Не е Убаво да се препукуваме. На тој што му сметам или сака да ми каже нешто, нека ми пише лп. Јас можеби погрешно напишав. Но, поентата ми ја сфати @Цвет88 Значи прашањето гласи : Дали сметате дека жената во брак (еден случај без дете и втор случај со, второооделнче пример) Треба да напушти друштво ( пази, случајов мој, секогаш напушта во 22 или 21 саат) поради тоа што сопругот си иде од работа тогаш и таа мора да си замине заедно со детето кое го носи заедно со неа.? Нормално е дека, ако е изморен ќе сака секоја жена да го пречека, да му зготви и ред др работи. Нормално ако е договорено нешто, филм, што знам нешто др. Во е ред е да се напушти. Не зборувам за излегување секој ден, зборувам еднаш неделно. И себично е мислам секогаш да бара да се излегува во 6 пример за да може она да прошета до 21 на раат. И лутење ако истото не се оствари
Каде пишува правило како треба? И зошто ти да се замараш кој кога си заминал и зошто? Секој си функционира како сака небитно во брак или не. И јас би си заминала кога маж ми би си идел дома. Би сакала да го пречекам. Би сакала да поминам време со него. А не би сакала некој да се замара со тоа кога станувам од маса ради маж ми или било која друга причина.
Ако сте друштво (повеќе луѓе) не е ок цело време да се прилагодувате на неа, ако не може да се организира нема зошто да се лути. Башка, за еднаш неделно, секој може да се организира.
Девојко, јас не се замарам. Јас прашувам како постапувате вие во брак. Дали секој брак функционира така? Дали и тој би постапил така или ќе си остани со пријателите да го догледаат фудбалот. Јас не се замарам кој кога и зошто станал од маса. Ниту ме интересира за некој, поготово не за тебе, нит те знам, нит те познавам, нит ме интересира.
Не, не функционираат сите бракови така. Некои имаат послободни бракови, не се толку блиски со партнерите, па излегуваат кога сакаат и до колку сакаат. Други сакаат да се дома, да му приготват ручек/вечера додека да стигне, да го поминат остатокот од денот заедно. Тоа си е ствар на договор меѓу партнерите, сите различно функционираат. Еве ќе ти дадам личен пример. Додека бев во врска и од моја страна беше исполнето тоа, ако бев излезена секогаш си доаѓав дома додека да стигне дм од работа, а и кога јас одев на работа тој често ме пречекуваше од работа или пак ме чекаше дома со вечера/ручек (во случај тогаш тој да не е на работа). Ние си имавме таква навика и не сметам дека ова е нешто лошо, баш напротив, повеќе се поврзуваат двајцата.
И јас откако имам дете, дома сум пред 20ч. Тогаш ми заспива, околу 20ч. Ете и според мене се прилагодуваме за искачање, и за ништо на светот не би ја променила рутината на ќерка ми. Значи и јас се прилагодувам според нејзините потреби. И до сеа никогаш не сум имала проблем со другарките околу тоа, значи ако можат, можат, ако не оставиме нареден пат. Штом го води и детето со неа, нормално да се прибере дома околу 21ч. И ако мм бил цел ден на работа сака да си го види детето пред спиење, да си поигра со него/неа. Може си имаат рутина за заедно да го заспиваат детето... И јас ќе ти кажам омажи се, па ќе видиш како е. Секој брак е различен, сам си се поставуваш во бракот како и што. И лошо е ако имаш забрани и сл. Ама ако на прво место ти е бракот, семејството не гледам ништо лошо.
Излегувањето не е показател за тоа колку си близок со партнерот. Не мора да сте 24/7 заедно ако сте блиски.
Бракот функционира онака како што ТИ ќе си го направиш да функционира во договор со маж ти. Сите други прашања ти се џабе. Џабе разглабате тука.. А очигледно те интересира како постапуваат членките. Мн си контрадикторна
Постапуваме како ќе ни текне. Лани дојде другар на мм од странство, се испотепав да одам и јас у кафана. Годинава ме молат и јас да дојдам со нив, јас сакам дома да седам. Нема правила особени и пишани.
Очигледно сака да ни наметне некој нејзин комплекс во врска со бракот од типот 'ќе ве видам кога ќе се омажите'. И глумење ' овој мојот вака и вака, за ништо не чини' и разни муабети. Да не пишувам повеќе, ќе испадни озборување, па дебати до сабалје. Затварање дискусија. Џабе или не била џабе. Поздрав дружино.
па и је озборување.И во темата анскиозност ја збореше истата другарка.Каква врска има твојата анскиозност со животот на другарка ти. Ако не ти чини не се дружи со неа. Ако си и вистинска другарка место да ја збориш во сите теми помогни и да излезе од токсичниот брак за кој си сигурна дека е таков.А може и не е Лесно ти е тебе без раб ,маж,деца,обврски нула можеш да сабајле да седиш било каде.Со обврски јбг друго е.Ако како другарка немаш разбирање онда тоа и не си и. Во глобала тебе ти пречат сите.Ама тоа не е тема тука.На тоа треба самата да си поработиш во животот.Од колеги ,претпоставени,до луѓе што зборат гласно на моб во град.Тебе досега никој не ти чинел во животот.
Мене многу ме нервирале такви коментари : "ќе те видам коа ќе родиш", " кога ќе се омажиш " итн...имам немажени другарки не ми паѓа на памет да им кажам такво нешто освен низ смеа кога они мене ме зезале што не можам да излезам. Игнорирај ја. Пандемија во брак со мали деца е предизвик. Само одговори да ќе видам здравје... тоа е ќе помине
Другарка ти можеби сакала само да се истажи и да наиде на твоја поддршка и разбирање. Можеби е и полошо отколку што опишува, а ти овде и се потсмеваш. Мажи се прво, па после суди.
Искрено, другарката ве удостојува, излегува со вас, минувате време заедно и воопшто не е важно што си заминува порано, што и не е нешто рано за возрасен човек, со обврски работни и домашни. Друго, јас сум за тоа, освен кога постојат исклучителни ситуации, брачните другари да се заедно во доцните вечерни часови, па слободно наречете ме старомодна. Не велам дека нема прилики и ситуации како работа навечер, некои прослави и слично, собири по повод и слично, но јас не би трпела партнер кој останува често по полноќ со другари или колеги, не ми е во ред и крај. Има дете на возраст кога родителот треба да му претставува и пример и модел на однесување, па сосем е во ред ова, отколку детето да си ја бара мајката по полноќ. И не значи дека го пречекува сопругот со влечките на праг и легенот со вода и кафе на маса, едноставно сака да си подготви оброк за нареден ден, да се подготви за работа, се чувствува уморно и и одговара тоа време да си замине. Друго, се изнапишаа цели редови муабети од другарката без притоа да се помисли дека и таа е можеби членка или посетител на форумот и ќе види, прочита дека некој разговорот и го истурил на мегдан.
Што е битно каков е бракот на другарка ти? Ти гледај си ја врската да си ја одржиш. Секој брак си е своја приказна. Да имаше упатство за употреба, нема да имаше разводи, и ќе беше идеално.
Здраво, со сопругот имаме супер брак.. Функцираме одлично. Веќе подолго време, знам дека мајка му се слуша со друг, и го изневерува свекор ми. Многу ми тежи овој податок, тој е многу близок со татко му, човекот е шампион, со мајка му однсот им е малку ладен. На два ума сум што да правам, не можам од него да кријам.... Дали да молчам цел живот, или да разговарам со него? Навистина не сум веќе паметна, боље да не видев ништо, боље.
Јас би те советувала ништо да не криеш од сопругот. Негово си е понатаму што ќе прави, дали нешто ќе направи нешто или не, но твое е да му кажеш.