Марта Девилиш била во НАСА колку јас што сум била, девојката има само добар англиски и многу сака да збори, ништо друго. А да, и фан на Стар Варс, толку!
Прашање е кој прв почна да навредува. Баш жените што имаат проблем навредуваат. Сакаат совет? Нека не се расфрлаат со навреди и епитети за други жени само поради неколку слики на инстаграм.
Здраво. Незнам дали проблемот ми е за во темата дали да се разведам или тука.. Со сопругот од прв ден живееме само. Е сега се супер беше, проблемот почна со неговата сестра, т.е. со сопругот што дозволи таа да седи кај нас. Прво беше муабетот дека само дури има потреба 1-2 недели беа во прашање и јас се согласив. Но после тоа во договор со братот, си купи мебел за собата и си остана тука, во детската соба на син ми. Малце беше таа да е тука цело време и свекрвата почна да доаѓа секој ден и да седи тука. Со изговор дека си иди кај ќерката, во нејзината соба. Нема да пишувам за ред во домот, се сесруши. Со сопругот се караме буквално 24часа. Тој за се ова се оправдува дека сакал и тие да се чувствувале како дома тука, ама јас не сакам. Да кажам домот го земавме заедно, плаќаме кредит. Еднаш заминав кај моите, но се вратив, незнам зошто. Немав храброст да им објаснам дека сакам да седам кај нив, дека тука ми е пекол секој ден. Него му кажувам за развод, вика јас сум претерувала и не презема ништо. Незнам која страна да ја фатам, каде да одам. Имам и дете што дополнително ми е тешко што детето ме гледа рсплакана цело време.
Свекрвата живее во ист град имаат дом дупло поголем од нашиот. Таму седи свекорот сам. Она оди само за спиење.Претходно доаѓаше 1 неделно одвај на кафе. Срцето ми вика дека сакам да се вратиме на старо, само ние 3цата. Бракот ми беше супер, немавме кавги пред тоа. Умот ми вика штом дозволи други да има меѓу нас, не заслужува да сме заедно. Незнам што е правилно, вистина.
Го кажав ова пред да одам кај моите. Вика јас не можам да бирам меѓу вас. Он вака си е среќен, сите му се тука, а јас горам во душата.
Ако тебе ти смета, не е дека не може да бира, туку ги одбрал нив. Не требало да се вратиш, ама ај... било-поминало. Наредниот пат ако се заканиш исполни го заканувањето, оти вака знае дека замо зборуваш, а ништо не правиш.
@Fly11 кој го плаќа кредитот за станот, трошоците и се друго? Абе не гледам причина ни уште 5 мин. да седи кај вас ако веќе нејзините родители имаат дом и е во добри односи со нив. Што се нема по светот...
@Fly11 замини си и не се враќај. Нема што да се осеќаат тие ко дома кога не е нивна дома. Нека седи со мама и дада цел живот наместо со жената и детето ко што му доликува на еден зрел пораснат маж. Не се враќај кога ќе заминеш па ако не се поправат работите јас и за развод ќе се одлучев.
Зошто она да замине нека ги разбрка нив. Станот им е по пола на кредит како што разбрав. Или ќе го издадам под кирија ако не можам да го продадам. Јас видов дека она пишала еднаш си отишла, тоа е голема грешка по мене, зошто јас да си одам ако е пола мое. Он нека си оди со сестра му. И нека си живеат.
Грешка си направила уште кога ди дозволила соба да уредува во ваш стан? Не знам како си дозволила тогаш и преминала преку тоа? Јас би им рекла и на золвата и на свекрвата, штом веќе маж ти не сака, дали планираат да си се приберат дома или да си го земат и синот со нив. Премногу си дозволила... Јас буквално би ги избркала па што сака нека прави маж ми, а не јас да си одам од мој стан што давам пари за него
Пре пре премногу си дозволила. Јас да сум, на маж ми ќе се обратам ќе и кажеш ли да си оди дома или јас да и кажам? Ова е наш дом, ако не сакаш ти јас ќе и кажам, доколку не замине станот се продава, парите на пола и толку од нас. Земам дете и не ми треба повеќе. Ова мажите беттер од деца се некои. Ако не па ајде и твоите ти земи ги. Дома свекрва ми сама не смее ни чаша да земе сама, знам дека ќе си рече некој оваа па... Ниту јас кај неа не посегнувам сама, туку и барам да ми даде. Никој не сакам да ми се чувствува во моја дома како да се дома, затоа што тоа не им е дома и крај. Ниту ненајавени да ми доагаат, еднаш дојдоа и им објаснив со убаво дека не може така со бебе на кој кога му текне да доага. Да заземе соба на дете, има маж да го ,, минирам", разбирам да немаат дом па да ги прибереме и најлоши да се негови се, ама да имаат дом и да ми се прават домаќини е мало сутра. Не се само заканувај без да направиш нешто, реагирај и таа дотичната што се вселила на син ти во соба подбери ја. Некој ќе рече тоа е на маж работа, на маж е ама тој ако имал две чисти нема да дозволи на своето дете во соба да се всели, а таа да има куќа за 3 фамилии. Јас ли сум многу лоша, вие ли многу попуштате не знам, ама вака кога читам се нервирам некои жени што трпат од мажи и свекрви
@Fly11 дај му шанса на бракот, спаси го зошто и самата кажа дека кога сте живееле сите тројца убав живот си имала, собери ги сите што ти се мотаат дома на една маса без да го подготвиш сопругот, кажи им дека не бива веќе сите заедно на куп, тоа е дом на најтесното семејство, за арно и лошо за нив тука ќе си но ова е ваше време. Ако те нападне сопругот и не застане на твоја страна барај си друго чаре нека си бира кој му е побитен во животот. Сигурно има нешто повеќе кое не го пиша како на пример зошто од чиста мира сестрата при дом кај своите родители одбрала да живее кај вас и која е потребата секој ден да ја посетува свекрва ти… која и да е причината не битно крајниот резултат е лош кој никоја не би издржала на долг рок.
Дечки се одјавив, па го згрешив пасвордот и не можам да се најавам пак на истиот профил или па незнам како. Небитно јас сум @Fly11 . Да не ви одговарам посебно, ќе одговорам вака. Сестра му на мм дојде кај нас дека и било поблиску до едно место(приватна работа) и да не плаќа такси секој ден. Дека стануваше збор за неколку дена, се согласив. Собата ја уредија јас дури бев кај моите. Таа има 24год. братот и оди по чејф веќе разбравте сигурно. Сакала да поживее кај нас. Ние сме во брак скоро 5год. до сега тие доаѓаа многу ретко, како гости на кафе и ние кај нив така. Дома не се скарани или нешто слично, со татко и се гледа на камера секој ден, а живее на 15мин одалеченост од нас со кола. Тој ги вика дома, тој не се ни сеќавам од кога нема дојдено кај нас. Свекрва ми не се замара за дома ништо, оди на работа и кај нас дома до вечер па дома спие и пак исто. Скоро и нема ден да не е така. Мм кога им кажал на нив дека ми пречат и дека не сакам да живеат со нас, свекрвата кажала и вие не сакам да идите кај нас. Јас секако одев премногу ретко, и кај да одам кога е таа тука цел ден. Тој од тогаш пази што ќе кажи, случајно да не му забранат да оди дома, мозок на дете знам. Сметки, јадење, пиење си плаќаме се ние. Оние како гости на готово си се. Клуч им направил и нив, па влегуваат и излегуваат кога сакаат. Ми олесна на душата кога прочитав дека стварно сум во право што ова не е во ред, сопругот кога и да речам нешто вика што си толку дива, сите ти пречат и слично. Со чејф го купивме станот, средивме се ама се ми се одмили, не ми се седи "дома".