Ја сум по куќите, ко шо рече една членка оној ден, ако им дојдам таму све ќе средам за 2 минути. Нервно пропуштивме од муабетов бе, ем се нервираме ем се смееме у исто време. Жено не се предавај, не си престарела, ако не го бива нек иде у три лепе. Чувај здравје и дете.
Епа тоа оти е добродушна кокошките немат осет. Лелее на мене да ми се, има да се окозам ама сите ствари има пред врата да си ги најде распослани. Има брава сама да си сменам ако треба. Мене ме фати инает, а маж ми нема шанси да го погледнам, јас да се нервирам и да заспивам плачејќи нема шанси, ниту е прв ниту последен, не мо треба таков па макар 100 години биле заедно, со ќе ми е маж ако не сме сложни заедно, се друго можам сама.
Баш мажите! Како бе ги воспитват да не си го осеќаат како примарно семејство тоа каде им е жената и детето, ами секундарно? То е оти од мали нас не учат дека 'ќе си одиме и тоа ќе ни биде дома', а нив ги учат 'дека ќе донесат' Мора да си ги смениме навиките и да не ги делиме децата по пол, оти никогаш нема да запри ова... не знам ни како да го наречам... Глупост, која апсолутно е непотребна.
Ми текна нешто, да не му дале свекрвата и свекорот на синот некој денар за стан кога сте плаќале учество, па сега да не си мисли дека и она има право таму..
Јас нема ниту да ги прашам по таков безобразлук што го опиша дека учинуваат, идам им викам од пон. да ве нема. Ама таа има проблем со мажот не со нив две до толку, ама ќе види и тој како ќе реагира ако повеќе си ги сака дада и мама ајт со се нив, после се ќе средат, првичното е да се види кој каков е на лик, да им паднат маските.
Мислиш им е гајле, членката во очи им рекла да си одат они рекле дома сме, ти па ке се потресуват за форум.
Истото ќе го пишев. Нека го седне малку тој волот да прочита неутрална страна. Инаку ако треба идам и јас со стапот. Ко ќе ги распердашам тоа кокошките, пердув нема да им остане.
Веќе одговорив на ова прашање, парите што ги улативме за учество се лично наши, штедени од плати дури бевме во врска, потоа верени и живеевме заедно. Они живеат од месец за месец, мислам и воопшто не ме интересира, нивни пари.
Јас да сум како неа, ќе земам и ќе го објавам мебелот на золвата на Дај не фрлај, на првиот што ќе ми пише ќе му речам одма да дојде и да го земе па и црн ѓуптин што ќе го препродава нека е, а нејзините работи во куфер и кога ќе тропне за да и отворам, нели предходно веќе сменета брава, ќе и го дадам само куферот и ќе и речам ГИ ТЛА.
Утре кога ќе станеш, прашај ја свекрва ти кај и е тапијата од станот, бидејќи нели дома си е. Ако нема тогаш да оди кај шо има црно на бело.
Тој знае дека сите од страна се чудат со нас. Ама штом му кажа мајка му, се смени, како друг човек. Сега тие мора да се секој ден тука за тој да оди еднаш месечно таму по некој сат. Свекрвата сама кажува дека сестри,пријателки ја прашувале како не си оди дома, нема обврски и слично. Модерни сме вика ние мажот средува по дома, јас уживам. Ужива, ама на мојата глава
Флај, јас си отидов еднаш сосе дете, заради слична ситуација.... и то, тие ни го дадоа станот... односно, препишан беше на маж ми, уште пред да се запознаеме. Дојдоа да поседат 2-3 недели додека го реновираат другиот стан за новата снаа, а јас бев свежо породена и со пост-породилна депресија во пол ек! Не издржав да поминат ни три недели. Не можев да живеам така. Не спиев воопшто, исто ко тебе, само плачев, млекото не ми идеше ко шо треба, ми досекна... И парталите, детето и кај мајка ми. Му реков на маж ми, дека не се враќам додека не си отидат. Планирале на тие 3, да останат уште 2-3, оти им текнало уште нешто да сределе, ама маж ми ги испрати по патот и си се вративме ние со детето. Спремна бев и да не се вратам ич...
Џабе е, нив не треба ниту секунда внимание да им обрнува повеќе, има чаре и начин и без нервоза сами да си заминат и културно да и се извинат што биле подолго од прифатливото гости кај неа и маж и, ако е тој со неа во заедница, ако иде со нив кај неа само што седеле тие две и тој, чао адио ќе им рече на крај и таа. Има чаре за се како влегло така и ќе излезе дали двете или тројцата ќе види таа самата.
А со свекорот во какви односи сте, дали доколку поразговараш со него би можела да го решиш проблемот со разговор и мирно, да си ја прибере барем жена му, па оваа золвата сама ќе ја исфрлиш?
Мажот застанал на твоја страна, мојт не сака да ги налути. Незнам дали сум спремна сум да заминам засекогаш. Ајде ги фрлам годините во вода, едно искуство. Ама јас се вложив тука и уште давам. Ајде и тоа ќе заврши. Криво ми е многу, ако верувате на никој немам кажано што доживувам. Другарки не викам повеќе дома, незнам што ќе кажам што се случува. Кај моите има место за нас, ама стварно сакам да му дадам шанса на бракот... Ама изгледа само јас се трудам да опстои..
Аууу се пренапнав. Вечерва ќе го решев јас проблемов. Едно такси и да се изгубат. Све трпам ама навлегување во личен простор и дишење во врат никако не трпам. Па уште те убедува дека ти претеруваш! Мочко