@lovely.pepa Не знам дали можам да ти дадам некој совет, ситуацијава е за мене чудна, ама ова со порново е алармантно малце. Од аспект што порново има последици по машко либидо кога се претерува. По мене, нема врска со твојата привлечност или не, ако некогаш си му била привлечна за да имате секс (ова ми е чудното, зошто не сфаќам како од сам старт е ладен и зошто ти било ок, но не навлегувам) тогаш не значи дека сега веќе не си му, туку веќе ништо реално не му е доволно привлечно, што и не е толку чудно за некој за кој цел сексуален живот му е порно. Може ќе е глупо ова што ќе го кажам, ама здрав и млад маж тешко да не посакува секс никогаш. Јасно ми е дека либидото и кај нив може да варира, ама одбегнувањево ми звучи или како да има проблем со порно или како да има друг проблем за кој не сакам да прејудицирам и да продолжувам на темава, ако сакаш пиши ми лп.
Лавли Пепа ако и на почетокот на бракот или врската, сте имале сексуални односи ретко ( 2-3 пати месечно) , нели помисли дека тука нешто не е во ред? Во смисла, недоволно привлечност, намалено либидо кај партнер, можеби резултат на незаинтересираност, можеби трета личност помеќу вас и не знам што се може друго ? Ако ова ти е проблем, а дефинитивно е, штом си на форумов и бараш совет, тогаш ова не е од сега и не е мала работа.
Нема чаре, сега пак ќе дојде некој/а да ни каже дека нема врска дека порното создава зависност, а уште помалку има врска дека заради порното ја избегава и не може да му се дигне
Можеби е осетливо прашањето, но какво е твоето размислување во врска со секс и имање на деца. Ако сте на иста бранова должина, сметам дека воопшто немаш проблем со сопругот. Но, доколку сакаш секс, а уште повеќе деца, треба сега да разговараш на таа тема и да го видиш мислењето од спротивната страна. Затоа што, ретко дека таа страна би можела да се смени. Прашањето е колку ти си спремна да се погазуваш себе си и своите желби, ако ти пречи за истото. А и колку е спремен сопругот да го смени мислењето и да се погази себе си за своите желби. Тука на форумов никој не може да знае, освен ти самата. За свекрва ти, треба да бидеш среќна ако те копира. Значи знае дека изгледаш убаво и на некој начин сака да изгледа како тебе. Верувам дека те нервира, затоа што сигурно тоа е само капак на нејзиното однесување, но запрашај се, ако некој смета дека лошо се облекуваш, изгледаш, зошто би те копирал?! Всушност, напротив треба да бидеш горда на себе што оставаш таков убав впечаток. Сметам дека свекрвата, иако според пишаното е отров жена, не е толкав проблем за твојот брак, колку што ти имаш личен и голем проблем со сопругот. Затоа што, една и од причините за стапување во брак е имање на редовен однос и имање потомство, за второто не значи, што сепак повторно зависи што ТИ сакаш, меѓутоа каков сака нека е твојот сопруг, сепак и неговото мислење е битно, колку и за тебе да не правилно. Добро намерно го пишувам ова. Прашај го како се гледа себе си во наредните десет години. Ако одговорот не ти се допадне, оставам на тебе да пресудиш што е од круцијално значење за себе.
@Biljarkata @DAngel Токму така се согласувам со вас, веке сум и поискусна оти го имам тој проблем со мојот мм. скроз сме оладени еден од друг... тоа ти е нема чаре... Ја прегледав и темата ПОРНИЧ ВО БРАКОТ и има шо да видам исти приказни. Мислам стварно срамота е шо прават мажите на нас жените со тоа, да не сакаат да допрат женско тело кое го имаат до нив, а трчат на порнич. ТИЕ ГУБАТ.
Извини вака што ќе те прашам, ама дали гледа пред тебе порно или си гледа сам? И дали знаеш какви порничи гледа? Какви фетиши има знаеш? Мислам дека колку и да гледа порно ќе сака да има секс со тебе. Лично сум имала бивш дечко што беше зависник од порно, гледаше порно секој ден, ако е тоа зависност, ама тоа никогаш не било пречка да имаме секс. Прашувам зошто мене типов ми личи на геј. Претходно не ми одговори на прашањата дали излегува насамо со особи кај што ти не присуствуваш или присуствуваш ретко?
Не сум забележала такво нешто, оди на работа со неговите во иста просторија се. Оди на кафе со 2-ца пријатели секој ден по 15 мин.Освен на работа онака не сака да излегува/ме само ако има посебен повод и мора. Мислам дека не ме изневерува, оти тој во кревет воопшто не се труди (јас се трудам да ни биде убаво) нема фетиш, не ме гушка допира.... јас го галам допирам итн... да не одам до ситници. Ама ова беше на почетокот од брак..... потоа воопшто ништо не сакаше...со мене... само екранот си го гледа. А иначе сам гледа пред мене нејке и нејке сазедно да гледаме. Значи = несака да има со мене - а сака да гледа во екран и тоа е, нема трето.
И мене ми личи дека е геј.. Другарка искачаше со еден.Она заинтересирана 100ка а овој никако не реагирал, само муабет и толку. Па таа реши да преземе некој чекор. Не сакал ни да ја допре. Испадна дека излегол со девојче пошо неговите го терале.. Си признал дека не го интересираат девојки.
Мене прва помисла ми беше дека е геј.Особено што ОК да, порното е проблем во сексот, ама недостигот на било каква емотивна поврзаност дури ни допири, гушкања и слично од сам почеток, ако добро ја разбрав членката.
@Lisicko Сум пребарувала и во историја на комп. имам најдено нешто ама има симнати на страна но ги крие заклучени во папка. Во главно шо сум видела голи жени на слики, порн со маж и жена така надарени со бујни атрибути и тоа, бујна фантазија така некако, пребарувано некој виртуелни девојки... итн. Но јас веке со тоа не се замарам тоа беше пред 3 год. сега 4-тата не се замарам, шо сака нека прави нека влезе во монитор ако сака. Јас си го живеам животот, доста беше да изигравам инспектор и да си губам времето....
Е ајде, ќе чекаме апдејт. Ништо не и менува тоа, дали е геј, дали е зависник, дали незнамшо. .. она е сама во брак, не знам зошто воопшто е.
Jas citam 2 3 dena... I mozam da kazam samo edno... Ako nekoj den imam situacija kako tvojata(nikogas ne se znae) ili, kako na komsivkata moja sto ja maltretira soprugot i decata a taa ne reagira nikako 12 godini.... Ke si se spakuvam i oci veke nema da si vidime... Nit ke mi treba nit ke me predomisli! Ke mi fali da,godinite ke mi falat(kaj nas se mnogu) ...ama ... ne postoi nesto sto ke me predomisli!
Па не знам што е толку чудно да е геј.Колку возрасни мажи се, ама стапуваат во брак само за да си ја исполнат "обврската", ништо чудно и тука да е таков случај.Не може да тврдиме ама постои како можност.Зависност од порно ќе им влијае негативно, ама не до степен да не сака ни да ја допре, ова тука е веќе екстремно.Плус, вели дека од секогаш бил таков, не е нова промена. @lovely.pepa Мораш да разговараш отворено и на само со него за причината зошто те одбегнува, па и да му чепнеш низ телефон, компјутер да видиш со кого што пишува ако веќе не си го направила тоа.Можеби нема да вроди со плод ама не губиш ако пробаш.Ти пишуваш дека нема да ти биде гајле веќе, ама на некој начин ги трошиш годините и не верувам дека ќе бидеш среќна ако ги оставиш работите како што се сега, на сеедно. Друго нешто што ми падна во очи, а не знам дали добро разбрав - дека споделувал ваши интимности со мајка му? Ова мене ми е многу чудно искрено, возрасен маж и мајка да имаат ваква меѓусебна врска?
Не ме зачудува да е геј.Знам за еден пар ,така ,,повозрасни,,им се запнале нивните,ајде,, време е ,,и ги споиле.Минува прва година во брак,жената прилично ослабнала,комплетно се променила,и се разведуваат .Причина хомосексуалец,ама да ги задоволи родителите,да се прикрие од средина се оженил,се измачувал себе си, а и жената ја уништи.