Имало и полошо од мојот случај, значи. Неколку месеци бевме земени. Доаѓа золва ми (сега веќе бивша), 8+ год. мажена, да си ги собере работите од ДЕТСКАТА соба. Излегува срцката од стан и му вели на брат ѝ "Ете, сега ништо од мене не остана во овој стан". Дал да се смееш, ил да плачеш... А тој пак, во фрустрација мене ми го фрли на маса нејзиниот клуч (да, дотогаш имаше клуч копија), јер ЈАС сум ја избркала СЕСРЕ му после толку години. Потоа ми се вдадоа свекор и свекрва на "гости" секоја недела и детската соба за син ми падна во вода за да имале комфор тие. И јас вака како тебе мислев ќе дотерам памет со заминување кај моите, еднаш, па два пати... и трет пат засекогаш беше. @Flyfly111 Жено женосана. Доста беше. Знам дека ти е несвојствено за карактерот да се објаснуваш со вакви будалетинки ко свекрва ти и золва ти, ама различни проблеми бараат различен пристап. Затоа ќе му пријдеш на проблемов со пристап-реакција која е несвојствена за тебе. Мажево што ти се прави наудрено, се прави, така му одговара. Не играј повеќе игри со заминување и седни го и кажи му да си ги испрати мама и дада, итно. Ништо не ги спречува, ете здрави се, прави се, не се ни далеку, таман, за 15мин. ќе си бидат ДОМА. Многу битен момент е како ќе изреагира маж ти на твојот пристап. Ако почне со одложување, ај утре, ај задутре, пресекуваш и утредента си менуваш брава ко што ти рекоа многу членки погоре. Да не не` мисли дека си сериозна, не за друго. Затоа што вака ќе помисли дека ти ќе си толерираш, ќе се навикнеш и тој ќе те дрибла до бесконечност. Зарем нему му е нормално да не функционирате вие како семејство со месеци? Да нема блискост со жена му со месеци? Да не уживате миг насамо со детето на ваш начин?Куќата не бара роб кој ќе готви, чисти, пере...куќа е за семејство, она примарното, за љубов, мир и спокој. А дада и мама нека си оди потоа да ги посетува колку сака, дома кај нив, кај твоите не мора да доаѓа. Еве и ти не сакаш да ги гледаш нив, колку што не сака тој твоите. Звучи фер? Ако не наидуваш на разбирање, тогаш немаш што понатаму да бараш со таков себичен човек кој нема интерес да си го зачува мирот во семејството. Сопствениот мир очигледно многу си го негува.
Да ама твојата золва живеела таму, и ако тој стан е од мајка и и татко и, и она има право на него.. Во случајов членката заедно со сопругот сами си плаќаат уште рати за станот, значи не им го дал некој, или пак да дале пари за него свекрвата и свекорот, им се тупосале со изговор дека е тоа стан на син им... Во твојот случај, ако тоа кај што сте живееле е стан од мајка и татко на маж ти, кај што порано живеела и твојата золва, тогаш и таа има право на тој стан, не мисли дека ако се омажила и толку, нема право на него.
Шо се' имаме поминато сите во браковите. Сите да раскажеме се' со ред, ни една од немажениве не ќе помисли на маж уште еднаш Ептен е борба бракот.
Гледам многу често го поставувате прашањево. Е сега ај вака замисли,со одреден човек се сакаш ствараш фамилија,штедиш,се лишуваш од задоволства.Решаваш и дете со него да створиш.И сега наеднаш се се менува,дава предност на фамилијата а ти гледаш како се што си создавал се руши.Прво му треба на мозокот да го испроцесира се тоа. Добри совети доби членката виде како други би постапиле. Неможе после 20 совети на Фемина членката да стане и да стави крај на бракот. Ќе си среди се ама понекогаш треба време.А не треба ни да чека до бесконечност.Најпаметно е да му каже или ние или тие и ќе си се спакува ќе си оди.Со сила ништо не бива.
А каде прочита дека и го оспорив правото на имот? Не сакам да навлегувам, не станува збор за мене, дадов пример за да ѝ укажам на членката дека не треба да толерира такво однесување, многу ми е јасно дека станот е лично нивен. Можеа да го поделат станот уште тогаш ако ме прашуваш мене, јас сум станбено обезбедена, едноставно мм тогаш одлучи да живееме во (според него) неговиот стан, каде што живеел сам и пред воопшто да се запознаеме. Или сакаш да кажеш "има право на станот" во смисла да доаѓа со месеци да отседнува колку сака, да влегува со клуч кога сака, баш сега кога има нова снаа во тој стан, а таа веќе 8 години отселена?? Немој.... Всушност, ако си и ти една таква золва, јасно.
Јасно дека не треба да толерира такво однесување, ама во случај како нејзиниот, во случај кога не и е дадено ништо на золвата само затоа што се омажила и си отишла од куќата, ако не и се даде нејзиниот дел, треба да досаѓа и тоа масовно..
Зошто бе она да си оди од нејзин стан, тие се тие што треба да заминат, дури и мажот и ако не сака да остане со нејзе и неговите партали нека си ги спакува и двајцата братче и сестричка со мамичка под рака со куферчињата низ врата.
Многу молчиш,ама многу. Има да стегнеш заби и да им го покажеш местото,штом со мажето нема реакции, време е да ги засукаш ракавите. Болдот, те читав вчера и прво што помислив баш болдот. Се договориле они, една по една и се почнало од комшиски муабет. Штом се фалела по другарките сверквати набуцкана е од некоја. Затоа ти кога ќе ги начекаш на сеирџискиот муабет, ќе седнеш и ти и фино ќе ги прашаш” Што мислите каде се наоѓате”? “Ова не е кванташки пазар”, “А ти свеќи не ли ти е срам без да ме прашаш во мој стан носиш гости, мој стан на мое име си се испружила колку си долга, што се замислуваш?Кралица? Далеку си ти од тоа, маж ти плаче по тебе сириоткиот нема јадено одамна”. Ќе ја фати срам, нема да ти стапне. Ни она ни тие нејзините велепрушки.
Ги прочитав сите совети неколку пати, ви благодарам на сите Прво и мислам дека е најдобро да заминат тие, ако сопругот остани со нас, тогаш да видиме што од овој брак. Ако ги одбере нив, тогаш е јасно, се завршува тука. Тој е на работа, му кажав утрово штом се врати да разговараме и да се среди оваа работа засекогаш. Без да заминувам, па да се убедуваме. Друго што ме мачи е што јас незнам како би останала со него после се оваа. Сите ги возвиши и му се позначајни од мене и нашето дете. Како јас понатаму би била со него, а да не мислам дека ако мајка му или сестра му на пример му плачат на телефон, нема да се повтори ова?! Искрено да сумирам се, изгледа најдобро е да заврши се тука. Не гледам некоја добра иднина за моето дете и за мене. Ако беше се како порано, никогаш не би помислила да се разделиме ни на неколку дена, ама сега незнам дали сакам да продолжам со него... Прашања има ве читам, свекрвата не се разведува значи сигурно. Исто куќата кај што живеат тие им била на заедничко име, така да има дел. Има и од мајка и останат спрат од куќа, така да има кај да живее. Едноставно сопругот го дозволи ова, буквално без никаква посебна причина. Тие му се слаба точка и при прва прилика го искористија тоа. Ајде седеа тука, ама одамна требаше крај на ова да стави. За детето главно се грижам јас и сопругот. Мајка му и сестра му ако го земат да го гушнат и толку. Не сум го оставила ни минута сам со нив никогаш. Го земам со мене и во вц, дури се бањам ако не е тука сопругот. Детето оди во градинка, работа, обврски завршувам дури е таму, после сум со него.
Тоа е тоа што сакав да го кажам.Значи тоа се неразбрани луѓе,кој не сретнал такви незнае како е со нив.Треба да се симнеш на нивно ниво ама секој не е створен за тоа.Еве и да се симнеш и да кршиш маваш викаш после си седнуваш и си викаш јас во браков не сум сама да водам сама борба.И после доаѓаат тие сумљи дали има љубов во тој брак дали тоа е човекот со кој сакаш да го поминеш остатокот од животот.Лесно е да се рече избркај ги со полиција ама довербата во мажот и е изгубена и распадот на бракот во моментов многу повеќе боли него таа делба на имотот.
Нормлно е да те мачи ова, ама прво види дај му шанса на сопругот, бидејќи најлесно е да се стави крај, ама ако нема промена во блиска иднина најдобро е да завршите засекогаш. Па после нека си седи со мама и со дада по цели денови.
Треба да отвориме нова група, и да раскажеме искуства. Пример како што има групи за алкохоличари, ние така за траумите од бракот. На крај може и да гласаме, која е најиздржлива, која е најкоркач, најтолерантна, најзамината со нерви, најнапатена...
Еве еден предлог од мене. Место да го растурате бракот, да си седните со цела фамилија од мажот ти (мајка, сестра и татко) и да си се договорите. Ако го сакаат толку станот или нека си ја продадат куќата и нека си купат ист како вашиот, или сменете се. Вие во куќата тие нека си седат во станот. Договорот на нотар заведете си го.
@Flyfly111 и јас како и повеќето членки не гледам ниту една логична причина за свекрва ти и золва ти да седат кај вас. И не се согласувам со тоа да си заминеш и да се разведеш од сопругот само поради ова. Проблеми и кризи секогаш имало и ќе има, некогаш помали некогаш поголеми но многу е важно понекогаш да имаме трпение за да ги решиме. Маж ми е единец но јас имам брат, имам и простор дома, но не би се нафатила никогаш повеќе од една вечер да остане кај нас. Еве и ние сме поблиску до центар, брат ми живее во приградска населба и да има секојдневни обврски попрво би се понудила да му дадам пари за такси или за бензин, но не би дозволила да остане тука. Си го сакам мирот, си ја сакам слободата и се омажив со маж ми за да создаваме ново семејство ние, ако сакав да си бидам со тато и бато ќе си седев дома. Не ми се допаѓа карактерот на мажот ти, зошто тој е тој што треба да пресече и да и каже на сестра му дека е доста. Сте и се нашле 2 недели да не плаќа такси и автобуси и при куќа (освен ако немаат некои проблеми и несогласувања што ти не ги знаеш) време е да си ги собере работите и да си се врати назад. Не можам да замислам при моја куќа и дом, да одам по туѓи куќи да спијам и да заземам соби, да нема каде да разбереш ама вака сосема непотребно, само збрки и проблеми да се правеле. Јас би те посоветувала уште еднаш да се обидеш мирно да поразговараш си маж ти и пак да му ги објасниш некои работи. На убав начин без плачки и нервози кажи му дека си го сакаш стариот мир, сакаш да си бидете дома само вие тројца, не може цел живот кај вас да седат. И ако станот е по пола не може тој сам да одлучува и да вика трети лица. Или евентуално не знам каков ти е односот со свекорот и каков човек е, но ти те посоветувала да се обидеш и со него да поразговараш и да му го објасниш сето ова, со надеж дека тој ќе ги прибере назад. Во краен случај да ја седнеш золва ти и да и кажеш директно дека ја сакаш и почитуваш ама време е да си оди дома, вие сте си едно семејство нема што да бара таа со вас. Ако не разбира со убаво, биди погруба и дрска и избркај ги. Во никој случај немој да си го напушташ домот во кој си вложувала и да си одиш кај твоите. Финтата со враќање назад кај родителите за мажот да сфати што губи пали само еднаш, секој нареден пат делуваш несериозно. И сакајќи тој да сфати што губи,