Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.025
    Пол:
    Женски
    Da Sega mozam da kazam deka e podobro od prethodno, znae nekogas da me izvadi od koza ama se trpi
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Оти му ги врати децата?
    Ако заминвам, заминвам сосе ќерка ми.
    Заминав еднаш пред 15 години.
    Одма ко наполна 6 недели малава.

    И не се вратив дури не смена се' шо барав.

    *Не беше удар во прашање... барем не физички..
     
    На Skorpija25, crazylady, Hortenzija и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Не си дозволувај да седиш ако те тепа
     
    На baby-star, Idedemja, Pea и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Ова е најлош совет што може да го даде некој што трпел/трпи физичко насилство. :(
     
    На kolovoz, Luna91, Skorpija25 и 36 други им се допаѓа ова.
  5. Sadness91

    Sadness91 Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, и јас тука да си ја кажам маката и да слушнам мислење :)

    Во брак сме 2 години и имаме синче од година и пол и бремена сум веќе 6ти месец со второ дете.
    Во бракот како брак не сме имале некои проблеми, потешки расправии и слично. Нормално како и во секој брак еден ден ќе се насмееш, втор ден нешто ќе се подлутиш, трет ден тој е нервозен со работа итн, без некој ненадминливи проблеми.

    Најчесто се караме затоа што откако се роди малиот сметам дека не си ги знае одговорностите и приоритетите. Никогаш не ми рекол сам дај да го прошетам, одмори се, дај ќе му дадам да јаде, ретко седи и се заигрува со малиот. Цело време морам јас да му тупам Ај прошетај го, дај поиграј го и мене тоа ужасно ме нервира.
    Кога и да го викнат некаде, он мора да оди, без разлика дали е заморен или мене пред 5 минути ми рекол Еј не можам да шетаме денес заморен сум.
    Значи за малиот да го шеташ си заморен, а да излезеш не си заморен!
    Го немам слушнато да каже Еј извинете не можам да дојдам, денес сум со фамилијата. Не можам да сфатам како жената и детето не се приоритет!
    Разбирам да оди, да излезе, немам ништо против ама тоа не може да е секоја ебана вечер. Јас го заспивам малиот и морам да си легнам, затоа што тој е излезен, наместо конечно да си минеме време заедно.

    Еве второ дете е на пат, му велам на што личи овој однос, детево сама го изгледав, зошто сакаше второ дете, кога не си спремен!? И првиот пат ми рече: Па и за тоа има решение, ќе абортираш.

    Да абортирам дете, правено со љубов и со најголема желба од негова страна, затоа што он има моментално некоја си криза во главата?
    Ај да си речам немам разбирање за него, има напорна работа, си претерувам, ама не можам да го сварам бре овој однос. Ако не може мене да ми посвети време, дај посвети време на детето. Не можеш да немаш време за него. Колку и да си заморен, време за детето треба да имаш.

    Јас дадов отказ на работа за да го чувам детето, зашто во сред корона требаше да се вратам на работа, а тогаш немавме услови и цело време ми префрла работи од типот Ти седиш дома ништо не работиш, едно дете ти е тешко да гледаш.
    Како да му објаснам дека сакам ЗАЕДНО да ги гледаме децата, ЗАЕДНО да им се посветиме. И дека не сакам да се чувствувам како самохрана мајка во брак и дека ми е потребен да ме замени и 5 мин да се истуширам или да јадам на раат!
    Дали тоа што седам дома и гледам сама дете до 5-6 часот и ќе се пожалам дека некогаш ми е тешко што сум сама ме прави лоша мајка и сопруга!?
     
    На Bicka77, Црна Ружа, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Survivor-Warrior

    Survivor-Warrior Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2021
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Zeno bozja zosto mu gi dade decata na avtobuska,tolku godini stresovi za da mu dojde pamet on koga saka.
     
    На Luna91, Skorpija25, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Linda24

    Linda24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Ех душо мислам како јас истобжво да го имам напишано исто и кај мене беше апсолутно се исто он шета ја дома лани бремена ова година со 2 деца.. Ама знаеш што мојов пред 1 недела замина Германија на работа и сега му доаѓа памет "ех камо да бев дома со вас да шетавме со децата да си играм со нив ми фалат децата ми фалиш ти домот ми фали изгубив време шетајќи се со другарите а тебе те оставав сама дома се извинувам" така вели сега... Ама ако нека му биде тешко за да свато што значи да си имаш семејство а не само другари...
    А ти душо ако можеш на најотворен начин да си разговараш со сопругот твој ќе биде добро барем недела нека биде ваш цел ден што се вика семеен ден
     
    На hello-kitty.90, tina2018, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.693
    Допаѓања:
    11.202
    Пол:
    Женски
    Му се случувало порано да е ноншалантен, кон други нешта, да станува незаинтересиран, да се трга? Ова ептен загонетно излегува.
    А игрите му остануваат како последни отворени на телефонот?
     
  9. Survivor-Warrior

    Survivor-Warrior Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2021
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Toa e,toj smee da pravi i da se ponasa kako saka,ama ti nee,epten poznato,proguglaj narcisstic person
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.693
    Допаѓања:
    11.202
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво за вакви ситуации, за децата пред се`. Сега сте во добри односи? И како се децата?
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Само ова го одвоив затоа што не можам да поверувам... да абортираш?? Тоа не е само криза во главата, не залажувај се себе си. Свесни сте какви тешки зборови се тоа за свое неродено дете?

    Само едно ќе искоментирам. Не се сите луѓе создадени за семејство. Важно се оженил и создал, а да си го гледа и негува семејството не мора. Епа за вакви воопшто око не ми трепнува, слободно нека си продолжи да излегува, детето со тебе и заминете си.
    Ако тој не сака да биде татко на децата, ти не можеш од него сосила да направиш татко. Утре тој треба да биде пример за тие деца, треба да го сметаат за рамо на кое може да се потпрат. Можеш да му предложиш да си го поправи односот, но ако нема таква намера, колку и да те нервира тебе тоа нема да можеш да го промениш. Ќе си продолжи со темпото.
     
    На Luna91, Skorpija25, smooch и 28 други им се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Мене овој муабет многу ми открива за него како личност каков карактер има, вакви муабети околу поделба на обврски во брак особено околу деца се прават пред брак кога се носат битни заклучоци дали е овој мажот со кој сакам да влезам во брак и создавам фамилија. Иако па и да бил супер пред брак многу нешта се менуваат, а и подобро се согледуваат какви биле од почеток ама љубовта не заслепувала и не сме ги гледале или ако се смениле се гледа какви станале, условите, личностите и дали во иднина ќе ни биде подносливо или не живеењето заедно. Според моја груба проценка овој не се менува, дај Боже да грешам, ама тешко. Во брак, правите дете од љубов како што велиш и тој ти вели се решава со абортус, се ми е јасно колку те (не)почитува тебе пред се како личност, женско, а после како сопруга со која веќе има заедничко дете, а и како го третира уште нероденото:tmi: ;(
     
    На Luna91, _beautyy_, Biljarkata и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.025
    Пол:
    Женски
    Dobro e, ne e sjajno decata dobri se znae na momenti da se kara da vregja ama raka veke ne krenal nekolku godini nemozam da se pozalam za sega
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    ^А зошто остана ти во брак со такво копито?
    Само се залажуваш сама себе дека сега е добро со таков Нечовек.
    Тешко на тие деца, во брак во кој се имаш само зацрнето.

    Те тепал, те малтретирал и сега ќе речиш дека е добро, па уште си му ги дала децата своеволно, па сега ќе советуваш да се ќути и трпи е решението на ваков енормен проблем со еден психопат!
     
    На Luna91, Skorpija25, smooch и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Да ,два месеци пред свадбата беше таков ... Разговарав тогаш...као се му било веќе видено затоа не му било Интересно да шета пример по кафеани или кафичи. Игриците му биле бегство после напорен ден. Како што кажав погоре никогаш не би ме изневерил а не дај боже јас тоа да го направам подобро да си заминам пред да дознае итн...
    Ама тел негов ми бил секогаш достапен ,еднаш и ме зарази со една игра. Немало бегање надвор за да крене и од работа и општо.
    Цела сум во прашалници искрено.


    Не ,исчистено беше кои апликации ги користел последно ,а овие два дена не сум го фатила тел да видам.
     
  16. Jana1995

    Jana1995 Нов член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да се пожалам за некои проблеми со мажот ми па кој има нерви нека ме чита и советува. Во брак сме 2 години и немаме деца. Немаме некои поголеми проблеми, маж ми е ок човек освен некои ситници можеби што е нормално. Живееме посебно од свекорот и свекрвата, но и покрај тоа што сме делени тие премногу ни се мешаат во бракот што е причина за кавги помеѓу мене и маж ми. Нашите кавги 90 % се поради нив. Тие му се родители и тој ги има научено какви се и не става се на срце, не им се замара но јас не можам да преминам преку некои работи.
    Моите свекор и свекрва се ужасно негативни, прости и неизживеани луѓе кои си живеат во некој свој свет. Иако сме делени тие ни се мешаат во се ама баш во се. Икс пати сум разговарала со маж ми и пак е истото. Секогаш ми вели епа тие се такви и толку. Повеќе не можам да поднесам мислам дека удар ќе доживеам, ако ми се растури бракот тоа ке биде само поради нив.
    Свекор ми е тежок човек ама и не толку, со него можам да се разберам и некако.
    Свекрва ми е најподмуклото створение кое го познавам, референт за збрки. Многу е љубоморна. Секогаш кога ќе излеземе некаде таа прави збрки го боцка и свекорот а тој пак оди по нејзиниот памет, за одморот исто ни направија збрка невидена. Не третираат како ние да сме глупави и малоумни, демек тие се знаат ние немаме поима. Се ги интересира поврзано со нас што јадеме, каде одиме, кој дошол итн.
    Свекрва ми се има табиет кога ќе и се најават гости да ги донесе кај нас. Исто има денови и кога не ми збори, ни сама не знам зошто. Кога ќе ни дојдат гости тие обавезно ќе најдат некоја ситница му ѕвонат на маж ми и му се дерат на телефон, не срамат пред сите. Сум пробала да не се замарам ама едноставно не ми оди, кога ни дишат во врат. Многу сакам да сме далеку од нив колку што е можно повеќе.
    Маж ми не ме разбира. Не знам што да правам повеќе, ми доаѓа да избегам некаде, вака ли ќе живеем секогаш.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587

    Изгледа ...
    Свекрва ми е иста со нас ,се исто како нас да не опиша ,и кога ќе дојде бебе ќе биде уште полошо ,многу полошо ,јас се изнаслушав дека сум лоша мајка ,дека никогаш не сум родила што па јас знам. Таа го сака моето дете повеќе од мене. Него го убеди дека го тепам...

    Најпаметно е да се иселиме од планетава.
     
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Каква света Петка и шестка, те тепал идиотот и нема враќање од тоа, пак ќе те тепа во иднина, пар пива и ќе се разбуди тоа срање во насилникот.
    Неблагодарно е да се даваат совети ама кога имаме насилство, нема назад.
    Гледај прави што ќе правиш ама тој нема да се промени, може само да глуми колку да не пукне брука од развод и да не изгуби старателство над децата ама нажалост ќе мора, едноставно ќе мора да размислиш за развод и тоа што поскоро, барем децата да не го трпат манијакот.

    Сопругата треба да е најблиска, наинтимна и најсвета особа во животот на еден маж, не само што доброволно се заедно туку имаат и заеднички нов живот, т.е. деца. Наместо респект кон жената која му подарила најголем дар на светот (деца) имаме имбецили кои ги тормозат сопругите поради икс причини. Не смее на такви да се дава втора шанса, од искуство никогаш не се сменуваат, имав случај во поблиска родбина скоро.

    А што се случи после пријавите за семејно насилство, имаше нешто барем од нешто реакција од институции?
     
    На Luna91, gjoker4e, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Во никој случај тоа не те прави лоша мајка и сопруга, напротив, ликот треба да биде среќен што има сопруга која е посветена на детето (децата) секојдневно и без резерви, најчесто жртвувајќи свои интереси за да биде добра мајка.

    Веројатно типот сеуште сака да живее во комфор-зона со пријатели од пред брак и да има што помалку одговорности. Пијачка, кафица, оговарање, кладиона ваму таму...Не знам како е можно да не сака да е во контакт со свое сопствено дете, да го игра, да го занимава, да го расте, да биде татко а не само рандом лик во животот на малите.

    Нажалост тоа што го пишуваш упатува на ескалација на моронизмот на твојот сопруг (извини за тешките зборови но тоа е) па ќе треба да бидеш ментално спремна за чување на две деца сама, наместо во тандем како што треба. Жал ми е.
     
    На Luna91, gjoker4e, RAK91 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Jana1995

    Jana1995 Нов член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Поради тој нивен однос нашиот брак е во криза. Секогаш сум ги почитувала, сум била коректна и фер спрема нив ама залудно, луѓето си се такви не знаат да живеат со никој.
    Маж ми ги знае многу добро какви се и го признава тоа, но не може ништо да смени зошто со нив нема разбирачка.
    Секоја наша кавга е поради нивното мешање. Не сме ние ниту глупави ниту малоумни за тие да ни кажуваат што да правиме, каде да одиме итн. Дури бевме во врска се правеа фини ама која змија си ги покажува нозете. Знаев дека се е лице правење ама дека ќе дојде ден дека вака притисок да ни вршат ни на сон не би помислила.
     
    На Ivka~ му/ѝ се допаѓа ова.