Па не е баш сигурно дека ќе се вратиме ама сепак постои таа опција. И баш заради тоа, ако дојде ден да се вратиме ми требаат совети. И да не си замине мене не ми пречи тоа, не ми пречи ни она, туку нејзиниот однос кон мене. Јас имам зборено со нејзе за сите теми, и 2 дена е добро после тоа е катастрофа. Имав зборено првин со мажми кога бевме таму и се скаравме со него и он ја викна и јас зборев и кажав со убаво дека мора да најдеме заеднички јазик ама не бе, нема шанси. Секој пат кога одиме таму јас како на јајца да газам, зашто колку пати и да зборам со убаво е џабе. Јас сум таа која попушта секој пат.
Епа не попуштај. Колку штп она има право на куќата толку и ти и маж ти. Главна нема ниедна да биде. Нема што ти да и кажуваш или она тебе. Ќе живеете цимерски. Поделете ги ормарите, полиците во фрижидер, се етикетирајте. Значи сфати си го тоа како со цимер да живееш. Ако ти врати тостер во спална ти пак врати го во кујна,односно ќе си поделите кој дел е ваш кој нејзин. Пола е нејзино пола ваше
Ти немаш проблем со золва ти, имаш проблем со маж ти кој не презема ништо за да го реши прашањето, ниту пак се труди да направи да се чувствуваш како во свој дом. Веројатно ти би требало да си му приоритетот, секако и бебето кое го споменуваш. Ако си седи со скрстени раце сега, немој да мислиш дека понатаму нешто посебно ќе прави повеќе од ова. Не е работата само да и рече и таа да си продолжи да тера по свое, да те третира како гостинка. "Ама јас и кажав, но ете таква е.." Ова е изговорот? Не си го прави тоа себе си. Ќе го седнеш и ќе му објасниш дека треба сериозно да најде решение за проблемот. И најдобронамерен совет, "не сакам да го скарам со сестра му" нема да ти помогне во ситуацијава. Баш ако продолжиш да си молчиш само ќе си ја влошиш нервозата која ја складираш, а вака отворено можеш да разговараш и со неа и со маж ти и да најдете решение како да се "трпите" додека не се отселите оттаму, според мене тоа ви е неизбежно.
Не реков дека однесувањето на сестрата е нормално ама замисли брат или сестра да ти го кажат тоа што го цитирав Ако таа е жена во куќата тогаш сестра му што е? Инаку, и јас ќе се налутам ако некој ми ја исклучи серијата што ја гледам
Јас ќе те советувам да пробаш да најдеш некаква работа. Знам беба е мала ама што и да одлучиш понатаму во животот верувај дека ќе ти биде од голема корист да имаш работно место и какви било финансии. Вооедно сметам дека штом ќе најдеш работа постепено ќе ја видиш промената кај твојот сопруг. Твојот сопруг е научен ти да си независна и му смета фактот што ти немаш работа. Некои мажи не ги разбираат домашните обврски. И никогаш нема да ги разберат. Тоа ти е тој балкански тип на сопруг кој смета дека ако ти неработиш си автоматски безработник и се излежаваш по цел ден. Тој никад нема да те жали се додека ти немаш работа. Затоа најди си работа.
Во основно или во средно сте? Да, така функционираат сите бракови, среќа што не си мажена. Секогаш гледам да сум пред него дома. Не. Не брзај да се омажиш.
Па да, тоа и ми беше поентата, ем дошол некој да ти се прави главен, па и сериите ти ги менат на тв, секако е некултурно
Он не го кажа тоа во смисла како она не е ништо а ја сум се. Туку дека ќе треба да попушти малку, да се навикне на мене, дека веќе не е сама во таа куќа. Многу чуден карактер има и он всушност за тоа така и кажа, на нивни јазик. Јас знам дека она си е научена таму сама, ама сепак брати донел жена дома, плус две раце па мислам дека може да попушти малку и да се навикне на мене. А за серијата јас се извинувам не се изјаснив убаво. Вака беше случката: сите тројца седевме гледавме серија и она стана и искочи негде, и почнаа вести и му викам на мажми да видам некој филм дали има кој ќе гледа вести, и сменив пуштив некој филм, и она после едно пола саат се врати и вика кој ми смени серијата, викам јас, почнаа вести и сменив, и она тука се налути. Серијата и беше завршена веќе а нејзе ја немаше може и повеќе од пола саат. Зашто би се налутила кога сум сменила она не била таму? А и мажми ништо не кажа на тоа што сум сменила, кога гледаме заедно гледаме и по нејзино и по наше, и нема лутење. И на мене многу пати сум пуштила серија и она ми го зимала далечинското и ми мењавала ми викала јас таа не ја гледам, мојата ќе ја гледам, и јас не сум се лутела туку ќе станам и ќе си отидам во спалната и таму ќе ја пуштам. Како може јас да не се лутам што она пред мене мењава, а она се лути кога сум сменила кога она искочила?!
Фала ти многу Он е секогаш на моја страна на таа тема, откако ќе му објаснам убаво сфаќа што е проблемот и гледаме заедно како да го решиме, и со нејзе сме збореле многу пати ама џабе, таков и е карактерот. И он гледа јас да сум среќна. И сега плус со бебе на пат јас и бебето сме му први, поставив уште сега некои услови за здравје кога ќе се роди бебето и он е согласен со тоа. Ама пак ќе кажам она неможе да се навикне на мене, дека има плус уште еден во тоа семејство и мислам дека од тука почнува се. Среќа сега не живееме со нејзе, но ако дојде ден да се вратиме таму ќе мора стварно сериозно да збориме па и тоа ако ништо не помогне, што да правам, да му кажам да се отселиме ли? Знам дека и он нема да дозволи да живееме и двајцата во нервози секој ден.
Маж ти треба да е со тебе, да те подржува но само тој. Велиш она не може да се навикне на тебе, но таа не се обврзала на ништо со тебе ниту пак е должна да ти прави ќеиф или да те слуша, едноставно она си е дома, таа куќа е сеуште нејзин дом, а ако маж ти ѝ кажал нејзе како што ти пренел тебе дека ти си главна од денес таму, не очекувај разбирање ниту симпатии од нејзина страна. Односите ви се нарушени и ако одите таму со бебе и повторно да ѝ кажувате што смее а што не смее дома, не очекувајте дека ќе ви биде подобро. И на крај вие тројца (ти, мажот и бебето) сега сте семејство, што барате со други да живеете?
Ако сум излезена се враќам кога ќе решам да се вратам. Маж ми знаел да заглави и до 9 навечер на работа, јас ќе излезам во 8 и тоа не значи дека за пола саат ќе трчам дома за да стигнам пред него. Исто како што некогаш после работа ќе се договорам да идам на кафе он си тера дома, едино може да му најавам да не ме чека за ручек. Исто е и со него. Далеку од тоа дека сами скитаме и се понашаме ко цимери ама ниту он сака да ми ги слуша трач муабетите со другарките, ниту ја сакам да гледам фудбал со неговите другари.
Погрешно ме имаш сфатено. Јас несакам она на мене да ми праи ќеиф или било што. Знам дека тоа си е нејзин дом и јас неможам а и несакам да кажувам правила во таа куќа. Единствениот проблем е тоа што кога отидов таму она не даваше моите работи да ги ставам во кујна патем таму им е сепак место и јас му кажав на мажми и он тогаш и кажа дека одсега нема да биде се по нејзино дека мора да попушти малку. И сега проблемот е всушност ако се вратиме таму бидејќи моментално сме по кирија а моите родители ни плаќаат и секако дека ако ни биде подобра финансиската состојба ќе му кажам да останеме тука но ако биде полошо ќе мора да се вратиме таму. Па ако се вратиме таму и пак биде истата приказна т.е да ми ги враќа работите, да не дава да стојат во кујна а таму им е местото што да правам? Како да постапам? Да си терам како што сум терала досега односно да си ќутам или да си кажам јасно и гласно тоа што треба, односно дека мора да попушти?
Еј ме потсети на детството. Мајка ми така цели денови не се прибираше , ќе дојдеше 10-15 мин пред татко ми да се враќа од работа и тогаш правеше ручек демек топол да бил... Тој си мислеше цел ден дома е.... Според мене не е правилно ,подобро излези и да знае кај си и кога ќе дојдеш макар и 5 саати после него отколку да изиграваш нешто многу посветена сопруга. Од друга страна многу ми се допаѓа кога паровите си имаат одредена рутина - пример како што кажа членката да се чекаат за ручек. Или имам тетка што и да се дешавало денес во 11 навечер си седнуваат со мезенце
Што и да направиш ќе се нервираш. Ниту она има обврска спрема тебе, ниту ти треба да се прилагодуваш на неа, па и со бебе, уште потешко ќе ти биде. Можеби му е сестра на мажот ти и тие како така функционираат заедно, како брат и сестра мора да се трпат. Но кога доаѓа бебе и обврските со него, скрати си ги цимерските драми како знаеш, нема да биде добро за никој.
Се додека си под туѓ кров ќе се осеќаш како странец. Или ќе губиш живци и ќе се расправаш, а почнува од ситен проблем, па прераснува кон крупни. Јас еве би направила се да не се враќам.
Тоа да, зашто иако сме тука под кирија јас ова го сметам за дом, а не куќата во која он пораснал и во која јас отидов на почетокот. Ќе направам и јас се за да не се вратиме таму заради нашиот брак, а она ако се омажи тогаш би се вратила и плус би била поопуштена и би биле само јас, он и бебушкото.