Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.952
    Допаѓања:
    123.541
    Јас едвај го чекав од работа , да го земе детето. Едвај чекаше да дојде дома. Ќе го земе па после седнуваше да јаде. Ниеднаш не сме спиеле одделно. Станувал и пелена мењал и млеко топлел и кога идел на работа
    Колку себични мажи имате и уште мислите дека така треба!
    Вие сте поуморни отколку тој на работа. Уште и ручек сервиран го чека, а он пак уморен.
    Сами си правите , сами се потценувате.
     
    На Liu, Feminka22, Мари_ja и 35 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.462
    Допаѓања:
    114.800
    Пол:
    Женски
    Три пати го препрочитував постов. Жено, каде си ти во приказнава? Имаш ли време за себе, за фризер, за книга, за филм, за одмор.. Ако вака продолжиш многу брзо ќе прегориш..
     
    На Feminka22, happygirl, crimson и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    И јас се ужаснувам кога ќе прочитам како мажот оди да спие раат, а жената борба води цела ноќ. Како ги фаќа сон не знам. Крајно себично. Предминатата недела големата не ми беше добра и ја земавме да спие на спална. Она од една страна, бебево цица од друга. Му викам оди во детска испружи се. Ама не отиде туку се свитка во долниот дел од лежајот и таму преноќи. За да биде тука ако затреба, а утредента на работа. Е тоа ми ја топли душава и ми дава до знаење дека му значам.
    Инаку не стигам ни ја се со 2 деца. Има денови кога по цел ден сум сама. Гледам децата да ми се средени, најадени, наиграни, а останатата работа може да почека кога ќе дојде мм. После заедно завршуваме. За викенд претежно готви и средува тој, за да ми остави простор да здивнам.
     
    На Mia Fuentes, Duhce123, day и 21 други им се допаѓа ова.
  4. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Приказнава е баш приказна, ништо повеќе. Станувала у ниедно време му топлела ручек ХАХААХ
     
    На happygirl, Oneo, DoubleK и 2 други им се допаѓа ова.
  5. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Де бре ама сте изнапишале од лошо полошо.
    Одам секој месец на козметичар,минатиот бев се шишав,ноктите ми се во мирување ради бебе.
    Летото бев 2 пати на море,измеѓу викенди со ручеци или дводневни екскурзии.
    Некој пиша млада сум.Да одговорам имам 32 години и не барам орден за домаќинка
    Тоа што пишав не се сељачки муабети како што сте ги нарекле туку жено вистина е постојат розови бракови.
    Незнам не би пишувала коментар во Ваш стил и да напаѓам,некогаш седнете дома и погледнете ја и неговата страна
    Зарем Вашите мажи би сакале да се по цел ден на работа и да ги пропуштат сите први моменти на Вашите деца?
    Незнам,секој за себе.Мене ми убаво.
    Јас со сопругот сум заедно 11 години (се вкупно со врска) знаев во каков брак влагам и што носи неговата работа и дека ќе е вака.
    Некоја членка пиша налет парите,нека се.Ако имам повеќе не значи дека ги расфрлам за глупости за да си пополнам време.Напротив не купувам брендирана облека ниту јадам и пијам повеќе од Вас.Се нормално и во граница
    Да не ве цитирам ќе се пронајде секоја што ме цитирала
     
    На happygirl, cresa-jagoda, Bebetoo и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    1.436
    Јас те разбирам,секој си прави како мисли дека е најдобро.
    Ти само си го опиша своето секојдневие,не ги разбирам другите што се напнаа..
    Жени воопшто не ви беа вкусни коментарите.
     
    На buba4e89, manako1, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Твој брак твој живот ако за тебе тоа е среќа ОК
    Девојката побара совет шо ја советува ти??
     
  8. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Побогу, не познавам жена што не оди на фризер, на одмор и на ручек.
    Малце си контрадикторна. Прво викаш дека ти е убаво, розев брак, после викаш знаев дека ќе биде вака (алудираш на тоа дека не е како што треба) и дали би сакале нашите мажи да ги пропуштат првите моменти на децата. Значи не е розев браков, сакаш само така да го наречеш. Не ме сфаќај погрешно, како ти одговара така прави си, само не давај совети дека така треба.
     
    Последна измена: 15 ноември 2021
  9. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Жени ајде нема проблем лелекајте,жалете се,карајте се по дома и терајте инат што да ви кажам.
    @Angella7 ќе запознаеш и жена која може и прави повеќе и од мене во денот нккогаш не вели никогаш.
    Бидејќи вие сте сите тука стручни за совети изнапишувајте си страници тешете ја девојката,пишете и го она што сака да го слушне за да се осеќа подобро.
    Ми се чини многу сакате да ви трчаат по Вас.
    Јас не бев груба во постовите али вие жени ептен сте дрски,незнам кој ви е проблемот што не верувате на пишаниот збор.
    Дека знаев дека ќе биде вака да рецплицирам на моето пишано значи ДА ЗНАЕВ.Работиме и создаваме додека сме млади и продуктивни.Да имаме ние ,да имаат децата.Со сопругот 11 години воопшто не се малку како функционираме и покрај сите обврски.Не ми суди ти за мојот брак каков е,јас сум задоволна.
    Во овој брак сум свесно знаејќи си ги обврските,поддршка сум на човекот кој работи за ние дома да имаме речиси се.
    Да,одам на одмор како и сите,одам на фризер,на ручек правам се нормално што тука ти е толку чудно?
    Оставам поголемо во градинка со бебе одам во маркер,во ДМ,во банка.Ставам во кенгур или количка и завршувам работа.Се се може ако се сака.
    Не би да пишувам,да се убедувам кога Вие не сакате да верувате!
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, viva.la.vida и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Оти тебе ти одговара таков брак, ама не и на тие што ти возвратија.
    Паника ги фати кога прочитаа.

    И мене, искрено... едно имам, не па две да се :worried:

    Маж ми одеше на работа и токму со мене гледаше дете.
    Да беше се' на мене препуштено, ќе се штрапнев од умот.

    Е не спиеме во иста соба ... пффф не памтам точно од кога... дали имаше малата годинка, или не?
    Јас го испашкав в дневна, оти ми грчеше и ме разбудваше.
    Доста од нејзе се будев, уште па и од него.
    Така се навикнавме и од тогаш рееетко да спиеме заедно.
     
    На hello-kitty.90, Stressed Out, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  11. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Незнам сега за сега се организирам.Бебево додека е мало го носам секаде и завршувам поголеми обврски со него,после 15ч. го зимам поголемото и му се посветувам на него.Кога сум послободна го носам до игротека,до продавница да си купи играчка,кај бабите во двор ако е убаво времето или седиме дома боиме,возиме колички...
    За спиењето заедно мислам уште малку ќе се преселам во спална зошто големото одамна преспива цела вечер во креветче а малово спие во креветче но сеуште знае да се разбуди.
    Бебе се разбуди,одиме да го будиме бато за во градинка :)
    Убав ден
     
    На hello-kitty.90, cresa-jagoda, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Исто како тебе бев (само без постаро дете), се сама организирав ама и немав избор тогаш. Маж во странство, полициски час, се пазевме од сите и не барав помош.
    Ама еве сега сакам второ дете, а го гледам првово какво е темпераментно и си викам како ли ќе издржам со две затоа и ти реков бубачки ти се децата или имаш челични живци :) Можеби ако се поголема разлика и поголемото има разбирање, па полесно да е.
    А памтам еднаш се пожалив низ темите како ми е напорно со бебето со грчеви и цело чистење дома, пазарење со него, готвење и добив лош третман дури една членка ми пиша гајба пиво дека однела дома сама со бебе, па знаеш колку неспособна се осетив?
    Еве сега двајцата работиме, па не гледам причина зошто еден да лежи, а цел товар да паѓа на другиот.
    Познавам една мајка цел живот е домаќинка, ги чува децата, а таткото навистина работи по цел ден на две места и нема време да и помогне ама да не ти кажам колку стана хистерична мајката. Лудило ја фаќа и само урла по нив. Не би сакала таква да станам.
     
    На Chantal, Luna91, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  13. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    По природа сум мирна и ретко викам по поголемово (3 години) .Добро дете е сега за сега.Храна и сокчиња не растура низ куќа ,си јаде само во хранилка.Дома има мала занимална па после градинка се заигрува таму и немаме играчки низ куќа.Навечер најдоцна 21:30 е заспан,бебево бара повеќе внимание но му наоѓам крај со крај и на него.До продавница,па малку игра низ дома се уморува и спие по 3 пати на ден.
    Засега сум ок со трпението.И јас порано работев но самата напуштив бидејќи првото ми беше премаутурче и бараше многу нега и прегледи па оставив работа и целосно се посветив на детето да го пораснам.
     
    На hello-kitty.90, cresa-jagoda, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Сите што живееме сами и имаме деца минуваме низ тие кризи со хроничен умор и пропратно на тоа нервози. Не гледам правило во однос на тоа кој каде треба да спие, сметам дека треба да се најде оптимално решение и двајцата за колку толку да сме одморени зашто утре не чека нов ден. И апсолутно не мора да се спие заедно за да се има секс.
    Конкретно кај мене јас лично го пратив маж ми во дневна зошто ми рчеше многу, таман ќе успијам бебе и ете ти го него почнал...и повеќе ми беше битно тој да е наспан зошто му се имаше и случено да задреме на раб на почеток додека се ставиме во ред.
    Имаше и кај него почетен бунт дека дошол од работа итн ама и сам увиде дека мора да бира или домашни обврски или дете да чува. Пошо нема кој друг да ни ги заврши.
    И сега на двајцата најмногу ни одговара иде он од работа му предавам дете јас си земам други обврски. Уморни сме и двајцата ама таман ни доаѓа он со дете да си помине време да се гушне и јас да сменам и да се раздвижам.

    А би сакала и свое мислење да пишам околу нешто што го читам во повеќе наврати.... Не си кратам од времето со детето за да чистам по дома, не ми е битна прашината. Ова не ми е јасно како функционира стварно, сметам дека родителство не е само да смениш пелена, да го нахраниш и да си играш со него туку да му обезбедиш и чиста средина. Не разбирам ползат бебињата по прљав паркет? Купатилото мувла фаќа? Садови стојат мирисаат?
    Не препишувам чија е обврската туку само ми забоде очи дека небитно е тоа туку со бебе да си играме да не си кратиме од тие моменти.
    Ајде ако не и двајцата дома да си седиме да си играме цело време па до кај оди оди...

    Конкретно членката како што разбрав пиша тука поради страв од оладеност и со право е тоа, првата година со бебе е многу критична ама освен разговор не знам што друго би помогнало. Инаку во мојот случај е маж ми што иницира јас сум по тешка.
     
    На tambelina, kalinaka, Ladybug98 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    ^да не значи ако не спиеш со маж дека нема секс ама добро бе луѓе нели ви е убаво на сред ноќ да го гушнеш да те повлечи на кај него и ред други работи шо се интимни а не се поврзани со секс.
    Да уморот е голем сами сме и ние ама се учиш да живееш со тоа темпо и да функционираш така.
    Мене искрено многу повеке ми значат тие работи него ли двајцата наспани он хрчи во дневна јас оптегната сама на спална едноставно ај донт гет ит ама тоа сум јас.
     
    На bertold, Safira26, tambelina и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Е сигурно црви не не лазат де, ниту децата се гушат од нечистотија, ниту одиме во гнасни тоалети.
    Тоа се завршува кога сме двајцата дома, па еден причувува деца, другиот средува. Или додека децата спијат, навечер довршувам тоа што ми заостанало. Не дека не се фаќа ништо по дома.
    Одма крајности.
    Еве пр во моментот јас усисувам и го слушам бебе дека е кенкаво, нормално предност давам на бебето, работата може и подоцна да се заврши.
    Во врска со спиењето можеби си во право кога велиш дека и утре треба да се функционира, ама сепак. Блискоста по мене не е само секс. Кај нас не случило да спиеме одвоени, освен кога мм имаше корона.
    Знае и мм да зарчи ама ваљда не е до толкав степен штом не ми пречи. Инаку нема правило кому како одговара и како му е поубаво.
     
    На tambelina и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не ми е убаво на спиење да ме гушне, оти ќе ми грчи на уво.
    Се гушкаме и бакнуваме кога сме будни.
     
    На Luminary, Stressed Out, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  18. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    @Luna91 Па јас не кажав ништо поразлично од тоа што го пиша ти, исто функционираме и јас и маж ми.
    Не збориме за подредување приоритети па да одам во крајност, баш потенцирав на кој муабет се однесува тоа " нема да си кратам од моментите со детето за да чистам, детето немало да памти дали било нечисто ќе памтело дека мама си играла со него ". Затоа не ми е јасно, не збориме за приоритети. Од како е родено детево така функционираме. Сама додека бев нешто фаќав додека спие набрзина и легнував и јас со него. Оти буден сакаше внимание па се друго се правеше откако ќе дојде маж ми. Сега пак чепка секаде не е секунда сам да го оставиш и истото е. Пак фаќам нешто додека спие пример алишта пружам собирам, ќе изџогирам. Другото покасно.
    А за блискоста и сексот првата година е критично, еве јас по мене кажувам кога ќе додје време да сме сами и ссинко заспал се што сакам е само и јас да си легнам...

    Епа има разлика од хрчење.... :D
    Кај нас е сега ова така, не можам да функционирам иначе сон ми треба. Да не хрчи нема никаков проблем ама он од една стрна бебе по сто пати се буди и утре дента сум walking dead...
    Е за викенд си спиеме заедно ама тука е за да ме замени да отспијам итн....
     
    Последна измена од модератор: 18 ноември 2021
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    аман со осудите во врска со спиењето, значи има луѓе што имаат слип апнеа и тоа е многу чест случај, не спиеле заедно леле во несвест паднаа, бебе нека урла цела ноќ, сите нервозни ама никако спиење одделно
     
    На Сара Лав, pufi-cufi, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    По одредени мислења, изгледа во мене е проблемот. Сум претерала во желбата дека маж ми треба да е вклучен исто колку и јас во домаќинството и родителство.
    Не живееме во 19ти век и ако се правиме модерни да бидеме модерни до крај. За момент помислив дека немам проблем со тоа, ама се случи. Што ако работи и хрчи? Он цел живот ќе работи и хрчи и да го чувам ли во стаклено ѕвоно во една соба? Па јас оти не хрчам да се отепам и дење и ноќе од обврски.
    Се прашувам што кога и јас ќе тргнам на работа, тогаш и јас ќе сум уморна исто колку и он. Па кој ќе ни готви и чисти тогаш? Знам јас како треба ама не знам како да кажам. Од толку лутина и бес во мене страв ми е кога ќе избувнам што ќе биде. Се надевам ќе можам да се контролирам, заради бебе.
    Кај нас бебе спие или го успивам мм кога си иде, па нема никаква обврска околу него. Еве вечерва спиеме јас и бебе во дневна, претходно заедно вечеравме, полежа пред тв па се префрли во спална да спие. Во меѓувреме чиниите со брокули и пилешко останаа на масата, плус лименка и чаша од пиво. Три пати беше до кујна, па можеше успат да однесе нешто натаму. Тој спие и ќе стане утре во 7 за работа, а јас сега ќе чистам за да не ни мириса додека спиеме и ќе станам за 2 саати да правам млеко, ако успеам да заспијам до тогаш.
     
    На Мари_ja, MeowMeow, Milobebence и 6 други им се допаѓа ова.