Се ок тоа што пишуваш, ама гледам си запнала кога ќе се омажи ова она, ќе си оди, од кај знаеш дека ќе си оди... Може куќата нејзе ке и ја остават, може и мажот таму ке дојде...
Кафе, ручек частел, за одмор и такви работи не сум дозволила, затоа што и тој работеше приватно и јас, и не сум сакала еден ден раскинеме да се фали дека ме носел по одмори. Јас од една страна го сфаќам и него дека оди на работа, оди во смени, останува прекувремено кога ќе е потребно, сме правеле муабет, му имам дадено да знаење дека знам дека и него му е напорно, додека сум дома јас, не барам да ми смука, пере, готви, тоа ми е најмал проблем, сакам да го работам тоа и уживам. Ама човече, да го намести креветот, да крени маса, да ги стави валканите алишта во корпа, ѓубре да исфрли слични работи кои не одземаат ни половина час работа, а мене ќе ми значат многу, не можан да сфатам дека му се терет и напорни. Му дадов до знаење дека кога ќе тргнам на работа да си знае дека обврските ќе се поделени. Повеќе би рекла отсутен сопруг, за тоа како се грижи за детето не можам да се пожалам. Го пресоблекува, го чува, млеко му прави, го рани, си игра. Проблемот е што мора јас цело време да го поттуркувам, нема пелени, нема влажни, нема млеко, капки, доктори, контроли и сл. Исто и за дома, зема плата, плаќа сметки и се друго е на картичка. Се нервирам и доаѓа како да го молам за едно кафе или влошки да купам.
Многу сакам да одам на работа и можам уште од утре да почнам, само проблемот е што нема кој да го чува детето. Во градинка дури од септември, тој оди во смени, помош немаме од никого. Мислам дека и во тоа е проблемот што и јас сум научена да бидам независна, од 17 години работам, и не сум полагала сметки никого дали сум купила влошки, парфем или друго. И не сакам да ми префрла за пари најмалце, зошто не сум некоја што ги троши нерационално. Не знам, понекогаш си мислам можеби и јас претерувам. Не знам што да мислам повеќе. @WildMk, ми нема преречено кога му барам пари, ми дава, ама, во лутина кога ќе се поткараме, знае да ми спомне пари, за ова, за она, не сум била задоволна и сл.
Па и да се омажи, она треба самоволно да ви го отстапи делот, инаку секако дел и следува како наследство. Како си мислите, ако се омажи девојката, готово газди на куќата. Исто и вие може да и барате да се продаде и да си делите пари. Или ако и барате да е на вас, ќе треба да и го исплатите делот. Освен ако таа доброволно не се откаже. Кај тебе проблемот е што на мажот ти му чини да не се расправа. Инаку јас во заедничка куќа не би се враќала.
Срцка Еее... ене кај е семптември! Ќе летни дури 'Оф' да речиш! Вервај ме Ќе издржиш, сигурна сум! Уживај во малото, оти растат со брзина светлината. Ќерка ми има 15 години и ми зборува за симпатии, а јас сеуште гледам посрано газе
@Peperutche.SM не постои брак во кои парот не си пререкол за пари. Од муабетот, мислам дека бракот ти е добар. Кога луѓето поминуваат подолго време заедно од кои едниот е постојано дома (нешто на што не бил навикнат) многу нормално е понекогаш да се има префрлања. Работата е што ти не си навикната и си ги земаш многу работите при срце. Ќе се среди се од Септември. Ти праќам многу гушки.
Ви благодарам на сите за одвоеното време и на советите. Се надевам дека кога малото ќе почне во градинка, а јас на работа, ќе се средат некои ситници, а колку-толку и времето ќе ми биде поисполнето, па барем 8 часа дневно нема да мислам на домашните обрски.
Многу убаво те разбирам како се чувствуваш, иста сум. Некогаш се замислувам дали е правилно нашето, им завидувам на жените кои без срам си земат пари од мажот за облека и козметика и си седат дома не размислувајќи воопшто на финансиите. Јас би умрела така. И ние со мм двајцата работиме, секој си ја троши платата каде и колку сака, а заштедата ни е заедничка. Сеуште немаме деца и ме плаши тоа како ќе биде кога јас ќе останам дома и ќе живееме со платата на мм, мислам дека многу ќе ми е тешко да му барам пари за било што. Душа си ти, издржи уште малку, во септември ќе ви се смени се сигурно. Тешко ви е на двајцата зашто не сте навикнати вака, не е ни тој виновен што му излетуваат такви зборови, затоа што ти се имаш поставено така да он никогаш и не помислил дека треба да одделува пари за влошки. На тебе сигурно ти е многу потешко кога треба да побараш од него, зашто се плашиш од осуда а сепак се чувствуваш вредна, жена си му и мајка на неговото дете. Не размислувај за развод и не ја ставај на срце ситуацијата, минете низ една мала брачна криза, која ќе се среди кога ти ќе тргнеш на работа.
Не работам скоро 7 години и не ми е срам да 'земам' пари од маж ми. Не го ни рачунам како 'земање'. Иначе, јас сум 'цицијата' дома, тој е 'распуштеникот'
Веројатно тоа се достигнува со годините и искуството. Јас не сум навикнана некој да полагам сметка кога и колку трошам, и го сметам тоа за моја голема маана а не доблест. Кога ќе дојде ред да имаме деца и да функционираме така, ќе морам да се навикнам, иако знам дека и на двајцата ке ни биде чудно и непријатно на почетокот. Се трудиме сега двајцата некако да создадеме заеднички буџет, затоа почнавме од заштедата, ама чудно е кога 6 години не си функционирал така, а ни па си знаел колку плата зима дм. Затоа и реков на членката дека многу добро ја разбирам, сепак со текот на времето секој брак си најде начин, и се е ок додека и на двајцата и одговара. П.С не мислев дека е ‘срамно’, туку дека мене би ми било срам
Ќе најдите начин како да си ја одржите независноста и воедно заедно финансиски да се грижите за детето. Може да ви одговара решение слично на ова што го практикувате со заедничкото штедење. Ќе си направите еден фонд 'за бебешките рабоЌе' , и готово!
Ама нормално дека ќе се отселите, веројатно не планирате да живеете во заедница, што знам, јас барем така размислувам. Под кирија-под кирија, битно мир во куќа. Сега ти размислуваш што би било кога би било... Ако не те прифатила на почеток, после уште потешко. И ако сакаш лути се, но според напишаново маж ти те поддржува само на муабет. На дело не гледам да прави нешто во врска со тоа што сестра му не те прифаќа. Најмалку што може да стори е да ве седне двете и да најде начин како да го подобрите односот, па макар глумеле дека се поднесувате. Инаку мене некој да ми рече "па ти ќе се мажиш и ќе се отселиш оттука, јас останувам" за инает ќе ти се качам на глава и нема да се отселам, ниту да ти попуштам. Тоа е многу лош муабет. Не може да чекате да се омажи, што ако донесе домазет? Сите заедно ќе живеете? Па и тие со бебе и вие... Не знам, јас не би. Вие треба да гледате да си го решите станбеното прашање, кога веќе гледаш дека немаш слобода и разбирачка онаму каде што би живееле. И твојот маж треба да работи на тоа да ви го обезбеди тоа, а не други да ви плаќат кирија... Ај да не навлегувам понатаму. Тоа е мое мислење.
Во болдираново е проблемот. Сѐ додека мислите дека партнерот ВИ смука, ВИ готви и ВИ пере, ќе има брачни проблеми во недоглед.
Значи исто.... Вика не ќе МИ мие садови, после ми се жали како ништо не и помагал(за другарка кажувам). Е од такт ме вади... Ми вика мт многу ти помага... Не не ми помага... Тоа е нормално, во овој брак сме двајцата, детето е на двајцата... Ако сака време за со жена му, ќе споделува обврски. Јас да е паразит, да не напраи ништо и да му легнам у кревет и раширам нозе нема да се деси. Викам да не е таков ќе го оставам. Е како не... Тоа се работи што се договараат и зборат пред брак, на сила никој не го тера, ако неќе нека најде некоја која ќе му одговара.