Баш така. Јас и кога се вратив ова го очекував од него ама ништо не добив. Он спие во дневна, ама битно сестра му има своја соба.
Ништо ти имаш проблем со мажот и да ги истераш нив и еве да остане тој со вас и да си терате пак заедно вие тројца па и не треба да му помине ова се без сериозни последици и запримедби. Може па и он ги викнал да ви се утрапаат, зошто-како само он ќе ти каже, седнување и отворени разговори до крај. Станот е Ваш нема кој да е постојано добредојден до момент на трајно вселување кај вас дома.
Се мачиш да си створиш сопствено гнездо и некој вакви прости, заостанати и просто-лукави ќе се најдат да ти го реметат мирот.
Уште нешто од мене и толку се исклучувам, две паковки урми изедов од нервоза, ако не можеш да ја избркаш со убаво избркај ја со ум.. Кога има за учење земете со детето пуштете си музика, играјте, намерно оставај го да плаче детето, земај му ги играчките, лупајте со топка, кога има предавања пуштај правосмукалка, буквално се направи за да и го загорчиш животот, немој да го полниш фрижидерот за да мисли дека се ќе има на готово, јадење купувај од ден на ден само за вас, ќе земеш некој пат и ќе и ги измешаш алиштата сите заедно, нека и се уништат, интернетот стави да може да фаќате само ти и маж ти, блокирај се друго, речи слаб ми е интернетот, преоптоварена е мрежата.. Од гостопримлива снаа, стани одвратна снаа и види како ќе реагираат и дали ќе си одат.. Избркај ја золвата, ќе си оди и свекрвата.
Само мисла, кој здрав во мозокот маж би допуштил бракот да му се распадне за вакви работи? По мое сите 3ца се договорени да те исфрлат од станот. Маж кога си ја сака жената нема да дозволи влакно на неа да падне, а не камо ли вака да и се прави. Види дали мажот вистина те сака или сака да се отараси од тебе преку кокошкиве. Не се тие дојдени туку така во станот. Мислам не се навредувај, само мислење кажав, дај Боже да не е така, па само маж ти да е глуп. Утре ултиматум и бегај дома, немој да мислиш дека твоите незнаат. Кажи им. П. С да надополнам, обвини го дека сака да те исфрли од станот, за да не може преку жалопојки да те набедува дека ти си крива. На напад со напад возврати.
Ама кога била кај мајка и' ја молел да се врати и да не им кажувала на нејзините за проблемов, се' ќе средел. Не мислам дека сака да ја избрка. Ама никако не можам да сфатам која би била реалната причина за вакво однесување. Имаат куќа и се 'преселуваат' во стан со синот, снаата и внук им? Зошто? Кузнај шо им се мотка во тие глајте социопатски.
Мислам дека за да не испадне ептен апла така ја замолил. Зошто иначе наредниот ден ја вратил мајка му дома?! Незнам, ама овде смрди нешто, не може маж да биде до толку глуп, или јас досега не сум сретнала/прочитала ваква појава.
Абе жено, какво разговарање!? Ги собираш сите тројца, гасиш телевизор и почнуваш да се дереш на цел глас: ПРОСТАЦИ НЕВОСПИТАНИ, ЗА 10 МИНУТИ ЕДЕН ДА НЕ ВИДАМ ВО МОЈОТ СТАН, ИМА ПОЛИЦИЈА ДА ВИКАМ, МАРШ ОД ТУКА! Ова и за маж ти важи, направи сцена, золва ти за уши и пријатно, тие ненормални, ти дупло. Најважно, разведи се од тој неспособен.
Мене ништо не ми е јасно. Нели она дошла да биде поблиску а татко и живее 15м со кола оддалечен?? Ја мислев ќе речеш минимум 100км се родителиве оддалечени. И не ми е јасно доаѓањето на свекрвата кај вас. Детето го чува си игра...што прај? Знаеш малку е цела ситуација чудна. Во секој случај како што и други ти рекоа културно би и рекла да си оди. Меѓутоа има дел што некако не ми штима. Може грешам...
Додека таа золвати не е дом да и го собереш куферот и пред главен влез на здграда да и го оставиш. Биди силна за себе и своето дете.Станот е твој труд,твоја пот треба да уживаш во него.Да гледаш во таа соба како расте твоето дете. Нашите родители секогаш би не примиле назад кај нив, но во оваа ситуација ти си таа која може да промени се. И ако ти дава отпор,физички напад повикај полиција нека ја исфрлат они како партал. А тој маж ти што го имаш дома дај му да се доцица од кај мама.Како бре не му е мерак што оформил семејство и да ужива со Вас? Жено не чекај ни ден повеќе,денес биди решителна и реши го ова. А тој маж ти ако не му се слуша едноставно кажи му поднесов документи за развод види реакција. Разводот е најлесна опција за решавање проблем, ама за детето тој период е стрес,затоа подобро да се спречи одколку да се лечи.
Искрено се напнав кога прочитав, иако не сум мажена морав да пишам. Луѓе немојте со секакви сценарија да нагаѓате, сакал да ја исфрли од станот не знам што, верувајте од примери од околината сум видела такви мажи кои душа даваат за да не згрешат на мајка му. Е сега, тие безобразни, свесно ти го поткопуваат бракот, ти ќе бидеш уште побезобразна. Јас вака би постапила, затоа што сакаш да му дадеш шанса на мажот ти ќе му дадеш рок, до понеделник и двете да ги нема, од понеделник ако тој ништо не направи ти ги преземаш работите во твои раце. И тоа ќе му го кажеш на мажот ти. Ќе му кажеш без да се расправаш со смирен тон, дека ти вака повеќе не можеш да живееш, ти треба мир, да сакаше да живееш со золва и свекрва немаше да зимаш кредити и да купуваш станови, ќе им се тупнеше на нив како они тебе сега. Само безобразно, нема зошто да ти биде жал ако на него не му е жал за тебе, многу си дозволила затоа вака ти прават. Ако ти рече сакаш да ме разболиш ќе му кажеш дека и тој тебе сега те разболува што дозволува жена му да се нервира и не презема ништо, крајната одлука е негова. И до понеделник свиркај си. Верувај нема да можеш уште многу да издржиш вака. Мажот ти ако не преземи ништо до понеделник тогаш настапуваш ти на сцена. Менуваш брава, дотичната ја пакуваш и куферот пред врата нека ја чека кога ќе се врати, ако таа нема срам и осет, зошто пак ти да имаш. Нема зошто ти да си одиш или некого да молиш да си оде од ТВОЈОТ ДОМ. Само немој да потклекнеш и да попуштиш, мажот ти нека бира стави го пред свршен чин, нема веќе назад. Ако ги одбере нив наместо тебе, тогаш не останал брак за кој треба да се бориш и да ти биде жал за годините и тоа што си вложила, затоа што на него не му е. А золвата и свекрвата нема ни да ги коментирам, затоа што се вселиле а свесни се дека сметаат и не си одат сигурно имаат некоја намера. Со кавги и не преземање никаква акција, ништо не постигнуваш се вртиш само во круг, мораш да знаеш на што си, ова не е здрава средина ниту за тебе, ниту за детето. Ако не го средиш овој проблем сега, понатаму золвата и свекрвата уште толку ќе земат сила и ќе ти стане неподносливо, па или цел живот ќе го минеш во нервози или на крајот секако ќе се разведиш. Сум гледала многу примери околу мене, верувај крајниот резултат е или едното или другото. Ти ја посакувам целата среќа на светот побргу да го решиш овој проблем и да се вратиш на старо.
Ова е една опција, подобро да те мислат дека си ненормална, отколку да те направат. Да беше лав, чавка, лисица, досега животинскиот инстинкт ќе ги отераше сите у курац оти прво мајката го штити бебето. У сета ситуација има едно бебе. Кое осеќа кога мама е тажна. И кое има мајка која не е 100% посветена на него оти и се пикаат у гнездото. Друга опција е со ладна глава, смире разговор да му кажеш на оној со папочната врвца: многу те сакам, сакам живот со тебе, да остареме заедно, ти си ми најголема љубов. Ама ќе се пореметам тука со нив, а имаат свој дом. Знам колу ги сакаш, и јас тебе те сакам, ама ако не си одат, јас ќе си одам. Изборот е или они или ние. Ти го правиш. Детето ќе расте без татко, по некоја година ќе се премажам,, друг ќе ти го чува детето. се тоа ради нив. Јас одам сега кај моите, ти разговарај, размисли што сакаш, па јави ми се. Не е до мене, никој не е крив, ние се сакаме, ама мораш да избереш. По 24 саати јави ми се. И земи детето и излези си. Оди и кажи дома дека те изнервирал, не мора се да кажеш, ама дека сакаш малце кај мајка да поседиш. А он нека мисли. Кажи и дека не се враќаш назад ако се таму. Многу си исправна, знам дека не сакаш да фрлиш у вода се наназад, ама имаш и напред кај да гледаш. Детето нема да ти прости ако те мавне инфаркт и го оставиш они девте да изиграваат мајки. СМирено, мајка си, се можеш. И без маж можеш ако ги одбере нив.
@Flyfly111 Прво и основно ситуацијата која ја стварате т.е. маж ти со мајка му и сестра му не е здрава за вашето дете! Му правите погрешна слика за семејство кое ќе го прати цел живот и ќе мисли и тоа дека така треба да функционира. Тоа треба да ви е приоритет и најбитен момент за да го средите и бракот и ситуацијата со мајка му и сестра му, ако е можно. Исто толку е битна и твојата психичка состојба. Детето осеќа се и ако ти не си среќна, не е ни тоа, колку и да се трудиш да му угодуваш, да го играш итн. Да не правиме муабет за вашиот однос со мт. Па каква слика ќе му остане за семејство на детето, ако мајка му секој ден плаче, родителите му се караат, оно спие во дневна, тетка му живее со нив, баба му е секојдневно тука а дедо му не ни доаѓа. Средете се побрзо што може, ако може, ако не, тргни го детето од ваквата хаотична средина, за да може во иднина тоа нормално да функционира. Ако маж ти тоа не го тангира, тогаш не ти останува ништо друго освен да се разделите, ако детето ти е на прво место.
@Flyfly111 немој да си отишла кај твоите, да го напуштиш станот. Играј тактички, порачај кревет за дете, сите играчки негови во детска ќе си ги ставиш. Ќе си ги викнеш децата од брат ти, другарки со деца, братучеди и ќе им кажеш да не ми растураат во дневна нека си играат во детска, виее во дневна кафе ќе пиете. Секако кажи им нарачав кревет за малиот на попуст е, ќе стигне за недела исто и плакарче за негова гардероба. Ќе ги ставиме во детската негова. Кажи им ред е маж ми да се врати во спална, вие што немате осет немате, ама јас сакам да си го сочувам бракот а вие ми го растурате. Викни ги и твоите на кафе, на ручек. И пред нив сите кажи си се. На крајот на денот викни и полиција, со адреса таму сте ти и маж, кажи дека золвата не сака да се исели а не живее таму, па нека ве зборат сите комшии. А ако немаш храброст сети се дека кога ќе ти дојде плата наместо да уживаш ти со син ти парите одат на стан во кој немаш мир. Жено одвојуваш од детето за некој друг, тоа не чини, тоа жива ќе те изеде. А ако не иде со убаво ти кажаа и членките станот ќе се продаде и парите на пола. Па нека седи маж ти со мамичка, ти секако имаш повеќе мозок и храброст од него.
Свекрва ти кога ти рекла дека тоа е нејзин дом требало да ти се спојат жичките и да и го покажеш местото. Ти оќуте на тоа? Они безобразно сакаат да ти го уништат гнездото, а ти не се браниш си сите оружја? Зошто? Во истиот тој момент си требала да и кажеш дека е безобразна, себична и без осет. Дека си има она свој кокошарник и да не си го пика газот кај што се мерат куреви. Си требала да ја прашаш дали 1 денар има вложено тука за да го смета тоа за нејзино. Дека ти коските си ги оставила тука и нема да дозволиш некој безобразно да ти се тупосаш по цена детето да ти нема простор и мир. Само дрско со нив, со арно ништо не правиш. Убави совети доби погоре. Макар и скандал со полиции на настане, проблемот мора да го решиш. Најмногу за детето затоа што таа средина не е за растење на дете.
Однеси дете кај твоите еден ден, како демек да го причуваат да потсредиш малку, штом сакаш да ги заштитиш. И собери ги оние тројца копуци, и пушти,, сирената" на максимум, мајка шајка се стави на куп, и преќини да собираш во себе. И за крај кажи и ако нејкат милум, сулум ќе излезат од дома, со полиција. Да беа паметни немаше ни ненајавени да ти доагаат а камоли да се вселат. И немојте да речете разумен разговор, со вакви нема разумен разговор. Ја ич не сум кавгаџија ама вакво нешто да трпам нема шанси се ќе кренам во воздух. И да не се лажеме повеќето мажи се плачи пички, опипаат терен кај жените до кај можат да одат, ако е мирна аха па добро она е кротка, мама да не се нервира ќе правам како што сака мама. Ретко има маж кој решава со збор и кавга кога треба ако се работи за негово семејство, т. е мама и тато Бидете најлоши за другите ама најдобри за себе и дете! Ме заболе Стојна дали свекор и свекрва ќе кажеле имам змија снаа, абе не змија, кобра сум
Леле жено извини на израз ама ти имаш ли памет ова што си го дозволила? Остави го мажот ти на страна он и така се гледа дека е мамина маза и не може од цицката да се оддели, да дозволам заради едни ненормални да си го уништам бракот, мислам ако на крај не може да се оддели од нив секако ќе го оставиш за да си го зачуваш здравјето и да си го вратиш мирот, ама најпрво собери се нивно и изнеси им пред врата или од тераса нека летаат партали. Овде најголемата кривица ја има мажот ти бидејќи ништо не превзема, а исто и ти што ова си го дозволила и порано не си им ја лупнала вратата пред нос. Па јас дома лом се направив еднаш со маж ми бидејќи неговите по втор пат во денот се качија да го видат детето, а не па да ми се преселат кај мене. Мораш уште денеска ова да го направиш, прво на мамината маза ќе и кажеш кратко и јасно до вечер ако ненормалниве не го напуштат вашиот стан дека ќе им викнеш полиција и да ги извади, ако толку ги сака нека си оди и он со нив, ти нема што да си одиш од таму, или исфрли им се и тресни им ја вратата, изнавикај им се секако се што ти лежи на душа. Тууу да им е*ам ненормалните, многу се напнав очигледно си многу мирна и затоа вака ти прават, ама што ќе плачеш ти поради нив, нека плачат они од тебе. Ахх какви забегани шетаат по земјава. Притисокот ми се качи од ситуацијава само што те прочитав, јака ти душа како до сега си издржала.
@Flyfly111, најискрено вака, јас мислам дека има уште нешто во позадина во целата ситуација. Има ли шанси нешто да не е во ред со бракот на свекрва ти, да се спрема развод и таа всушност спрема терен за трајно да се „пресели“ кај вас? Прво ќерка и доаѓа божем на неколку дена, ама после си го носи и намештајот, па по неа, прво суптилно, после и не баш, доаѓа и мајката. И се ова со благослов на маж ти, кој знае што се случува ама си кути зошто знае дека нема да се согласиш и те става буквално пред свршен чин. Што се однесува до маж ти, тој сака да живее со сестра му и со мајка му. На тебе е да решиш дали и ти сакаш да живееш во заедница или не. Ако не сакаш, тогаш мора да го седнеш маж ти и отворено да разговарате. Ако меѓу тебе и детето и мајка му и сестра му, ги избере нив, тогаш тоа е тоа. Зошто ова што се случува сега секако ќе резултира со развод, работата е да зачуваш ти од твоето здравје што е можно повеќе.
@Flyfly111, леле мила, јака ти душа, што сè трпиш. Јас не сум мажена, но се изнервирав читајќи за ова и ќе ти кажам – очигледно е дека тие двете намерно и плански го прават ова, а маж ти или свесно сака да си го растури домот или е премногу наивен. НЕМОЈ ни под разно да си заминала од ТВОЈОТ стан. Уште веднаш кажи и на тоа золвата дека ако не го напушти станот до вечер, ќе викнеш полиција, а маж ти да одлучи дали ќе се освести и ќе живее со тебе и детето или уште ќе цица од цицката на мајка му. Ако не се тргнат од станот тогаш веднаш да повикаш полиција. И немој да им се плашиш и да им ќутиш, со вакви луѓе не можеш да се разбереш со убаво. Терај ја работава до крај и не им попуштај.