Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    А бе тој има слобода да каже што сака, може ќе рече дека секој четврток у 21 ловат покемони пред зграда, ќе поверуваш?
     
    На Осе, gjoker4e, Mnik и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    96.989
    Не знам само како се на тебе ти викаат така... Сестра ти мислам ти викаше нешто такво, сега мажот на другарка... Мене па никој не ми рекол ништо слично на тоа...
     
    На crazylady, S.W.A.G, gjoker4e и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Е добро де што се најдовте увреџени толку од прашањево, како кој знае колку да е страшно?
     
    На crazylady, Осе, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Секој брак е со своја приказна. Не постои стандардизиран калап. Секој си го гради бракот врз свои правила. Твоето минато, неговото минато, твојот начин на живот и неговиот за накрај да дојдете до она што е идеално за двајцата. За околината некои работи ќе бидат чудни, некои работи ќе бидат не сфатени но важно е вас да ви е убаво во бракот. Ако на другаркати ова и одговара и бракот и функционира, не гледам зошто ти би поставувала прашања и би кажувала што е правилно а што не. Многу се мешате секаде. Може го кажала тоа за да те откачи немора да е мажот.
     
    На crazylady, S.W.A.G, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Сте ја прашале зошто? Мислам, ако сте блиски и жената има проблем во бракот, убаво би било да ѝ помогнете, нормално, ако не сака да каже, тоа си е нејзино право.
     
    На crazylady и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.279
    Пол:
    Женски
    Ај да нема бришење вратете се на темава. Ако има некој некој проблем, ако некој сака да сподели некој совет околу нечиј проблем, пишете. Маж на другарка, рекла, казала не треба да се предмет на дискусија овде. :)
     
    На A.n.g.e.l.a.V, Lunar, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.960
    Допаѓања:
    15.970
    Пол:
    Женски

    Не е рекла казала, ајде нова тема.

    Дали кога сте излезени во друштво, го почитувате работното време на мажот /жената и секогаш гледате да бидете пред него /неа дома.
    Дали ви го оставиле партнерот сам да си оди дома, а вие ќе си продолжите со друштвото и ќе се вратите покасно малку?
     
  8. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не, ако сум излезена со друштво не гледам зошто е толку важно да дојдам пред сопругот дома. Не се кријам, знае со кој сум и тоа е доволно.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Маж ми оди само прва смена на работа и се трудам ако сум била излезена да се вратам ако не пред него, барем брзо после него за да ручаме заедно. Нас ни е битно да ручаме заедно и ако не сум дома, тој би ме чекал. Сепак, ова се случило многу ретко, бидејќи и јас работам, па речиси во исто време се прибираме дома.

    Ако сум излезена навечер без него, ќе седам додека ми е убаво. Ако сака тој нека излези, ако сака нека седи дома, негов избор.

    Ова пред да имаме дете. Сега бебето ни е месец и пол и досега секое излегување ни е заедно. Не знам како би било во иднина.
     
    На KittyCat:), A.n.g.e.l.a.V, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  10. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.148
    Пол:
    Женски
    Излегувањето или дружењето во брак и сам нее исто.Кога си слободен можиш да излезиш кога сакаш ама во брак и со деца нормално тие ти се приоритет. Еве јас со мажотми немам проблем ама за децата не дека морам ама има потреба да сум дома ко ке си дојдат од нашколо или ако се излезени да ги пречекам или испратам и нормално времето ми е ограничено. Излегувам ама прилагодено на времето на децата.
     
    На crazylady, Осе и manako1 им се допаѓа ова.
  11. Peperutche.SM

    Peperutche.SM Нов член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Заедно сме 12 години, од кои три во брак и имаме бебе од 1.5 година.
    Уште кога бевме во врска, ни сум му барала пари, ни пак сум сакала да ми дава. Поклони ретко ми купувал, од роденден, на роденден, некогаш дури ни за роденден, знае да почасти кафе, ручек и тоа. На одмори никогаш не сум дозволила да ми плати престој, пат и слично, ако части овој пат тој, следен јас и така. Тој оди на работа, јас одев до 7 месец од бременоста некаде, сега сум дома. Немам увид во тоа колку зема пари, се се на картичка, денар еден не вади. Некогаш останува и по 12, 13 часа на работа, а јас во мене немам ни 500 ден, а со мало дете, да крени температура, ќе немам пари да појдам да му купам лек. Пред некое време кога се налутивме, ми префрла и за пари, а денар немам видено од него. Во врска со детето, ако му речам дека нема пелени, млеко, влажни ќе појди ќе купи, сам нема да примети. Има денови кога е слободен, апсолутно ништо не пофаќа по дома, трошките од маса не ги крева, ѓубрето не го исфрла, не пак за поголеми работи, понекогаш дури и само неговиот тањир ќе го крени и толку. Односи не знам од кога сме немале, и најчесто јас ги иницирам. Имаме правено муабет на оваа тема и ништо не е променето. Цело време е на телефон или компјутер, бебе кога ќе заспие, тешко му е и играчки да собери. Сум размислувала дали ме изневерува, но немам некои докази, па ни знаци за тоа. Од кога е родено бебето, дали 4-5 пати сум излезена сама со другарка на кафе, цело време го носам и бебето со мене, за разлика од него. Се сум понервозна, и во последно време се почесто размислувам за развод доколку ништо од ова не се промени.
     
    На mssuniquee и Осе им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    21.960
    Пол:
    Женски
    Зависи кога како, бидејки не живееме сами гледаме максимално да користиме кога можеме да бидеме сами, па ако треба да и порано се враќаме од некаде.
    Се случило да излеземе па едниот порано да си дојде другиот да остане...
    Сами поретко сме излагале зошто друштвото ни е заедничко а и повеќето се веќе во брак со деца.
    Се додека е договор а не забрана е ок се.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.480
    Допаѓања:
    17.141
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира како се однесуваше цели 12 години?Нели го запозна добро?Он е пред се скржав и себичен,а тоа се приметувало и во врската.Не сте живееле заедно ама како се однесувал кога сте оделе на одмори?И тогаш ли ништо не помагаше?На пр мм тогашен дечко ќе испазареше од сабајле ќе крене маса ќе намести кревет,доволно знаци дека не е лежач и мрза.
     
    На mssuniquee, Luna91, minne992 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Немој да вртиш во круг и да го тераш пак и пак да разговарате, сте разговарале, очигледно е дека сте се оддалечиле , дека тој не го цени твојот труд по дома, да не зборувам за парите. Парите во бракот треба да бидат заеднички, еве и да има одреден буџет за секој сам, но едниот да моли од другиот значи дека партнерот не те цени. Мој совет, немој да се жалиш, немој да разговараш, смени се наеднаш за 180 степени и ќе видиш како сѐ ќе се смени околу тебе. Ако имаш можност, најди било каква работа, дотерај се и излези си сама на кафе со детето, нека е растурено, нека нема ручек, ако праша зошто, одговарај бев излезена, лошо ми беше, имав работа со бебето и не се објаснувај, ќе видиш како ќе си намачка паштета. Главно, не се објаснувај, само смени се. Почни да се цениш и ќе видиш како тој ќе почне да те цени. А после, ако не се среди тој и не му дојде паметот, разведи се, ама барем ќе бидеш спремна и застаната на свои нозе. Секое добро.
     
    На mssuniquee, A.n.g.e.l.a.V, pianogirl и 7 други им се допаѓа ова.
  15. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    За да се разведеш треба веќе да размислуваш за тоа, а ти веќе размислуваш.

    А како беше во врска? Ако бил ноншалантен отсекогаш, не очекувај сега да покаже одговорност. Ако те научил дека сама си плаќаш се - ох, добре ми дојде. Ако гледа дека ти "одиш" по него и раскреваш, нормално тој ќе се опушти и нема да пофаќа. Научил дека има кој да му ја мисли за обврските.

    Кога веќе сте разговарале и гледаш дека ништо не се менува, преземи нешто. Постави ултиматум, немаш веројатно намера да измеќаруваш некому што единствен интерес му се телефон и компјутер. Ако некому му е ок да му готвиш и чистиш цело време и нема реципроцитет, значи нема намера да дели обврски, а не па дете да гледа. Никој не е должен да толерира некого, особено не некој кому не му е грижа за ништо.
     
    На MeowMeow, Peperutche.SM, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Во приказнава, најмал проблем ти е дали изневерува или не.
    Тој секако е 'отсутен' татко и сопруг, како го минува времето ич не прави ралика

    Добро ти рече @MissBreezy , постави му ултиматум кој си спремна да го изодиш до крај и терај.
     
    На Peperutche.SM, SexiLy, MissBreezy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. BabyGirl10

    BabyGirl10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Заедно сме три години, од кои неколку месеци во брак, тазе сме. Имам проблем со неговата сестра која е и постара од него, но он е единственото машко во семејството. Не живееме со нејзе, ние седиме под кирија во стан, а она седи во куќата која е оддалечена од градот, она си живее сама, бидејќи мајка му е во странство.
    Е сега вака. Кога се веривме и отидов кај него дома, јас немаше моите работи каде да ги ставам, за мене имав само спалната кај што спиеме, во дневната и кујната немаше ништо мое, имав еден тостер земено и кога го наместив таму кај што ми одговара на мене, она ми го врати и еден месец ми стоеше на стол во спална. А мажми кажа дека сега јас сум жена во таа куќа и ќе бидр како што јас ќе кажам а не она, ама ништо од тоа. И после тоа се преселивме во стан, и сега тука имам работи што ми ги донесувале на пр сервис чаши, некои тањири, и кога ќе се вратиме кај него дома јас тие работи ќе немам кај да ги ставам. Поточно на нејзе нема да и одговара. А јас тој дом не го сметам за дома бидејќи немам ништо мое таму. И на него му кажав дека коа ќе отидеме таму он да каже јас кај да си ги ставам моите работи, и он ме прашува зашто и јас му кажав зашто ништо од тоа што го кажа на почетокот не важи, тостерот еден месец ни стоеше во спална. И он ништо не кажа на тоа.
    И сега совет барам што да правам кога ќе се преселиме таму, плус и со бебе ќе бидеме, зарем и на бебето работите нема да и одговараат?
    Јас по природа не ќутам, кажувам се, ама несакам да го скарам со сестраму. Имам зборено и со нејзе на таа тема она ми вика јас си имам мое темпо и јас и викам и јас имам мое, навикни се на моето, ти си израснала во таа куќа ама и ќе си одиш а јас ќе останам. Ама пак истата приказна, ако сакам нешто на пр чаша да земам ме прашува што сакам, како да сум странец. А 3 месеци ја оддржував куќата чиста додека она беше во странство.
    Па ако може некој совет што да правам, знам дека ништо нема да и одговара и знам дека ако зборам со мажми на таа тема он ќе ме сфати и ќе збори со нејзе да не се однесува така ама џабе ќе биде, она пак ќе си тера по свое. Дури се лути ако и сменам на пр серијата на телевизорот.
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Убаво сте се одделиле во стан под кирија, што пак барате назад да живеете заедно со сестра му? Не си го комплицирајте животот. Со живеење во заедница бракот ќе си го уништите и здравјето со нервози.
     
    На mssuniquee, A.n.g.e.l.a.V, Luna91 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Мора ли да се вратите во таа куќа, немате друга опција? Ако можете да останете под кирија, мое мислење е тоа дека е најубаво, за некое време ќе си застанете на свои нозе. Од друга страна, не е во ред што викаш дека таа еден ден ќе си оди од куќата, што ако не биде така? А и да е, тоа е сега и твој, но и нејзин дом. Ако веќе морате да се вратите, мој совет е да си излезеш на кафе со неа, без маж ти и да ѝ кажеш, ова е сега наш заеднички дом, јас не сакам ни ти ни јас да страдаме, ајде да се договориме, да направиме еден компромис и сите да се задоволни, со слога секогаш ќе има доволно место, а најважен е мирот. Сепак, многу разбирање е потребно и од едната и од другата страна, но еве ти направи го првиот чекор.
     
    На Luna91, SexiLy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Во врска со ова речи му да ти извади дупла картичка за да можеш да купиш што и да треба. Така и двајцата ќе си имате посебна картичка од истата трансакциска сметка.
     
    На Peperutche.SM, bicycle и tina2018 им се допаѓа ова.