И јас мислам исто, ама сепак тоа е нејзин живот, не знам, навистина ќе спобудалам... Никогаш не сум сокрила од него ништо, а ова треба цел живот на грб да го носам. Јас би сакала, а и би му била благодарна да ми каже ако знае нешто такво зсжа моите. А, и мн лута ако сокрие...
Многу тешка ситуација, ептен. Јас со тешко срце би кажала зашто не кријам од маж ми ништо. Да знам дека никогаш нема да се дознае ќе си ќутам, ич не сакам да бидам вмешана во такви драми ама не би го ризикувала односот со мм заради трета особа. Инаку, како дозна вакво инфо жити се?
Јас не би му кажала мислам. Не го изневеруваш ти него па да му кажеш. Бракот се состои од мајка му и татко му и што сакаат нека прават тие. Што ако татко му знае дека мајка му го изневерува? Разговарај најпрво со мајка му ама и не мораш. Таа виде дека ти виде?
И земавме нов мобилен, и пошо не знаеше да инсталира и логира ништо, и пиша либето дур средував... И наместо да брише пратила во архива, и прочитав... И после тоа ја имам фатено на видео, зошто сум повнимателна. Оваа тајна ја кријам година дена... Не е мое да се мешам, нејзин живот, брак... И, искремо планирав цел живот да молчам.. Ама секој ден се повеќе ми е товар, зашо кријам од сопругот... @gjoker4e никој не знае дека знам...
Со тоа што знаеш веќе цела година и си криела од мажот ти си заебала работа. Ај да си дознала сега па да му кажеш.. Штом си криела една година ќе си молчиш, ќе си заборавиш и нема да се мешаш. Веќе си длабоко заглавена во таа лага и готово. Како би се осеќала ти да знаеш дека мажот ти година дена крие нешто од тебе? А и не е твој брак да се мешаш.
Во право си... Тоа и ме плаши, што толку време сум криела. И во шокот што ќе му дојде, цела вина на мене да ми ја префрли.. Најубаво да заборавам што видов, и што слушнав...
Ти си го знаеш најдобро мажот ти. Да е мојот во прашање ќе си поќутам пошто е таков што и да кажам пример негативно за неговите одма скокнува да брани мислиш ја отидов да ги потепам. Без разлика и општ муавет пример тогаш татко ти вака и вака ми кажа, не бе брате џабе со него. Така да, кога ја би дознала ќе се праам дека ништо не знам. Ама ти знаеш како он тоа ќе го прифати. Мојот би ми рекол: А ти што си гледала што си чепкала и оди објасни се дека несакајќи сум налетала...
Замисли твојот сопруг дознае од друго место. Ќе ти каже а ти нема да делуваш изненадено. Веднаш ќе поврзе 2 и 2. Замисли како ќе реагира кога ќе сфати дека имаш криено. Јас би кажала, вакви работи не би криела посебно не од мојот сопруг. Ама тоа сум јас.
Не си ти сторителот на делото, па да чувствуваш некаква вина. Тебе ти е чиста совеста. И да си криела една година, пак не си ти крива, едноставно не си знаела како да се справиш со таква деликатна ситуација. Како си дознала, пак не е битно. Ако толку добро функционирате, ќе те разбере, зошто не си кажала на време и зошто моментално кажуваш. Но, со оглед дека е сензитивна тема, имаш две опции, од тебе независни. Да наидеш на негирање, неверување и осуда, а друго, да наидеш на разбирање но отварање на пандорина кутија. Во секој случај, ништо добро не излегува. Единствено, тебе да ти олесни на душата. Ако јас се прашувам, ќе кажам, ако не ми верува, не ме брига, понатака што сака да прави со таа информација, пак не ме брига. Се зависи, навистина колку сте блиски и си верувате еден на друг. Ако сметаш дека треба да кажеш, не чувај во себе.
Јас мислам да си седне со свекрвата и да и каже дека знае. @bicycle а можеби и знае само си ќути. Ај нека седи мирна и нека и каже на свеки дека знае, да биде подискретна.
Ова е ужасна идеја. Свекрвата после може сама да му каже на син ѝ, и да каже дека @apple12 знаела и не му кажала. @apple12 ако ти тежи толку, и јас така разбрав дека не сакаш да криеш веќе, иако не е твоја работа, олесни си и кажи но пази како. Прво објасни му дека не е твое, но и дека не сакаш да криеш. Потруди се да ја објасниш твојата ситуација за да разбере дека не си сакала да знаеш ништо од ова. И секако не мора да му кажеш дека знаеш една година, воопшто не навлегувај во тие детали.
Фала Ви девојки за сите совети. Му кажав, ме искара зашто толку време сум го носела сама товарот, ми рече и така е одамна отпишана за мене, сега очи не сакам да и видам.... Ме гушна и ми кажа дека многу ме сака, и дека јас и децата сме му се. А он ќе видел што понатака... Само рече дека може со ова само на улица да остане (не работи, имаат приватна фирма каде што работаат маживе, како црнци, а она не сака ни до банка да отиде, ова малце надвор од темава).... Многу ми олесна, ама многу, цела планина ми се симна...
Свекрвата може ќе проба да го сврти син и против неа. Ете кажала и тоа е тоа, ја лично сакам да ми кажат таква информација, а понатака шо ќе правам со тоа мој проблем.
Супер што прифатил има некој без доказ ако му кажеш од гомно подоле да те направи или навреди.Среќа имаш разбран сопруг и да си го чуваш
Или мајка му и друг пат циркузи има правено. Зашто вака смирено дс изреагира.. Има нешто. Важно и олеснало и сега готово.
И јас го помислив ова, искрено... Ама, сигурно не му е сеедно да каже, и порано истото го правеше, не знам... @Brpbrp мене сега па ме загрижува реакцијава, искрено не е нормално туку така тоа да го прифатиш. Може и дека сум бремена, па се трудеше да е скроз мирен. Или како што Вика Нена2010 е веќе видено... Како и да е, јас си го симнав товарот, што понатака негово си е...
Јас кога би била во таква ситуација, не би кажувала ништо на никого, ниту би се мешала. Можеби тоа е така зошто јас имам многу ладен однос со свекрва ми и не би ми било гајле што и како прави. Затоа што тоа нема никакво влијание врз мене и мојата фамилија, нејзино си е. Секој си знае најдобро што и како му е дома, а и во бракот. Ништо чудно и мажот и и сите да знаат па да си молчат. Никогаш не би отишла да му кажам на маж ми еј мајка ти има швалер,не е вкусно во никој случај. Колку такви фамилии има кога и дома и надвор сите знаат што се случува, па си молчат. Такви работи се гледаат и предчуствуваат.
Во право си, и така треба да биде. И по реакцијата, верувам дека знаат..... Ама кај нас односите малку се испреплеткани, сопругот работи приватно со брат му и татко им. Ние со јатрвата сме во одличен однос, и не им се мешаме за ништо, си имаме наши работи на страна, заработуваме. Тоа си е меѓу нив... Е, сега јас сум скроз на дистанца, се нервираат децава со неа, зашто работаат по 12 саати сите тројца, а таа само си ги планира нивните пари, а за помош не сака да слушне. Глуми дека е најголема жртва во семејството, како она ни ги бањала децата, како она ни ги менувала пелените на децата (а нема врска) - ова е веќе надвор од темата, а и долга. Затоа и сопругот кажа и така е она уште одамна отпишана од мојот живот. И, некако се чуствував должна да му кажам на сопругот, ми тежеше ама многу... Искрено, и тој да дознае нешто такво за моите, би сакала да ми каже, без разлика колку е болна таа тема. Што понатака тој си знае, јас мојот товар го симнав од грб...