Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    Јас не почнав разговор со неговите и јатрвата за да им кажам дека се случува нешто. Зошто подсвесно знаев дека знаат. Јас разговарав за да допре некој од нив до него, да му каже дека не е ок да го прави тоа што го прави, да го вразуми. Животот ни се смени за 90° и не можам да го прифатам тоа.
    Кај што заради короната избегнувавме луѓе,одење по гости и доаѓање на гости кај нас, се гледавме само со најблизок круг,сега ни тоа го нема.
    Сигурно нема мајка ми со намера да знае дека има некој корона и да скрие. Која би била целта ? Која мајка ми сакала свесно да разболе дете,па и 15 месечно внуче?
    Пишав претходно,детево беше 2-3 дена со тт и одеднаш почна да кашла, фати викенд не можеш ни кај матичен да отидеш. Од паника да има некој повозрасен за помош се јавивме кај неа. Мислам секогаш прво неа ја бараме...

    За разговор со психолог попрво би се фрлил од мост него да отиде :D
    По карактер е инат,магарешки инат,горделив, детинест, ќе се објаснува за глупост што може да се заврши со две реченици.
    На пример,кажал он во 15ч да е готов ручекот,јас сум го направила во 16ч и тука има 15мин објаснување ама јас ти реков во 15ч да биде ручекот зошто не ме почитуваш( ова беше пред да добиеме дете,сега и сам е свесен дека не се одвива се по планот)

    Никој не бара од него да се клања,извинува (иако кажа доволно навреди) или да бацува рака, едноставно да си дојде кај моите и да си разговара од претходно. Никој нема детално повторно да анализира ситуација,било како било , да сме среќни што добро се завршило.
    Исто така,ниту јас барам,ниту очекувам некаква блискост негова со моите. Едноставно една почит, едно кафе неделно да испиеме кај нив или они кај нас,да го видат детево да си поиграат.
    И јас сум имала многу ситуации со неговите кога сум подголтнала и преќутела. Зошто знам дека не е лесно да се расправаш со туѓиот, свој како свој ќе се смириш, со другиов ако оплескаш малку потешко оди тоа.
    Дури и кога биле скарани сум му зборела на мојов да се смират. Будала.
    Моите досега за се ни помогнале во животот. Он кај нив ,едно дрвце нема подигнато, брат ми ни помагаше во станот,а после кога градеше куќа мојов не се ни појави да праша како оди работата,а не пак физички да помогне. И покрај тоа од нивна страна е максимално испочитуван како мој сопруг, сме оделе на ручеци,сме шетале заедно.
    Малку стана поладен кога се ожени брат ми и дојде снаата во куќава. Претпоставувам ја гледа како конкуренција (а нема зошто) или му го одзема центарот на вниманието (детски работи).
    Откако они се преселија и доаѓаа кај моите често,стално коментираше пак ли се таму,па зошто се селеа,имаат ли куќа,како заедно да живеат.
    Чудно му е ,затоа што он кај неговите( со мене заедно ) одел по 1-2 часа неделно (откако се преселивме). Додека живееме таму имаше куќен ред, од колку до колку се оди во вц ( јас во 6:00, свекорот 6:15, мм во 7:00) во 15ч е ручек а од 16 до 18 се спие и не смее мува да прелета. Садови се мијат после спиење,а со правосмукалка се чисти за викенд. И ред други работи кои иако не сакаше да признае пред мене,му сметаа исто колку и на мене. Дури мислам имаше и поголема желба од мене што побрзо да се отселиме. И затоа со чудење коментираше зошто брат ми е нон стоп кај моите,а нема зошто да му смета кога не одат во негова куќа.

    После породилно останав без работа , работев во образование па татко ми се потруди да ми најде работа на замена. За разлика од пријателите на мм што "ќе завршеа" работа, пријателите на татко ми вистина завршија работа и јас на 1.10 требаше да тргнам.
    Имавме дискусија дома,дали да одам или не. Мм повеќе беше за не, јас за да. Од друга страна на мое име имаме месечна рата за кредит, дете од 1 година кое нормално си има трошоци
    Од таа причина сакав да бидеме сигурни дека ќе имаме уште една плата во куќа во следниот период. Ме обвини дека сум се договарала со татко ми и татко ми бил тој што пресекол,сум го послушала него а ме маж ми( гордоста во плафон). Јас му велам зарем не е подобро да имаме две плати од една,а тој упорно дека татко ми се мешал во бракот (со тоа што ми најде работа).
    Сега во ковид караницата ми го спомна овој муабет дека од тогаш он му бил лут на татко ми.
    Но види дволичност, кога ги ставија моите во карантин(1 недела пред нас ) тој беше иницијатор и повеќе од мене( јас не знаев кај се наоѓам болно дете,заразени родители) да им купиме што им треба,да однесеме лекарства,дури и на телефон вртеше почесто од мене да ги слушне. И целиот карантин го истеравме така,гледајќи се на вибер со моите.

    Јас му кажав дека и мене ми сметаат некои работи кај неговите,дека не сум им изреагирала и покрај тоа пак сум ги почитувала и сум одела кај нив,но он се фати за тоа дека јас сум ги навредила нив со тие муабети што сум ги кажала и као готово ти си кажа за моите што мислиш.
    Дури му реков било што било и со едни и со други, да се вразумиме нема уште 100 год да живеат (мајка му пред 10год имала рак, татко му пред 2год ,стари со нарушено здравје) дај да си одиме по еднаш неделно кај едните и кај другите да си поиграат со внучето да им пројде времето со радости и смеи. Не му одговара ни така.
    Последно му беше кажано дека штом он не ги почитува и не разговара ниту оди кај моите, нема зошто ни јас да одам кај неговите и брат му,па нека си го стават малце прстот на чело.
    Иако тие се толку ладни луѓе што воопшто и нема да допре до нив ситуацијава. Ама нека им служи на чест каков син " воспитале ". А бидејќи децата се огледало на родителите...
    @Luna91
    Со моите имавме убав однос. Они кај нас редовно доаѓале, ние кај нив сме оделе. Сме спиеле таму,они спиеле кај нас.
    Ни помагаа за станот, ни помагаа кога се роди бебето и после тоа. Татко ми дури и му наоѓаше дополнителна работа на мм, гледа од секој аспект да ни помогне.
    Со неговите сме имале коректен однос.
    3 години како сме отселени од кај нив, првата година одевме почесто , втората поретко. Одевме накај нив не со цел заради нив да ги видиме туку да се прошетаме низ населба и да се видиме со друштвото на мм. Па уз пат као ај стариве 10мин да ги ѕирнеме. Они кај нас 5 пати дошле и кога бев бремена (пред корона) им замерив за тоа. Му реков и на него неколку пати, а на шала им реков и нив, се ние доаѓаме сега вие да дојдете. Кажуваа триста изговори само да не дојдат. Откако почна короната се гледавме со маски и поретко, они кај нас воопшто не дошле година ипол(татко му до врата само). Така да со нив ни се залади односот малку (иако со син им се слушаат по 3 пати на ден).
    Ќе дадам само еден пример, на мекиците за нашето дете мм се опил, и погодете кој го згрижил- брат ми и татко ми. А присутни биле и неговата фамилија,но стариве си заминале како да се работи за некој комшија, а брат му помогнал само да се донесе колата до дома (бидејќи не бил во состојба да вози). Мајка ми утрото му лечела мамурлак.

    Воопшто не се сплотени како семејство, татко му имал две сестри и со двете испокаран од млади години. Мајка му има една единствена сестра и со таа не комуницира од пред некое време( а нема некоја издржана причина колку што ние знаеме) . Со брат му татко му се карал неколку пати и еднаш не зборел 2 год,а вториот пат 3ипол години. Се смирија кога дозна стариот дека има рак, се сожали синот да не умре а да се лути.
    Толку имам за фамилијарен однос да кажам,мислам дека е доволно за да добиете слика.

    Се плашевме од корона и се штитевме колку можевме.
    Од друга страна,татко му пензионер, се спремаше за операција ,а се шеташе по пазари,продавници и локали кај со маска кај без маска. Додека неговите синови му викаа да седи дома,дека они се ќе завршат за него,он се расправаше со нив вие како во затвор ме чувате. И самите беа свесни дека ги лаже дека не излегува,а кога ќе ни дадеше сметки за скенирање имаше во еден ден 3 пати пазарено во кам по 1-2 производи. За да се прошета. Не дека заборавил да купи претходниот пат. Откако прележавме одиме кај нив -они пак со маски со нас. Надвор се укина носење маска,ние седиме надвор со нив пак со маски. А кога еден ден случајно улетавме во двор,си седат со пријатели без маски....имаше уште 3 такви ситуации кај што со други не носат маска, и јас му кажав на мм дека веќе јас не глумам лудило да носам маска кај нив. Ми рече во право си. А вакцинирани се пред 2м со две дози.
    @Idedemja сигурно дека не ми беше сеедно кога ми кажа матичната позитивна си. Светот под нозе мислам дека ми пропадна. Бев лута и гневна и јас искоментирав дека можеле да се припазат кога виделе дека се поклопуваат симптомите.
    Но било како било,не можеш да се вратиш назад и да ги смениш работите. Ај и да се лутеше некоја недела,па и месец,ама ова ги поминува границите на нормално.

    Мене воопшто не ми е важно што беше на роденден кај внуката. Што добив со тоа? Го видоа роднините дека е тука? Значи добија роднините ,не јас. Јас сакав да се врати нормалното функционирње кога без пречка ќе дојдат моите кај мене,ќе појдеме ние кај нив. Децава ќе си поиграат на раат,ќе испиеме некое кафе заедно.
    А за комшии/ роднини и вака и така ќе зборат, не допира до мене тоа.
     
    На tina2018, Camille84 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja ти пишав и јас дека лутењето му ги поминува границите, ама и неколку членки ти пишаа погоре може друго е у позадина и му се собирало и мене така ми се чини. Најубаво да си кажеш се искрено со него како се чувствуваш откако он се понаша вака особено тебе како ти е непријатно ради вас како брачен пар, а после ради сите други, ти посакувам многу среќа и биди упорна (fingers)
    А може и обострано да се обратите кај семеен советник/ психолог да ве посоветува/ ви потпомогне кога и во иднина ќе има недоразбирања да не биде некој вечити лутко.
     
    Последна измена: 30 јули 2021
    На elenaklasik и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    @Sofi.ja мораш да разбереш дека ти и сопругот сте фамилија.Твоите секогаш ќе влечат на твоја страна, неговите на негова. Ти секогаш твоите ќе ги гледаш како подобри од неговите и обратно. Кога ќе го вмешаш поширокото семејство на обичната кавгата и даваш корен. Кога кавгата ја влечеш по останати фамилии си изградила и стебло. Затоа кавгите прво се решаваат дома помеѓу тебе и маж ти. Да бев на твое место уште на почетокот немаше да ги вмешам моите. Ќе отидев на веселбата и ќе кажев дека маж ми има работа. А дома ќе му објаснев на сопругот како лажев за него за да не ја скршам совршената слика која ја имаат изградено моите родители за него. На моите ќе им укажев дека не требало така да постапат и дека би било убаво да се извинат на неговите родители за непромислената дружба. Но кај тебе е веќе доцна за сето ова. Ти моментално наместо да замолчиш уште толку го распалуваш огнот. Па уште и бараш на форумот луѓето да ти потврдат дека сопругот не е во право. Да тој не е во право но неговото лудило ми е подеднакво исто како и твоето. Смири ја топката и заборави на ковидот. По некое време ќе заборави и тој за што се лутел.
     
    На Oneo, cresa-jagoda, Ruzica00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    И според тебе треба јас најнормално да функционирам со неговата фамилија? Со мајка му и татко му што ни една супа не ни донесоа додека бевме во карантин? Они ја заслужуваат мојата почит,а моиве што душа дадоа за нас не заслужуваат почит од зетот? Не се согласувам

    Јас ги викнав моите да влезат дома( дента кога настана кавгата) зошто знаејќи го каков е, ќе ми збори после на мене вака било,така било. Можеби згрешив,можеби поинаку ќе се одвиваа работите да не влегоа. Ама ме здоболе,поставува услови во туѓа куќа, жената со пневмонија уште беше,ручек зготвила за нас,овој како средношколец запали кола си отиде без да каже збор.

    За секој пат кога ќе сретнев некој кај моите, после мм ме прашуваше што сум кажала и дали прашале каде е он.
    Веселбата на која беше, беше после 3 месеци. 3 месеци живеев под стрес и нервоза. Дури и него му држев лутина,но пропуштив за да функционираме како семејство.
    Очигледно поинаку сме воспитани и тешко ќе биде да се реши проблемот.
    Додека на него му е битно само да се слуша со неговите, мене ми е побитно да се видам, да живеам.

    Не го сфатив болдираниот дел.
     
    На Skorpija25, tina2018 и MeowMeow им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Со се се согласувам освен нејзините да се извинуваат на неговите, нема потреба а и како што објаснува неговите се ладни, па и свекорот шетал без да пази, така да се извиниле или не ништо не би им сменило на сватовите, ама сметам дека на зетот можеле да се објаснат и извинат, не прочитав дека така постапиле како што памтам, ако не грешам. Друго ај ќе заборави овој пат за што се лутел, во друга слична ситуација пак ќе се налути и држи лутина, така да и препорачав најдобро е да се посоветуваат на соодветно место, мора да поработат таа полесно да прифаќа и мудро да реагира кога тој во иднина ќе се налути, а тој да научи побрзо да се справува со лутината, да не ја чува долго време и за него тоа не е убаво, плус рол модел му е од родителите мора да се поработи да го искорени тоа штом вака ги кочи и им ги уназадува брачните односи.
     
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Па ти очигледно не си била спремна на брак. Ти уште сакаш да бидеш ќерката и да бидеш така третирана.
    Во врска со болдираниот дел твоите се извинуваат на сватовите зошто тие се постари и на нив најмногу би влијаел ковидот (зборовите на маж ти). А тие пак одма ќе се пофалат на твојот сопруг. И така сите среќно си живееја.
    Друг пат не се мажете толку млади.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    @Sofi.ja
    Сопругот со потполно право се лути за неодговорното однесување од страна на снаа ти. Како можела да не претпостави дека било корона во време на најголема корона пандемија?
    Тотално неодговорна.

    Но и мајка ти, зошто криела од вас дека имала контакт и симптоми, не е во ред.
    Тоа што цело време ги величи достигнувањата на твоите родители, не значи дека тој ќе ги цени или сака повеќе од неговите.
    Колку и да имале тие како засебно семејство нарушени семејни односи, тие му се нему родители, па уште со такви тешки дијагнози, навистина е за лутење.

    А не разбирам и која ти е потребата да пред пошироката маса, по секоја цена би сакала да претставиш слика на совршена фамилија со совршени фамилијарни односи, па по секоја цена да се смират си инволвирала многу лица.

    За мажот твој можам да кажам дека е тежок карактер, тешко тебе ако вака му се тресиш на секое, дали ручекот ќе бил готов во 15 или 15:30!
    А зарем родителите твои немаат пристап во станот кој е на кредит на твое име?
     
    На Oneo, cresa-jagoda, Ruzica00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    Кога ќерката ќе се омажи повеќе не е ќерка?
    Моите да се извинат на сватовите, а сватот имал 38367 можности да фати корона попрво од други луѓе,отколку од синот и снаата што оделе кај нив со маски... :)
     
    На Skorpija25, MeowMeow и Idedemja им се допаѓа ова.
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Таа е возрасна жена која не очекува да и варат супа.
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    Родителите имаат пристап,но бидејќи не се во добри односи со зетот доаѓаат само кога тој не е дома (работни денови до 15ч). Мајка ми доаѓа и вон тоа време неколку пати, за да го чува малиот кога одев по лекари на закажан термин.
    Станот не е на кредит,јас имам земено кредит кога го опремувавме за кој месечно си плаќаме рата.

    Мајка ми не криела симптоми. Едноставно не знаела како да изреагира во небрана ситуација. И јас знаев дека снаата имала тт ,но таа имаше тт и неколку месеци претходно,се тестираше и беше негативна. Тргнав од тоа дека не секоја тт значи ковид.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja човек што е растен во семејство кај што секој на секого држел лутина и не зборувал со години, не можеш да очекуваш дека ќе му е гајле за други луѓе. И целиот проблем лежи во неговиот карактер. Искрено, мене повеќе ме запрепастува неговата неблагодарност кон твоите низ годините отколку ова со короната. Не знам зошто не си реагирала, ако не си.
    Не мислам дека разговор ќе го реши проблемот, заради неговата гордост и твојот став. Дајте си време или него да му помине лутината или ти да се помириш дека ќе продолжиш да се гледаш со твоите, ама без него.
     
    На Martka, Cherry333, Stressed Out и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Што е битно дали очекувала или не, баталете очекувања и остварувања во реалноста, нема што нејзините да се извинуваат на неговите, што е до мене, ни еднава ни другава фамилија нема потреба да се познаваат, а не пак да комуницираат. Единствено ако некој заслужува извинување е маж и прво што ненамерно го изложиле на ризик и заразиле и друго што му искоментирале т.е. прашал татко и зошто заминал, ама ова било поттикнато од неа, јас тука и ја гледам некоја си минимална грешка, можела да не ги меша нејзините и таа после да среди со него се преку добар разговор. Ма дајте се гледа дека и тој и неговите се криво насадени, ручекот само во 15 часот мора да е ако е во 15:15 мин. таа не го почитува него|( (facepalm)
    Тој фатен во рачињата да не е да и припомогне малку, типичен балканец и во понашање и во држење лутина на толку долги стази. И нејзините да би се извиниле, никој од нив намерно не пранирал да се зарази, тоа треба да се земе како олеснителна околност и на крајот тие ја барале мајка и да им помогне , да не ја викнеле т.е. да не испаднело така немале да ги заразат.
     
    На Skorpija25, tina2018, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    А ти имаше ковид и знаеш како е или онака си пишуваш од читање по портали?

    Буквално се фати за супата. Еве баш и за супа ќе дискутираме.
    Јас конкретно бев со главоболки и болки во коски најмалку 7 дена. Не можев да се помрднам од кревет кога почнаа болките во коски.
    Во меѓувреме имаш дете од 15м кое си ги бара стандарните оброци во текот на денот. Ако не со друго,барем со достава можеле да помогнат.
    Додека се шета стариот слободен по продавници и си прави кејфови,можел за внукот еден ручек, едно кило банани или едно пакетче пелени да донесе. Затоа што комплет сите тројца бевме во карантин. А тоа не значи шетање по продавници. Сакам да кажам дека воопшто не се загрижија да помогнат на некој начин. Или биле лути на сватовите, изворот на корона-заразата?
     
    На Skorpija25, tina2018, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ај па и ти што се објаснуваш за супата и како поминавте, ете она така размислува, гледа и ја доживува ситуацијата. Не влегувај во непотребни дискусии и детално објаснување тоа ништо нема да ти смени. Чарето е тоа, ти пишавме и јас и @IRBBB што е проблематично и од каде да почнете со разрешување.
     
    На Camille84, IRBBB и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    ^Не ги ни оправдувај толку твоите, грешката е во нив и во тебе кога си знаела дека снаа ти е со температура.

    Не може да си контрадикторна, да бараш носење на маски, а од друга страна да толку си ладнокрвна и лабава со тоа што ти и мајка ти сте знаеле за снаа ти.

    Исто ко тебе што те боли за твоите, така и него го боли за неговите. Корона та сте ја поминале лесно, ама што ако неговите болни родители со такви дијагнози доживееле страшна слика?
    Не може само да ги величаш твоите, а да кажеш дека тој кутриот така е пораснат без невнимание родителско.

    Тогаш ти како си се заљубила во таков неандерталец кој потекнува од неандерталско дисфункционално семејство?
     
    На Oneo, WildMk, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Знаеш колку луѓе поминаа низ ковид а се без родители?
    Џабе дискутираме ќе ме разбереш што ти зборувам за едно 10/15 години. Ако не ти одговара маж ти, ниту неговата фамилија, разведи се. Не ги влечи луѓето по форуми. Зошто ова што го правиш е срамно. Фали уште тој да се уклучи и да ја плука твојата фамилија. Зошто секоја страна има своја приказна, па којзнае каква ќе биде неговата.
     
    На cresa-jagoda, carangigia, neno0o и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja под хитно зачленување на маж ти да ни раскаже како те завел така млада неспремна за во брак:rofl:
    Луѓе имала мака, побарала совет, толку, може влезе во детално опишување на фамилијарните односи на неговите да долови ситуација какви се, што и мене лично ми е излишно и пишав погоре не се проблемот неговите, туку тој и неговата реакција, ама и таа малку погрешила, се средува тоа ако сакаат да соработуваат таму каде што ја насочив и би требало да одат.
     
    На Skorpija25, MeowMeow и IRBBB им се допаѓа ова.
  18. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Што ти кажува ова? Дека сака да предизвика некаква реакција. Значи со отсуството сака да привлече внимание дека нешто помеѓу него и твоите не е ок. Можеби за да го праша некој што е проблемот, па да си ги истури фрустрациите. Ете, велиш на татко ти му е важно да има слика на хармонија за пред луѓе, па можеби мт со овој негов протест сака да им даде до знаење на сите како е навистина ситуацијата помеѓу вас. Навистина детинесто.
    Нејсе, ништо чудно и неговите да додаваат масло на огнот и да го полнат со негатива, со муабети од типот "Можевте нас да не заразите, стари сме, што ако ни се случеше нешто, тие се неодговорни.." бла бла. Знаеш, глумење жртва. Можеби затоа и реагирал толку бурно за нив. Како некој да сакал намерно да ве зарази, бога ти. А тебе ти велат: даа, ќе дојде за Велигден како нема да дојде, разговаравме со него. Само погодувам, не мора да значи дека е баш вака.

    Доколку имал било каква замерка за било што, требало самиот да седне да разговара и да ги реши проблемите. Што е решението, до крајот на животот да им се лути затоа што сте биле заразени од нив? А што доколку сте се заразиле од некој асимптоматски случај, а мислите дека се тие? Што доколку не дај Боже повторно се заразите со некој од новиве соеви, но овој пат од неговото семејство? Треба војна да си објавите? Детето во градинка можеби ви оди, може не, не знам... еве да речеме ќе фати некоја бактерија или сипаници, треба да оди да ги тужи сите родители затоа што ги пратиле децата болни во градинка?
    На друго место лежи зајакот, не се фаќај за короната.

    Тој си има проблем со егото. Баш затоа што татко ти успева да ти помогне со се, а тој не успева, се чувствува дека потфрла и тоа му ја повредува машкоста. Мажите имаат потреба да се чувствуваат дека тие прават се и имаат потреба да бидат возвишувани за секакви ситници. Татко ти ти нашол работа, а овој не успеал, па уште ако земаш поголема плата од неговата, тука е болката. Според него подобро да западнете во долгови и долгорочно да отплаќате кредити со камати отколку твоите да ви помогнат. Проблемот е што тој не го гледа како помош, туку како мешање во бракот.

    Комплетно те разбирам низ што минуваш, но верувај дека стеснети ти се опциите за излез од ситуацијава. За жал. Ако велиш дека е инает, не очекувај дека било кога ќе попушти и ќе се смири со твоите. Нема начин да го научиш на памет, дури ни кога да речеме би си заминала на еден викенд за да го оставиш да олади глава. Едноставно можеш смирено да го прашаш што мисли да постигне, која му е целта, што сака да добие од сето ова. Искрено не верувам ниту дека брачно советувалиште помага во случајов, затоа што тој првин како што кажа и самата не сака да чуе, што значи не прифаќа помош, ниту верува во нив.
     
    На Oneo, Skorpija25, arabella_ и 6 други им се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.693
    Допаѓања:
    11.202
    Пол:
    Женски
    Јас исто мислам како @MissBreezy . Нема врска шо си ги викнала твоите дома кога бил лут ниту како и кој ја донел короната дома. Кога се има работа со неразбрани луѓе, вечно ќе има неразбирачки. Ова неговово е навистина детинесто дека и маж е. Има врска со егото и тоа што прашува дали го бараат.
    За мене ќе кажам. Јас исто така сум растена во нехармонично семејство, главно памтам повеќе кавги отколку среќни моменти. Плус родител исфрустриран цел живот, нереализиран и таквиот родител нема време да му пренесе љубов грижа на дете. Затоа сега и јас чат пат знам на маж ми да му речам - прашаа за мене, што зборувавте и сл. Ама тој ми ги знае маните, јас цело време разговарам за чувствава со него, дека барам внимание кај другите, дали се интересираат луѓето за мене итн. Ама помирена сум до негде со тие работи, важно имам муабет со маж ми и не сум тип шо остава недоречено, неискажано.
    Потешко е кога е маж таков. И плус тоа што чува во себе, па вака преку револт ги искажува задните мисли.
    Значи не е работава сега да ти велиме што си рекла вака, да направевте така. Штом има мака, на сѐ ќе најде препка. Па и @Sofi.ja бара чаре, затоа разговарала со роднините.
    Муабетов е како да му се помогне и нему. Ти да допреш преку муабет, да се заврти кон себе, да поработи на тој дел, надминување на фрустрации. Што е тоа е, животот мора да се тера, минатото не смее да нѐ врзува вечно. Згора на тоа и со деца, треба да се воспитуваат, а ако не се надминати личните фрустрации, како ќе се воспитуваат децата.
     
    На Oneo, Skorpija25, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    @Sofi.ja од каде знае мажот ти дека они ви ја донеле короната. Колку луѓе има асимптоматски и го пренесуваат вирусот, а на нив ништо не им е? Колку луѓе прележале без никаков симптом? Што ако било обратно и они на вас да ви ја пренеле и ти да држиш лутина? Детски работи се искрено или нека биде сопруг како што треба или ич не ти ни треба. Штом не оди он кај твоите и ти не оди кај неговите и готово.

    Луѓе она имаше пишано дека татко и нејзин им помагал со станот и лепење плочки и се, а свекор и со прст не мрднал!! И пак нејзините не чинат не е во ред тоа. Треба да се гледа севкупната помош лесно е да се налутиш.
     
    На Skorpija25, Erika.greeneyes и Sofi.ja им се допаѓа ова.