@Jana1995 Најлесно е вината да се бара во некој друг, но конкретно во случајов со мт имаш проблем. Не сака да се отселите затоа што вложувал и очекува наследство. Затоа и не зборувате по 2 дена. Од друга страна ти бараш да заминете, но свесна си дека финансиски не можете да го издржите тоа. Тоа не е баш фер. Најбезболно решение е да не се замараш со нив, но ако не си човек што може да игнорира, никогаш нема да можеш да научиш да ги игнорираш. Ако мт не ти нуди решение, ќе си се нервираш и понатаму. Нема лек ако мт не сака да ти даде мир. По цена и да не му остават ништо. Би се откажал од се ако и тој го доживува ова како криза на бракот. Велиш ако се распадне бракот ќе биде поради нив. Не, ќе биде поради вас. Луѓето си го пикаат носот каде што не им е место да, но мт е тој што треба да ги научи каде им е местото. Макар не зборувал со нив повеќе. Грубо звучи, но тоа е реалноста ако сакате да имате мир.
Така е! За ум моја другарка сега се мажеше и кренаа спрат ама спратот е пола на маж и име пола на нејзино бар она така вика дека без документ немаше намера и си попушти маж и си средија со нотар. Се може да се напрај ама на време да е.
Добро така ама мислев ако е на име на свекор, свекрва, девер и т.н... Во животов за секунда се менуваат работи, а пари ептен тешко се заработуваат за да можат така да се фрлат. После се заглавуваат, ни таму ни ваму.
Да да на истото мислев беше на свекорот нејзин требаше така да прават она одби и триста расправии и зафрканции на крај видоа не видоа и си го препишаа како што треба. Реално она и маж и заеднички земаа кредит од 40000 еу да прават значи тој кредит е земен за нредни 20г. Недај боже утре да ти треба кредит за нешто поголемо да ти е на свекор име ќе не можеш хипотека да ставиш а си инвестирал
Знам, направив грешка и вложив во нешто што не е мое, а ниту на име на маж ми. Некои работи и не можам да ги објаснам како го доживувам и сфаќам, можеби би ме разбрал некој кој поминува/л низ истото. Пред да се земеме со маж ми тој си седеше сам на спратот, само за јадење слегуваше кај нив. Маж ми е единец и кога доаѓав тука на гости тие се однесуваа пријатно и љубезно кон мене. Нормално сето тоа е било само маска и лицемерие. Во мојата фамилија никогаш немало вакви ситуации и уцени, затоа можеби и јас многу наивно пристапив кон ситуацијата. Маж ми во еден наврат ми имаше речено да не се зближувам многу со неговите, но ништо поконкретно. Негова грешка што не ми кажа какви се всушност тие. Имав забележано дека се припрости луѓе но океј е, други генерации а и никој не е идеален. Од друга страна секогаш велеа дека сме си млади, не би се мешале, еве ни спрат, што сакате правете си, вие одлучувате итн. Па и мое некое мислење беше дека луѓето се генерално ок, а маж ми е брз и нервозен, секогаш си мислев кој родител би помислил нешто лошо на детето. И свекор ми кога ме побараа и после тоа и пред моите во многу наврати зборуваше дека се ќе препише на маж ми, со време да се решеле тие работи. Се беше добро и како јас би знаела дека ќе излезе вака. Немаше да биде фер да му речам на маж ми ти работи од јутра до сутра за да се средиме, јас денар не давам не е на твое име. Кога се преселив тука само едната соба ни беше функционална. Не може во една соба да седиме, во истата да готвиме, јадеме, па и гости, едноставно не може. Затоа и се кренаа тие кредити, се вложија пари за да биде се како што треба, И после тоа свекорот и свекрвата си се покажаа во вистинско светло кои се и какви се. Можеби од завист, љубомора, можеби од некој страв дека сега синот си има фамилија па тие ќе се запоставени, еве не знам. Јас се обидувам максимално да ги игнорирам но не е во ред, не е фер да не третират како глупи и идиоти. Мене ми е незгодно кога ќе отидеме на гости или седиме со друштво, свекор ми да му ѕвони на маж ми за да му каже да си иде дома, да си легне, утре е на работа или да го испрашува каде е, не е во ред само не срами. Моите не знаат ништо а можеби би требала и да ги запознаам со ситуацијата. Ако тие ме поддржат пред нив, можеби и нешто ќе се смени.
Колку години имате? Претпоставувам млади сте, па неговите уште ве гледаат како мали, неспособни деца. А може и вие така сте се поставиле. Инаку, немој никако твоите да ги мешаш во проблемите меѓу маж ти и неговите зашто вие ќе испаднете криви. Ако маж ти не може да им постави граници, твоите се последните што ќе можат. Само ќе направиш проблем. Штом сте во брак доволно сте зрели да си го заштитите бракот од надворешни влијанија и да си најдете решение.
Секако треба да кажеш на твоите, па тие би требало најпрво да те советуваат да не вложуваш во туѓа куќа.
Ја не знам со кој памет вложуваат во нешто што не е нивно. А бе утре свекорот може комотно да ја продаде куќата или да ја даде на некој.. Или да ја стави под хипотека за некој кредит што нема да го плаќа па на улица да останете.
Упорно го игнорираш нај големиот проблем, маж ти. Секогаш се случува ова барате совети или и вие не знаете шо барате и кога ке ви кажат од кај треба да почнете со решавање на проблемот или кој е коренот на проблемот вртите муабети и не ви се допаѓа тоа шо ке го слушнете.
^ Тоа ти е верглање напразно во круг. Овде десет души и кажаа дека највиновен во цела ситуација е мажот и, таа десет пати потенцира дека свекрвата и свекорот и вршеле контрола и поради нив се соочуваат со проблем во бракот. Па уште греота било мажето да работи, па ајде заглави се во доживотни кредити, за простор кој не е ниту на мажот и. Јас не знам дали размислувате пред брак за вака клучно животни прашања или отпосле гледате што се случува?!
Мене најјаки ми се овие невестиве што креваат кредити за да уредуваат туѓ имот. А бре во станов кој што моите го купија за мене додека не ми го препишаа на мое име не ставив шајка а не па за на друга фамилија да им опремувам и реновирам. Боже сачувај.
Сите ние сваќаме дека ти си сакала да помогнеш-направиш-створиш за тебе и маж ти, тоа нема збор, меѓутоа не знам само со кој памет прво не ја опипа ситуацијата да видиш какви се тие луѓе, кои им се задните намери, да видиш маж ти каде стои во целата ситуација, тоа се прави да, доколку имаш готови пари и си викаш сакам ќе ги дадам па со Господ напред, со тој кредит учество за стан сте можеле да платите некаде,.. мада е сега веќе касно за солење памет, претечено е млекото. Најубаво ти е да си разговараш со твојте, верувам дека на почетокот да знаеле што си сакала дека немало да ти дозволат да се заглавиш. И нормално здрав муабет со маж ти да видиш неговите ставови и размислувања, неможе возрасен маж да ќути пред мама и тато и да бега од дома !!!!
Болдот. Мажена жена нема што да де враќа со муабети кај нејзините за нешто што сама сјебала. Сама заглавила со кредити (освен ако не ги заглавила и нејзините, и ако е така не знам што да кажам). Сега седнувај мажот или да му орепипат спратот, или одење под кирија. Мебел се носи. Земајте со вас и бегај.. Инаку маф ви е планот.
Сигурно маж ти не го пушта гласно телефонот сите да слушаат кога зборува со татко му. Може да излезе во друга просторија да зборува и да не знае никој кој му се јавил. А може и едноставно да не се јави и да пише порака дека е добар и да не го бараат. Ама ова не е ти е најголемиот проблем. Проблемот е во маж ти кој треба да го потсети татко му на муабетот пред свадбата дека ќе му го препише него спратот. Вака сте вложиле огромна сума пари, без никаква сигурност и уште ако не играте како што ви свират свекорот и свекрвата може да останете на улица.
Кажете му ќе си заминеме и ќе ви оставиме се, и она што е наше. И стварно заминете. И не оди на чекор дете додека не излезеш од оваа ситуација, не е ова шпанска серија па на крај ќе живеете среќно до крајот до животот.
@Jana1995 Не само што те разбирам, туку бев и во слична ситуација. Спојлер: СПОЈЛЕР Пред свадбата и моите поранешни свекор и свекрва беа најљубезните луѓе на свет, но кога разбраа дека работата е сериозна и се веривме се` се промени. Мм настапи со муабети пред моите како демек золва ми ќе се откажува од својот дел од станот, се ќе му припаднело нему... А апсолутно никој не ги праша за имотен статус, никогаш не гледав на тоа, но сега сфаќам дека многу сум грешела. За жал предоцна. Откако се земавме, свекор ми наводно ни даде слобода да правиме што сакаме во станот, а и на мм му ветуваше препишување, па потоа одеднаш излезе дека сепак одлучил за 10 годишнината да ни го препише станот. Значи мораше да се положи испит од една деценија за да ме смета некој за достојна за неговиот имот. Дотогаш да се водам дека живеам под туѓ покрив, некој друг да има клуч и да доаѓа кога ќе му текне, да не можам да вложам и да реновирам и што ми текне да правам. Нормално дека веднаш побарав да си заминеме под кирија, иако демек живеевме сами, но немавме мир. Доаѓаа де тие, де золва ми на ПОСЕДОК со семејството на 1-2 недели. Но и јас како тебе имав сопруг кој не сакаше да слушне, дури и на крајот добив дека станот ќе го загубел поради мене. Врвот беше кога не сакаше да обезбеди соба за детето кое ни беше на пат, додека во исто време ја подготвуваше истата таа соба за престој на неговите кои ни доаѓаа постојано. Тогаш ми прекипа и не сакав ниту паричка да фрлам повеќе таму, ако веруваш ниту сијалица не одобрував да се купи, а баш имав мерак да го дотерувам местото кое плачеше за принова. Нешто ситно и променивме, но за среќа (ајде така да го наречам тоа) мојот сега веќе поранешен сопруг ја симна маската и глумата на грижлив сопруг ја снема, конечната форма исплива на површина. Тој застана на страната на неговите, јас испаднав неблагодарна за се што ни оставиле, колку иронично. Повторно ќе кажам и во мојот случај тоа важи, не беа виновни свекор ми и свекрва ми кои постојано вршеа контрола каде сме и што правиме и кои постојано доаѓаа. Виновен беше тој што им го дозволуваше тоа и не ми пружаше мир кога гледаше дека ситуацијата ужасно нервира и дека кон мене се однесуваат без почит. Но нејсе, мојата приказна е долгометражна. Ти си вложила и веќе веројатно ќе отплаќаш кредити со години, во што многу си погрешила, но нема враќање назад. Проблемот е што твојот маж ќе мора да си ја подигне свеста и да постави граници. Апсолутно негова одговорност е сето ова. Кога ќе го бараат на телефон, нека не им се одговара ако знае дека тоа предизвикува нервоза кај тебе, секако, ако те почитува. Ќе се навикнат со тек на време дека синот не им полага сметки каде е и што прави во секое време и ќе престанат да додеваат. Очигледно нему му годи тоа внимание како кога бил ерген, од типот "мамичка, сине каде си, ајде, кога ќе си дојдеш за ручек, те чекаме не си легнуваме, загрижени сме доцна е" итн. Велиш единец е, па претпоставувам грижата на неговите е сосема нормална за него затоа што и порано ја добивал. Можеш да ги запознаеш твоите со ситуацијата, но да очекуваш од нив да им всадат памет на неговите, само контра-ефект ќе добиеш. Овој проблем е ваш и вие треба да си го решите.