А го оправдуваш тоа да сакаш да одиш кај мајка ти, таа е тука во двор те чека, и маж ти да ти застане на врата и да не те пушта, да ти зборува одиш кај неа, ќе си заминуваш, сакаш куферите да ти ги спаковам? Тоа ми се случи мене и мајка ми не сушаше како се караме и од тогаш не е дојдена кај што сум мажена. Секогаш кога сакав да одам кај мајка ми мислеше дека си заминувам за стално. Имав почнато автошкола, кога стапивме во брак не ме пушташе да одам да полагам бидејќи бил маж инструктор. Мораа да дојдат мојте да зборуваме на на таа тема и после тоа ме пушти да одам ама јас си знам како одам. Во почеток тој ме носеше и ме чекаше да завршам, сега на работа оди и одам со автобус ама секој ден сушам испади некој филмови си прај и покрај тоа што му имам кажано дека има камера во колата, а не е како во негово време што полагал без камери.
@Rincee бегај додека не сте склепале дете. Не за друго и да се разведеш цел живот ќе си врзана за него преку детето.
Да! Да! Да! Најстрашното нешто е да имаш деца со ваков човек. Баш како шо рече: Цел живот си врзана за него. Ќе ти го напрај животот пекол!
Развод. Чим е толку опсесивно љубоморен, може и насилство да почне да применува. Спаси се додека можеш.
Мој бивши: 1. Зашто се поздравуваш со другар ти со гушкање ( Red flag). 2. Зашто се шминкаш за на работа (Red flag). 3. Зашто пееш по дома. ( red flag). 4. Многу разговараш со другари мои во друштво не се прави паметна ( red flag). 5. Ептен ти тргна муабетот со другар ми ( red flag). За 6 месеци бивши!! Бегајте жени од такви створења.
Begaj od toj psihopat uste denes..toj nema da se smeni,a ti ako rodis dete so nego ke bide uste poloso. Sobiraj partalite i kaj tvoite ako ne sakas da se razbolis
Ајјј јас само што почнав да читам се исплашив, дури не те ни дочитав. Јас од вакви имам страв во коски. Тоа не е нормално луѓе, во никој случај не е. Мои блиски во врска имаат некој чуден начин на функционирање поради љубомора, пасворди на се си имаат, си мерат погледи кој каде погледнал и тоа и двајцата. Им кажувам дека не е нормално нивното, ама не разбираат, љубов било тоа ја ништо не сум знаела Од такви луге бегајте, додека се нема деца полесно е.
Жено Божја земи отиди кај твојте некој ден нека му се склопат коцките у глава, страв ми е за тебе сериозно. на све ова имам да додадам: 6. Си имала нешто со на кума ти муж и ?
Она што би и го рекла и на најблиска, ти го велам и тебе што ниту те знам, познавам: бегај и не се врти. Нема лезет со таков партнер. Ама знам дека се дури некој не е решен самиот да си замине, џабе другите што му зборат.
А зошто пиеш кафе кај комшиката? Таа има брат, да не ти го мести на тебе? Леле, читам сега и се тресам. Еднаш и никогаш веќе. Последен таков да е, сама ќе бидам цел живот. Нема подобрување таму, бегајте подалеку, може само психички да западнете. Психопатите се страшни.
Па тоа беше поентата со бившиот на другарката не е више со неа -out А кој има со тебе у канцеларија? Многу се опуштил стариот со тебе ( човек од 70 години. ) Бегајте подалеку од ваквите... нема просперитет ни у врска ни у живот, само надоле ќе ве влечат.
11.Ти фалат 2 секунди од појдовни и дојдовни повици!! Со кој збораше?!? Саати и саати го држеше мојот службен мобилен во него(приватен немав), прерачунваше времетраење, бараше одчет за секој повик и објаснување кој бил ако заборавев да меморирам некој рандом комитент се праеше големата. Звонеше на броевите.. Ужас.. Значи болно љубоморен, одма развод..
12. За кого збореше со другарка ти? Кој е тој .... ( иначе глумец) .. Во врска бев на време се спасив. Отварајте очи. Има знаци за посесивност и во врска. Не е тоа Љубов. Брак со таква личност е равно на бавно умирање, психички и физичка пропаст на жената/ мажот. ( Да не се лажеме и жени има болно љубоморни да не се правиме светици).
Само болести ќе се наполните со вакви љубоморни и мамини синови. Нив нема да им е ништо, а тие што љубоморат големи се шансите да изневеруваат, а болно ја следат партнерката и забрануваат се и сешто. Затвор. А мамините синови нека пораснат и нека се одделат од родителите. Се знае кога се јавува ма мобилен, не е дете па да замараат со глупости па и некои го оправдуваат тоа. Родители биле па што ај нека се јавуваат по десет пати. Не знам што толку се прави муабет. Исто важи и за мајка и ќерка, морало се да се раскаже. Треба да се искорени тоа градење куќи на повеќе спратови, за еден или двајца синови. Па и тој тупакот знае какви се и пак со нив да живеете. Абе отварање очи и подобро пробно живеење во една соба отколку веднаш дигање кредити. Па со таа сума стан се уплаќа.