Ако веќе се поделени тоа значи дека делот е нивни. Ако е на свекорот тогаш не се поделени туку они живеат кај нив.
Јас колку што сватив, различни спратови се ама на име на свекорот т.е. не се на нивно име, што ќе рече- дошле на гости
Маж ти е крив одма ќе кажам свекор и свекрва не си ги знаат границите и нема да престанат да ви додеваат и префрлаат. Безразлика колку има вложено маж ти во таа куќа, млади сте работите земете си стан под кирија или учество за нов спасете се од маките штом неможе он како син да се разбере со нив залудно е ти да ги оправаш работите. На крај краева важен е мирот дома вие сте засебна фамилија утре и дете да ви се роди ќе си го гледаш на мира, а не вака. А за куќата сигурно ќе му ја остават него син од прв ред џабе се закани нивни они само ви вршат терор очигледно
Ни на твоите, ни на неговите не им кажувајте ништо. Не им барајте совети, не споделувајте се' што ќе ви се случи. Колку помлаку знаат, толку помалку ќе имаат 'мислења'.
Ако можеш да докажеш со сметки, уплатници или уште подобро со електронско плаќање, вложеното треба да се компензира, ако не може да го вратат. Ако не ќе ви го вратат. Знам, далеку сум од брак, ама ако некогаш вложувам во нешто, а не е мое, тогаш или ќе плаќам електронски, или со заверка на нотар или пак ќе направам фотокопија од сметките и ќе ги чувам во посебен фолдер. Не е тешко воопшто, а може да ми користи кога сакам. И мојата цел како и на сите млади поединци е да се осамостојам комплетно од семејството, не мора да биде пред брак. Затоа сметам дека родителите треба да целат нивните деца да целат кон осамостојување, а не вечно да бидат на нивен грб. Ама ако нештото јас сум го купила, и само јас знам што се имам вложено, а утре дојде некој и ми бара препиши оти заминувам, или дечкото/девојката, сопругот/сопругата ги наговара. Нека заминат слободно. Јас знам дека ако некој вложи во нешто туѓо може да го врати, ако има доказ. Затоа очите отворени. Односно сакам да потенцирам дека треба да имате разборање и за сопствениците. Само тие знаат како го заработиле имотот, особено во Македонија, транзиции, приватизации и разни останати срања.
Ама ако има доказ.. А ако нема? Ако ги дала парите на купче? Нели имаш и таква ситуација, снаата доаѓа парите на купче. И? Многу, многу треба пазење. И за пари, и за имот и за се. И симнете розевите наочари. Сакајте, верувајте ама не слепо! @IJAE не речи два пари. Ако остави тестамен џабе се. Само нужен дел ќе има..Знам случај син единец така извиси. Татко му и мајка му на внукот од сестра ја оставиле. Повеќе ги гледал..
Затоа и нагласив дека треба да има доказ. Затоа во брак се влегува свесно со очи на 1000 отворени, а не моите ќе купат тоа твоите ќе купат тоа. Затоа и напоменав дека децата уште од мала возраст треба да се насочуваат кон осамостојување. Односно да се вклучуваат во домашни активности како: чистење, перење, готвење, пазарење итн. Па откако ќе пораснат и се вработат можат барем да испазарат еднаш месечно ако не и да платат по некоја сметка. Истотака, помладите генерации, како на пример мојата, во друштвото има различни факултети/професии и искуства, наместо оговарање и социјални мрежи можат да споделат информации каи понатаму ќе бидат корисни. Притоа, да напоменам дека јас не познавам личност од моето опкружување, да превземе било каква активност без да размисли однапред. А камо ли за брак и живеење во заедница. Да, супер е ако добиеш имот/пари на поклон без да ти ги извадат низ нос во иднина. Но, на крајот никој не е должен никому да го обезбедува и да се жртвува за некој, па макар и дете. Според мене, моите ми пружиле добар живот ми помагнале да се осамостојам и верувам дека и понатаму би ми помагале. Ама вечно да чекам на нив нема смисла. Доволно и разумно е до полнолетство што ми помагаа, оттогаш и сама сум самостојна комплетно. На крајот, најважно е да си разумна и свесна личност и да си опкружен со такви, и се ќе се реши. Верувам и знам дека има лоши личности, ама се само едната страна да е крива е невозможно. А влегувањето во брак, особено во заедница со очекување дека некој нешто треба да прави/обезбеди е детско размислување, а не на возрасна личност.
@Kanya јас имма 42 години и 1 брак у покушају..Т.е живеење заедно без потпис и кога видов со кој си имам работа, чао адио. Многу наивно се влегува денес во брак. Многу се романтизира бракот.
И да си потпишала не е трагично да се разведеш. Само кај нас се гледа на развод како трагедија. Трагично е да те тепаат и да живееш со психолошко малтретирање ама ете...нација мазохисти сме
И финансискиот аспект 150 денари за стапување брак, а 500 евра најмалце за развод, веќе кога некој знае што го следи подобро и да не потпишува.
Не, врската мајка - син е посилна 'Ќерката ќе се омажи и ќе ти избега ама синот останува' - стара балканска
Сопругот е многу приврзан со неговите родители до степен што тие што ќе кажат тоа во однос за одлуки за свадба, бебе и други крупни работи. Ги седнав и им кажав дека не оди така, тоа е наша свадба, наш живот не може нечии желби да исполнуваме, тие со ставот апсолутно како на вас ви одговара така а подмолно преку маж ми вршат притисок да биде нивното и на крај со него имам недоразбирања, тој смета дека неговите само ни помагаат со совети тоа не е притисок. Веќе два месеца не зборувам со нив, инаку зборуваме за тоа колку притисок само преку телефон можат да му извршат бидејќи засега не сме во исти држави а што ќе биде кога ќе живееме заедно не ни сакам да мислам.. Нависитна не знам како да му објаснам на маж ми дека не е најдоброто она што неговите ќе го кажат и дека не е навреда ако им кажеш не на нивните идеи и планови!
Еве ви на сите пример. И на Марс да живееш, ако им даваш отчет ќе ти се мешаат. --------------------------------------------- Неспособни се мажите да се одделат од родителите, онака како што тоа го прават жените. И се' се должи на начинот на одгледување: “Сине, ти ќе донесеш невеста“ “Ќерко, ти ќе си отидеш од дома“ “Седи сине, ти си машко. Машките не чистат“. “Стани ќерко, ти си женско. Треба да си домаќинка“ И после очекуваме самостојни мажи Најтрагично е што жени ги воспитуваат на вакво однесување, односно нивните мајки. Иако и самите живеат животи во кои свекорот и свекрвата одлучуваат место нив, цел живот. Не се менува моделот на функционирање со 'посакување', туку со правилно воспитување. Тие што пораснаа така - толку е. Туку... да не ги повториме истите грешки со нашите деца.
За обврски по дома немам проблем, тој чисти, готви за тоа немам збор како го воспитале. Ама кога ќе се спомне родители не можам со нега да се разберам, никако да се каже не. Од моја страна никаков отчет не добиваат прекинав секаква комуникација, што не би сакала да е до тој степен ама со неразбрани не може поинаку...