Него глас не му се слуша, ни па некој ќе го послуша. Ги бара да си одат дома, свекрвата вика нас ни е убаво тука. Он сам си готви, пегла и се што треба.
Кога заминав не знаев на чија страна ќе застане. Не сакаше ни да одам Битола, ама не сакаше ни да им речи дека ми сметаат. На ризик отидов и буквално му дадов шанса да бира меѓу нив и нас. Можеби беше злобно од моја страна, можеби требало да 'издржам', ама ете, не можев. Свекрва ми велеше дека не сум ги сакала кај нас да идат и затоа сум ги избркала. Е и на мојот не му се слушаше гласот, ама го искалемив. Ама ти реков.. мораш да ризикуваш. Ако не ве одбери вас, не ти ни треба. Така јас си рационализирав за мене.
А зошто ти да си одиш од домот за кој ти плаќаш? Дури и хипотетички да се разведете, не им го оставај станот. Твој е и на мажот ти, други луѓе немаат право на него.
Епа сега веќе тоа е твое навака. Мислам доволен број луѓе ти кажавме дека си во право и имаш основа да се лутиш. А ти ако сакаш можеш и милион шанси да даваш. Ама решението нема од небо да ти падне. За да не се распрадне бракот треба двајцата да се на иста фреквенција. Парите не се ни проближно вредни за мирот што го немаш.
Никогаш нема да го решиш вака проблемот. Еден куп совети ти дадовме и нема смисла веќе да продолжуваш да трпиш. Оди си па ако сте му битни ќе ве побара, ќе си ја сфати грешката ако не тоа е. Јас така би зошто не ми се фрла здравјето искрено. А во твојава ситуација да бев ни 3% не би истрпела од ова ти шо го трпиш. Не знам шо ум да давам поќе. Се е кажано.
Јас мислам дека ни ти не си чиста пред себе што сакаш. Бракот не се средува со седење и ќутење. Каков е бракот сега, имаш нежност, имаш секс, имаш приватен муабет со мт? Имаш приватност да спиеш да јадеш да се ебаваш како сакаш? Кој брак сскаш да го спасиш не сфаќам. Ти треба да избркаш се од станот па ако он не сака да го спаси бракот нека пропадне. Ја да сум додека се сите на работа мењам брави, па одам кај моите. Ни тие ни јас. Нека одлучи мт што сака, па ќе отклучам да си земеме сите работите.
А така он сам се одржава, а кај вас ти им готвиш, средуваш дека нели рече они само се како гостинки така?
Ја вака и маж ми и сестра му низ врата.Нека бира.Јас можам и сама да чувам дете. Што е многу-многу е.А свекорот шо праи? Не ги вика дома?
@Flyfly111 Мене ме интересира која е таа толку битна работа што сестра му мора да живее тука на 15 мин.поблиску??? Поблиску до што? Здрава и права е она или не е? Кој изговор човече да ти заседнат и да не мрднат од тука, уште па и свекрвата да иде секој ден. Ако не си отидат, јас би рекла да се продаде станот и да делиме парите или да ми исплати пола од станот и нека живее во тој инцестоиден нездрав колектив....
Јас како што кажав заминав, сопругот цело време ми пишуваше пораки да не кажувам на моите, ќе се среди се. Вика ајде ќе си одат, незнам што. Јас се вратив, тие не беа тука. Свекрвата нареден ден се јави и му изнакажа се на телефон. Се што пишав до сега, дека и тој да не оди таму, да заборави на нив и слично. Јас му кажав дека сега е моментот да не попушти пред нив, ама не ме послуша. Наредно утро, од на работа ја пречекал свекрвата и заедно си дојда дома. Јас бев во шок, бев убедена дека конечно ќе се вратиме во нормала, ама не било така. Од случкава има неколку дена и секој ден се мислам дали да го викнам татко ми да дојди по нас и да заминиме засекогаш. Сега ќе се обидам повторно, уште една шанса и ќе бидам одсечна како што кажавте, или тие или ние. Ама овој пат заминувам и наредно се гледаме на суд.
Ај направи така и стварно ќе се гордееш со себе си. Он ти вика не кажувај на твоите пошто му е страв да не те посоветуваат ко ние сега зошто секој здраворазумен човек истото ќе ти го каже.
Види го мајмун бе! то е манипулациски трик шо ти го напрајл. Оти да не им кажиш на твоите??? Те изолира, да немаш своја социјална потпора, освен него. Не ми се бендисва ич муабетов....
Јас да сум на твое место би му дала ултиматум на маминото "маже" или тие или јас дома и готово. Ама и би си стоела на зборот. Ќе иде кај мама со муабет на жена ми и сметате, тоа можело мн по политички цццц... ебате мажот
@Flyfly111 ништо да не криеш од твоите. Од нив ќе ја имаш најголемата поддршка. Од искуство ти кажувам.
Јас готвев 1-2 недели, ама после кренав раце. Сега готвам само за себе и за детето. Во право си, брак на хартија е сега. Не сме се гушнале два месеци можи, да не зборувам за други работи. Нешто повеќе од половина од вкупната сума. Со учеството и кредитот.
Консултирај се со адвокат пред да заминеш. Имаш пристап до финансии? Твои, негови, од твоите, било кои...
До сега не спомна за насилство таа, а мене ми делува дека е нарцисоид битно му е во очите на нејзините мама и тато тој да е цвеќето за мирисање иако и таа без да им каже кога потишла дома на нејзините јасно им било дека имаат проблеми. Ама ај тој што и рекол да не им кажува таа спомна имале нејзините здравствени проблеми и се грижи да им призане на што маки е. Јас ич не би мешала мои нема да паѓам на негово ниво кај што тој ги меша сестра ми и мајка му во нивниот брак, сама ќе пресудам за се, ама она е многу добродушна и многу им допуштила и сега ја вртат околу мал прст. Ама @fly111 не мора и понатаму да си таква како они со тебе и ти така.