Може едноставно не сака бебе во ова лудо време , искрено реално да знаев дека ќе дојде короната и јас немаше сега да се решам за бебе. Сама кажуваш дека корона тиме му носи негативни мисли. А заладување на односите за ништо не е решение ни па за ова
Мислам дека би било добро да разговара/те со стручно лице. Било да сака тој насамо или заеднички. Откријте го коренот на проблемот. Искрено, со пандемијава не е воопшто лесно, па и самото тоа е доволно човек да не се чувствува подготвен за такви големи чекори. Сега не е време за планирање во секој случај, се додека не се среди психички.
Имам впечаток дека имаш колебање и дека не си сигурна зошто е тоа така, можеби грешам. Мора да разговарате, добрата комуникација е клуч за успех. Оладување и дефокусирање, проблемот не го решава. Да го разбереш и ти него , како тој тебе што те разбрал и поддржал кога не си сакала да имате дете и да најдете заеднички договор/решение за да не се измачуваш.
Малку да помогнам...Јас и сопругот немавме деца две години (ама тоа беше двостран договор -така сакавме и двајцата) и да бидам искрена, во тој период најдобро ни одеше...Не сакам да бидам погрешно сфатена дека детето ги раздрмало односите меѓу нас, но кај нас се случија и други работи кога дојде малово, свекор ми почина кога беше детето само два месеци, боледуваше од рак и дури јас бев бремена секој втор ден одеше Брза помош, навистина стресна слика, едноставно маж ми беше растргнат меѓу обврските кон татко му , а друга страна му доаѓаше дете.Поентата ми е дека за овој момент се спремавме и двајцата, да го одбереме нели најдобриот, ама сепак тоа не може да се одбере, некогаш работите одат во правец против нашата волја...Да бидам уште по доследна првата година се договоривме да бидеме без дете, ама дури тргна работа, дури се зачна помина период...Така што можеш да му го предочиш еве овој мој пример, кој покажуава дека у секое правило има исклучоци и не можеш да планираш...Финансискиот момент и мене ме плашеше , можеби повеќе од него, во ова време -невреме кога се губи лесно работа/сега пак како е коронава уште по лесно, но можеш да му кажеш дека гаранција и сигурност нема, релативни се работите. Во првата година, кога еве кога се уште не планиравме дете, јас работев во друга фирма каде што платата ми беше подобра/ама пак работата да кажам беше по трвда и со повеќе саати...Останав бремена кога сменив работа и тоа би рекла за некој 80 еврра помалку што не се малце пари...Он константно има работа, мојов, пошто тој не ти мења и експерементира...Е сега има друг момент се врти повторно приказнава/деновиве преговорам за трансфер на друго работно место каде што у најмала рака треба да добијам 200 евра повеќе на ова сегашнава плата, так што ако тоа успее би било одлично, мислам онака достоинствени пари за македонски услови (а се работи за странска фирма , не е мк, што не е неизводливо странецот да ги плати )...Ете и тоа е релативно. Значи никогаш, ама никогаш не можеш да предвидиш кога е вистинскиот момент за дете, колку и да калкулираш...Детево ќе ми прави во пролет 3 години, ете можеби сега е вистинскиот момент јас да напредувам за повисока плата/што нели секако си го гледам и со оваа, не е крај на светот. По мене ако на мажот ти му треба време, дај му, нека помине овој лошиов период, секој во животот го има и ќе го има, па полека ќе се охрабри да го направите првиот чекор...А и знаеш што, не е крај на светот , ако немате, 3, 4 или колку и да се години, каде пак пишува дека тогаш и тогаш треба, никаде...Зашто ако е депресивен и самиот чин на доаѓањето на детето ќе го фрли во уште поголема депресија, а тебе не ти треба таков, особено у периодот што ќе следи бременост, породување, гледање на малото, ти треба да кажам човек кој стои на нозе. Ако само ова е пробелемот, тогаш не е ненадминлив. Главата горе и опуштено...Свекрви, стрини, мајка, другарки,зошто немате, игнорирај. И мене ме прогласија дека не можам да родам ...хахах, ама они не знаеа што е штосот, ние не кажувавме нормално, само си нагаѓаа!!! И за крај родив на 37 , сега имам 40, не е доцна никогаш.
Здраво на сите Јас имам проблем со маж ми и сакам да се советувам што да правам Секој ден до 17h е на работа а кога ќе дојде шета по кафиња, и дома доаѓа само за спиење. Не ми помага ништо, ни за дома за чистење, за ручек, ни за дете чување. По цел ден сум со мајка му и татко му како со нив да сум мажена. 10000 пати досега му имам кажано да не шета дека нема да седам по цел ден дома со мајка му и татко му плус со обврски со мало дете и пак си тера по свое. Кога е излезен не крева или го исклучува телефонот. Плус сум бремена пак и воопшѕо не му е гајле дали се нервирам или не. А сите обврски се на мене и куќа и дете буквално се. А ако се случи еднаш во 100 години и јас да излезам тогаш збеснува, се расправа, а тој си тера по свое и што е најтрагично си продолжува после како ништо да не било и пак си тера по старо. Еве пример од вечерва излезен беше му ѕвонам не крена и излегов и јас. Се сретнавме на пат дојдовме заедно дома и пак си излезе. Не кажува ни кога излегува ни каде оди ни со кого. Заради мојата нервоза трпи детето по него викам цело време од што сум нервозна а и стариве гледаат дека се нервирам и не можам сама и го подржуваат а јас ако излезам му зборуваат против мене за да се караме.
Затоа што не беше вака. Секогаш беше на моја страна, ретко излегуваше, планиравме и да се преселиме зошто имав проблеми и со мајка му и татко му и откако останав повторно бремена се смени се.
Ако само му велиш дека нема да седиш по сел ден дома со мајка му и со татко му, и пак седиш, ништо не постигнуваш. Ако се закануваш, барем направи го тоа. Вака ќе го научиш дека само 'лаеш', а не 'касаш'.
Претпоставувам дека тој сега си рачуна: нема каде да оди, второ дете на пат, а него му се допаѓа бекство од реалноста, шеткање ( во време на корона и тоа, ризик и за тебе и за дете и за неродено бебе). Ако имаш каде да одиш и си спремна на ултиматум, објасни му дека правилата на живот се сега променети, и ако не планира родител и партнер посветен да биде, дека ке си заминеш. Но биди спремна она што си го рекла, и да го направиш. А ако не ти се допаѓа тоа, или немаш каде, или сакаш да почекаш дали ќе му дојде памет, не го уценувај зашто блефот лесно ќе го види, малку бар ако е интелигентен. Во секој случај, труди се да изградиш финансиска независност. Тоа е поважно од инает со како ти- така јас .
Можеби бега од напнатост по дома ако е стресно и затоа се трга. Али тоа што не ти помага не е на место. Не му се заканувај едноставно искочи ако те бара не му кревај, крај краева оди на неколку дена кај мајка ти или на друго место и не му кажувај па нека те бара.Повеќето мажи имаат ваков период кога осеќаат гушење само зависи кога ќе ги фати дали во врска или во брак
И неа сигурно ѝ е напнато и се гуши да седи цел ден дома па уште со свекор и свекрва па не значи дека треба и таа да бега од дома и да шета цел ден. Остај то период ваков таков, сите имаме некакви периоди ама здрава, нормална личност не го запоставува семејството. Да не треба да чека да му помине периодот? Па после то ќе има друг, па друг, и таа само ќе седи и ќе чека да му поминат. @Ninamina2021 ќе си го седниш маж ти и ќе му кажиш шо ти смета. Или ќе си одите од тука и ќе се посвети на семејството или нека си седи сам со неговите шо го поддржуваат во ваква глупост. Нема никакво оправдување за мажите со вакво однесување. А кога жена би правела вака да не случајно мажот ја трпи и чека да ѝ помине периодот? Јас имав сличен проблем само шо маж ми освен на работа никаде не одеше, па ми сметаше да седам цел ден со неговите. Го седнав и му кажав дека по секоја цена сакам да си одиме од тука и да сме сами, ако сака да функционираме како нормално семејство. Фала Богу е разбран и знае шо му е најважно па си заминавме, ама и мене ми требаше време за да му докажам дека не може така како шо си имаше тој замислено.
По сето ова паметот ми оди дека има друга. Си ја има мувата на капата. Ако те изневерува, мисли дека и ти го изневеруваш кога ќе излезеш и затоа има таква реакција. Инаку плата дава дома? Или си ја троши цела плата сам? Не е евтино секој ден да излегува после работа, со саати да е неприбран дома. Пробај разговарај, ама јас мислам дека немаш иднина со него. Подобро среќно разведена, отколку несреќна во брак.
Што ми е гајле колку му е напнато, маж со жена и деца по цел ден на кафиња со другари е недоквакан. Уште па да не кажува кај е, да го мислиш цел ден и уште да збеснува ако ти сакаш да излезеш. Ако му е напнато нека се испоти малку и нека ги насочи парите што ги фрла на кафиња, кон дом за да се тргнат од мајка му и татко му, за да не му е напнато. @Ninamina2021 сега си бремена и е екстра потешко, ама нема друго решение освен да се тргнеш кај твоите и да почнеш да работиш. Стварно тешка ситуација, ама за жал секогаш одговорот на овие прашања е финансиска независност.
Губи време во инает, пробување како ќе е ако направам вака и вака, па чекање нешто да се смени, убедување, па и нерви губи. Плус бремена, па ќе се породи и пак дома ќе седи со 2 деца и свекори и времето ќе си помине во нервози и чекање на овој да му дојде умот. Зато велам од старт муабет, сечи кај шо не чини и готово, не вредат нервозите за никој, освен за децата свои.
Вели дека е напнат од работа, од дома, неговите родитдли се такви што просто не ти даваат да дишеш само некои обврски му натрупуваат. Всушност тој и кога не е излезен пак не е со мене и со детето туку им врши работи на мајка му и татко му. А му имам кажано нр барам да ме шета да ме носи којзнае каде, доволно е да седи покрај мене дома. Не знам можеби кога би била сама во своја куќа би било поинаку и не би ми сметало и цел ден да го нема ама во туѓа куќа со луѓе кои имаат коментар за се и секоја работа што ќе ја направиш не им чини, дали за деца дали за ручек за работа значи во се има мешање и не можам да слушам веќе коментари и ми се чини дека секој момент ќе побудалам. Свекор ми легнат на кревет цел ден , свекрва ми исто, јас превиткана со бебе во стомак. Плус имам и девер што живее над нас и децата негови ги носи нон стоп тука се растура се вика се писка и за нив е се дозволено а мпево ако направи и најмала грешка пдма коментари и викање. Прееска се враќаме од шетањр и моево е научено уште од врата го слекува палтото и го фрла на земја и во моментот свекрва ми влегуваше од надвор и го плесна по газе. Не смееш вака му вика ќе видиш јас како ќе те тепам. И детево остана зачудено не знаеше што го снајде и зошто доби по газе а нр направи ништо. Финанскиски сум независна земам пари, одев на работа ама веќе неколку месеци сум на боледување заради коронава да не се изложувам на ризик.
И ти што направи кога го плеснала по газето? Тоа што останало зачудено е затоа што очекувало мајка му да го одбрани... да му крене рака последно ќе биде што го видела Еве не знам стварно како трпите ...