Можеби се пали на мажот во порното,а не на жената и за да не се дознае дека е геј можеби и затоа гледа хетеро порничи.Никогаш не се знае на што ќе налеташ.
Да, оти на хетеро порничите се гледа нешто друго од мажот освен курот Никогаш не се знае колку оправдувања сте способни да измислите, само да не го именувате очигледниот проблем - порното.
Секако порното е проблем и да е геј пак порното ќе му биде проблем зошто повеќе се пали на видеа одколку реалност. Секакви луѓе има а дека со разговор ќе го реши проблемот тешко, можеби со стручно лице.Тој штом 3 години не му текнало дека и дома има секојдневно п...а и ц...и што повеќе? Треба се по дома да му искрши и да не може да гледа во 4 ѕида да зјапа.
@DAngel Се согласувам со тебе. Гледам дека во другите теми не е единствен само мојот проблем. 1000% не е проблемот во тоа дека има друг/друга, туку зависноста од порното и себично однесување. Ми призна дека претходно, пред бракот гледал многу порно по 3- 4 пати во денот, но тогаш не одбиваше секс. Сега откако сме во брак не сака, и никогаш немаше ерекција за време на нормален однос и тоа поради зависноста од п... Немав ни поим дека вака ќе биде, верувајте бев полна со љубов кон него а сега ниту љ. Така да сега преостанува да разговарам со него за разделба, можеби ќе му дојде умот но касно е веќе, многу време помина. Многу ви благодарам на сите за советите.
Незнам дали сум во вистинската тема, но би сакала да слушнам Ваши мислења. Во брак сме неколку години и претходно долга врска. Несогласици имало и има, работи кои ми сметале и слепо сум се надевала дека ќе се променат па не се промениле. Ама ајде никој не е совршен и сите имаме одредени мани. Јас созревам и целам кон други работи кон семејство, стабилност, стварање на нешто убаво. Него сеуште му е побитно да излезе, да пие, кафани, искачанки... и сето тоа без усул. Да, јас се повлеков и не ми се искача веќе толку, пиење и слично додека претходно сето тоа сме го правеле заедно. Но сега сме веќе 35+ и тоа немање контрола и ставање приоритет на пиење и искачање него на мене и семејство ми станува неподносливо. Како никогаш да не излегол и не се напил и никогаш доста да му е. Во меѓувреме се бориме за бременост поминав се и свашта од операции, снимања, клункање со хормони и да не набројувам но никако да забременам. Последно толку ме повреди и никако да поминам низ тоа... за блиска пријателка која имаше спонтан неговиот коментар беше "барем може" како јас не ни можам да забременам. Тоа толку ме повреди како со нож да ме пресече. И кога чекаме да видиме дали сме успеале за бременост место да ме гледа како последна капка кога ми е кажано да се опуштам и одмарам тогаш се тензии, нервози и нормално префрлање дека јас ги создавам со моите пререкувања за пиењето негово, искачање, во Корона дружење со милион луѓе итд. Извинете на долгиот пост, можам уште еден куп страници да изнапишам. Ве молам искрен совет.
^ Не сакам да ме разбереш погрешно, меѓутоа со ваков тип јас не гледам дека би била среќна во иднина. Кога и двајцата сте во возраст над 35+, кога тој треба да е пред се ориентиран кон бракот и моменталната ситуација со забременување, тој се однесува како разлигавено мало дете. Разговарај смирено и со краен исход, дали тој планира сериозен начин на живот со тебе и хармоничен брак или ќе се забавува ккао млад момак. Доколку исходот е ист како и сега, без да се промени, јас не би гледала причина зошто би останала во брак со таков човек. Ти посакувам среќа.
Не созреан за 35+год. Нечовечен. Нечовечен зошто? Е за ова: Него приоритет му се кафаните,друштвото. Да ме прашаше мојата сестра за советов,би ја фатил за рака а тој нека си остане во својот свет,сам се разбира.
Јас не забранувам искчање и пиење и дружење, но сакам сето тоа да биде со самоконтрола и вагање на работите што е приоритет. И јас самата до пред некоја година заедно со него искачавме секоја вечер се дружевме и забавувавме. Но јас се заситив од сето тоа, додека он сеуште е како неиживеан иако и двајцата сме поприлично иживеани во тој поглед. Пробав и со разговор но изгледа ни тоа не вродува со плод
Јас потполно исто размислувам но сакав да слушнам други мислења. И постојано се прашувам зарем ќе му дојде денот кога ќе си каже се заситив доста беше. Искрено и се надевав дека тоа и ќе се случи, ама изгледа не сум сакала да ја видам вистината. Имаме прекрасно друштво и јас искачам се дружам во нормални услови и граници. Нечовечен, до безобразлук. А е тешка добричина за народ, ама изгледа не за таа што ја има дома. Толку ми е тежок периодот што го поминувам и што неможам да се остварам како мајка и наместо да ја добивам максималната подршка јас добивам таков коментар, нервози, караници и секогаш избира искачанки него добросостојбата дома. Може и јас премногу очекувам и барам, па затоа сакав да слушнат и друго мислење.
Според тоа како го опиша,нема да се промени освен кога ќе нема со кого. 35+години е, не сте тинејџери. Ок е да се дружиш во нормала ама така не е ок како него. Ај тоа на страна. Коментарот за Барем може. Тоа треба да го каже човек: Без мозок. Себичен. Нечовек. Као ај ти сакаш така да биде. И оправдување од него ќе биде: Искачам и пијам од мака е тоа ќе биде. Од мене толку на темава понатака работа е на феминкиве ти посакувам да го одбереш правиот пат на време. Поздрав.
Он нема оправдување он сам кажува дека му е убаво да искача, да се дружи, да пие. И мене ми е на секое едно социјално суштетво му е убаво да е со народ , ама јас само барам сето тоа да е во граници на нормала, а не како неиживеан тинејџер пуштен од кафез. Ти благодарам на твоето мислење и совет
Воопшто не очекуваш премногу од човекот кој го сакаш да ти биде поддршка во најтешките моменти. А тој наместо да биде покрај тебе, излегува, пие како недозреан тинејџер, и згора на се непромислено коментира. Од срце ти посакувам да се оствариш како мајка, но тој не верувам дека ќе се смени.
И да излегува не е толку лошо колку неговиот карактер, неговите размислувања. Џабе е сè ако само ти се трудиш за тоа семејство, тој не го цени тоа и не се стреми кон истото. Очигледно не делите исти планови и желби и не гледам решение кое би сакала да го прочиташ, за жал...
Тоа е тоа што ми е збунувачко и што мислев ќе му ги промени приоритетите, тој самиот беше тој што иницираше и сакаше дете уште пред да стапиме во брак, кога стапивме во брак и денес исто да го прашаш исто ќе ти каже. Затоа јас и помислив дека почнал да созрева и сака чекор напред. Но и покрај тоа он се однесува тотално неиживеано и неодговорно
@м_а_р_и_ј_а нешто повеќе од година дена го поминавме и ние патот за борба за дете. Не е долго, ама можам да те разберам колку ти е потребен покрај тебе. И колку те здоболиле зборовите што јас не можам ни да ги напишам. Ова не е твоја борба. Ова е ваша борба. Ова е борба за ваше дете, за ваше остварување. Не твое. Ако сега не те држи за рака, не ти е потпора и ветер во грб, ич не ти треба. Колку и да го боли целата ситуација (ајде пробувам од двете страни да гледам, да претпоставиме дека муабетот е од болка, а не од себичност) не смее да си дозволи да го искоментира тоа. Оти ти си уште поранлива и покревка од него. Искрено јас би седнала да разговарам, со отворени карти. Убав, долг, продуктивен разговор. Прво конкретно за вас, вашиот меѓусебен однос (се сомневам дека е добар), вашата борба, на крај за социјалниот живот. Без закани и притисоци, отворено да се каже кој што мисли, што чувствува и што сака. После би донела одлука што понатаму. Многумина ќе речат дека не заслужува шанса ни за разговор и нема да погрешат, ама ете, јас сум тип на човек што смета дека со разговор, желба и компромис од двете страни, нема проблем што не може да се реши. Во однос на неговата 'неизживеаност' немам што да коментирам. Веројатно има таков темперамент и се сомневам дека некогаш ќе се смени. И не мора да се сменува, доволно е тоа што го бараш од него, само да забави малку. Не може најприоритетно во животот да е излегувањето и пиењето. Такво ви е друштвото, другарите негови? Постојано расположени за излегување и забава? Или излегува со кој било, кога било, каде било, само за да не е дома?
Ти благодарам на советот и подршката. Секогаш искача со наши пријатели, познати луѓе, но бидејќи имаме широк круг на пријатели секогаш наоѓа некој некаде излезен☺️ И не ми пречи мене тоа, ми пречи немањето кочница кога се битни работи во прашање. На пример: закажана операција, му велам во наредните неколку дена намали контакти и искачање(ради Корона нели да ме заштити) он договара кафана и искача секој ден. Ако тоа не е неиживеано и себично јас незнам што е. Договорена инсеминација он истото. Докторот ми кажал да лежам и одмарам неколку ден, он искочен јас сама дремам. Како што велиш јас не сум сама во ова, во ова сме заедно. Почнав да се запрашувам утре и да останам бремена, јас ќе успивам дете сама, а он ќе искача секој ден. Навистина се надевав и потајно сеуште се надевам дека ќе му дојде памет, ќе созрее и ќе си ги испита приоритетите. Ама тешко изгледа! П.С Кога ќе преречам или веќе ќе дојдам на раб со нервите тоа се караници, префрлување на топката и сл. Никогаш он не е виновен, јас сум таа што драматизира и има проблем