Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Голема девојка си.
    Тоа дека многу трошиш не е причина да му ја даваш својата плата. Тука не гледам дека ви се заеднички, туку платата ти е кај него, па треба да бараш.
    Едноставно, задржи си ја платата, поделете трошоци.
     
    На mmacichka и Осе им се допаѓа ова.
  2. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Женски
    Ама тој има пристап до мојата сметка, и секогаш може да види колку плата ми стигнала тој месец..
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А зошто не делите трошоци и останатото секој сам да си го троши?
    Стварно е безвеза да му ја даваш ти твојата плата.
    Во брак не може баш да е исто како сам, треба прилагодување, ама мислам ако делите трошоци најдобро решение е?
     
    На MeowMeow, poppie и mmacichka им се допаѓа ова.
  4. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Женски
    Сега штедам и јас од причина што во мај треба да се породам па за ствари за бебето.. ама јас овие неколку месеци платата ја трошев само за работи за дома, бидејќи реновиравме и по нешто ново за у салон и за у спална.. и пак имаше муабети дека безврска сум трошела пари...

    Најглупо се осеќам коа ќе треба да купам нешто или да одам на кафе со другарки/колешки и ќе му кажам остај ми за утре пари ми требаат за ова она или дај ми пари... уф косата ми се крева

    Баш ќе пробам, да ги собереме сите трошоци околу кредити, картички, сметки и остало, па за другото секој со своето..
     
    Последна измена од модератор: 31 јануари 2021
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама настрана реновирањето, на пример да нема реновирање туку зборуваме за трошоци секој месец што се редовно, не можете да ги поделите трошоците како што кажав, за храна даваш ти дел, тој дел, за сметки ти пола, тој пола и за кредитот исто.
    Е одкако ќе ги поделите тие трошоци, се што ќе ви остане да си го троши секој како што сака.
    Што мислиш за ова?
     
    На poppie и mmacichka им се допаѓа ова.
  6. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Женски
    Наредниов месец баш ќе го пробам ова.. зашто вака не можам, при своја плата јас се чувствувам врзана и зависна од некого за пари беспотребно...
     
  7. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Не ви ги разбирам овие конфузни договори со партнерите во врска со финансиите. На шо личи тоа сопругот да располага со вашата плата, па уште за ваши пари треба да се правдате? Јас не работам во моментов и така ќе остане додека второто дете не тргне во градинка. А сѐ уште не е родено btw. Имаме заедничка сметка со сопругот на која двајцата имаме еднаков пристап. Инаку, и ја сум голема трошаџика :) он не баш... ама никогаш за ништо што сум купила не сум осетила потреба да прашам или да се правдам. На крај на памет не ми било тоа, ниту мене, ниту на него. И некогаш ако случајно се деси единствениот приход да доаѓа од мене, никогаш не би му калкулирала колку троши и зошто. Не ми се јасни овие рачуници што ги читам овде. Доколку вие сте скроз ок со тоа, супер! Но, штом ви смета ова, мора под итно да реагирате.
     
    На S.W.A.G, m.i.g, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  8. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Зошто маж ти има пристап кон твојата лична сметка? Тоа ми е несфатливо.
    Нејсе, отворете заедничка сметка каде месечно и двајцата ќе ставате одредена сума(пр. 9000 ден) а останатите пари си остануваат во вашите поединечни сметки и вие си решавате што ќе правите со нив. Парите од заедничката сметка одат за плаќање заеднички трошоци (храна, вода, кирија, годишен одмор, вечера во ресторан) или заедничко штедење. Многу е едноставно.
     
    На mmacichka, Milobebence и IRBBB им се допаѓа ова.
  9. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Не би можела,ниту би сакала да функционирам на вакој начин,зошто досега ни одговарал нашиот начин на располагање и управување со средства.
    Сепак треба да се прилагодите во брак еден на друг. Не може еден да штеди,а друг неконтролирано да троши,па да чека после на заштедата од партнерот,ниту пак едниот е должен ништо да не смее да си купи,зошто друхиот е циција. Некоја средина треба да има. Убаво е да се штеди,ама убаво е и да си дозволиш да си купиш нешто за себе,за домот или за детето.

    Пробајте,пр. Ти земаш 15000,он 20000. Давајте по 10000 ден за јадење,сметки,трошоци околу домот. Со останатите секој нека си располага како сака. Не е фер ти да се молиш да ти остави мт од твои заработени пари 200 ден да одиш на кафе,ама не е ни фер да не сакаш да заштедиш барем 1000 ден.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Моментално и кај мене е така бидејќи сум на породилно ,тука немам банкомат и мора да е во него за да го вади. Ама додека бев на работа поделбата ни беше вака: сметките сите го плаќав јас останатите работи за дома купува тој. И на крај на месец што ми остане ставам во заштеда. Е сега кај нас е обратно се случува мм да троши на глупости а јас 6 пати ќе се премислам дали да земам нешто, ама тоа е веќе друг муабет.
    Пробај си со искрен разговор , зошто ти смета вака и договори се или како кај нас или пак да задржуваш одредена сума да речеме 5000 ,па ако не ги потрошиш ќе ги ставаш на сметка /заштеда.
     
    На thelittle17 и mmacichka им се допаѓа ова.
  11. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Точно без исповед со доверба еден во друг. А за дете па да треба нешто не ни помислувам да се ставам во таква ситуација да дискутирам одам и купувам. Мораш да пробаш да ја средиш ситуацијава воопшто не е ок.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Не гледам логика партнерот да ми ја проверува мојата сметка па и на крај платата моја во него да била?!
    Заеднички трошоци, заеднички фонд, се останато си е мое.
     
    На H.VAGA, S.W.A.G, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.266
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Женски
    Здраво погоре ве прочитав околу финансиите. Јас сум омажена половина година и претходно верена се на се околу една година.
    Сега за сега сме во заедница бидејќи немаме можност со нашиве плати да купиме нешто свое.
    Ми смета што сме многу луѓе на мал простор. Се тешам дека ова е привремено, бидејќи јас овде се чувствувам како гостинка.
    Е сега за финансиите јас мојата плата сама ја користам исто како што беше додека живев кај моите, никој ми нема побарано пари. Иакочесто знам сама за дома да испазарам работи за јадење, за перење.
    Но мене ми смета што мм цела плата скоро им ја остава дома имале кредити некои работи што јас скоро ги дознав. Секогаш само му зборувам кога ќе почнеш да тргаш на страна пари за нас и нашата иднина утре деца ќе имаме ќе ни требаат пари.
    И секогаш ми вели ај додека се стабилизираат. Но мене некако ми делува како да го влечат надолу со нив. Ем немаат многу пари а сакаат луксузно да живеат се расфрлаат со пари. И маж ми за што работи . Работи а нема плата им ја дава па бара од нив. Како можат вака бе? Па нели сега е оженет човек. Разбирам да им даде некој денар ипак и ние јадеме, живееме тука. Но цела плата?
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.146
    Допаѓања:
    180.993
    Ти можеш да се чувствуваш како гостинка ама таму живееш. И праиш трошок за јадење, вода, струја.
    Не знам што значи- си ја користам платата како дома кога бев, не го разбирам ни неговото- -дури да се стабилизираат. Седнете и напрајте план за иднината, човечки и нормален. На крај краева, во цел свет луѓе се осамостојуваат ко ќе најдат работа, и да , тоа значи кирија или кредит и живеење башка. Само овде уште се измислува тркалото|(
     
    На buba4e89, baby-star, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    На маж ти потсети го дека е женет, дека не треба да им ја дава платата и да им бара после како тинејџер, а ти не троши ја својата плата скрос сама како што си правела дури си била кај твоите.
    И маж ти има одговорност како што си му кажала, да штедите, за вас, за децата, и ти имаш одговорност да даваш од својата плата дел за трошоците пошто учевствуваш во трошење, треба да учевствуваш и во плаќање, нели.
    Зошто не одите под кирија?
     
    На cresa-jagoda, tina2018, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.266
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Женски
    Јас не ја трошам цела плата напротив штедам и имам доста заштедено( може погрешно ме разбра или јас лошо се изразив). Мм рече нема потреба и ти да даваш пари дома, јас давам за двајцата. Но јас кажав погоре што ми смета што тој зема добра плата и цела им ја дава нив. Тие немаат големи примања но сепак се расфрлаат со пари. Всушност парите од маж ми ги трошат. Дома без мене се пет возрасни лица секој со своја плата, кога секој би дал пола од платата за сметки и за домашни потреби останатиот дел секој треба да си го троши како сака и колку има на располагање. Колкава ми е чергата толку ќе се испружам де. Јас не можам пример да земам 5000 а да трошам 10 000 од друг гајле ми е не се мои. Затоа гледам дека имам 5 000 знам што можам да си дозволам да си купам а што е не потребен луксуз. За под кирија размислувавме но не се одлучивме.
     
    На Mantub и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Не разбирам двајцата работите и живеете 6 души во еден стан а под кирија размислувате? Ако сте се договориле да штедите пари за да купите...не се штедат така пари еве гледаш и сама. Одете си почнете си нормален живот
     
    На Discovery, MeowMeow, Nevenche26 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Арно велиш.

    @Erika.greeneyes секако не добивате ништо од парите вака.
    Ако сте сами, сакате-не сакате, ќе мора да си плаќате кирија, сметки, храна, што значи, дека нема да може маж ти да ја остава кај неговите цела плата...
    Барем во мир ќе живеете.
     
    На M&M, Nevenche26, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Иако јас професионално работам финансии, дома финансиите му се препуштени на мм и одлично ги менаџира. Кеш вадиме колку да имаме за нешто кај што не може со картичка.
    Од кај него повлекуваат за кредитот, плаќа сметки и сл, а со мојата плата ги покриваме останатите трошоци и нешто останува. Значи нема мое твое. Јас ја земам неговата, тој мојата картичка. Ако ми треба кеш, знам и на него да му се јавам да ми извади. Ниту давам отчет, ниту тој мене и си функционираме ко едно. Околу финансии никогаш сме немале недоразбирања. Јас ништо не можам да делам во бракот на мое и твое,па така ни парите. А криење пари настрана од мм ми е скроз безвезе...
     
    На nesanica92, Abc07, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како бе секој од нив зема плата, а маж ти пак својата цела им ја дава?
    Зошто?
    Не сфаќам стварно..
     
    На Nevenche26, WildMk, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.