Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Па и мојот исто... Мислам од таму почна се. И истата реакција ја имам ден денес... Таква е што да и правам не можам да ја избркам од дома...
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Ставам крај во истиот момент!!!

    @Hortenzija Значи никогаш нема да се промениш, затоа е и џабе што и да каже човек, само залудно губење време. Навистина ми е жал.
     
    На Luna91, Hortenzija, Guns N` Roses и 8 други им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    А зошто наместо да се расправаш со маж ти (кога веќе нема ефект и не презема ништо) не им кажеш нив сѐ шо мислиш?
     
  4. Jana1995

    Jana1995 Нов член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Верувај дека сум пробала многу пати и директно и индиректно да им кажам. Многу пати наговестувам из муабет дека не треба старите да им се мешаат на младите во бракот. И директно сум им кажувала за многу работи дека не треба да ги интересира, дека не е нивна работа, да не се мешаат на тој начин итн. Неколку пати плачејќи им имам кажувано дека ако се растури овој брак се ќе биде поради нив. Но залудно е два дена ако не остават на мира, третиот е хаос. Знам дека свекрва ми ги дава сите боцки и после гледа сеир од страна. Многу пати му имам кажано на маж ми да си одиме од тука, да одиме под кирија, да пробаме во странство и ред др, работи тој не сака, тврди не била до таму дојдена ситуацијата.
    Направивме испитувања многу за 2 години, а јас никако не можам да забременам. Се плашам дека се ми е од стрес.
     
  5. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Не е дојдена до таму ситуацијата?? Гледа шо ти се случува тебе??
    И после свекрвата крива до кога бре жени вака
     
    На Luna91, gjoker4e, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    И кој е крив?
    Свекрва ти што се меша или мажот ти кој и дозволува?
     
    На Luna91, gjoker4e и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Не секогаш, ама сигурно дури се живи.

    Не знам зошто толку се замараш со свекор и свекрва, делени сте, сопругот не се замара со нив ти па не треба ич. Верувај и да сте на друго место немој да мислиш дека нешто ќе е поразлично, чекај тек ко ќе останиш трудна и кога ќе родиш е тек тогаш станува уште повесело. Ако ја почнам да пишувам за свекор и свекрва тоа ќе виде бест селер, среќа што не живееме заедно ама па секој ден по телефони, вибери, за викенд доаѓаат, ама јас од едно уше ми влегува од друго излегува, 90%од муабетите не ни ги слушам само кимнувам со главата, а на глупостите ќе си се изнасмеам во себе, сопругот не го замарам уствари ич не се замарам
     
    На Осе, Skorpija25, pikabu5 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    А нели сте делени?
    Шо имате испитувано ако не е тајна? Знам дека не е сега тоа темата, ама многу на форумов сме го поминале тој пат.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.967
    Па може и од стрес да ти е. Побитното прашање е зошто мислиш дека во ваква ситуација на несреден живот, дете нешто ќе поправи?
    Мене ако не ми чини усвет фаќам, сигурно нема да се трудам да праам дете.
    Не била до таму дојдена ситуацијата|(
     
    На Luna91, Осе, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    За сето ова е виновен мажот ти закачен е со папочна врвца за мајка му и никако да се оддели. Во ваков брак и среќа што немате деца тогаш и на врата не најавена ќе ти доаѓа. И на мојот цело време му ѕвонеа и го бараа каде е што е па кога ќе си дојде итн и на крај на мајка му и реков уште еднаш ако се јавите телефонот ќе му го скршам и секој што ќе го земе исто ќе заврши и нема да го добиете и на тоа имав само добро добро нема повеќе(да напоменам дека свекрва ми е инает за некои работи). Иако од страна на мм им беше кажано да не го бараат али џабе и затоа морав јас да се вмешам. И она проба да ни наметнува гости кога да дошле за да го видат станот и да честитаат и само на тоа имаше одговор дека јас кога сакам и кого сакам ќе викнам, а она да ужива и да не се меша. И патем и кажав уште одма дека иди ми дојди ми нон стоп нема и се гледаме од празник на празник (ова е зошто сами они си направија така да биде) мм нема ништо против зошто знае какви му се родителите и тоа е тоа. Пробај и ти вмешај се и види како ќе биде ако немаш никаква поддршка од мажот ти џабе ти е се колку и дасе караш и расправаш само нервоза ќе си направиш. Покажете и дека тоа е ваш дом и веќе стварате фамилија под ова мислам на идете на одмор не кажувајте и нема да се меша, ако сака на гости да дојде кога можете вие тогаш, ако ви праќа гости дома не сте вие дома имате испланирано и нека крши глава.
     
    На Осе, tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Морам да искоментирам. На фб има еден статус кој почнаа да го споделуваат мајки на машки деца. Отприлика започнуваше дека “синот е бла бла бла цел живот врзан за папочната врвца за мајката као демек нераскинлива љубов била таа мајка и син за цел живот, девојки и жени може да има многу ама една е мајка”
    Леле кога го видов споделен од повеќе мајки и се ми стана јасно и не ми се веруваше!
     
    На felisitas, pikabu5, Luna91 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Цицка нека им дадат, бог да чува бе. Абе сум го одгледала израснала и нека си ствара семејство јас и мм ќе си се гледаме и готово. Треба да бидат независни ама тие што споделувале пропатиле јако изгледа не можеле решение со мажот да најдат па синот ќе го тормозам. :swear:
     
    На pikabu5, Skorpija25, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Jana1995

    Jana1995 Нов член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Делени сме. Иста куќа е два спрата и посебни влезови.
    Еден двор е, гледаат кога излегуваме, кога се враќаме, кој ќе дојде на гости, колата дали е надвор итн. Сите работиме само прва и после 4 сме дома. Свекор ми е цел ден надвор, дури и во најжешкото тој седи надвор. А свекрвата е цело време на прозорецот сум ја забележала многу псти, дури и пререков но џабе не се срами.
    Пример ако излезиме со колата обавезно ќе ѕвонат да прашаат каде сме. Ако не нема до покасно, исто. Луѓето немаат попаметна работа, како да се опседнати со нас.
    Јас со мажот ми немам проблеми, туку со неговите.
    Што има лошо во тоа што сакам потомство со човекот што го сакам?
    И не мислам дека маж ми е мамин син. Тој воопшто не ги слуша тие се наметнуваат.
    Пред еден месец плативме одмор за Албанија и веднаш почнавме со припреми што ни фали. Купивме куфер и таа не виде кога се вративме, се качи веднаш по нас и почна да урла како не ни било срам нејзе и се темнело пред очи, притисокот, друго, трето милион работи ни изнакажа. И се тоа беше од љубомора зошто тие не отидоа ниту лани ни годинава на одмор, а ние отидовме. Маж ми попизде и изнакажа се и сешто и ја избрка, а јас и реков чим не е добра да повикаме брза помош и таа избега.
    Додека бевме на одмор ги немаше никаде, кога се вративме стара песна. Залудно е, луѓето се опседнати со нас.
    Кога и да му вртат на маж ми ако не крене телефон веднаш следат пораки на бројот а и на месанџер дека ако нив им се случело нешто ќе било поради нас. Ако им крене, секогаш ѕвонат поради глупости.
    Многу пати сум му рекла на маж ми да си заминеме од тука ама тој не сака. Пред да се земеме тој сам има вложено голем дел на пари во куќава. Фасада тој стави, врати прозори нс нивниот спрат менуваше, машина за садови купи на мајка му и ред др. работи. А колку пари само вложивме во нашиот спрат, и на двајцата ни висат големи кредити над глава што требасо години да ги враќаме. Од моите и неговите добивме некои поситни рсботи како сервиси чаши, чинии, тави, постелнини и сл. Фала и на толку но крупните работи се сами си купувавме. Каде и со кои пари би почнувсле одново? Се лутам и на маж ми и на самата себе што во почеток не видов колку се прости.
     
  14. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Ако немаш проблем со маж ти зошто пишеш во брачни совети?
    Со свекрвата си во брак?
     
    На gjoker4e, LucyLu, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Jana1995

    Jana1995 Нов член

    Се зачлени на:
    8 август 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Имав пишано уште еден дел ама по грешка сум го избришала, сега гледам.
    Пишав во оваа тема зошто често нашиот брак е во криза поради неговите. Се случува и по 2 дена да не збориме еден со друг. Се случува во сета нервоза јас да си ја земам перницата и да си легнам во друга соба. Се случува маж ми да излезе од дома и да го нема со саати само за да не ги слуша нив. Зошто тие секогаш го ставаат на средина.
    А најлошо од се е што вложивме овде а се е на име на свекорот. Ни се заканува дека ако заминеме нема да ни остават ништо.
    Како да се научам да ги игнорирам и да не се расправам со маж ми поради нив?
     
  16. Babycool

    Babycool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Ама и ти се многу замараш со нив штом мажот ти не ги расправа зошто мораш ти. Што и да зборат прави се дека не ги слушаш,ако треба некој да се кара со нив тоа е мажот ти. Од едно уво влегло,од друго излегло. Кажа дека си до 16h на работа,после тоа седи си горе заклучена и да се качи свекрвати прави се дека спиеш не мораш да и отвараш,навечер излези прошетај и нема да си дома со нив. А кога звонат да прашат каде сте одговарај со кратки одговори,не си должна никому да се правдаш и објаснуваш. Колку помалку кажуваш и се објаснуваш толку подобро. Велиш до мажот ти сте во добри односи,не дозволувај поради нив да ви се влошат,бидејки и до тоа може да дојде поради нив. Уживајте си во бракот и што поскору со бебенце.

    Не се карај со него, и ако он излегува од дома да бега од нив и ти излези со него,и колку помалку му зборуваш за нив подобро,не мора секој ден за нив да зборувате.
     
    Последна измена од модератор: 10 август 2021
    На Mikha4, elimkd и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Има милион и еден начин да не ме замара некој ако не сакам. Ѕвонела досаѓала менувам број. Ако ми се качува и ми досаѓа и ми праќа гости културно има полиција за тоа. На сите социјални мрежи може да се блокира. И да ти имаш проблем со мажот зошто да сака да го реши проблемот наместо да се кара со тебе ќе им бара чаре на нив. На мајка му може нон топ да и се темни и драми да прави.
     
    На Осе и Camille84 им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Како ќе викне полиција кога спратот е на име на свекорот? И без разлика колку таа и мажот и вложиле, тие сепак се ,,натрапниците", а не свекорот, во тој случај полицијата ништо не му може на свекорот. Ама затоа свекорот во секое време може да ги избрка, ако не им чини.
     
    На Guns N` Roses, nena2010 и elimkd им се допаѓа ова.
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Како бе само се наоѓаат изговори и оправдувања за мажите?

    Тој не сакал да си одите, ти си се заглавила во кредити, во нешто што не е твое, мажот ти бега со саати и ти овде велиш дека немаш проблеми со мажот ти!
    Епа тогаш со кој имаш проблеми, со свекрвата ли?

    Најголемиот проблем првенствено го имаш само со мажот ти и со никој друг!
     
    На kukla21, WildMk, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Жено драга, твојот проблем е со маж ти и само со маж ти,
    Неможе доколку ти не дозволиш да мајка ти и татко ти се мешаат во вашот брак, како што не би се мешале ни неговите доколку он им го покажал местото.
    Со тоа што бега од дома и се кара со тебе покажува само дека цел живот мама ќе ја држи за сукња а ќе го слуша тато.
    Уште и во кредити за неговите каприци. нцнцнц
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.