Мозок на дете баш. Место да им рече на двете дека ви пречат на двајцата, тој им рекол дека тебе ти пречат, ти да испаднеш крива. Немој си дозволила да те убеди дека ти си таа што претеруваш.
Тој е убеден дека јас претерувам. Изгледа и нема причина ова да продолжи. Тој гледа на ова како заедничко семејство а сестра му има право да живее каде сака. Јас ако спомнам дека ние 3цата сме семејство он вика знам дека не ги сакаш моите. Ама нема врска тоа со сакање... Да додадам, во врска бевме долги години, се сами постигнавме, од нула почнавме, кредити плаќаме за да имаме наш дом. Дури го реновиравме домот седевме под кирија две недели за да не пречиме кај свекрвата. Ама не се сите со осет.
Тој во што сака нека е убеден. Немој да те убеди и тебе. За стан за кој што плаќам јас пари имам право да живеам сама. Ама прост балкански менталитет, деца ќе направиш , стан ќе купиш ама од суќната на мама нема делење. Јас да бев на твое место досега ќе бев замината ако не можев да ги избркам и станот на продажба или што и да е опција. Ваква глуповштина не трпев во никој случај.
Имаш ти брат или сестра? Речи му дека од утре ќе дојдат и твоите да живеат кај вас и стварно нека дојдат. Ако му се свиѓа ок топ, ако не нека прибере тоа сестрето да се сели од собата на ВАШЕТО дете и да почне ко сопруг да се понаша. Се напнав пред спиење, треба хелекс да пијам, кај те прочитав жено, се изнервирав - све оди по светов.
Значи свекрва ти знае дека ви прави проблеми и упорно си седи таму со се ќерка и. Ај они две што се гад луѓе, батали ги, не ти ни требаат, туку грабни го маж ти. Речи му спакувајте се, ќе го продаваме станов. Јас сакам сама да живеам, ако сакаш со мене и детето повели, ако не, ти посакувам среќа во животот без мене.
И јас баш се изнервирав. Имала сестра му право да живее кај сака, а бе ако она нема осет парталите низ тераса ќе и ги фрлев. Во свој стан да не можеш да дишеш.
Имала, мај ес.... Јас у куќа на мм живеам па деверот а ни свекорот дур беше жив несмееја накриво да ме ме погледнат. Кај пари им даваш, плаќаш, се мачиш низ животот ќе ме зеза некој аха. Многу е нежна девојкава, да е некоја друга немало ни да помислат а не да се довлечкаат.
Заминав кај моите, ама немав храброст да им кажам што се случува. Двајцата се со здравствени проблеми не би сакала да ги стресувам дополнително. Со дете/бебе каде би одела сама а платата заробена со кредит. Пр Имам брат, женет си живее со семејството. И да го викам не би дошол цел ден да седи кај нас, не па да живее со нас. Сопругот ќе разговараме/ќе се караме и вика готово сум го разболела јас со глупости. Јас работам од дома, после со детето, рает не можам нозете да си ги испружам. Тој се прави по дома, си работи, си игра со детето ама џабе кога не се ни труди да го среди овај проблем.
Знаат двете дека ние сме пред развод заради нив, ама баш им е гајле. Јас дури бев кај моите свекрва ми тука си носела и другарки на кафе, слики имаа објавувано на фб, сликани во нашиот стан. Знам дека сум многу пропуслива, ама верувајте животот во пекол ми се претвори овие месеци. Секој ден кавги, со плачење легнувам, со плачење станувам. Значи не ги мразам нив, ама стварно ми треба мирот и животот од претходно. Си мислам кошмар е ќе се разбудам.
Не потпаѓај под манипулации од типот ме разболе бла бла, никакви лигавења и дрн мрн. Ќе кажеш вака, имаш време до понеделник - или гитла од овде твоите или продаваме станот и секој на своја страна. Детето кај ви спие? Нека ја земе сестра му со него ако не на спална, нека го остават детето да си има соба! Не дозволувај никој да те гази, ти си го разболела а тебе кој те разболува?
Кредитот на кого е? Дај му рок два дена да се одстранат од таму. Ако нејќеш со плачење да легнуваш и стануваш не треба да си попустлива, замини си кај твоите и станот на продажба.
Немој да дозволиш да си го уништиш животот. Немој да попушташ веќе, доста си попуштила. Сега се е во твои раце. Колку си добра толку ќе те газат и ќе си зимаат сила се повеќе. Реши ги и чао.
Во право си. Се нервирам дека не разбира кој е проблемот или разбира ама не сака да си ги расипе односите со нив. Ако забранел да идам ќе се налутеле засекогаш. Ама бракот наш нема проблем и да се распадне изгледа. Детето уште спие со нас, во креветче, малечок е. Дење си спиеше во соба, ноќе со нас, уште го дојам. Собата беше средена до пола, фалеа уште работи. Сопругот ги раскрена настрана уште бил мал за соба, небитно.
Леле се пренапнав. Јас не знам што луѓе се тоа. Прво маж ти, па после тие коконите. Седни ги уште еднаш смирено објасни му дека тоа вашето не е брак. Секој да си го гледа својот оџак. Прашај го зошто вие сте оделе под кирија ако требало на некој да се тупосаш. Не дозволувај да те манипулира. Заштити го детето и себе. Затоа што на него му треба здрава и среќна мајка, не расплакана. Алал да ти е на нервите. Јас у пичку матер би ги отерала без око да ми трепне. И онака си пред развод и маж ти не те сфаќа, бар покажи им го местото. Ти излезена од својот дом, Она си става слики со другарки. Кој безобразлук. И не е мал син ти за соба. Тоа е негова соба дал ќе спие таму или ќе си игра небитно. Не е должно детето да се стеснува во една соба и да трпи негатива таму.
Кредитот е на двајцата. Цела заштеда ја вложивме во овај дом. Буквално сите пари ни завршија тука. Не сакам заради убавите години поминати, да се распадни ова. Јас имам исто зборувано со нив, ама тие викаат дома биле тие.
Детето под мишка и ти тупосај му се на свекорот. Тие кај тебе, ти кај нив. Жено божја шо нерви имаш да ми је знати Кај таа па уште и другарки си носела. Да не е делот од мажот ти за станот со нејзини пари па шо мисли дека е нејзин?
Знаат се што се случува, ама тие си тераат со животот, убаво им е вака. Јас со него се убидувам да средам, дека прво тој мисли дека јас изведувам и претерувам. Ова било нормално да идат така. За него е се нормално. Ако еден ден мајка му закасни од на работа одма и се јавува каде си, кога доѓаш.
Жено што те прочитав само, притисокот ми се крена нема до сабајле да заспијам. Јас да бев не нив цела зграда имаше у воздух да ја кренам. Ти што не ги прашаш нив дрско и во лице дали се родени без осет или не е генетски, да не се мислиш? До кога мислат да квачат јајца кај вас? Сериозно, баш вака би ги прашала. Седни уште утре ии разговарај со сопругот. И биди одлучна џа или бу и нема отстапување. И внук ми уште не спие у детската соба, ама спремна му е, нова и чиста, не спие ни баба му ни вујна му ни тетка му у неа.
Ако се дома нека одврзат кесето и они нека го плаќаат кредитот, сметките, јадењето... Како така дома, а без никаква обврска. Кај не може да помогне, па уште да му уништи брак на детето свое и внучето да остане со еден родител. Колку себични створења. Ова е иживување. А тој маж ти, не знам. Слеп при очи.
Заштедата што ја дадовме за учество беше лично наша. Кредитот го плаќаме сами, се запира од платата. Она не му купила едни смоки. на детето, кретит ќе плаќа