Тешко дека ќе го смениш мажот. А како што прочитав планирате да живеете заедно? Тогаш би се влошило се уште повеќе.
Ако односите ви се така на почеток, можеш да претпоставиш како ќе биде понатаму. Немој да си молчиш, напротив, искажувај го ставот во секоја дадена прилика, немој да те сметаат за безгласна буква. Но прави го тоа културно и одмерено, немаш потреба да се расправаш, така ќе им дадеш до знаење дека те нервираат. Заблагодари им се за советите и продолжете си по свое со мт, игнорирај ги. Ако и мт ги игнорира тогаш нема да имате проблеми. Ако дозволува одлуките да се одразуваат врз вашиот брак и заеднички живот, тогаш со мт имаш проблем. Најдобронамерен совет: Не влегувајте во врска/брак со ПРОЕКТИ. Ние жените го сфаќаме како предизвик моментот "да се променат нечии недостатоци", меѓутоа тоа многу лесно се враќа како бумеранг по сопствената глава. Не потпаѓајте на нечиј потенцијал. Не можете да измените некого ако не сака да се промени. Ако бил таков да си ги слуша мама и тате, бракот/бебето нема магично да го променат. Напротив, замислете се дали воопшто вреди да одите на следното поглавје или тука треба да пресечете.
Карактер не се менува ако он решил да даде живот само за мама и тато, а другите кој ги врти не зависно дали има жена деца. Таков карактер родителите да му се болни и детето и жената он ќе оди по родителите а тие дома со господ напред. Од вакви луѓе подалеку знам еден ваков. Никој не вика да ги остави родителите ама има граници некои.
Баш тоа, се повеќе сфаќам дека проблемот е кај него. Воопшто не сум безгласна буква за се си кажувам. Ако решил да продолжи така и до таму ќе е, со нив нека си ја тера со мене не.
Проблемот е кај него целосно. Седни го и ова што го пиша кажи му го. Џабе водиш борба со неговите кога тој самиот тера по нивно. Ако сега не го решиш овој проблем нема никогаш.
Ова не си го забележала пред да планираш иднина со него? Не си видела дека е силно приврзан за неговите? Мислам, искрено, не е свесен и не знае дека ова е екстремно непочитување на партнер. Он треба да има став и да знае до каде е границата, а не да меша Х личности во вашиот однос. Лично, баш ова е само една од причините зошто одбегнувам мамини и татини синчиња. Ако јас како млада женска личност можам да размислувам и носам одлуки комплетно сама, нема да ми треба мамино синче, треба независен човек што е на мое ниво, спиритуално, емоционално, финансиски итн.
Додека не почнеш да живееш со некого некои работи навистина не можеш да ги видиш, воопшто не беше така..
Вистина е ова. Паметно е сите да поживеат заедно пред брак. Барем една година. Среќа шо не е поќе 'срамота' тоа. Во 'мое време' беше табу.
И да продолжат да живеат сами понатаму. Оти колку време или години и да живееле сами, ако отидат да живеат во заедница тогаш нема да е исто.
Тоа би било најпаметно. За сите. Дури и за тие со кои немаат никакви кавги со свекорот/свекрвата. Од далеку и со мајка сме си помили
Ова на сите немажени другарки им го кажувам. Треба да биде задолжително. И да си во врска 24/7 заедно, не е исто се додека не поживееш со човекот. Како и да е @Pea, никогаш не е доцна. Гордеј се што сепак си си ги отворила очите.
Леле овој балкански менталитет ќе не убие.. И јас имам доживеано некои случки со бившиот. Дали се смешни или жални, не можам да одлучам. Беше зима, некаде јануари-февруари и се договоривме да одиме во еден наш омилен ресторан што е во друг град, на некои 20 мин. со кола од нашиот. Се дотерав јас, се средив и пред да искочиме ми стига порака "Кај ќе седнеме?" ми набројува кафичи тука кај нас шо се.. Излегувам јас од дома, ме зема со колата и ми вели нема да можеме да одиме. Јас го прашувам зашо, он ми вели па ладно е, има мраз. За после 10 мин. да ми каже дека мајка му му рекла дека нема потреба да одиме до соседниот град кога и во нашиот има ресторани и кафичи.. Јас се налутив, почна тој да вози накај соседниот град, му реков сакам само да ме вратиш дома и толку. Друга случка, бил да се шиша и косата си ја направил таква каква што на мајка му и се свиѓала.. Не на него, туку на мајка му. И она се уби од коментирање пред мене дека многу добро му стои сега фризурата... Ова ми се случи на некои 16-17 год. тој беше повозрасен од мене 4 год. и уште се држеше за здолништето на мајка му. Штом јас на тие години сум проценила дека нешто не е во ред со тој однос мајка-син, значи сите можат да проценат.
Ви благодарам на сите што одвоите време и пишавте нешто, не знам што да кажам, со манипулатори е тешко да имаш работа, од кога се веривме луѓето се променија за 360 степени пред тоа не се замара со нас, сега нивното да биде како да сакат да докажат колку тие и нивниот збор е важен ИСКОМПЛЕКСИРАНИ. Еве еден смешен пример. Моментално не живееме во иста држава поради работни обврски, секој ден му звонеа ние се будиме и порака јави се кога ќе се разбудиш ми пукна филмот и му кажав ќе им се јавуваме кога ние ќе имаме време и толку беше сега еднаш во 2 недели ако се слушне со нив ама во пораки секој ден се пишува и од околу се распрашуваат. Му кажав кој се работи мора да се променат ако сака да одиме понатаму, вети дека ќе зборува со нив но сакал лично кога ќе се вратиме, не сакал преку телефон да кажува. Па да видиме ќе дојде и тој ден. Ме нервира што му набиваат чувствува на вина, ако за нешто не е по нивно.
Ти ли ќе му одредуваш на маж ти колку да се слуша со своите родителите? Браво на маж ти како те трпи.
Точно, јас секој ден се слушам со мајка ми и раскажувам нормално се, па маж ми никогаш не ми пререкол ниту пак јас него. И двете страни знаат да дадат свое мислење како нешто треба да се направи па никој од нас никогаш не замерил. Ако нас двајца ни одговарал некој нивни предлог сме го прифатиле ако не сме си направиле по свое. Некогаш и не ни било по кејф нешто па сме им удоволиле за нивни кејф. Па родители се цел живот се жртвувале за нас, можеме некогаш и ние нешто да жртвуваме за нив. Пресреќни сме да ни се живи и здрави па и да се замешаат за нешто никој од нас не замерил. Нормално е да се имаат различни гледишта на работите, па различни генерации сме. И свекрва ми знаела нешто да ми пререче па од друго уво ми излегло и никогаш ништо немам спомнато на сопругот, а ни на крај памет да ми паднело да го условам со нешто или да барам да менува работи во односот со неговите. Не викам, има секакви некои ги преминуваат границите ама и некои од Вас кога Ве читам ми делувате размазени и потсвесно себични како да го сакате мажот само за вас и што ќе кажете вие така да биде. Немојте да ми се лутите или да ме нападнете, тоа е мое мислење. Фала богу со open mind трпение и разбирање за сите страни имаме прекрасен однос и почит и јас со неговите и он со моите родители.
Јас би. И ја поддржувам членката за граници поставување на односот маж-родители. Еднаш до двапати слушање е разумно, над тоа претставува проблем во односот. Прочитај ги погоре ситуациите.
Сакам да слушам различни мислења, вака на форум некои работи не знам како звучат, но некој да ми кажува немој голема свадба на оваа пандемија, со краток фустан ем поефтино ем по пријатно, дете никако сега додека не ви се изгради куќата и тоа мене ми кажува да сум се чувала а на синот не, мислам дека не се работи за кој треба од едно уво да влезе и од друго да излезе сега тоа понатаму друго. Сакам да имаме меѓусебна почит, мене ќе ми биде полесно, но мора да има и некои граници. Да се слуша со родители секој ден е сосема океј се додека се зборува за нивни работи ама да се слушаме за да прашуваме што снаата ти готвеше кој кафето го направи и да се прави притисок не никако.
Искрено кај нас дома тоа не е проблем. Затоа што двајцата не сме се поставиле тоа да ни е проблем. Јас со мајка ми па и татко ми се слушам буквално секој ден и ми е убаво да ги слушнам како се што правеле, дали се добро итд. Дури знам да му кажам на сопругот, добро ти ги заборави твоите јави се прашај како се Мене сопругот да ми замери да се слушам со мајка ми ми е стварно нон сенс. И нас за свадба ни кажуваа вака така, па на крај од сите по нешто секој кејф да е задоволен, а ние најсреќни што 90% сме направиле по наше и по некој нивни кејф во тие 10%. И они среќни и ние. @Pea мене и за пострашни работи ми излегувало од друго уво(ова на почетокот) па изгледа увиде свекрва ми дека не ја фермам многу не му кажувам на сопругот што ми пререкла, не се жалам и не пробувам да го оддалечам од нив туку напротив инсистирам на заеднички ручеци и посети... не само што добив почит туку и прекрасен однос, а фала богу од тогаш ниту ми пререкла нешто на само кога сме биле. Со сето ова сакам да кажам...родителите се посесивни кон своите деца, ако им ставите до знаење дека не сакате да им ги земете децата само за вас ќе биде се поинаку. Ова е добронамерен совет, еднаш се изгорев и научив како треба. Сега од старт ги поставив поинаку работите и се е поинаку. Секое добро и пробајте некогаш да изброите до 10 пред нешто да кажете и направите, истерајтњ по некој кејф и се ќе биде добро. Се изнапишав а можам на темава со страни да пишувам од лошо искуство до добро искуство