Ем алкохоличар, ем насилен, ем не сака помош. Плус, кршел се низ дома. Па и те условува со - ако не ти се свиѓа оди си. Што повеќе од тоа ти треба доказ дека е време за развод?
Најпаметно е... ама бракот ги врзува луѓето многу силно. Правно се врзани ко прво. Цел живот треба да го осмислиш пред да заминеш. Дали има каде да живееш? Дали имаш работа? Дали парите ќе ти бидат доволни? ... па и деца ако има... Најстрашното прашање: Како децата ќе го пребродат разводот? ... и врзан си засекогаш со нивниот татко, без разлика дали сте пар или не.
Да Вајлд, само што членкава има проблем со алкохоличар. Пијанството не го поднесува лесно. Утре може да се случи да ја истепа. Да посегне рака по неа. Тоа е сериозен проблем, не е наивен воопшто. Плус, сигурна сум дека ќе се снајде, кај родители, кај роднини или пријатели се додека не застане сама на нозе. Ако нема работа ќе бара, ќе се вработи, а сигурна сум дека деца ако имаат би и биле благодарни ако се одлучила за таков чекор, никој не сака да има лошо детство со трауми. Имам комшии, кога излезам на балкон ја гледам нивната куќа, а инаку за да стигнам до нив треба кривинки да правам. Верувај, кога мажот ќе се напие не само што ја пцуи жената туку и крева рака, и сето време сакала или не сакала се слуша таа голема расправија кај мене. Не е само седи и трпи затоа што немаш каде и немаш финансии. Нема да си го уништам животот со таков човек макар спиела под мост или јадела сув леб или вода. Тоа што го доживува таа, не е живот.
Не се обидувам да ја потценам ситуацијата во која се наоѓа. Впрочем, се согласив дека најдобро решение е да замине. Само сакав да посочам како оди процесот... дека е тешка и болна одлука.
Aко е одлучна и сигурна во својата одлука и има храброст сигурна сум дека ќе успее. Се останато е рамно на пораз.
@SnezanaPet Во ниту еден случај литар вино или 15 пива не се нормални. Човекот ептен влегол во зависноста, особено штом си дозволува да пие до бесознание. Ако не сака сам да смени ништо, што и да направиш нема да успее. Најдобро нешто што можеш да го направиш сега е да видиш кои опции ги имаш и да одиш од таму што поскоро. Уште побитно е брзо да реагираш ако имате деца. Во подалечнато семејство видов што им направи ваков човек на неговото семејство, уште лечат трауми. Зависник не заслужува по секоја цена да се остане покрај него. Особено дури не покаже волја за промена. Зошто со него тонат и тие околу него.
Со маж ми сме на гости кај негови роднини. Вујко му често знае да се напие за расположенје и да зборува некои негови непромислени шали, ајде нема веза, требаше да одиме да се пријавиме во полиција, и сега човекот запнал да одат сами со маж ми а ја да сум останела дома, реков може ќе треба да се потпишам на листот, вели ќе го средам ја тоа му велам, сакам да дојдам тој пак па не мораш остани дома а маж ми цело време ќути тоа најмногу ме изнервира и му кажав не сум дошла да седам дома ќе дојдам и точка и после тоа со маж ми лом се направивме стварно не можам еден куп други ситуации од кој мислам дека полудувам. После тоа ја крива за све како и секогаш..
Здраво, би сакала ваше мислење околу мојава ситуација. Со сопругот живееме надвор од МК. Голем проблем ми е секое доаѓање во МК, бидејќи најчесто се караме околу местото на престој. Да дадам кратка историја, се земавме и после 6 месеци заминавме странство. Во тој период живеевме заедно надвор од нашиот роден град бидејќи работевме таму. Формално, никогаш не сум живеела кај него дома. Проблемите настанаа прв пат кога се вративме во МК. Не знам зошто, од мене се очекуваше дека ќе одам и ќе седам таму. Јас сакав да си одам дома кај моите. И така и бидна, си бев кај моите, одев често и кај него, преку еден ден. Мислам дека свекор ми го напна мм зошто сум правела така, и еве од тогаш па до сега секое одење МК ни е караници. Јас искрено не се замарав, си терав по свое и си седев кај моите. Очигледно тоа му сметало на мм и чашата се прели на последното одење, кога изреволтирано го кажа проблемот на маса со моите. Мислам дека ми се споија жичките тогаш. Се осетив многу изневерено и понижено, како да сум земена од кај татко ми па сеа проблемите да е должен тој да ни ги решава. Од друга страна моите имаат еден куп проблеми, уште нашите работи им фалеа. Му викам секое одење да седиме 50-50 кај него и кај мене, ама тоа не му е прифатливо. Не знам како да му објаснам дека кога си идам за МК сакам да си одам дома, на домот што мене ме асоцира на дома. Сакам да седнам по пиџами да пијам кафе со мајка ми како што тој слегува да пие со мајка му. Едноставно таму не се осеќам како дома, никогаш не сум живеела таму. Сакам да најдам начин за ситуацијава да не навредам никој, но истовремено и да ме сфатат мене. По последната караница со мм не дискутиравме ништо, бев многу нервозна, ама еве се ближи време пак да одиме и пак почнуваме со истите караници. Сфаќам дека и тој има притисок од неговите, ама не сум тип на човек што може да седи како безгласна буква, посебно кога за работи за нешто што би ме афектирало мене.
I mojot predlog e ist. Ne sedete ni tamu ni tamu... Odete na odmor iznajmete si soba, stan..iiljada opcii ima. Na kraj kraeva ova i ne e problem,(vas realen) samo masko balkansko ego da ja odnese nevestata doma kaj mama i tate! Karanicata ne e nacin...naprotiv ke sednete i ke se dogovorite,nemoze da sedis i ti samo kaj tvoite ni toj samo kaj negovite,kompromis mora da ima!
Ете, сама си се спротивставила. Не мора маж ти да те брани. Ако ти се браниш, а тој ти приговара, тогаш подбери го да не скока многу. Прашај го дали е за него нормално, кога ќе одите Мк, да седите само кај твоите? Нека замисли како би се чувствувал.
Гледај да избалансираш за да не биде ниедна страна повредена а во истовреме да ти одговара и тебе. На пример седи цел ден кај твоите, а за спиење оди таму.Изутрината врати се кај твоите. Вака би имала време да се видиш и со твоите а да ја испочитуваш и неговата фамилија. Не дека не ја почитиваш ако не спиеш таму, ама сепак. Или обратен распоред, како што ти одговара.
Па да, ама што ми приговара после тоа мене како сум му одговарала, остро, директно и не знам што друго рече.
Во иста ситација сме како вашата, новопечени сме и ние си имаме одено само двапати откако се зедовме официјално. Те разбирам целосно, пробај нормално да му објасниш па ако треба и да му нацрташ дека како што тој не си ги гледа родителите долго време и кога ќе се врати сака со нив време да поминува, така и ти. Да си во Македонија ќе можеш постојано да одиш на гости кај своите и ситацијата би била многу по различна. Ама ете еднаш во толку време си одиш и родителите не се ни пријатели ни роднини па само на кафе да им поминеш. Јас кога си одам обавезно си преспивам кај моите бидејќи сепак тоа е мојот дом во Македонија, ама преспивам и кај неговите за да не се лути никој.ние планираме да си купиме стан посебно и тоа би било најдобро решение, до тогаш вака ќе тераме. Се надевам дека ќе те разбере
Како поинаку, речи, кога татко ти инсистираше да не идам? Шо има тој да ти кажува дали да одиш некаде, или не?
Нас одењето во МК ни е одмор Нормално сакаме да се видиме со сите. Знам дека караницата не е начин, мене посебно ме изнервира што го спомна овој проблем пред моите. Бидејќи неговите му оставиле дел од куќата кој до некаде е наместен, мислам дека затоа се очекува да седиме таму, затоа и тој сака да сме таму. Мене реално никој никогаш не ме прашал дали ми се свиѓа, дали сакам да седам таму. Татко му го опремил просторот пред 10 години и се очекува дека таму ќе седиме. Во суштина спратот е опремен само со основни работи, немаме кујна, немаме бања, имаме дневна и спална. Не ми се ни инвестира нешто во тој простор. И ова не одговара, пак ќе речам мислам дека татко му негодува. Во овој случај добивам коментари дека цело време сум била те ваму, те таму, некој треба да ме носи/зема цело време бидејќи сме доста оддалечени, не ни имаме кола мк па цело време се позајмува кола од некој. Јас ова сто пати го имам објаснето, не оди и не оди. Изговорот е дека неговите сакале да не видат двајцата, не само него.
А вие само надвор од МК ли сте маж и жена? Не може тука да се однесувате како да не сте земени. Викаш кај неговите не се чуствуваш како на свое со нив, после викаш имате спрат посебен опремен. Не гледам проблем, посебно ќе си седите не седиш во иста соба со свекор и свекрва. Местото се знае каде ти е, со мажот. Ако немате услови сторете си.