Знам дека не спомна насилство, ама изолација, да немаш на кој да се потпреш, освен на него, ќе те направи многу поранлива. Ти одзема од моќта.
Да те прави некој будала при здрав памет, да ти ствара неподнослива атмосфера дома, а да те убеди дека ти си луда и претеруваш што ти смета се вика gaslighitng и те како спаѓа во насилство психичко.
Епа ти што има да се мачиш и да готвиш воопшто, работиш од дома пиша иди кај свекор ти, тој нека ви спрема на сите или и ти таму готви си само за тебе и детето, он за него, ај ако не дојдат они по тебе таму еве да не се посомневаш. Ама ако продужи тие таму, ти со свекор ти ако имаш нерви и време види до кај ќе им сече умот и до кај ќе тераат така. Ама мислам одма бар свекрва ти ќе се затрча дома кај нив зошто знаеш кај нас што ќе речат комшиите и блиските снаата седи со свекор и и детето, а свекрва и со ќерка и кај неа и маж и во домот. Ќе се затрча одма кај вас, кај неа дома
Така е, ама и она им премолчува пиша зошто заради здравјето така да не е се до него и она има удел зошто е согласна да премолчи, иако пишав они веќе знаат дека има проблеми или претпоставуваат на големо.
Да, финансиите се заеднички, мислам и што е нормално. Плаќаме кредити, сметки, трошоци за детето и се друго. До сега немало проблем околу тоа. Исто не е насилен или да не навредил нешто некогаш. Затоа и пишувам сега како со друг човек да разговарам на различен јазик.
Мислам дека ова не е голем проблем поради кој би ги вознемирила многу нејзините,ако им каже, и дека ќе има само корист ако им каже они да дојдат и да се разберат со свекрвата и золвата.. Повеќе би се вознемириле ако дојде еден ден и им каже што све трпела и зашто се разведува и тоа се наеднаш, отколку сега да каже и они да помогнат да се реши проблемот.
Знаеа дека глумам дека нема проблем, ме прашаа неколку пати што се случува. Не кажав баш ништо од причина дека имав надеж, дека ќе се среди се и ова ќе е минато. Не сакам да ги нервирам за секоја наша кавга.
Чим имаш пари, оди на адвокат. Па немам ни појма колку кошта коснултација.. можеби некоја знае на темава... Дечки?
Јас заради ова дека не сакаш да ги нервираш ти пишав ти да расчистиш со овие, иако во право е @WildMk со премолчување на твоите и делимично послушување на маж ти губиш дел од моќта, превид направив на насилство помислив само на физичко инаку во право е @Mantub он веќе психички те манипулира си скроил мрежа околу тебе. Ама пишав јас уште пред ова да го дискутираме ти повеќе имаш проблем со него. Со двеве директно од пон. да ве нема, ако тој застане на нивна страна и гледаш си седат тројцата им велиш на сите идете си не идат, а тебе ти пречат чарето си го знаеш. Без акција нема реакција.
Верувај никогаш не би дошле да решаваат проблеми тука. Мајка би ми кажала нека заврши се, дојди дома, имотот ќе се подели, не вреди да се трудиш за овој брак. Ама како би го поднела тоа со нејзина здравствена состојба, незнам.
Ова не е секаква кавга, муж ми да ми напраи како што ти напраил тебе да дојде со мама на врата да не се договори да не каже а покрај тоа да иаме проблеми нз баш дали ќе заќутам у наредните месец дена има џигерот да му го вадам па ќе си отидам(тие месец дена ќе бидат лична сатисфакција-нема да можр ба раат ни да спие музика има да му трешти од сите страни). Лелеее мора да јадам од нервоза жено сеа, а таман планирав да ослабам малце.
Не е мала кавга оваа. Домот ти го окупирале. Ти си Полска, тие се Нацистичка Германија, а маж ти е колаборатор на Нацистите. Е вака, 'сликовито' да ти кажам
Ова не е кавга од типот "секоја наша кавга". Кавга е едно, да стигнеш да размислуваш за развод е друго.
Верувај дека не можеш се да сокриеш. И јас криев од моите и откако почнавме посебно да живееме зборев со моите и имам поддршка од татко ми. Родителите секако ти мислат најдобро. Исто како што ти мислиш за своето дете.
А да му се јавиш на брат ти, нека дојде и нека поразговара и он, малку плачи му, кажи му се како што е, кажи му дека ова не е проблем во брак само, туку проблем со кој не можеш да се справиш сама, кажи дека веќе си почнала психички да паѓаш, дека не можеш да ги трпиш, дека ти вршат золвата и свекрвата психичка тортура..
@WildMk Па може тактички. Ја кога го оставив мм еднаш не им кажав дома дека сум го оатавила. Им реков дека намерно го оставам сам за да сфати што сака, притисок дека му правам и дека ќе се вратам дома. Дома бев расположена иако ми се плачеше ама така не истресирав никого.
Жал ми е за мајка ти ама и ео ова што знае дека има нешто а не и кажуваш што не ја ставаш баш у завидна позоција со здравјето, биди искрена појака е она него ти што мислиш кога се работи за дете сите сме појаки него што било кој може да замисли, ќе биде она добро.