@Ladybug98 а да пробаш со разговор? Брои до 10, па и до 100 ако треба за да не избувниш, ама мора да кажиш сѐ шо ти тежи на душата. Ете, понекогаш се мулиња, не знаат да читаат меѓу редови и мора да им се нацрта за да сфатат. Јас мислам да не си собираш во себе повеќе. Ем физички растргната, ем психички се измачуваш.
Баш скоро ми текна на ова, заспаа двајцата, а јас лежам и го гледам и почнаа меморис да ми се враќаат како пред бебе спиевме гушнати, стануваме укочени цела ноќ не сме се одлепиле, па колку пати ќе се разбудиме за секс или само ќе се сврти за јас да го гушнам... И така ми дојде тешко зашто веќе не сме толку блиски и по некоја случајност следно утро мм ми вика 'како спиеш значи топ не те буди, детето плаче за вода ти му даваш и раката ти паѓа, шишето паѓа, малиот се нервира... Јас ти зборам, ти не реагираш'. И сфатив дека не е до нашата близина туку факинг умор. Тој и да ме гушне, јас нема да знам дека ме гушнал. Стварно не знам зошто толку немам енергија, знам дека имам преактивно дете ама не е само моето, има и други мајки како мене. Можда треба да си посетам лекар да ми препише нешто, значи мртва сум уште во 18h, немам сила за ништо. А за спиење во дневна ептен ретко спие, можеби ако е ептен уморен или ако се туткаме тројцата, па ќе му речам да се премести. Не сакам одделени да спиеме. А таквите моменти во сред ноќ што ги спомна се priceless И ова. Исто и кај нас беше критично и доста се расправавме околу глупости ради тоа што немавме доволно време за нас. Среќа го надминавме кога почнавме да си планираме и време само за нас, без детето. Некаде прочитав дека според некоја статистика најкритичните години во брак биле третата или седмата, јас би рекла првата година од доаѓањето на детето. Ние секогаш остававме да се видиме како луѓе навечер ама тоа ни беше голема грешка. Уморни и двајцата, ти се плаче за спиење ама седиш јер нели треба време да поминеш со партнерот, се беше исфорсирано и само се каравме. Од тогаш, наше време е првата дремка на детето. Тие 2-3 саати се наши, а навечер си легнуваме сите заедно. И поодморени и сите среќни.
Не си слушнала што значи да хрчи некој. Ден денес не ми е јасно мајка ми како спие покрај татко ми. Ние сега сме сите на спална, синко на среде. Откако сме вселени еднаш имавме секс на спална, синко на гости беше.
И јас не сакам да спијам со мм,прво со бебе спиевме в дневна,па се префрливме в спална тој во дневна,на првиот обид за reunion беше избркан во 4 сабајле бидејќи ми грчеше око не склопив. Со скоковиве и регресииве сме хаос,де е в креветче де со мене на спална,газ преку глава уште тој ми фали... Што ќе ми помогне тој? Стануваа таа зината за на цицка,ни нишкање сака ни ништо,строго ЦИЦКА,ме одра месецов,секој 20 мин се буди и дреме на цицка и што ако беше тој со мене,само непотребно измалтретиран. Преку ден помага по дома,за некои работи со стап да го буцкаш ама навикнав,тоа е,тешко е со бебе ама период е,ќе помине,ќе се стабилизираме. Мора да се одржува здрава ментална врска,физичката варира
Не е во тебе проблемот. Во него е. Еве не спиеме заедно, ама сум го разбудувала ноќе да ја думка, ехеее.... колку пати. Разбудувај го и ти. И спеј го за раскревањето. Јас го спевав/м мојот. Уште нема научено некој работи. Почни одма, за да не поминат 18 години и да не е донаучен.
Лутината и бесот водат на лошо,разговорот решава се.Еден збор железни врати отвара така беше нели? Да не се навраќам да пишувам што веќе сум кажала.И јас сум цело време сама и се стига се. Еве мм ми вчера дојде порано дома ,одмори малку додека спиеше бебе за потоа да седне и да поигра со децата. И зошто да го заспиваш бебето кога тој си доаѓа дома? Нека е баш тогаш будно,нека го игра,нека го чува,нека му дава млекце...итн. Јас искрено не ни барам од мм да ми средува низ дома редот што си го имам низ дома се ќе направи повеќе лом. Доволно ми е кога го има и малку слободното време да е со децата .
Разговор и само разговор отворени карти се шо ти лежи ке си кажеш. Се шо ти отчекуваш он да прави е нормално не си само ти мајка и не живееш само ти во тој дома за цел терет да биде буквално на тебе. Колку сака нека се може не е нормално се да правиш сама. Разговарај
Живеам во странство. Со Mr Right и две мали деца. Никогаш не сме имале некаква дополнителна помош околу децата. Два царски реза поминав, од болница сами си доаѓавме дома. Немаше ни кој да ми го почува детето 2 саати пред да отвори градинката, кога требаше да се пораѓам со второто. Се снајдовме некако и мојот сопруг работи. НО, обврските во домот ни се еднакво поделени, и навечер го будам кога бебе ќе претера со будење и кенкање и го нишка и успива без никаков приговор. Никогаш. И за викенди кога ќе станат децата, ги зема во дневна и затвара врата за да поспијам. Готвам кога можам. Кога ќе посакам и кога имам време. Маж ми не го очекува тоа од мене, само зашто сум дома. Си најдов и помош за чистење еднаш во 2 недели. Фала богу! Моментално не спиеме заедно зашто така ни одговара. Секс редовен. Членката е во право за сѐ што и’ смета. Треба да разговара со партнерот. Типот не е у хотел, туку дома, и треба да се прибере.
Devojki prasanjevo ne mi e za tuka. Mi treba advokat za vonbracni zaednici i brakorazvodni postapki. Najdobriot. Povelete kazete koj poznavate i e stvarno dobar
Не му се се плаши кажи му јасно и гласно што ти смета, што треба да прави, пример откако ке вечерате кажи му јас ке успивам дете, ти собери ја масата или прошетај дете јас ќе усисам. На мажи те треба да и им се каже сами не им текнува (односно им текнува ама знае дека ако он не собере маса ти ќе ја собереш). Најдете си некоја рутина што ви одговара и на двајцата и не собирај во себе, кажувај си се што ти лежи на душа. Ние дури сега после 6 години откако е родено детево почнавме да спиеме заедно и тоа само пола ноќ зошто синко секоја ноќ во 2 саат е нацртан во спална, а мм тогаш се префрла во детска. Мала спална ние сите големи не не собира сите тројца, а за да функционирам нормално ми треба сон. Вака функционираме ние. Одсабајле во сабота станува он со дете, играат, одат купуваат доручек, ми прават кафе и ме чекаат да станам, јас се будам наспана, доручкуваме и излегуваме сите тројца. Се прибираме дома, он легнува малку да се одмори, да поспие, јас спремам ручек, станува, ручаме го доуморуваме детето со игри сите тројца и во 9 е веќе заспан. Е тука почнува нашата вечер јас наспана, он наспан, дете спие, време само за нас двајцата. Обврските околу чистењето и готвењето се најчесто мои иако и двајцата работиме и тоа напорна работа. Ама ете ако е нешто за поправка по дома, јас не фаќам. Алишта не му пеглам, ако сака да не оди гужван ќе си ги испегла сам, ако нема ручек ке извади од фрижидер, ќе принесе, ќе јадеме сите, ќе прибере. Одсабајле спрема дете носи во школо, он го бања и успива јас тогаш го средувам станот. Таква рутина увежбавме за овие години можеби од страна звучи досадно и се едно те исто ама ни одговара и на двајцата. Јас си кажувам ако нешто ми засмета, он си кажува ако нешто не му одговара и гледаме да направиме компромис. Има и исклучоци ама вака нај добро функционираме. Мој совет е да го седнеш и сериозно да поразговарате да му кажеш што ти смета, да си каже што му пречи и ќе се најдете некаде на средина
Да се јавам после неколку дена Утрото после тоа кај што пишав дека ни ги остави лименките под нос и отиде да спие се разбудив нервозна и кога видов дека и ѓубрето не го фрлил му се јавив и му изнакажав се, добив одвратен одговор на сето тоа и вечерта кога си дојде не му зборував ништо и кога ме праша да разговараме му одговорив дека после тоа што ми го изнакажа сабајлето џабе е да зборувам, му го слушнав мислењето преку телефон и само резултат поголема нервоза ќе имам. Е од утредента, друга песна. Си дојде од работа, исто како една членка што пиша, му го давам детето во раце и си излегувам од собата. Го средив станот и се моткав низ собите, влегов он го успал бебе и си легнав и јас, му реков да го исклучи тв оти ми смета оти сум уморна. Другиот ден пак така и третиот ми вика оди ти подржи го малце бебе јас ќе раскренам. Вчера синко се разбуди во 6, отидов само му кажав буди се и оди со бебе јас ќе спијам и се изнаспав до 11 они се дружеле. Ми вика ај поседи само до вц да отидам, плаче не сака сам. Не отидов, му кажав снајди се. Нека види како е. Многу се промени како некој ѓавол да влегол во него со однесувањето, не го препознавам на моменти. Ама во меѓувреме искрснаа некои проблеми со бебе и сега сум ориентирана таму, да средиме ова па ќе се вратам на овој проблем хаха Ви благодарам на советите и мислењата мајки
Pozdrav zenski ne znaev vo koja tema da go vmetnam prashanjevo pa mislam najmnogu odgovara tuka Veke podolgo vreme go sledam mazmi na instagram celo vreme i lajkuva sliki na edna devojka(provokativni) ne deka mi e krivo sto ne sum kako ona ama stavrno kako ku....a e i sakam da mu dadam doznanie deka znam i da go prasam ama ne znam kako ?
Директно кажи му дека ти кажале и дека знаеш, и на ништо не личи. Него не му е срам да лајкнува, нема што да ти биде и тебе да му кажеш да не се однесува како загорен тинејџер.
Како бе срце незнаеш како маж ти да го прашаш. Вака: Море мајмун гледам нешо фрчат лајкови мајкови, друга работа немаш ли? Проблеми си немаш, сакаш ли да имаш? Многу им се мислите на тоа мужуњата, како да го прашам, како да му кажам.... Не ме сфаќај погрешно, неам лоша намера, ама мн нежни сте.
Женската не ти е крива што маж ти се понаша ко напален тинејџер, па да ја нарекуваш курва. А у ситуацијава освен директно да му кажеш, друго ништо не ти врши работа
Да де, таа е проблемот, а него му се плаши да му кажи што мисли и чувствува. @Nikolina35 многу ми се бендиса 'пристапот' твој
А шо да кажам бе Вајлд, како мм да го прашам ќе му се мислам..... Не потценувам ничии проблеми ама некогаш и сами си ги правиме. Да дојдам ја да го прашам ако не.