Јас сум понов на форумов, зар никој кој е член на фемина не изневерува? Не мора постојан швалер ама ете aвантура за една нок? Впечаток добив дека фемина има прашалник пред регистрирање на форумов и правило е ако сте го изневериле партнерот вашиот пристап на фемина е забранет. Јас знам една жена коа бев помал кога беше време зарж ручек раскажуваше кој со кој се швалерисувал и заклучок беше дека секоја нејзина колешка има. Јас еднаш ја прашав а ти тетка Станче само ти немаш? И она збунета па да само ја и уште една колешка
@WildMk тој не сакаше секс и пред тоа и пред да се породам нема врска тоа со проширување на вагината што си го напишал, за работењето да тешка му е работата а мастурбира по некогаш ми има признаено уморни сме и двајцата тој од работа јас од домашните работи и детето, не ми се верува да нарочно го прави ова за да го изневерам, зошто му имам речено ако сака да се разведеме спогодбено рече не сакал бил среќен со мене, исто не наведов пуши и дебел е тоа исто има влијание.
Да се надоврзам на ова.. Имавме причина на мислиме дека или јас или мм би имале некој проблем и дека нема да успееме на природен начин да забременам. Се плашев дека ова ќе доведе фо неговото враќање во стариот, лош колосек. И си се запиваше понекогаш дома, не велам не. Ама на мое големо изненадување, апстинираше по некое време од алкохол и сам ми викаше ајде сега да пробаме да направиме бебе. Вака беше последните 2-3 месеци пред да забременам. Пак ќе кажам, многу олеснителна околност беше тоа што он зацртал да имаме дете и не сакаше да се предаде пред некоја пречка. Не знам како би било, како би се понашал ако морав да поминувам низ истото како членката (инсеминации, ин витро, испитувања и 300 чуда). Ама ако почнеше да ми застранува ќе имавме голем проблем јас и он и ќе инсистирав на муабет, советување со стручно лице и тн.
Реално можам и да замислам како иде муабетот. -Ајде со нас на пиво. -Не можам со жена ми седиме дома (а корона е дома не се иде по гости) -Па ако де викни ја со нас -Па неќе и реков неколку пати. -Па сеа она ако решила дома да седи и да се затвори и ти ли со неа ќе седиш.Ај со нас ќе се развеселиме нека седи дома она ако не и се излага нека гледа турски серии не ќе седиш и ти со неа. Македонски муабет е овоа секој туѓ проблем го решаваат за секунда
Според мене нема везе дебелината и годините, па не е прастар за секс☺️ Велиш дека и пред тоа несакал односи, значи нема везе раѓањето ниту пак твојот изглед. Очигледно дека човекот не е секс машина како што ние мислиме за мажите поради одредени стереотипи, дека би е..ле се што се движи ама не се сите мажи такви Може маж ти не е голем љубител на сексот или поминува низ некоја фаза (депресија) за која не е свесен или може е ама не ја кажува. Дали е без иницијатива и воља и за други работи не само за секс? Ако веќе сте разговарале и нема ефект може да пробаш малку да му го кренеш либидото со комплименти и повеќе внимание за да му се крене самодовербата, има секако и суплементи, витамини на природна база за кревање на либидото, може и тоа д пробате. Најлесно е да се откажеш, разведеш или најдеш некој друг да те задоволи. Прво пробај се, па на крај ако не бива откажи се. Ама прво откриј ја суштината на проблемот, а јас мислам дека не е твојот физички изглед или тоа дека си родила. Секое добро ти посакувам
Ако е толку малоумен други да му го "решат" проблемот тогаш не и ни треба. Зарем сè уште има такви будали кои се објаснуваат што прават и зошто не им се излегува? Па нека почне и таа да си пие, наместо соочување, сите среќни и весели.
Јасно ми е затоа прашав.Па затоа и те прашав дали мастурбира.Мора и он некаде да се испразни а со интернетов и кабелскиве е полесно.Реално и јас кога бев подебел потешко можев да има секс немав ни кондиција ни сила а во лето на плус 40 и излезен од бања и додека почнам јас веќе пак сум во вода од испотен. Не да се фалам ама сега со друга исхрана е поинаку.Имам и ерекција дури и се доверив во проблемите во секс дека имам ерекција а неможам да ејакулирам.Па горе доле дојдовме до проблемот.Не се разбирам ако има некој поупатен дали во овие ситуации е во ред да се земе виагра и дали е штетна или во нормални количини не е?Или можеби постои нешто на природна база?Треба од некој стручен или паталец совет. Сигурно и на него не му е лесно а и падната му е самодовербата тоа сигурно
Не е до толку Ова ми е муабет на 18 години, не е до толку но секако проблем има☺️ Фала Ви на сите за советите
Јас не викам дека е така како што напишав ама најчесто така наречените пријатели по чашка вака би збореле
Ах леле.. Ако решението за спас на бракот се бара во швалери, изневерувања, отворен брак итн.. отиде воз у кукуруз. Ова е буквално најглупото и најсебичното оправдување, а и причина. Во тешки моменти и проблеми треба да се држат двајцата заедно и да си се утеха, а не да се пијанчат по кафани секоја вечер. Тоа не е решение.
[QUOTE Ова е буквално најглупото и најсебичното оправдување, а и причина. Во тешки моменти и проблеми треба да се држат двајцата заедно и да си се утеха, а не да се пијанчат по кафани секоја вечер. Тоа не е решение.[/QUOTE] Не го оправдав само по мое мислење и од изнесени факти дијагностицирав која е причината @tinka-mace
Пиењето не почнало сега поради неможноста да имаат дете, па да кажеш разочаран е и пие од мака. Тој од секогаш живее таков живот и нема намера да се промени дури ни откако е во брак и треба да се посвети на сопругата и да и биде поддршка за полесно да се остварат како родители. Да беше пиење од мака советот ќе ми беше да побараат стручна помош од психолог/психијатар. Ама човеков не заслужува да има жена и дете. Ете му ги другарите со нив нека ги поминува цели денови. Женава треба да се разведе од таков. Леле дечко искрено се надевам дека нема некоја да си го уништи животот со тебе. Да има многу од форумов што изневеруваат. Ама неверството без разлика дали со постојан швалер или авантура за една ноќ е најодвратно нешто. За еден секс да ја изневериш довербата на личноста која те сака и ти верува е најлошо нешто. Неверството е еднакво на физичко насилство според мене. И такво нешто НЕ се простува. Ако дозволува другарите да го влечат за нос и да му го диктираат животот, воопшто нека не се жени. Ако е толку малоумен да не знае да каже НЕ, не му треба жена, а уште помалку деца.
Јас поентирам дека на секој пост кога ќе се спомне неверство и кликањето лајкови не е правата слика од реалноста која ни е секојдневие. Таа што ќе си го уништи животот со мене има очи да гледа, сигурно не глумам пред неа свети Сава па да ме земе на превара.Моите ставови се тие.