Речи и: Да му сакам лошо, јас го родив, мое право е што сакам ќе му правам, не е твое дете затоа ич да не ти биде гајле
Џабе е. Пак ќе си продолжи исто. Она се замислува дека таа го сака најмногу, најдобро му мисли и слично
Јас да сум на твое место би го зела детето и би заминала.Ама,прво би направила сериозен разговор со мажот да ѝ повиши тон на неговата мамичка.Ако нејќе,чао пријатно.
Исто и јас ама мм не сфаќа... До некни дури ни за странство не сакаше да слушне иако знае дека од сосем петти причини сакам да заминам од земјава. Не знам што му бидна завчера ,разговаравме за со какви квалификации се примаат вработени во една установа и јас разочарана му реков ај да си одиме од овде ,рече ќе одиме нека потпорасне бебуш... Дури се изненадив. Т.е можи не дека не сфаќа туку не му се остава се ,зошто ја средивме речиси цела куќа овие две години. Повишено и е чупе... Знаеш што прави ,заминува два три дена кај пријателка без да каже збор ,се враќа третиот ден ,не збори тој ден и четвртиот тера по старо... Чиста манипулација. А јас не можам да заминам од повеќе причини.
Ако заедно барате излез од се, нов дом за вас 3ца, нема зошто да се разделуваш од него. Е тоа е почетна грешка, вложување пари и после си заробен едноставно да седиш тука. Се што си имал, си потрошил тука. Ама па парите вложени тука не се споредуваат со психичкото малтретирање. Спиј на злато ако сакаш, ако немаш мир, џабе е. Пак ќе кажам само наоѓање начин да се делите од неа, друг спас нема, тоа сигурно го знаеш и сама.
Се согласувам. Здравјето вреди многу повеќе од парите кои сте ги вложиле во куќата. Те читам цело време и твојата ситуација не се поднесува. Таква личност не можеш да смениш, само бегај што подалеку.
Те разбирам дека не можеш да заминеш туку така, ама мора да бараш решение и тоа во најбрз можен рок. Мислам дека се залажуваш само дека маж ти ќе сака да замине кога ќе порасне бебе. Прво, со бебе е многу полесно, мало е, не разбира многу и не бара многу. Друго, според невролозите психичкиот развој на едно дете е најбитен во првите две години од животот. Ако тебе не ти е ок, можеш да замислиш како му е нему? Бебињата осеќаат буквално се. Изјавата на маж ти не е реткост кај фамилии што сакаат да си заминат. Ова сакаат е малку дискутабилно, зошто многу и само на зборување сакаат и чекаат да се случи само од себе. Ако се мисли на детето и оно е стварно факторот за покасно заминување, тогаш тоа размислување е скроз погрешно. Јас мислам дека сепак тоа е повеќе изговор за непреземање ништо или одолговлекување.
Ќе изгледа како да го бранам ,ама не е така. Бебето ,не е бебе туку има годинка ,си има потреби и финансиски би било претешко да бидеме само со една плата, во градинка ни тука не можеме да го запишеме што се вика тек па на страна... Дали ние да се прилагодуваме или него да го прилагодуваме. Преселба во наш град не би прифатил и знам дека тука му е него грешката ,и го обвинувам за тоа во секој разговор ,, што со мајка ти ". Јас го сметам за напредок тој разговор бидејќи до тогаш кога ќе спомне странство беше ,,Добро ни е ,имаме убава работа двајцата ,добри и редовни плати зошто би заминале и од почеток се да почнуваме" Морам да напоменам и дека додека не се роди малата таа не беше ваква!
Тоа се е така, ама кога би имало детето 2,3 и повеќе години ќе мора да поминувате низ исто, само што тоа ќе разбира повеќе и промената повеќе ќе му влијае. А и финансии ќе треба повеќе. Муабетот е ако се сака се бара начин, ако не изговор. Извини ако ова ти звучи сурово ама кога те прочитав, мене така ми делуваше.
Драги феминки мои веќе 3 ден сум кај мајка ми на поседок и мажот ми воопшто ме нема побарано да ме слушни. Незнам веќе што да мислам, дали и вас ви се има случено истото???
Не. Ми се јавува секоја слободна прилика. И јас него. Може ни до толку не е ок, ама ептен сме приврзани. Ова твоево воопшто не ми е нормално.
А ти како издржа три дена да не му се јавиш? Јас на твое место веднаш паметот ми би отишол на нешто лошо
Пиша дека ти дозволува слободно да одиш кај твоите, па изгледа не е така и се лути. Ти си пишала да видиш како ќе издржи, ете го издржува. Нели и се смени тој? И не е, сето ова не е ни малце нормално верувај.
Мене ми се деси прв пат кога отидов ,ама не бевме во брак. Кога стигнав му се јавив да кажам стигнав и посче два дена не се јави јас чекав да видам. После кога му се јавив го подбрав и уште еднаш не се деси... Ама мене па никогаш не ми било забрането да одам кај моите .. и мислам дека никад нема да простам такво нешто.
Штом можи да издржи да не се јави, можеби и тој сака да се разделиме. Можеби и не ме сакал, можи затоа правел кавги и притисок врз мене...
Не е битно што сакал и што мислел тој. Битно е ти како се чувствуваш покрај него и со неговото недозреано однесување. Сакаш вака да живееш наредните 50-70 години, или не?