Да и ќе работиш работа што треба да е платена едно 24.000 минимум и таман на 35 години ќе земат нркое покачување од 2/3000 ден. ама битно младите се стално криви што неможе да си овозможат кредит за стан на 25 години. (Не зборам за сите има нели исклучоци).
Абе види во фабрика јас помалце од 20 000 не сум земала.И работата сум си знаела што е.Зборам како оператор си имаш машина си ја водиш и тоа е тоа немаш опција да работиш 10 работи.
Во ред, ти си една од ретките. Овде фабрики повеќето уште работат, ама со намален капацитет, заради корона кризава, едната фабрика, тие што работеа, беа секој ден освен недела (некогаш ако имаше зголемена работа, одеа и недела, за иста плата), ни 15 минути пауза, 8 саати, минималец, другата исто од иста бранша, само тие имаа помалку работа, некогаш сабота одеа со скратено работно време. Друга фабрика за делови за автомобили исто за минималец, во две смени, ако сакаш плус плата одиш и викенди. Пак ќе речам не е сегде така и не во секое место во државава има добра работа да бираш и да напредуваш. Претпоставувам ти збориш за Скопје.
Па да за Скопје зборам, по другите градови не знам како е. Има доста фабрики и што плаќаат минималец и што гледаат и на секој начин да скратат од плата.Али да се зема голема плата а да не се работат викенди малце потешко.Сите сакаат со 15годишно искуство да се при тоа млади способни за работа и по пожелност никогаш да не створат фамилија и да бидат посветени само на фирмата.Ова ми е и повеќе од јасно али ова тука никогаш нема да се смени затоа сите што сакаат да бидат платени само надвор од Балканов.
Здраво девојки барам совет! Јас и мојот маж сме во брак 4 години (јас 30г. тој 38г). Уште од почетокот е ладен со мене па така си живееме како братче и сестриче и се е ОК = ( не сака да имаме интимни односи и ме одбегнува). Пред некој ден мајка му мене ми префрли ''таа не сака да ни роди внуче“ и јас изреволтирана од тоа седнав сите заедно да зборуваме (им кажав дека тој мене ме одбегнува). Свекрвата ми рече дека тој нејзе и викал дека јас ме сум сакала да имаме дете ( што излезе дека тој лаже, а не ја кажува вистината дека не сака со мене секс). Пред некој ден слушнав како свекрвата ме оговара, дека јас сум била лоша, не требало да го ожени син и со мене... раскажува по луѓето без срам, а нема врска не е така. Свекрвата е многу доминантна жена и само нејзиниот збор се слуша, мојот маж е мамино синче. Малку ми е чудно, како може мајка му да не го советува како да постапува со мене во бракот за да успееме понатаму. Бидејки таа ги советува и другите парови и ги подржува и ги сака другите снаи на роднините и многу е блиска со нив... и сите си имаат дечинја, а на нас нема кој да ни помогне. Свекрвата цело време сака да ме провоцира и со друи глупости: се што ке си купам јас и таа мора да има, стара жена е 69 години. Си купив кратки панталони, исти купи како моите ... гледам дека сака да ме копира... јас добро се однесувам со неа и купувам подароци... секогаш ја почитувам. Требаше да одиме на свадба се закачи за мојот долг фустан со шлиц од страна да и го дадам и таа да си сошие како мојот фустан ...... да го отворам плакарот да виде кои облеки ги имам ......и така со ред други глупости ме замара.... Си велам со кави работи ме замараш срамота, не си изнадотера на облека троши многу пари.. стварно не знам што е работата.... додека јас и мојот маж имаме проблеми во бракот, свекорот и свекрвата се прават као ништо да не гледат дека нешто не штима со нас двајца. Инаку за (сексот) имаме зборувано многу пати, тој не сака, јас многу се трудев на секаков начин ама џабе е кога само едниот се труди. И така јас сега не знам веке што да направам и што да мислам... ама знам дека и маж ми е до некаде крив а и мајка му го боцка против мене, а ништо не сум им згрешила.
Добро пред брак нели бил истиот? Со оглед на годините предпоставувам дека и пред брак сте имале односи или пак и тогаш избегнувал? Мажот ти веќе скоро 40 години има ти си сеуште млада мој совет додека немаш деца бегај од таму, не си го губи времето со некој што не сака остатокот од животот да си го помине со жена му и да створи фамилија.Гледам дека сакаш дечиња да имаш и тоа е сосем нормално али немој да се оставиш да не родиш ниту едно ради клошар некој си. Прва работа или маж ти е педер штом не сака секс.Втора работа не сака со тебе зошто има со ддруга и своите потреби се задоволени.Трета работа можеби тестостеронот му е намален па едноставно нема желба, а ни потреба од секс.
Не е "донекаде крив", крив Е. Односно и двајцата сте криви, за брак се потребни двајца, а не цела поширока фамилија. Можеби ти си мислела дека ако му направиш притисок преку неговите ќе ви се реши проблемот, а напротив сега имате уште поголем. Си го ставила во незавидна позиција, ако имало проблеми меѓу вас, тие требале да останат меѓу вас и евентуално стручно лице како брачен советник. Од една страна, се нервираш дека свекрвата ти се меша и ти прави не знам што, а од друга страна ти си ја поканила во спалната и во вашата интима. Пробај да разговараш искрено со него и што повеќе дистанцирај се од неговите, ако имате можност да одите некој викенд или недела на патување, викендица, и сл. Пробај да смениш нешто, дади си рок, кажи му го и него, инаку не гледам зошто би си го губела времето повеќе со некој што ти се однесува како цимер, а не брачен партнер.
Таа 'го ожени'? Ко да е годиначе што го носи на вакцина. И тоа што купува иста облека ко тебе не ми се допаѓа... Значи... тоа е што е. Имаш сопруг и свекрва кои се многу поврзани, дури и невкусно делува и тој е интимно пасивен со тебе. Да ги смениш нема. Сакаш вака да го поминиш животот, или сакаш поинаку? Одговори си на ова прашање и ќе знаеш што да правиш. Со среќа
На почетокот има спомнато и дека пред бракот бил ладен со нејзе, така да не е тоа нешто што се случило во бракот па да е проблем туку пред бракот е целиот проблем.
Нема што свекрвата тебе да ти го спасува бракот и да прави билошто. Вие двајцата си имате проблеми меѓу себе каква врска има свекрвата? Тоа што маж ти те одбегнува е во втор план а во прв демек свекрвата те копира, па како те засега тебе тоа? Ако сака и бикини нека носи, нема што тоа тебе да те интересира дали е 60, 70 или 80 години. Сигурно има причина за одбегнувањето и ти сигурно ја знаеш на свесно или не свесно ниво. А дали сакаш да си признаеш или не е прашањето.
Јас навистина не знам што е причината за одбегнувањето, не можам да ја пронајдам. Па почнувам да се сомневам во свекрвата бидејќи маж ми многу ја слуша, се што ке зборуваме јас и тој, тој веднаш ке и пренесе (па и да е интимно). Финансиски сме самостојни, вработени сме, тој дава јас давам за што и да терба се сложуваме нема кавги. Живееме во иста куќа со свекрвата, со одвоени влезови и посебни станови. Мажот ми цело време е со неа работат заедно. Јас ги извршувам моите обврски домашни за ништо не забушавам, готвам, перам чистам .....се шо ке ми се каже не се бунам, нема кавги мирна сум по природа. Одевме и по одмори и зимувања, се трудев да бидам и по секси... биле сме сами, разговарале сме и нај отворено ... се со убаво ... мислам дека нема друга... не е ни во тоа проблемот 100% Од некаде некој црв не јаде ама не знам каде е!
Можеби маж ви открил дека е стерилен или слично, и сега тој не знае како да ви каже, и затоа одбегнува интимни односи, ,,купува време" а можеби и се лекува во меѓувреме, затоа што не постои нормален маж кој не сака интимни односи со сопругата и тоа кога му се дава, или маж кој не сака да има деца
Асексуалноста и желбата за деца се две различни работи, и да уверен сум дека не постои нормален маж кој нејќе да има деца, жена да не сака да има дете разбирам, но маж да не сака да има дете не можам да разберам, врзано е и многу со егото, замисли сите негови другари, познати имаат деца, а тој да нема, едноставно нема помирување со тоа, затоа вообичаено е мажите повеќе да притискаат за деца.
Е како да не.. Се гледа дека не си запознал мажи кои не сакаат деца. Еве јас, познавам такви. И сосема се нормални. Само не се македонци.. Можи зато си одлучуваат што сакаат, а што не.
И сега откако сте во брак, 4ри години немате воопшто, воопшто секс? Многу период е тоа. Нема што да се трудиш да му бидеш секси, да му разгорува фантазии и сл, туку ќе го седнеш и ќе разговарате сериозно. Да си го каже проблемот, па ако треба заедно да посетувате уролог/психолог, во спротивно, ако и покрај муабетот се прави на три ипол, редно е да си заминеш. За што ќе ти е?
Значи овде не се работи за тоа дали сака деца или не, тој воопшто не сака секс со сопругата. Сега не знаеме како е било во врска, каков и колку секс се имале и кој бил пресвртниот момент кога сексот престанал, ама од ова што го напиша до сега @lovely.pepa или има друга или има друг, трето не верувам дека станал одеднаш асексуален, ако претходно имале редновни сексуални односи. Е сега ако и во врска е било на нејзино инсистирање и еднаш во месецот тогаш може да е асексуалност, хомосексуалност, или дисбаланс на хормони ама тоа би се одразило и на физичките карактеристики. Со други зборови @lovely.pepa додека не го седнеш и отворено да го прашаш што е проблемот зошто те избегнува проблемот нема да се реши сам од себе. Тргни ја свекрвата на страна таа не ти е ништо виновна. И да му збори таа против тебе , тоа нема да го спречи да има секс со тебе верувај.