Ти мислиш дека ги заштитуваш со тоа што криеш од нив ама ти си нивно дете верувај гледаат дека не си добро. Не можеш секогаш да глумиш. Вака кога те гледаат како се нервираш цело време мислиш дека им е сеедно? Не и на нив им е тешко што детето не им е среќно. Исчувале здраво право дете и таму некој да го нервира и малтретира (психички).
Ризично да, ама ако можеш посликовито малце да објасниш не мора во детали зошто сестра му баш сега дојде кај вас и што и е поблиску од кај вас, до болница да не иде поблиску од кај вас и она да не е нешто неарна, чудна е целава ситуација извини вака луд, је*е збуњеног е работава. За твоите јас од старт не би да ги инволвирам, а по ова што читам ич не би, а и пиша мајка ти не би се мешала. Со брат ти колку сте блиски би се умешал и стоел на твоја страна да ти се најде?
Дека сум појака, ќе цркнам порано. Остај ти тоа. Пола саат да се бркаш околу зграда со мт, и после да се правиш дека ништо не е. Ми знаат нервите.
@Flyfly111 дали ти е страв да им се спротивставиш?? Зошто директно на нив не им кажеш дека не сакаш повеќе да идат во твојот дом?? Од кого и од што се плашиш?? Нели сметаш дека животот е премногу краток да не си го кажеш тоа што ти лежи на душа и што те мачи и да го живееш животот други како што сакаат. Јас да сум на твое место директно би им рекла во фаца и на свекрвата и на золвата да си заминат. Друга работа, мислам дека свекрвата и золвата намерно ова ви го прават за да ви го растурат бракот, зошто не ми е логично тука да седат без никаква причина, после 5 години сигурно тука така не им текнало да идат, имаат некаква намера. Тебе ти фали само храброст и да ја отвориш устата, да завземеш став. А за сопругот немам коментар .
Ама само прашувам, многу е чудна целава ситуација, она прво рече од кај нив и било нешто поблиску, а двава дома им се 15 мин. возење оддалечени ај сега некоја логика зошто па баш кај нив да седи кога од дома и е на 15 мин. растојание од кај нив, не знам чудно ми е, како и да е и јас како и ти мислам брат и да и се најде. Дека од седење и ќутење нешто ќе се смени нема да се смени.
Мене целава ситуација ми иде ба зазимање на територија од нивна страна. Јбг... не си сама види не имаш нас, избори се за себе и кажи на твојте
Сестра му сега да размислам банални причини се ама ај.. Требаше да полага некој испити, секој ден. Да не патува со такси, нас ние во комшии местото, да седи тука. Океј однос имавме, реков можи, без некаква помислам дека има намера да остани тука. Здрава, права особа е.
Јас со нив разговарав многу пати дека вака не сакам и ми пречат. Одговор добивам дека тие се дома кај синот, јас продолжувам со него да се карам и така во круг до без крај..
@Flyfly111 ти треба поддршка од најблиските ама само ти можеш да одлучиш што понатаму. И размислувај си за детето и за 5, 10, 20год од сега.
Не ми се верува што читам. Искрено се вознемирив. Во мој, лично мој, стан што јас го исплаќам да ми се "всели" некој непоканет па уште и да вели дома сум си уф не знам што би се случило. И јас сум доста попустлива и трпам доста ама жено ова стварно е премногу. ПРЕМНОГУ. Мораш да пресечеш бидејќи маж ти нема да среди ништо а ти чекајќи и молчејќи ќе се разболиш само.
Кажа дека најмногу една недела е во прашање и толку. После една недела, заедно бевме кај свекрвата, да ја оставиме демек со работите. Таа си спреми куфер и се врати со нас назад. Јас прашав каде сега и вика кај брат ми, поубаво ми е таму. Сопругот вика добредојдена си во секое време. Си дојде со нас, свекрвата почна да доаѓа демек да се гледа со децата и така почна се..
Изгледа. Свекрвата почна да доаѓа прво еден сат, па два и така натака. Почна да останува цел ден па за спиење да го бара свекорот да ја зема. На прашање од моја страна да ставам кафе, да не си одиш, одговори каде да одам тука сум како дома јас. Тој доаѓа по неа кога и да посака таа.
Мажот и им го допушта ова, затоа и таа потоа има проблеми со него, првичниот проблем она го има со него, тој е недозреан кога мајка му го заплашува со ако не заживееме кај тебе со сестра ти ти нема да имаш право да идеш кај нас. Зрел и прав маж ќе се насмее само и ќе и рече имај убав ден, ќе си ја гушне жена му и детето и нема да им прави клуч и на двете кај нив дома, ги усели и си спие на уво кога сопругата му плаче во постела.
Сто посто. Таа ако е сестра нормална ќе размисли дека им го ремети мирот и ќе поседи ден два, а не да се всели па и мебел да си мести. Тоа е премногу, премногу си дозволиле, цел стан им го окупирале, како да е нивен.