Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Жал ми е што се наоѓаш во ваква ситуација :hug:

    Да знаеш дека ти не си виновна за ништо.
    Тој не знае да се справи со проблемите во животот.

    Мислам дека (нездрав)одбрамбен механизам му е излегувањето и пиењето.
    Бега од реалноста.

    Посетете брачен советник.
    Сама не можеш да го смениш.
    Ти му си потсетник на таа реалност.
     
    На thelittle17, neno0o, pikabu5 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Не мислам дека немањето дете е оправдување и начин да бега од моменталниот проблем. Проблемот е далеку подлабок.
    И батали социјален живот, па јас не се мажам само за маж да имам, а никаде да го нема, туку да бидеме едно исто, заедно да оформиме семејство, па Бог кога ќе даде дете тогаш.

    Него многу поважен му е тој социјален статус, кафани и пиење, што утре нема да биде подобро, само моѓе полошо.

    Маж кој не си ја става жената во приоритет, не ти ни треба, а камоли во една ваква ситуација каде тој е тотално безмилосен и себичен.

    Неговото "бегање" не го поистоветувам со немањето деца, бидејќи таков си е човекот, карактерно, несозреан, искомплексиран, а ти си таа која пати во цела ситуација.
     
    На Осе, pikabu5, ALISA0000 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    @м_а_р_и_ј_а Сакав да ти споделам мое искуство. Мм исто сакаше многу дружење, кафани, другари, журки, искачања, лудувања, дел заедно, дел сам. Со годините тука се некаде со твојот сопруг.
    Не знам што му стана, еден период се повлече во себе, не раговараше нешто многу со мене, искачањата продолжија ама после тој краток период одеднаш се смени. Одлучи дека сака семејство со мене. Ме седна и ми го направи муабетот искрено. Ми рече дека размислувал и одлучил дека не сака повеќе да живее така. Сфатил дека тоа ќе го однесе у психички и физички пропаст и решил да престане, демек да се смири. Тој чудниот период уствари му бил на него периодот на размислување што понатаму сака во живот.

    Дента кога ми го направи муабетот се договоривме дека ќе пробаме да створиме семејство на било кој начин. Се веривме. Се "смири". Другарите и понатаму си ги сака и почитува. Му падна тешко ова со коронава дека нема дружење како порано ама не му ни беше приоритет. На прво место му бев јас и домот што заедно го ствараме.

    Сега е татко. На прво место му е ќерка му. Ќе му се јави некој за дружба, го слушам вика треба да ја бањаме малата. Или, многу луѓе сте, не ми се меша со толку луѓе ради бебево. Не е дека не се гледа со никој, и нема седенки, ама воопшто не е како што било пред некоја година.

    Да потенцирам, јас не направив ништо. Дури и размислував да му откажам љубов у истите моменти кога он размислувал да го направиме следниот чекор во заедничкиот живот. Сам си дошол до некоја одлука која отпосле ми ја испрезентира.

    Поминати се скоро година ипол. Некој ќе каже малку време е тоа ама јас си знам како било а како е сега.

    Муабетот ми е, дали мислиш дека маж ти ја донел таа пресудната одлука, или сте стапиле во брак затоа што тоа изгледало како следен логичен чекор?
    Пробај одговори си го прашањево а постави му го и него.

    Ти ја посакувам сета среќа и се надевам дека за брзо ќе ги надминеш овие тешки моменти.

    :hug:
     
    На Dust, thelittle17, Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Pepsii

    Pepsii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Сопругот не сака да имаме односи веќе 2 години одкако се роди детето, не знам зошто ниту сум се здебелила ниту имам некој проблем се се врати во нормала веднаш по пораѓајот, ама ова започна уште во бременоста, оваа суша и избегнување односи. млади сме 35-40 години не знам што да направам, стално кога иницирам се чувствувам понижено. а башка што џабе, кога сум одбиена.
     
    На Oscar Lady, thelittle17, lovely.pepa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    @м_а_р_и_ј_а Многу ми е жал искрено за ситуацијата во која се наоѓаш. Колку што сфатив, од една страна сакаш бебенце, од друга страна не си сигурна веќе дали со овој партнер. 'Барем може' е во најмала рака злобно и безобразно и не би го кажала на непријател, а не на саканиот. Да не пишувам повеќе, веќе членките пред мене напишале што треба.
    Јас ќе додадам само дека ако мислиш дека сега ти е тешко сама дома без партнер односно со партнер кој е нонстоп излезен, очекувај х20 да ти биде потешко со бебенце сама. Ќе се разболи, ќе падне, ќе има грчеви, а тој ќе пие во кафана. Не исклучувај царски рез, постпородилна депресија значи на родилка најмногу од се и треба љубов и поддршка кога ќе се врати од болница. Шокот од пораѓај, хаосот од хормони и емоции не се воопшто за потценување. Замисли си го животот во наредните 5 години и размисли убаво како сакаш да го живееш.

    Разбирам потреба да се издуваш, некој период утеха да наоѓаш во чашата ама се исправаш, главата горе и продолжуваш. Ова неговото е начин на живот.
     
    На thelittle17, Осе, pikabu5 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Седни го и направете отворен муабет. Нека ти каже која е причината што 2 години одбива секс. И кажи му доколку има некој психички или здравствен проблем мора да побара стручна помош, за доброто на вашиот брак, за да не живеете ко цимери. Можно е и да те изневерува. Мораш со смирен разговор да ја најдеш причината.
     
    На pikabu5, Bezimenka90, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.381
    Допаѓања:
    20.676
    Пол:
    Женски
    Прашај го отворено во што е проблемот.
     
    На Bezimenka90, WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    9.275
    Имам бртаучед кој пред некој месец се вери и онака низ муабет снаата ми вика дека она конечно го постигнала тоа што го има испланирано, да се омажи на толку години и да има дете 25-26 год е.
    Демек тие што се 30 се стари и нема да можат да имаат деца...
    Глупо размислување.

    Сериозно и ова се планира, намести се некаде и после трпи. Сите работи се решаваат пред брак, а не се замижува и после а не чини он бил таков, ваков, не ми одговара.

    Нон стоп беше таму додека не ја запроси. Го притискаше да се земат.
    Ене ги сега уште не регистрирани тој и прави проблеми, таа сака повеќе да шета, а тој не е таков тип и повеќе се занимава со работи по дома.
    Сака да е се по нејзино, се однесува како да е дете, се лигави, не оди сега на работа и само нешто измислува.
     
  9. Pepsii

    Pepsii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Го прашувам нон стоп, вели уморен е и вели нели ти сакаше да работам многу, ама тоа не е изговор, бар за викенд да имаме еднаш, не барам многу, знам дека е уморен физичка работа работи, и под стрес е има некој проблеми со финансиите некој задолжувања но сепак што знам дали ме изневерува, дома е за викенд, прошлиот викенд излезе да помогне на еден пријател се селеше. не знам како да проверам дали изневерува.
     
  10. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Во две години ниту еднаш? :o
     
  11. Pepsii

    Pepsii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ретко еднаш во две три недели, така две години
     
  12. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.087
    Пол:
    Машки
    Не сакам да бидам песимист но ако твојот сопруг сега во овие години не расчисти со кафани, кафеседенки по цели денови, журки, афтерворкови, пијанки, да го става друштвото во приоритет пред сопругата и семејството, не верувам дека понатаму ќе се промени...
    Ова ти го кажувам како машко, јас со кафани, журки, кафеседенки со празни муабети, искачање, итн. расчистив уште пред 10 години, а тука сме генерациски, (јас за некоја година помал од вас :)).
    Моите другари (33+ години) се уште живеат како тинејџери, цела плата си ја оставаат по кафани, журки, кладилници, сум пробал да им влијаам позитивно со мој личен пример али безуспешно, тоа е се уште не разбираат, а јас не знам како тие луѓе планираат да се оженат и да создадат семејство, за разлика од нив (моето друштво) јас 10 години вложувам се' од себе за да утре кога ќе се оженам на сопругата и децата им овозможам убав, пристоен и нормален живот, али да не бидам погрешно сфатен, поентата ми е ако човек до 35 години не знае што треба да му е важно во животот, тешко дека ќе сфати за понатаму... :)
     
    На Naked Gun, saki13, Oscar Lady и 13 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Најди си швалер.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Ако во денешно време не можеш да дознаеш со паметниве телефони дали има друга не знам кога можеш.

    Јас не се разбирам баш во муабетот дали жена од коа ке се породи и се менува телото ама се си мислам дека вагината е поширока (ако трескам глупости извинете) градите спласнуваат ама искрено мислам дека не е до тоа проблемот.

    Еве не мораш јавно можеш и во порака да минпишеш и размисли дали е задоволен од вашиот секс.Дали го терате во смисла како се тоа па тоа се едно та исто дали му поставаш граници на неговите желби се разбира сексуални.

    Многу држи муабетот дека физичката работа ја намалува желбата и од умор човек абер нема за секс.Е сеа не знам ако е два дена дома едниот сигурно одмара а недела е одморен па ти претпоставувам тој ден го чекаш.

    Советот на @WildMk е прв што ке му падне на човек на ум ама ако се дознае ке биде муабетот дека ради тоа што си се швалерисувала било причината зашто немал секс со тебе (тоа ке му биде алиби за пред луге за да ти го земе детето и да те оцрни)

    Знам многу пострашни ситуации, еднаш во три недели и не е така лошо но може бар еднаш во недела.

    Мое мислење е да го прашаш на начин демек не се лутиш дали можеби му се допага некоја друга (не дали те изневерува) и ако одговорот е НЕ дали е задоволен од сексот или може сака некоја промена нешто да измените или додадете за да биде повозбудлив.

    Би имал уште многу што да кажам ама што би рекле докторите види со терапијава што ти ја препишав па по две недели дојди ми на контрола :)
     
    На Pepsii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не може заради швалер да и' го земе детето.
     
  16. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Ако во денешно време не можеш да дознаеш со паметниве телефони дали има друга не знам кога можеш.

    Јас не се разбирам баш во муабетот дали жена од коа ке се породи и се менува телото ама се си мислам дека вагината е поширока (ако трескам глупости извинете) градите спласнуваат ама искрено мислам дека не е до тоа проблемот.

    Еве не мораш јавно можеш и во порака да ми пишеш и размисли дали е задоволен од вашиот секс.Дали го терате во смисла како се тоа па тоа се едно та исто дали му поставаш граници на неговите желби се разбира сексуални.

    Многу држи муабетот дека физичката работа ја намалува желбата и од умор човек абер нема за секс.Е сеа не знам ако е два дена дома едниот сигурно одмара а недела е одморен па ти претпоставувам тој ден го чекаш.

    Советот на @WildMk е прв што ке му падне на човек на ум ама ако се дознае ке биде муабетот дека ради тоа што си се швалерисувала било причината зашто немал секс со тебе (тоа ке му биде алиби за пред луге)

    Ради швалер он секогаш ќе биде во право а мајка му таа што мрткала во тој смисол мислев ќе и го земе детето (ќе го придобие на негова страна) кога ќе потпорасне,знам дека во Македонија мајката е во прв план кога се работи за тоа со кого да живее во случај на развод но не се сите ресурси исцрпени има можност за подобрување

    @Pepsii прашај го ама не со осуда не дали те изневерува туку дали случајно можеби му се допаѓа друга или да не случајно се самозадоволува пречесто (зашто знаеме и тоа да го правиме ама дека рече дека работи физичка работа не верувам дека има сили за тоа) а ако одговорот е НЕ прашај го дали можеби може би сакал да измените или додадете нешто во сексот кој ќе ви го направи поинетересен и повозбудлив.Мислам дека треба да се запрашаш дали има нешто што он го сака а ти го одбиваш (некоја желба) зашто најчесто и тоа знае да допринесе да ја изгуби желбата.

    Што би рекле лекарите пробај со оваа терапија па јави ми се за две недели на контрола :)

    @WildMk
    Постов е според мене не долг туку краток.
    А ти викаш тебе не ти се излага, дали он првично те вика да излезете па ти го одбиваш па он иде или си го одбила еднаш два пати па он како сега излага со изговор дека ако ти неќеш јас сакам и нема ништо лошо во тоа.
    Дали излага ко на америчкиве филмови со машко друштво еднаш у недела на пиво или искача со тенденција да прејде во човек-кафана?
    Еве сега видов погоре си пишала пиење без усул...а тоа апропо значи заглавување во кафана до доцна во ноќта...

    Знам он како размислува (или можеби сакам да кажам знам како јас би размислувал) ако она неќе да искача ќе си искачам сам кој може да ми забрани и така немаме дете за што да не си го правам ќефот, ако она престарела за излагање јас имам уште ќеф

    Сега кај вас се зависи од тоа дете и точно е трасиран патот што ќе биде ако имате и што ако не...но што би било ако имате дете а он продолжи со боемскиот живот?
    Пазам што пишувам за да не испадне дека заземам страна и да бидам транспарентен и од двете страни.
     
    Последна измена од модератор: 17 мај 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. м_а_р_и_ј_а

    м_а_р_и_ј_а Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Па тука сте негде, изгледа исто размислувате:D. Ама ај вака да те прашам пошо јас поинаку размислувам. Си искачал, пиел, главел, журкал...се што прави еден млад човек, си решил дека ти е време да се скрасиш и си се оженил и си посакал и дете да имаш. Ама ете тоа дете никако да се деси па си продолжуваш по тинејџерскиот пат. Ама не си веќе тинејџер, на 35+ треба да си веќе созреан стабилен маж кој треба да се посвети на семејството(иако во моментов нема дете, ама и сопругата е семејство, нели?). И прашањето мое е, зарем однесувањето( и тоа како ти би размислувал) не е себично? Тоа кој може да ми забрани, златен... никој на светов ништо неможе да ти забрани, до тебе е да знаеш да ги вагаш работите и да знаеш што ти е побитно:) Тоа е и созревањето у суштина:D.
    А што се однесува до мене, јас исто излегувам се дружам со луѓе, седенки итд. но не цело време и со усул. Ќе излезам ќе се видам, испијам некој пијачка и приберам дома. И кога ќе дојде денот да одберам пример дали треба да лежам дома за да ми се НИ СЕ оствари сонот за дете или да одам во кафана и да се пијанчам ќе одберам да лежам дома.
    Затоа што кафани сум бирала кога требало и сум го иживеала тој живот.

    П.С. Да не ме разбереш погрешно, јас несакам да му бранам на мојот сопруг да излегува, туку како што кажа членка погоре да забави. И кога треба да избере кафана или јас дома зс доктор така ми кажал да знае што е правилното.
     
    На Sexybaby86, IRBBB и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да го седнеш и да почнеш од овде. Дали он воопшто искрено сака да имате дете или онака кажува ради реда, да има жена и дете за пред народ? Затоа што ако навистина сака би ти дал повеќе поддршка. И дали он тебе конкретно те обвинува за тоа? Тоа треба да расчистиш со него, затоа што таков коментар не треба ни да помисли, а не да каже.

    Не е неизживеан, себичен е. Нема да настане апокалипса ако не отиде во кафана една недела. Ама ете не му е гајле за тебе низ што поминуваш. Очигледно нема никаква почит кон тебе. Да има некаква почит ќе седне барем навистина да разговарате место само да ти ја префрла тебе целата вина.

    Епа деца во кафана малку тешко. Можеби се надеваш дека ако имате дете ќе намали со кафаните и ќе се посвети повеќе на него. Ама тоа се решава пред да имате дете, а не да се роди па да се надеваш и молиш дека ќе се смени. На твое место би разговарала и за грижа на дете, каков распоред замислува дека ќе имате, дали е спремен да жртвува некои работи.
     
    На Осе, IRBBB, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Ќе ви се вклучам во муабетот- може.

    Во врска со проблемот на членката, не мора да скокате веднаш со претпоставки дека ја изневерува, можеби има некој психички проблем што го мачи. Нерешени прашања и нестабилност на одредено поле и те како можат да влијаат. Направете си отворен и искрен разговор чија цел ќе биде решавање на проблемот. Не е изморен од работа 2год. сигурно, нека не завршува разговорот со изговор.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ама совет |( (facepalm)

    Најдолно нешто е да изневеруваш додека си во врска/брак. Раскини/разведи се ако не ти чини врската/бракот, па после прави што сакаш.
     
    На saki13, Oscar Lady, firequeenn и 13 други им се допаѓа ова.