Еве јас како машко си кажав, и со другарите кога сме разговарале на оваа тема сите сакаат да имаат деца, дури и да се погодат да се стерилни обавезно би посвојувале дете, поголема радост од дете нема За странците немам коментар многу за нив нормални работи за мене како разумен човек се несфатливи, можеби зошто сме со нив различна култура искрено не знам...
Прво што ми ја крена косата кога прочитав беше зголемената реченица. Зошто би разговарала за мојот интимен живот со свекор и свекрва? Второ, што има таа да го советува за неговиот однос со тебе, колку годинки има, тли? Молим, ТВОИТЕ обврски? Слугинка да не им си на мама и маминото синче па тоа да се твои обврски? Женооо, бегај додека немаш деца, оти како што читам, доколку имаш, тешко дека би заминала со тој карактер Тој не ја замолчил мајка му кога оговара и зборува глупости, ти од него очекуваш почит или семејство да градиш.
Може подетално да ни кажеш колку често сте имале секс пред бракот и кога престанал да се намалува сексот, дали одеднаш или постепено? Дали кога имавте секс имал проблем со ерекција или не? Дали превземал иницијатива да имате секс или само кога бил во тесно? Како маж и жена не сте разговарале досега за вашиот сексуален живот? Ти 4 години немаш потреба од секс? Дали спиете заедно во ист кревет? Не е природно ни за маж ни за жена толкав период без секс. Плус маж е и да нема секс ќе се самозадоволува. Сопругот секогаш знаеш каде е? Има пријатели со кој поминува време без тебе, дали преку ден, викенди, одмори, кај што не смееш ти да присуствуваш? Ако не сакаш јавно, сама на себе си одговори си ги овие прашања, можеби ќе го најдеш одговорот.
Јас не разбирам и нема да разберам зошто ги мешате другите во вашиот брак. Велам другите, општо, ти си ги седнала на маса сите да зборите за сексот што го немате, други мама и тато ги мешаат и се така. Како пред свекор ти ти се збори за сексот со маж? Син ми вика "д**да", една комшика го научи, го речен тоа пред нив, јас поцрвенев, не па за ваква тема. Сериозно имаш голем проблем со маж ти и не ми е јасно како во овие 4 години не си полудела од нервоза и незнаење што се случува со вас. Јас да сум на твое место ќе го оставам, да си бараме среќа на други места и јас и тој. Сериозно цел живот вака ќе го поминеш? Имаш САМО 30 години. Имаш живот за живеење, ова твоево не ми личи на живење, повеќе на преживување ради реда, други како сакаат.
Извини, ама не мораш. Дали и кога ќе родиш дете е твоја одлука и на мажот . Нема што да се правдаш пред нив дека си добра или да објаснуваш зошто немате секс и деца.
Не мора да ја осудувате членката што разговарала пред сите за нивниот интимен живот, верувам дека и сама сфатила дека згрешила, доколку можете понудете и некој совет за проблемот што го има со сопругот., не се нафрлајте одма со осуди.
@Mnik Морав тоа да го сторам, затоа што видов дека ме оговараат позади грб и ме прават крива дека јас не сум била добра, не сум сакала внуче да им родам... и мене ми се сврте кога го слушнав тоа, па затоа морав да извадам се на виделина. Видов дека свекравата за се сака мене крива да ме направи... и јас не знам што матат кога се заедно, таа почна да збори по лугето “таа не сака внуче да ми роди“ и ме брцка во слабата точка. Пред да збориме сите заедно за ова, му кажав на маж ми да и каже за нашиот проблем (за сексот дека го немаме), а тој отишол и и кажал не збори веке ништо пред неа ништо, а не го кажал конкретниот проблем.
Па што ако разговарала со нив? Чим нејзе ја криват ич не ми е чудно да им рече: Син ти не ме еба, затоа немаме деца. - со овие зборови би рекла... да сум јас Што ќе направат тие после со таа информација, нивен проблем.
Епа во маж ти е проблемот. А јас да бев пак не би ги седнала туку би и рекла "не е твој проблем дали јас имам или немам деца". За алапача како неа, џабе е. Она пак ќе оди по луѓето и ќе збори против тебе, нема да рече син ми нејќе секс со неа или син ми е крив.
Зошто ништо од тоа не е нивна работа. Мојот сексуален живот не е работа на свекрва ми. Она пак пред комшиите ќе збори шо сака и сега снаава треба да оди со ред на сите да им објаснува?
Не е нивна работа, ама ако се плеткаат и сакаат да ја направат нивна работа, ќе им 'појаснам' @lovely.pepa според пишаново, со маж ти имаш проблем, не се свекрвата.
Си имаш проблеми со мамино синче. А свекрвата си е прича о себи. Треба да ве остави да си го решите проблемот ама мажот е кукавица, не знае да се справи. Другарка моја поради тоа се разведе, типот секогаш трчаше по мајка му и татко му и сестра му, сексуални односи многу многу ретко, никогаш за ниту една одлука не се прашуваше со неа, едноставно беше несреќна во тој брак, на крај раскрсти. Се разведе и запозна друг тип со кој планира иднина. Сега ем секс има, ем внимание има, ништо не и недостасува а планираат и бебенце додека со бившиот абер немаше од тоа. Откако е со новиот тип кој го запозна после разводот сите забележаа колку е посреќна од порано. Ама она беше одлучна и реши да стави крај наместо да трпи, да биде слугинка и на крајот пак лоша да биде. Не знам зошто не раскрстиш. И зошто воопшто чекаш. Лесно е да се рече разведи се ама имаш голема голема причина.
@Lisicko На оваа тема многу пати сме разговарале, тој со изговори, има др. пат, ден, ќе биде... ај утре... за викенд... и така ништо јас си останам со скршено срце. На почетокот на врската имавме почесто, а на почеток на брак првиот и вториот месец по 2 или 3 пати во месецот. На втората брачна ноќ имавме и и убаво беше се супер, ама тој сакаше да ме остави сама и да оди да гледа порнич, јас се запрепастив и му реков не, сега кога сме заедно да остане со мене. Потоа се почесто немавме секс, а тој гледаше да најде прилика пак да си изгледа п..н...ч. Пак му реков не е во ред да не ме запоставува, а тој ми викаше дека така му било поубаво и полесно. Уште што не направив, да бидам секси, да изгледам убаво, млада сум имам идеална тежина 53 кила.... не знам што му смета. Во меѓувреме му земав од аптека апчина за машкост на природна база. Ги зема почна да ги пие тој пак мене ме избегнува и гледа па понегово .... и да си гледа неговото
Тука е вашиот проблем. Порното. Зависен е од тоа и затоа те избегнува. Мислам имаше друга членка по форумов што имаше ваков проблем во врска, ако знаат другиве членки која беше, нека ја означат, советувајте се, може она го има решено проблемот. Мислам Танченце се викаше или грешам.
Згодна треба да си за себе,а не за другите особено не за идиотот твој. Такво младо тело не заслужува апсистенција.За машкото не е проблем и на 70 години ќе направи дете ама за жената и не баш.Или седни го и разговарај или не си го уништувај животот со безвредник.
Баш така и како дополнение: ,,ако толку многу сакате внуче кажете да си најдам некој ебач, па сите тогаш ќе бидеме среќни илиии .... нема да бидете среќни кога син ви нема да биде таткото"