Не се справуваш, си одиш. Или тоа или ќе живееш како роб цел живот. Тој никогаш нема да биде задоволен од твоите одговори, а ситуацијата може само да се влошува.
Нема справување со вакви ликови, ќе станува полошо со текот на годините. Имав таква врска, за секоја секунда во денот требаше да му давам отчет. Мислев дека тоа е љубов, колку само сум била наивна. Јас се спасив навреме, ти посакувам и ти да си го решиш проблемот.
Неможеш да се справиш, ситуацијата ќе ескалира за жал додека не се донесеш до точка да треба со телефонот во вц да идеш иначе ќе пиеш шамари. Доколку он сам не е свесен дека е "болен" и не посака да престане со такво понашање за жал колку и да си праведна и добра секогаш ќе си крива.
А сте разговарале ли на што се должи оваа промена? Велиш во врска не бил таков - зошто би се сменил во брак? Ова не е здрава средина што ја опишуваш, верувај и да си затворена дома по цел ден, тој пак ќе најде некоја причина за љубомора. Тоа е болест, за жал. Разговарајте или посетете стручно лице, нека се обиде да се смени, не си должна да трпиш такви испади.
Разговаравме и ми кажува дека сакал малку повеќе внимание и почитување од моја страна, а сака и тој да биди главен се да е по негово како што ќе каже тој бидејќи јас сум била појдена кај него а не бил тој кај мене дојден. На почеток мислев дека мајка му му е полни главата бидејќи е многу поврзан со неа, но сватив дека и таа му вика да си намали со таа љубомора и дека не бил растен во семејство кај што имало љубомора. Сепак е до него.
Прашај го дали треба да му го бациш газот ако си кај него дојдена Пази како ќе постапиш. Многу пази. Ако сега му дадеш слобода и контролата да е во негови раце ќе ти го сјебе животот.
Не му попуштам тоа никако, и не му ќутам кога ми зборува така, ако треба и го повишувам тонот и му потенцирам дека не сум било која за да се понаша како што ќе му падне на памет. Многу недоразбирање имаме за толку краток брак од 4 месеци, ќе му дадам уште малце време да видам дали ќе се смени во спротивно ќе морам да си заминам од него за да си го спасам животот, да не останам несреќна цел живот....
Не му кажувај дека планираш да го оставиш. Јас не би му кажала. Ризикот од физичка повреда, или не дај Боже полошо, е најголем при разделба. Во тајност планирај си и отиди си. Не е тоа живот.
Добро бе луѓе туку си пишувате нешто од своја рака, ќе ја натепал, па ропство, па Зоне побегуља …. А никаде не пиша дека мажот и е насилен туку само болно љубоморен и човек на нервоза се може да кажува @Rincee пишуваш дека во врска не бил таков, дека мајка му исто го советува, а никаде не пиша која е причината за неговата љубомора и на што се должи? Од чиста мира не се опседнува така човек и во се да се сомнева
Да му ги покажувам картите од автобусот? Да му речам одам кај мајка ми, а тој да мисли дека сум качена на некој? Ако не ми верва, од шо мака да е со мене? Џенем нека фати, нема некој друг да ми го контролира животот и да ми кажва шо смеам, шо не смеам да прам! Го научив то на свој грб! Најдоброто школо ever!
Болно љубоморен човек прво почнува со психичко насилство, а потоа преминува и на физичко насилство, особено ако наиде на отпор. Затоа @Rincee спаси се навреме од таков човек.
Опаа жената е крива пак а? Браво бе сестри. Замисли каква реакција би имал да му рече не ти покажувам карти, што те боли кај бев итн.. Одма шамар лета.
Дури има овци, ќе има и волна. -------------------------- Пробајте аман, учете од нас што сме поминале. Не дозволувајте никој да управува со вас. Никој! Ни маж, ни родители, ни дете, никој! Еден е животот.
А да на фемина сме каде жената е стално во право дури и тогаш кога не е и не знам зошто испреплетуваш зборови кога ја прашав само членката дали се довела во ситуација дс го предизвика сопругот да се сомнева во неа и тоа е се @WildMk ти не очекувај некоја да пише на форумов маж ми ме фати во кревет со друг и сега е болно љубоморен што да правам?
Како бивша жртва на болно љубоморен човек можам да тврдам дека може човек да се сомнева во буквално се` и без да му дадеш повод за тоа. Почна со забранување контакт со најдобриот другар што го знам со години, па продолжи со „ќе побараш од газдата да не одиш веќе во иста смена во тој и тој колега или ќе дадеш отказ“ , па сомнежи дека можеби со другарките го изневерувам иако знае дека не ме привлекуваат женски... Дури ми се закани дека еден ден ќе ми направи од оние lie detector test и ако открие дека сум го излажала за некоја ситница ќе ме убие. Откако му се спротивставив бидејќи веќе немав контакт речиси со ниедна другарка поради него и не сакав да ме одвои од сите (што очигледно му беше и целта), стана премногу агресивен, почна да треска предмети и ме фати за врат. Тука ставив крај. Не застана ни откако ја прекинавме врската. Продолжи да пишува на мои другарки, да ги прашува каде сме биле, дали сме биле сами или со машки, па да ми ѕвони сред ноќ убедувајќи ме дека ме видел со некого, само за да слушне дека не сум излегувала никаде. Од мое исксутво, што подалеку од ваков човек, тоа подобро.