Здраво на сите . највеќе се зачленив за совет за нешто што ме мачи подолго време. од како одтанав трудна со сопругот некако се оддалечивме во секоја смисла. се породив еве детето година направи . нема подобрување само на полошо оди, он оди на работа јас сум со детето ќе си дојде од работа како да не постојам. само детето го гледа. тотално е ладен недостапен и да сакам да му се приближам неможам . спиеме во различни соби јас спијам со детето а односи имаме само ако останеме сами дома инаку седиме со таткому и мајкаму. на прсти можам да избројам дали 20 пати од како се породив сме имале односи и се кога е поднапиен се тогаш ме сака инаку е ладен спрема мене. знае и да бреца да вреѓа се што правам не му чини. и ќе му речам не вреѓај ми вика не вреѓам вистината ја кажувам. за него јас не чинам за ништо мое мислење. сум пробала се убаво да биде и џабе еднаш убаво после не. тотално се оддалечивме од како се роди детето многу повеќе. највеќе ме боли тоа што ме вреѓа. закржлавен ми бил мозокот и мн други работи. колку пати навечер со плачење сум заспивала. и сум помислила да не има друга можеби дали ме сака навистина? и сум помислила и на развод ама ај си викам за тоа е најлесно сакам да си ги подобриме односите и бракот а што е најтрагично не сум сигурна веќе ни во самата себе дали сеуште го сакам вистински. кога ќе ме изнервира ми идело да му кажам не те сакам повеќе ама нешто од внатре ме тера да не го правам тоа незнам ни како да почнам тема да разговараме за проблемите. да решиме се. ве молам за совет што да направам како да постапам не сум паметна...
Здраво, тежок е бракот, посебно на почетокот. Можеш да се трудиш да ви се подобрат односите, да пробате да се разберете еден со друг, но секако за тоа се потребни двајца. Пробај да имате повеќе заеднички активности, прошетки насамо или со детето, вечера и сл. Некои луѓе тешко им е да комуницираат за проблемите па им треба повеќе блискост или време. Доколку не соработува и не го интересира ништо во врска со вас и после тоа, барем ќе си бидеш на чисто со себе дека ти си се потрудила за вашиот брак. Во врска со пиењето, ти би требало најдобро да знаеш колку е често и количински, и искрено справување со зависници е макотрпна работа, посебно кога веќе имаш и бебе на кое си му потребна, па процени дали вреди.
На вистина не знам што да те советувам, мислам дека најдобро решение е искрена комуникација, да пробаш со смирен и искрен разговор да му кажиш се што ти смета и што те мачи... Или да пробаш да даваш повеќе иницијативи за заеднички активности, и за вас двајцата самите, и за со детето заедно... Некако повторно да се доближите. Не знам каква ви била претходно комуникација, дали и порано имало такви навреди, и тоа не е воопшто во ред така да те навредува, то е знак на непочитување
Велиш со нефовите живеете. Зашто не го осравите детето една вечер, отидете сами некаде, бисете само вие двајца, направете рефреш на бракот. Одете на викенд сами, одете на вечера еднаш неделно, не мора вечера на кафе сами, со дтуштво. Па не е крај на свет ако малото 2 саата поседи со неговите или твоите. Мора да си се вратите на себе да те гледа како жена а не само како мајка на бебето.
Нашиов проблем почна кога се разболевме од корона. Од почетокот на пандемијата свесно влегувавме во ризик и без маски по дома се гледавме со моите родители, брат ми и снаа ми и брат му и снаа му. Секој од нас е одговорен сам за себе колку правилно носи маска и се заштитува, но бевме свесни дека еден од нас може да го донесе вирусот. И дојде денот. Прва беше снаа ми(која се зарази од мајка и) имаше само тт еден ден и мислеше дека како претходно е настинка. После 3-4 дена ја викаме мајка ми кај нас да спие бидејќи нашево дете крена тт и кашлица,а беше викенд( кај него беше бактерија во прашање). Јас бев цела во паники дека почна да кашла како пушач,а мм и се јави на мајка ми и отиде да ја земе. Мајка ми ,загрижена за малото, не сакала да го одбие да дојде кај нас и не му кажала за снаата на мм(сметајќи дека е настинка). Никој не помисли на корона во тој момент. Мајка ми беше кај нас и во следните денови почнавме да се тестираме. Ние последни добивме позитивен тест. Тука следуваше држење предавање како не биле одговорни брат ми и снаа ми,како не се изолирале,зошто се мешале со луѓе и тоа што најчесто го повторува е зошто криеле. Па муабет дека он можел да ги зарази неговите(со кои се гледавме 1-2 месечно со маски сите) е дури тогаш ако им се случело нешто ќе ги дигнел на клоци и брат ми и снаа ми. Да,искоментирав и јас дека требало малку посериозно да пристапи снаата бидејќи во ист ден имала тт со мајка и,но нивни пропуст е тоа, ние да сме поинаку би постапиле и тоа е што е,свесни бевме дека еден ќе ја донесе во фамилија. Завршува изолација одиме кај моите да ја видиме мајка ми( која за малку не заврши во болница) а претходно по желба на зетот требаше брат ми и снаа ми да не бидат таму (живеат на 1км од моите и често се кај нив) да сме се раскомотеле ние. Ок планот направен,влегуваме со кола во двор и ја гледа внуката(која ја донела снаата за да заврши некоја работа дома,а да ја причуваат моите ). Одма проблем,вие криете они се тука реков да нема никој бла бла бла.. Мајка ми ми кажа дека она не ни знаела дека ќе ја донесе, едноставно ја донела и ќе си ја земе. Оправданието негово беше (децата не ги тестиравме) што ако внуката немала корона,он последен доби позитивен тест можел да ја зарази(демек грижлив и внимателен). Уствари му сметаше што не му беше исполнета желбата. Ние влеговме во соба, а он запали кола и си отиде. Попладнето татко ми и мајка ми не вратија мене и син ми,и им реков да влезат да се разберат зошто си отошол. Влегоа,он лут, прашува татко ми што е проблемот(бидејќи он беше на работа сабајлето) овој со аргументот вие лажете. Па ајде пак тема на муабет како они криеле симптоми,знаеле дека е корона свесно не заразиле. Татко ми на смирен тон му рече дека си отишол дека љубомори што детето било кај нив. А мојов на тоа одговори ако им се десеше нешто на моите родители ќе ги заколев снаа ти и син ти! Татко ми стана и си отиде. Во ред,разбирам дека се може да се каже во афект и да се покаеш за тоа. Ајде доаѓа прочка за две недели и си реков му поминала лутината,ајде како помлади ќе отидеме да се смират( и онака за секој празник сме оделе кај моите на ручек) Дебатирање дома долго време,не сака да чуе. Отидов со детето,татко ми очекуваше дека ќе дојде и он,се изнервира кога виде дека го нема. Ај ќе го оставиме зетот нека држи лутина. Во меѓувреме јас си одам сама со детето кај моите. Неколку пати го повикав не сака да чуе. Имавме и два три пати караници кои завршуваа со муабетот развод, до толку далеку отиде но не попушта . Во една таква прилика му кажав се што ми лежи на душа за неговите (нивното однесување кога влегов да живеам во нивна куќа, нивни однос со мене, нивни однос со детето) и дека имало и куп други замерки и ситуации, НО јас никогаш не сум им рекла нешто на висок тон или пак да се карам со нив. Од мене секогаш имале една општа почит како родители на мојот маж. За разлика од него што често знаел да им се испонаша на моите ( не дека се мои,но вистината е дека секогаш ни се достапни и материјално , физички, и психички, татко ми 4м и здрав и болен доаѓаше ни помагаше за реновирање на станот- за разлика од татко му што не сакаше ни да го види станот ,а не пак да работи или мајстори да најде. Мајка ми секогаш кога сме имале потреба била нацртана одма кај нас да чува дете, за разлика од неговите што во рака го немаат пипнато -ќе ги разболел од корона.) Но никогаш не дошло до ваква кавга. И за се што добил од моите не заслужуваат да ги почитува? Доаѓа Велигден. Викам ајде на ручек кај едните,на кафе кај другите и јајца ќе однесеме. Никако,шанса нема да го разубедиш. Е сега вовед за неговите родители. Прво однос со синовите. Многу пати скарани, кога се караат држат лутина со месеци,години. Мајка му безгласна буква, не се обидува да ги смири, игра како ќе и каже татко му. За нив семејни собири,празници ,родендени,имендени ништо не значат. Нив им е доволно да пуштат тв,да се наспијат, најадат и на вибер да видат слика од внукот. Мува не ги лази за семејни односи. После Велигден, доаѓа роденден на внука ми( оваа што беше кај моите). Му кажувам дека сме поканети,ми вика јас не доаѓам. Го прашувам како замислува дека ќе изгледа роденденот на нашето дете ако не бидат таму моите,нема одговор на прашањето. Си реков ќе отидам до кај неговите,малку да го искараат како родители бидејќи не му е правилна одлуката да не разговара со моите. Отидов еден ден, голтнав кнедла(луѓето се ладни спрема мене,воопшто немам блискост) и го почнав муабетот дека не сака да оди на роденден. Мајка му искоментира ќе оди ќе оди,како не, јас и за Велигден го карав( за неа светот е розов,се е позитивно, и да врне дожд ќе каже сонце грее). А татко му вика не можеме ние ништо да му кажеме , тоа си е ваш проблем,после ќе се скара со нас ако му речеме нешто. Пази молим те ,споделувам брачен проблем со тебе ,барам помош да си го превоспиташ син ти роден,а ти ми викаш тоа си е ваш проблем. Тука сфатив дека они го поддржуваат. Пак дома дискусии,некако се убедивме дека ќе дојде на роденден ама само ќе честитал и немало да прави муабет. Роденденот беше во игротека,така што пред гостите и не беше многу приметливо дека ни се нарушени односите. Ок си реков го скрши мразот ќе се вратиме во нормала. Он пак по старо. Со брат му не сум многу блиска,па решив преку снаата-јатрвата да пуштам муабет. Испадна дека и они се знаеле и дека брат му го карал неколку пати. После муабетот не добив ништо. За некој ден моите имаат куќна слава. Татко ми е од оние луѓе што се замараат што ќе каже комшијата( веќе приметиле дека одам сама -6м се во прашање) . Мене воопшто не ми е битно што ќе кажат другите се додека имам немир во душава зошто не функционираме нормално. А тоа нормално не подрзабира само он да оди кај нив,тоа значи и они тука да дојдат,а да не се туфкаат дека нема зетот да си дојде порано од работа па да се сретнат. Јас имам огромен притисок зошто сум во средина и само слушам муабети и од едната и другата страна. Пробав да им кажам на моите прифатете дека не збори со вас ,има еден куп случаеви ќе функционираме така. Но после се замислив, а како ќе ми изгледа роденденот на детето? Или некоја друга веселба во иднина? Не иде ни така. Нон стоп е истиот муабет,не сака да се смири а,уште држи лутина и сл. Почнав од револт да не одам кај неговите,си оди он сам со детето,но баш и не гледам дека има некој ефект. Си го нарушив здравјето од стрес и многу често сум нервозна кога ќе ми текне на ситуацијава. Веќе немам идеја како да го решам проблемот, ако некој знае пишете. П. С. Брат му имал корона без да знае(проверил антитела пред вакцина) така што и он можел да не зарази. Му го реков муабетов на мојов,почна одма со оправданија,брат му да имал симптоми одма ќе му кажел. А всушност 2-3 дена пред симптоми си заразен. Ама така му одговара.
Го прочитав цел пост, убаво и читко напишано, повеќе гледам како на исповед зошто стварно си во тешко решлива ситуација. Искрено, ниту неговиот брат ниту родителите можат тука нешто да помогнат зошто сопругот е веќе возрасна и оформена личност. Можеби и со тоа постојано притискање, зборување добиваш контра ефект. Не спомнувај му ништо некое време, нека не се присеќа, можеби побрзо ќе заборави и ќе се смират страстите
@Sofi.ja Најпрво, воопшто нелогично и неразумно е од негова страна да се лути зошто некој бил болен. Еден куп луѓе го префатија вирусот од роднини/колеги/пријатели, па не се станале смртни непријатели. Друго, нели бил лут на брат ти и снаата? Зошто да ги избегнува твоите? Мене ми делува како да си бара изговор, мора да има нешто друго покрај таа случка со внуката. А што има па тој да се лути што детето дошло, па не му е дошла дома. Следно, вие двајцата сте фамилија. Како што ти мораш да одржуваш контакт и да си океј спрема неговите, така и тој треба да има почит спрема твоите. Делува како воопшто да не ги цени, ни помошта од татко ти, ни од мајка ти. Со сето ова тебе те става во незгодна ситуација, исто како и тебе да не те цени и почитува... Срамота Не знам дали постои друг начин освен да си продолжиш сама да си одиш кај нив на гости, него тешко дека преку разговор ќе успееш да го вразумиш, се гледа дека не размислува трезвено.
Баш така и јас истото му го реков. Вирусот е насекаде,можеше и он да го до есе од работа и да не зарази сите, нема вирус само кај моите родители и брат. Им се лути на сите ,зошто според него сите криеле,а татко ми го карал како мало дете(татко ми воопшто не повиши тон,а на моја иницијатива влезе да поразговара) Во разговор со блиски пријатели,ми викаат вака си го искажувал револтот за невниманието што го добивал од неговите родители. Ама што се па моите криви да бидат казнети заради некој друг.
Премногу луѓе мешаш во твојот брак. Нема потреба сите да знаат дека тој се лути на твоите. Ќе му помине, дај му време. Фокусирај се малку на себе. Премногу си на сите страни, сакајќи со сите да си во добри односи. Одмори малку и не ги форсирај работите. Времето лечи се.
Пандемијава сите не полуде тоа е факт. Кај некој повеќе изразено кај некој помалце. Особено па со бебе... кај нас неговите не идеа кога се роди бебето, а не одевме ни ние да не ги заразиме. Скроз во локдаун бевме. Е разликата беше што они не пазеа тераше свекрва ми повојници во двор со луѓе во наше име. Нејсе, исто брат му се разболе среќа па ние никој не се разболевме. Ама стално имавме расправии затоа што не внимаваа од една страна, а од друга збореа дека не го виделе бебево. Истово и за мојте важи не дека беа поарни. Уште кога бевме зимата за празник ( со маски со се одевме стално) кога мм им рече ајде ставајте маски свекор ми се налути и си излезе не се врати. Како во негова куќа ние сме рекле маска да стај. И мојов нормално ќути, ние се расправавме итн. И јас како маж ти бев лута не сакав да одам ајде помина се среди. Секако не се исти ситуации ама ако била макар и настинка требало да се каже и да не доаѓа. Затоа што и за брат му мислеа настинат е,мм одеше до кај нив да земе ствари наши а никој не кажа дека овој е настинат ( синуси биле). Ајде во ред и тоа биднало не можеш да го вратиш времето. За да се смири маж ти предложи му да поразговара со психолог ете има апп разговор мк. Нека каже што му е на душа малку ќе го смират ќе увиди дека не е во право толку да биде лут. Не мора да е близок со нив ама мора да почитува. И јас одам кај нив ги почитувам кога ќе ме викнат, сега ми помагаат доста со бебе летово. Ама тоа што свекор си излезе од дома нема да му го заборавам, бидејќи беше непочитување према мене. Ама не би му пререкла и избувнала, затпа што тој секогаш ќе биде татко на мм они и да се скараат ќе си се смират. Тоа е мора да се потрудиш да му објасниш дека е во право, не требало така да се постапи ама во тој момент сте ги имале тие информации и сте носеле одлуки врз тие информации. На крајот од денот живи здрави сте излегле од се тоа. Затоа е најважно да не мешаш никој и да го убедиш да поразговара со психолог
Мајко мила што прочитав, искрено се надевам дека проблемот е мнгу подлабок од тоа што мм го кажува бидејќи ми личи на детско понашање ова. Правиме муабет за корона што може да ти дојде од продавница. Јас лично и персонално ги заразив пола фамилија ( сите од на мајка ми страна) па вујко ми со две мали деца дома едното 6 другото 10 требаше ли муабет да не ми прави? Мислам дека мм ти се однесува многу детски, фала му на Бога по твојот пост се гледа дека не била некоја тешка форма на корона вирус и што сте здрави и живи сите.
@Sofi.ja Ќе седнете да разговарате за неговиот став и зошто навистина не сака да доаѓа. Ми се чини дека нешто во позадина му тлее, а ова си го има како изговор. Луѓе изгубија блиски личности буквално преку ноќ, па не одат во покољ на целиот свет затоа што од таму негде дошла корона. Со тоа што ти нема да одиш кај неговите нема да решиш ништо освен што ќе си терате инает до бескрај. И не барај помош повеќе од неговите или било кој негов роднина, нормално дека ќе бидат на негова страна дури и да не е во право. Во најмала рака објасни му дека иако немаш блискост со неговите ти сепак ги почитуваш, па би можел и тој малку да порасне, да се извини и да има основна почит кон твоите. Ми се чини дека нема да најдете разумно решение да го натераш да доаѓа ако не сака, па затоа доколку можеш, помири се со тоа што не доаѓа/нема да доаѓа кај твоите, ниту пак кај било кој од твоите. Ако ти тежи и понатаму, навистина нема решение, не можеш ништо сосила ако не е разумен. Малку секташки вибрации ми се тоа да си ги правдаш постојано своите, кои се нели НАЈ НАЈ и да одиш само кај нив, а сите други да ти се криви за сенешто и да не сакаш да ги видиш. Многу убаво те разбирам колку е преглупо да се правдаш зошто не дошол и сегде одиш сама со детето. Been there.
Те прочитав и најискрено незнам што да ти кажам. Нели вие не одевте често кај неговите, не беше толку близок, па што се загрижил толку дали ќе ги зарази. Како ќе ги заразел ако одел еднаш месечно или двапати. Кај нас свекрвами беа болни не тестирани, и не викаа да одеме на гости кај нив а јас бремена. Не отидовме и се налутија. Значи се и сешто има по овој свет. Остај на времето неможе вечно да биде лут и скаран. Што е виновно тоа дете што го оставила мајкаму и вие сте се нашле таму. Не мора да го притискаш, оди сама неколку дена кај твоите одмори а тој сигурно ќе сфати кај погрешил.
Мене ме заразија буквално 3 дена пред породување. Т. Е јас не излегував од дома, а мм се зарази од контакт со блиска фамилија која игнорирала симптоми . Требале да се видат за битна, но не и хитна работа. Значи не било нешто нож до коска. Нејсе, ме зарази мене 3 дена пред породување и ќерка ми тогаш на возраст од 3.5 год. Требаше прво мм да го отерам во пм зошто ја тргнал маската, зошто му се замаглување наочарите и ај не е ништо. Но било... Нервозна? Секако дека бев и лута и бесна. Но, вака или така тоа беше лудило и никој не сакал да се разболе,ниту да зарази друг. Момент на невнимание, и момент на ништо не ми е затнат сум од алергија секоја година ми е вака.. Па фала богу помина и сум во супер однос и со мм и со фамилијата. Се деси што се деси. Мислам маж ти многу злопамтило,или нешто друго се крие во позадина. Ми делува неблагодарен доста. Па што и да се случило од почит кон тебе, да не ти биде тешко треба да попушти. Никој не вели да ги гушка, ама едно кафе или кога е повод може да ги истрпи. Ко ти неговите...
@Sofi.ja . Каков ви беше односот со неговите/твоите претходно? Каков беше меѓу вас двајца односот претходно? Самото однесување дава слика дека од нешто е исфрустриран, а тоа не се твоите родители. Твоите родители само го потсетуваат на нешто што сака да го види кај неговите, а не го наоѓа. Штом велиш дека држат лутина и дека не се сплотени како семејство ниту за празници, тоа истото го лути ама и тој го прави истото. За разлика од нив, со твоите велиш имате убав однос, помош, ручеци, па кога треба да се видите, немајќи го тоа со неговите, се јавува отпор, глума, и сега ова со короната му дошло како вентил. Дали маж ти беше исплашен од корона? Дали неговите имаат некое заболување? Пиша дека тој се заканил ако им се случи нешто ним... Хм, дали тоа значи дека и покрај тоа што тие не се заинтересирани за вас, тој сака да биде присутен и ќе ги заштити како нивни син и како исполнување на празнината од нивна страна; а од друга страна не оддава знаци на грижа кон твоите, зашто веќе тие и онака се разбрани. Ова е само и само предизвикано од сопствени мајка и татко. Вакви психички незадоволства се јавуваат во семејства кајшто не се знае кој каков однос има, и кога ќе се сретне човек со луѓе со спротивни црти, само се нагласува празнината. Совет: да го почекаш некој ден да му потпомине, да видиш однесување. Всушност не разбрав колку време е ова вака? Ама, за да излезат на видело некои нешта, мора разговор, чување во себе не помага, а се гледа дека има проблем. Да го најдеш во подобро расположение и да му пристапиш на мирен начин. Да го прашаш што го мачи, дека се осеќаш дека нешто не е искажано меѓу вас, мора да се отвори, можеби му е и незгодно.
@Sofi.ja Мислам дека ти е грешка што си барала помош кај неговите и брат му. Ова е навистина ваш проблем . За тоа што се лути за снаата што имала симптоми е во право. Но се друго е претерување. Јас би ти рекла да прекинеш да збориш со него околу тоа,очигледно џабе везеш,иди си кај твоите, не го ни викај,ни на родендени ни слави ни ништо ,спреми се сама со детето,не инсистирај да доаѓа, не ја отварај таа тема ти.Ќе ја отвори тој,тогаш кога ќе види дека ладнокрвно прифаќаш да им биде лут на твоите. Вашиот роденден ќе си биде во ред,тој ако сака да се лути ,нека се лути . Без лутење ама ми изгледа ко да е нарцисоидна личност, а со нив зборење е џабе,само ова погоре што ти го пишав.
Те исчитав, убаво и детално си објаснила. Моето видување е дека со право се лути сопругот, ама претерано држи лутина што првично за него не е убаво тоа, башка што се 6 месеци нарушени семејните односи како што велиш. Во врска со тебе, ми делува како поголем притисок да ствараат твоите бидејќи си навела на татко ти му е битно што ќе речат и му велат комшиите кога гледаат ти постојано им идеш сама. Татко ти може и понатаму така да си мисли и притиска само до тебе е како ќе го прифаќаш тоа и реагираш, едноставно тргни се од средината на притисоците, не рагирај. За тоа што си поразговарала со неговите и брат му преку жена му не ти било најнеопходно, ама ок си опипала пулс и сега гледаш кој каков е, како ти се поставил и нашол во прилично не толку комплицирана ситуација, бери ум утре ако не дај Боже дојде потешко од кого совет да бараш, според мене од неговите од никој, се видела нивната почит кон тебе во оваа ситуација. Проблемите според мене повеќе ги ствараат твоите, објасни им нив сега за сега е вака, а со него што знам како би било, не е ни прв ни последен што држи лутина. Спојлер Знам за случај во кој снаата држи лутина на сите блиски роднини на мажот ( со свекорот е замерена одамна не знам зошто) и пред коронава им се роди машко, старите можда чекаа да го крсти како свекорот, таа го крсти како татко и покоен, детево почна да заликува на свекор и и сите роднини тоа и го велат, таа се расправа, да си гледаат нивните деца на кого личат за нејзиното да не зборат и од вака рекла-кажала се испокара таа со сите. На фам.прослави од неговата страна на фам. таа не присуствува, пред корона и не се приметуваше толку ама сега апла е очигледно дека се избегнуваат и таа нив и тие неа.