче.
Ne ne ja vadime nie, vadime kolku sto ni treba da ima doma i za v dzeb sto se vika. Se drugo plakame i trosime so karticka. No... kartickite ni se dostapni na dvajcata ne stavame na.kantar koj sto dal i kako platil i kade i kolku. Na mm zapiraat za kredit,od mojata odi se.dugo,kaj nego ostanuva malku.. sto e nelogicno neznam..eden dom, edna kasa.. eden zivot. Se sto ni treba kypuvame i ne gledame od cija e...
Мм плаќа кредит и сметки дома поодговорен е. Имаме кредитна секој по една копија и онлајн следиме состојба заеднички. Со таа кредитна покриваме храна, за малото се што треба, за нас двајца што треба. И истата ја покривам целосно со моја плата. Ако мојата плата не стигне пренесуваме од неговата или од штедни ако имаме нешто поголемо да купиме. Ова не го договоривме ние туку така се поклопија работите најдобрп да функционира. Се зависи од парот
Имав јас во средно другарка, така тераа нејзините, на тато платата, на мама платата... Па кога требаше да побараат пари она и брат и, мајка и ја истрошила нејзината плата, немала денар, татко и не и давал, страв и било од него да бара... Ќе и даде пари мајка и да си купи нешто, ќе го крие кај баба и да не види татко и.... Да не редам што се не се изнаслушав. Јас не прифаќам такво функционирање. Сакам се да биде НАШЕ. Така јас сум растела, не можам да си замислам поинаку. Да ми крие пари, јас да кријам пари, не дај Боже да не ми дава ако не работам некогаш или обратно ... Не ми треба такво заедништво.
Јас ќе ти кажам за нас. Така ни е поубаво, така ни е полесно. Плаќа сметки мм зошто сме со една плата сега, се што останува вади и ми ги дава мене. Зошто кога и да ми требаат пари, а он е на работа, јас сигурно нема да идам да го барам да ми ја даде картичката и да одам да плаќам или вадам пари. Да не му викам ај купи ми влошки кога ќе се враќаш од работа. А картичката да седи дома со мене не е изводливо.Таа е потребата се да ни биде на купче. Затоа он си ја носи картичката со него и некој денар на неа, кешот дома се.
Можеби не мислеше на мојот пост, ама се пронајдов дека последно напишав на мајка ми платата, на татко ми платата Со вториот дел на постот целосно се согласувам и сакав само да додадам дека ете имам пример каде што немало ставање на платите на купче а пак се било заедничко. Мислам дека како и за се друго во животот - и за ова не е црно бело и секој треба да си најде модел на управување со буџетот кој најмногу му одговара. Еве кога ке размислам за мене. За моменталната ситуација во која сум, не гледам како поинаку би функционирала. Вадење на плати во кеш нели не е опција, со мојата моментална состојба не гледам зошто некогаш би ми требало да носам со мене и картичка од маж ми - за месечни трошоци сигурно ке имам секогаш пари а за покрупни работи секако би се консултирала со него. Да сум некој период без работа тогаш сигурно би се прилагодиле на условите, би ми извадил уште една картичка на мене од негова сметка. Ама вака како што е моментално - ако сум во брак, не гледам зошто не би си користеле посебни сметки и да плака едниот едно другиот друго. Друга работа, баш заради ваквите примери што ги имаме еден куп по темиве, мислам дека е добра опција доколку основните потреби на фамилијата се задоволени - секој да си има некоја заштеда своја за недај боже. Многу работи би биле полесни кога има сериозни проблеми во бракот, ако барем не мора да мислеме на финансискиот дел.
Кај нас во нашиот брак,парите се заеднички,наши,од едно купче се плаќа,купува. Поинаку не можам да замислам. Ние сме заедница. Нема потреба од дозволи при купување на тоа што сакаме.
Не мислев на тебе, тоа ми е пример од животот, на кој сум се чудела и секогаш ќе го паметам. За штедење права си, не е многу за доверба денеска, ама мора да има некој начин во банка да се штеди заеднички, а во случај на развод не дај Боже, сумата да се подели подеднакво. Тропнав глупост можеби, ама има начин како да се уреди тоа, верувам.
Кај нас од мојата плата се плаќаат сметки и купува храна и намирници за цел месец оти земам плата порано од маж ми и сакам да си ги платам веднаш сметките и наполнам фрижидерот. На мм платата ја ставеме на купче и си трошеме преку цел месец. Нема мое, твое
Интересно е што забележувам дека и во оние кои се 'со заеднички буџет' не сите исто раководат со финансиите, и во оние кои се 'со посебен буџет' не сите исто раководат финансиите. Можам слободно да заклучам, дека секој треба да си го најде начинот кој и на двајцата најдобро им одговара. Та како сум праела јас, или Митра, или Митре, ич да не се замараат.
И кај нас ММ не знае да менаџира со пари, и кај мене се финансиите, јас по циција сум и повеќе знам да чувам, тој ќе оди и цел свет може да го почасти, затоа вака кај мене кога се и пари имаме заштедено и сметки подмирено, пари за глупости не трошиме, треба стварно нешто неопходно да е.
Он си има трансакциска, ја си имам трансакциска. Секоја сметка е поврзана со по две дебитни картички. Он носи една негова, една моја дебитна, јас исто.. Најчесто не внимавам која картичка ја користам. Немало до сега пререкување зашто си купил/а ова, напротив, се молиме, ај иди купи си тоа и тоа, ти треба. Имаме и две кредитни, една он една јас. Лимитите се различни, па кога треба да се купи нешто поголемо може да има кратка консултација што смета другиот партнер, која картица да се употреби. За по дома вадиме нешто ситно кеш, да се најде ама и тоа не е битно од чија сметка ќе се извади.
Да, вадиме и двата кеш, си стои на едно место во домот, си земаме колку ни треба, отчет не даваме, заштедата е заедничка и ја користиме за поголеми работи во домот(бела техника,реновирање и слично). Поинаку не сакаме и не можеме, барем ние,се е наше нема мое твое. За пари до сега сме немале кавга као ти трошиш повеќе јас не,она што треба се купува безразлика дали е козметика, храна, облека.
Види драга нема да пропадне светот...Ама типов викам е не флексибилен, као не се држиш до договорот, не си од збор, човек без карактер, ќе морам да ги трпам „нападите“ јуначки. Оти мене ми се има случено на 2 пати, сум пробала, ама критики фул. Сега му смислив нов план, ќе го спроведам, ќе му дадам нов предлог. Јас да купувам за детево, он за колата и за дома, без оставање пола/пола. Зошто видете за детево ако затреба нешто треба од тие што се дадени таму у буџетот, ама он ќе се прави мутав, ќе препрашува по сто пати, а мора ли таа крема баш да и ја купиш, а зашто па сируп да му купуваш за алергија да го труеш , може и без сируп...И буквално е преговарање и молење да се извадат пари од тој заеничкиот буџет. Една членка погоре пиша дека и тие имаат заеднички буџет, ама веројатно, начинот на трошење е без „ исповед“ како кај мене. Така. Поздрав женски.
Хелоу девојки, ми треба совет од вас. Од причина што јас пари не знам да чувам, а камо ли да тргнам на страна за недај боже некогаш, сега имам многу голем проблем во бракот.. заедно сме 5 месеци и решивме кога веќе живееме заедно се да биде заедничко како и финансиите.. е сега проблемот е во тоа што јас сум трошач и тоа како да нема утре, додека тој е научен да штеди, и не троши ако не му е нешто неопходно и цело време трга и има пари на страна... од кога сме заедно се чувствувам како да сум должна на некого.. на први кога зимам плата, исплаќам кредити и кредитна картичка, и остало вадам кеш и му ги давам.. после не можам да си побарам од МОИ пари, како да треба да давам отчет зашто ми се и сл.. не знам како да се справам самата со себе а после и со него.. ПС: сега го сведов трошењето пари на минимум, не е исто додека бев сама хаха ама сепак ми е премногу тешко вака со оваа ситуација...
Јас пред многу години добив совет од една тетка да не ја кажувам целата плата. И ќе почнам и така. Конкретно за ова кога веќе ја знае би пробала да договорам одредена сума што би стоела кај мене баш. И на нас ни се заеднички со тоа што кога земам плата плаќам сметки , автобус останатите стојат кај мене до крај на месец што потрошам потрошам ,тоа што ќе остане во заштедата се става.
А зошто не делите? На пример, кредитот, сметките, трошоци за храна, колку трошите во месецот за се вкупно, тој износ поделете го на две, една половина плати ја ти од твојата плата, друга половина нека плати тој и парите што ќе ти останат троши си за што сакаш, тој неговите нека си ги штеди
Во ред заеднички буџет. Ама не може да биде ,,заеднички", ако само едниот има пристап до парите. Ќе му кажеш фино да ти извади и да ти даде дупликат картичка од сметката и овластување на трансакциската сметка. Ако не, ќе му кажеш нема денар да му дадеш.