@Сара Лав Убаво од вас што сите кејфови сте ги задоволиле. Секако, еве пример детето ќе го родиме кога на свекрвата ќе и биде кејф, зошто да не
Немој така да размислуваш Ти на нејзиното кажи и добро, а дома што ќе си правите ќе си правите На секое едно викам важи, добро, фала на совет, ќе видиме итд. Не треба да и даваш до толку на значење. Па дај боже да си останеш бремена, ќе бидат пресреќни без разлика сега што трескале глупости. Они се стари живееле во други времиња, со старински размислувања се сеуште и како стареат стануваат се полоши (зборам за моите, неговите, за повеќето старци). Не им се замарај толку верувај ми еве ти кажувам, претходната врска/вереник заврши неславно баш поради вакви работи и мешање и притисоци од неговите. Тогаш низ пекол поминував ама буквален пекол. Ама тогаш исто како тебе реагирав, сега јас се поставив поинаку они се поинакви. Не дека се подобри од претходните него јас сум поинаква. Ти посакувам мир и да си го најдете балансот за заедничко добро, а највеќе за тебе и твојот сопруг безгрижно да си уживате заедно
@Сара Лав Жал ми е што си имала слично искуство. Џабе е, не можеш со нив важи, тие кажуваат мислење и одма ти го наметнуваат план прават и го спроведуваат. Туку не ми беше тоа муабетот дојдов на темата најмногу за си помогнам себе си и на сопругот, нив немам намера да ги менуваам, јас се заштитив така што се дистанцирав, но криво ми е што имаат влијание на сопругот, и тој не сака некој работи но, за да не ги повреди прифаќа и така.. Малку да не олабават се би било поинаку..
Знаеш кога ќе ти делува дека ве олабавиле иако они може пак ќе си тераат по нивно, кога сопругот нема да им придава толкаво значење, ова од искуство, ама целава работа е до тоа твојот сопруг да сфати колку ти пречи и да сака да соработува со тебе, ако не џабе ти е се. Дека не можеш да влијаеш колку ќе се слуша со неговите, факт е не можеш, ни јас можев, дури сега и на зафрканција ама и со голема доза загриженост особено со коронава секојдневно го прашувам се слушна со твоите, добри се. Јас во твојава примедба сфатив дека и на тебе и на него му пречи што ѕвонат уште во зори или во било кое несоодветно време, е тоа и те како би ми пречело и ќе им преречам и на нив, а ако немам близина директно да им кажам, прво на споругот ќе му преречам да им каже. На што личи тоа ај уште во 6 сабајле да ѕвонат и пуштаат пораки јави се, мислам ако е нешто итно да ама вака ќе не вадат од памет на секое
@Idedemja вопшто не сакам да го одделам од неговите, ама баш ти ме разбираш, не сакам наутро првото нешто да ни биде разговор со нив за банални работи ќе се слушнеме во текот на денот кога ќе бидеме слободни, не ми е пријатно јас во кревет спијам тие на видео повик кога им го кажа тоа се навредија. Па нему конкретно тоа не знам дали му смета, ама знам за други работи кои многу му смеетат и се нервира но, не сака да им каже бидејќи знае дека ќе му се лутат и ќе се чувствува лошо после тоа..
А колку години има тој ако не е тајна, многу детско однесување да не му се лутат мама и тато? И што дека се лутат, додека не им покаже што му пречи и држи до тоа тие нема да сфатат, или и да сфатат да разберат дека нема да им попушти и да менуваат нешто во однесувањето.
Доволно голем е за биде независен, ама убаво кажа една членка погоре многу ама многу е важен начинот на одгледување. Не ни можев да претпоставам дека ќе биде така, додека бевме во врска никогаш не ни се мешаа, сега дали дека не живее со нив, прв пат се разделени, имам за некои работи разбирање ама нека биде со усул
Важен е, ама не и пресуден, се може да се промени, само ако се има воља, ако се сака, а и ќе бара време, разбирање и многу компромиси. Ти посакувам да успеете сите заедно во ова, после кога ќе го читаш се ова ќе ти биде смешно, ама и ќе се гордееш колку сте постигнале од почетнава ситуација да дојдете таму каде што сте. Само упорност и решеност да опстоите заедно, во спротивно ако не ви успее само ќе биде потешко, ајде еве сега е проблем мешањето на неговите родители, утре проблем ќе биде преоптовареноста со раб. обврски, а плус ќе имате и дете за воспитување во иднина, а ова вака ќе нема крај. Само ќе се испраксирате со тек на време да бидете и функционирате како тим, а по некое време и со поглед ќе се разбирате, нема да ви требаат ни зборови, само ако го сакате тоа заеднички, заедно да работите на подобрување
@Pea кога ќе се јави сабајлечки на видео повик, ти избаци се во кадар гола!! Со такви само директно. Ама ти со мамин син си имаш работа. Верувај.
Маж ми да се јави на видео кол со било кого додека спијам има да си го најде телефонот кај комшијата во двор. Сериозно. Од кај потреба уште нерасонети муабети. Не гори негде за да не може да чека...
И така и испадна на крајот, ама не беше Бани крива тој скотот у креветот беше, плус и импотентен. Серија според книга ама се тоа инспирирано од реалноста
Во право си и разбирам. Се со осет. И јас со мајка ми се слушам еднаш до двапати во денот. Ниту свекорите се јавуваат едно-едно. Нема потреба за се да давам објаснувања. каде планирам да одам, што ќе јадам, па уште како да се носам или дете кога треба да имам. Кажи си со маж ти до каде е линијата, оти се кога се дозволува, на глава ќе ти се качат. Што е толку тешко родителите да се приберат и да им дозволат на младите да живеат на свој начин. Па нивната замисла за живот треба да ја живееме. Ако го прашувам свекор ми, од дома нема да излезам. И некогаш кога споделуваме дека сакаме да патуваме, да шетаме со малиот, следува - седете, кај ќе одите....дрн дрн. А бе си викам, ќути си, шо кажуваш мисли, животот негов ли треба да го живеам, немам 60 години. Родителите треба да се горди кога децата водат самостоен и стабилен живот, оформуваат семејства. Родителите треба да им дадат корен, но и крилја на децата. Без опсесија, туку со доверба. Ова треба и ние да го памтиме.
И јас не знам. Како студент на три недели си одев дома за да ме исперат, сега на три дена ги барам ил ме бараат освен као не ми требаат или не им требам. Два пати на ден со мама, еднаш со тато, па со тета... мислам... деца за чуавње нешто? готвечње, чистење, работа?
И ја стално се слушам со мајка ми и сестра ми. Со коронава многу " другарки" ме откачија дека трудна а сега со дете и не излегував. И помеѓу дете што е захтевно и маж што ми скока на живци си се јавувам онака на лаф муабет. Ми треба некогаш. Со баба ми пример 2 пати неделно се слушам сигурно. Еден ден си викам ќе ги нема за да им се јавиме. Излегувам шетам и си праам муабет за било што.
Хаха, ме насмеа ова. И јас им ѕвонам на моите еднаш во три, четири дена. Ако нешто им требам итно или обратно, ќе се јават, али вака за рандом муабет не знам ни јас што би правела секој ден по повеќепати. Може дека имам од одамна таква навика, и ме мрзи да висам на моб нонстоп. Маж ми од друга страна, по пет минути дневно обично се слуша, секогаш приквечер, преку ден им има кажано дека работи и да не го замараат.
Како се справувате со болно љубоморни мажи? Мојов е премногу љубоморен, за се до детал бара отчет, ако подзакаснам си прави филмови дека сум била кај некој друг, дури и кога одев кај мајка ми на почеток си правеше филмови демек сум била на друго место.