Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    5.570
    Ама пиша членката дека им е кажано и на двете дека е време да си одат, тие рекле кај синот сме. Нема тука смирен разговор објаснување со убаво, помината е таа фаза веќе. Ова е веќе чист инат. Ајде ќе ја нервираме снаата. Што свекорот штом до сега не успеал да ги прибере значи не се слуша неговиот збор, очигледно свекрвица е главна.
     
    На tina2018, Flyfly111, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Wives Anonymous :D
     
    На Milkiway и Ljubova им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.913
    Допаѓања:
    177.273
    Пол:
    Женски
    @Flyfly111 и да дојде до развод нема зошто ти да си одиш. Ти си со мало дете, инвестираш во станот, нема ти што да бегаш.
    Искрено јас не гледам поинаков развој на настаните ако тераш со разговор. Ни смирено, ни со висок тон не мислам дека ќе направи промена. Јас да сум на твое место ќе преземам акција.

    Како што и погоре ти спомнаа, нарачај си креветче, шкафче за бебето. Дента кога ќе стасаат, направи убав ручек и покани ги твоите и од кај брат ти. Таман ќе речеш да ви помогнат да ја преуредите собата. Кажи им креветот од золвичка, да го симнат пред зграда. Не верувам дека некој од нив би се бунел, нема да имаат основа, станот е ваш.
    Прочитав сешто, му направија најразлични психоанализи на маж ти, ваков бил таков бил, лично не мислам дека е таков каков што го направија. Мислам само дека е пичка, вака народски кажано, фатен за сукњата од мама. И дека нејќе образот со твојата фамилија да си го расипе. Битно му е, затоа не би рекол ништо, и зошто и сам знае дека тоа нивното не чини затоа нејќе твоите да дознаат.

    Кога сите ќе си заминат, остави се, така. Заспиј бебе, облечи нешто секси и имај го најдобриот секс во животот со маж ти. Знам дека звучи ко на филм, ама angry sex е многу добар секс и многу парови често го практикуваат.
    На крајот ќе му кажеш дека утре се менува брава. Ако случајно неговите пак ви се натопорат, следен пат ни тој нема да има клуч.
    Колку повеќе заземаш став за себе, толку помалку на сила за мама ќе си зема тој. Ти мораш да го вратиш балансот во домот.
     
    На DoubleK, Flyfly111, Hortenzija и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.680
    Абе кој енгри секс жити се. Тој не осеќа потреба да ја гушне, а не пак за секс. Пиша членката дека немаат блискост. На филм да, но реалноста е друга. Ти би била со маж кој не те посакува?
    И тоа да доаѓаат татко и брат и да симнуваат кревети, знаеш кој куршлус може да искочи? Да се испоубијат. Така се прават глупости.
    Јас сум за сама да превземе акција со индиректна поддршка на нејзините, не дирекно.
     
    На katalina, Idedemja, tina2018 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.913
    Допаѓања:
    177.273
    Пол:
    Женски
    Прво. Тоа е таа интимност што им фали, а ја немаат откако не живеат сами. Тоа не значи дека не чувствуваат ништо еден кон друг. Боже господе.

    Друго, сама таа нема ништо да постигне. Веќе ја имаат земено под нозе. И куршлус дури, е подобро од чекањево што само ја измачува, бар ќе знае на што е.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Поуки од баба ми :rofl::rofl::rofl: Велеше .. маж во кревет се лаже и убедува.Мудра жена е еден чекор пред паметната. И донекаде мислам дека жената беше во право. Членката нема да изгуби ништо ако проба и на таков начин . Секогаш постои некоја мудра тактика за да се отараси од тие... квази суштества што немаат грам свест. Ако и тоа не успее мислам дека повеке од јасно од сите мислења дека бракот нема иднина.
     
    На WildMk и Luna91 им се допаѓа ова.
  7. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Околу проблемот на Флај имам впечаток дека позадината на сето е сестрата да го запоседне станот ( мама е тука како супорт)и да и припадне нејзе а синот да се пресели во семејната куќа! И ем волкот сит ем сите овци на број. Ова секако по нивна замисла. Гарантирам следно ќе ги убедуваат па што не дојдете вие во куќата ете сестрата да учи да има мир дрн дрн. И слично.
    Синот успешно го обработуваат а Флај мора да покаже сила и став. Во краен случај и правна помош да побара.
     
    На Luminary, Bezimenka90, MeowMeow и 10 други им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    12.781
    Пол:
    Женски
    А као демек дома во празна куќа не може да учи на раат? Или е тоа, или сака мајката да си го врати синот назат, па ќерката да не остане без ништо, неа станот да и го дадат и така се да си биде по таман за свеКривата.
     
  9. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Па тоа го зборам јас, тоа ми е зборот.баш реков да го запоседне и да и припадне на крај. Постепено, прво демек за поблиску и привремено па соба си направила. Еј соба??? Ти ако вложуваш мебел се гледа целта која е. Математиката им е таа смао тоа мулето нејзино да се оправи.
    Она да се одомаќини таму па после ќе почнат да ги убедуваат младиов пар за "благодетите" што ги нуди семејната куќа.
     
    На Bezimenka90, Peanut Butter, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    12.781
    Пол:
    Женски
    Можат и на ќерката да и ја дадат куќата, и онака синот си има стан, ама овде излеа свекрвата сака син и до неа да биде и во тоа е целата работа, значи се е од свекрвата, тешка измамничка, сигурно и на девојчето му вика оди таму седи, немој да си дошла дома.
     
    На Luna91, Snowflake97 и felisitas им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Мора да има позадинска приказна позади вакво понашање. Разбирам има дрски луѓе оперирани од страм ама жената јасно и гласно вика 'јас сум дома' а и се понаша така. Можна ти е теоријата, мајката сака без пари да ќари стан за ќерката и да го фати синот да се сожали за неа, како ова до сега да не е доволно. Нема да ме чуди ништо. Како и да е штом и успева да манипулира така страшно со синот се е можно.
     
    На felisitas, WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Мажот дома ја носи мама, ти за да ја избркаш се облекуваш во долен веш и му го нудиш најнезаборавниот секс. :D
    Дечки...:D
    Ваков не заслужува секс две години дури и денес да ги избрка, ама за претрпениот 3 месечен стрес.
    Ако треба мажот да го манипулираш за да добиеш нешто што ти следува, поздрави се подобро со бракот. Тоа е се, но не и брак.
    Сега јас ќе смислувам финти, како да не.
    Или ќе си одат или развод.
    А @Flyfly111 јас исто ко тебе, дури и да ги избрка, не знам дали ќе продолжев со него.
    Никогаш немаше да бидам сигурна дека нема да се повтори истото.
    Плус тоа, не се работи само за мајка му и сестра му.
    Се работи за тоа како тој гледа на тебе. Ако на сестра му и вели добредојдена си во секое време без тебе да те праша, утре друга ситуација ќе има кај што ќе ти докаже колку многу НЕ те почитува.
    Друго, не знам зошто некои ја советувате да не си го растуривала бракот.
    Тој го растурива, не таа.
    Или треба по секоја цена да се молчи на се само за да се зачува бракот.
    Искористи ја ситуацијата во која си штом имаш каде да живееш, родители кои те поддржуваат и не се подценувај толку за да бидеш со ваков.
    Девер ми и јатрва ми кога дојдоа од странство на една недела во Македонија, само некој ден кај нас беа, после во ХОТЕЛ за да не ни сметале иако многу инсистиравме да седат кај нас, ама се луѓе со осет, а не па 3 месеци и немаш ни најава кога ќе заврши.
     
    На Luminary, Idedemja, tina2018 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.913
    Допаѓања:
    177.273
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Некогаш. :)

    Баш ми е жал што некои на сексот гледаат чисто како на манипулација. А сексот е најздравата врска во бракот која мора да се одржува.
    Факт е дека сите сме "силни и гласни женишта" по форуми :D ама поголем факт е дека ниедна нема туку така да се откаже од бракот. Посебно не, ако се им било супер до пред само 2 месеца.
    Така маж да се оставаше пола од најгласните ќе беа оставени до сега. Ама ај. :)

    @Flyfly111 ако немаш претходни испади на маж ти, и ако претходно се било ок, бракот секако ти заслужува втора шанса. Меѓутоа, се зависи до каде ти си спремна да одиш. Факт е дека некој мора да го враќа балансот. Некогаш едниот, некогаш другиот, некогаш двајцата. Се додека сметате дека треба и не се претераат некои граници.
     
    На gjoker4e, Peanut Butter и manako1 им се допаѓа ова.
  14. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Целта ги оправдува средствата, башка и целта и не е во лоша смисол туку во спасување на бракот кога веке тој дозволува да биде манипулиран од неговите на уште полош начин. Тоа не значи дека магии ке му прави во кревет, туку е баш момент кога ке се изрелаксираш и сте сами и да доловиш ствари што те мачат а и се буди желбата за мир .Со разговор пробале не бидува, почнале и да се ладат емотивно и не би било прв пат да се разведат пареви поради родители. Тие вака почнале па кога ќе земат поголема слобода ехеее...
     
  15. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    @Flyfly111
    „Не го знам прашањето, но сексот е дефинитивно одговорот.“ – Вуди Ален.

    Има голема моќ во ова. Легни вечерва до маж ти, подзапали го и почни да стенкаш, онака без секс чисто за да ги зафркаваш и тоа гласно ама баш гласно за да те слушнат. Хаха ќе почне да ти вика немојјјј мама ќе те слушне :) и тогаш стани и кажи му дека си сериозна за намерата да си одат. Дека ако тој не им каже дека си решена ти да им кажеш дека и двајцата сте решиле дека е доволен период за гостопримство. Дека си размислила убаво и дека нема потреба повеќе никој ниту да те брани ниту да збори во твое име. Доколку не им каже наредната вечер стави му на знаење дека ќе ја промениш и бравата па на големо ќе испадне работата.
    Твоите не ги мешај никако, доволно си силна сама да се избориш за твоето дете пред се а потоа и за тебе.
    И кога веќе велиш дека несакаш да ги фрлиш годините и трудот во вода тогаш не го ни замарај со мајка ти сестра ти, туку реши ја работата за ден два и ќе се смират работите. Кога ќе си отидат сам ќе свати дека грешел. Ако несвати пак има решение, но секако за се има решение во овој живот, само за смртта уште не е најдено. Натерај го маж ти по секоја цена тој да и каже, поразот ќе биде голем тогаш за неа, така ќе и ги наплатиш овие 3 месеци.
    Ако ти кажеш тој пак ќе си го вади газот, а ако сега и каже понатаму ќе почне сам веќе да реагира, првиот пат е тешко.
    Ма за инает не секс отаде секс ќе применам за прво да ја поразам, нејзиниот син сам да и рече а од наредниот ден ќе го расправаш бракот што и како ќе биде. Таквите така заслужуваат.
    На крај краева ќе му се налутат и така нема да му зборат барем некое време и ќе има време на раат да зборите.
    Е ако несака да им каже тогаш фино лепо ги пакуваш на куп и менуваш брава.
    Покажи му дека не ти треба никој за да ги решиш проблемите, дека сама си силна и независна, различна од него.
     
    На princess5 и Summerbaby им се допаѓа ова.
  16. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Јас и дадов совет најдобро што знам и умеам ако имаш подобра идеја, еве пиши ја.
    Ако веќе е помината фазата со смирен разговор, јас на нејзино место би му се јавила на свекорот и искрено и директно би му кажала што мислам . И воопшто да не преземе ништо, доволно е да ја слушне и нејзината страна. А и свекрвата каква е таа мајка па и жена која наместо да си ја прибере ќерката и да си замине дома кај мажот, дреме во туѓ стан под изговор дека е кај синот. Нема ли таа жена дома обврски, нема ли свој живот или животот и се свел на седење во една соба со ќерката во станот на синот. Ако и тој стан си го сметаат за нивен и не сакаат да си заминат јас би им рекла нека го плаќаат кредиот, нека плаќаат сметки, нека го наполнат фрижидерот со храна. А патем и синот не е веќе ниту мало дете, ниту сам туку фамилијарен човек. Старите знаат да бидат некогаш напорни, како гости секогаш би биле добредојдени но треба да бидат свесни и да ги остават младите да си бидат сами.
    Тие двете ќе си заминат доколку и синот е сложен дека тоа треба да биде така. Маж и како син, брат, маж и татко не треба да дозволи да дојде до вакви раздори и жена му да се плаче и да се нервира, а тој да исполнува туѓи хирови. Можеби и свекрвата и золвата од предходно и имаат замерено нешто па сега и тераат инает со тоа што седат таму, за да ја нервираат и не сакаат да си заминат. Жената си пиша дека на мажот му одговара што се таму, а никој маж и не го направи ваков или онаков, реално е незрел.
    Сме го дискутирале ова безброј пати. Колку бракови само пропаднале зошто возрасни мажи па и жени не можат да се одделат од суќната на мама. Добар дел од проблемите меѓу свекрвата и снаа или золва и снаа потекнуваат од тоа што најчесто мажот не знае да направи баланс, да постави граници туку молчи и не се замара. Ако членката сакала да живее со мајка, татко или брат/сестра немало да се мажи, ќе си седела дома. Исто така ако сакала да живее со свекрвата и золвата немало да се задолжува по кредити за стан, ќе си седеле сите во заедница заедно.
     
    На Idedemja и MissBreezy им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не само секс, секој ден топло ручече на маса, масажа на стапала, чист да е станот да блеска, една стриптизета за роденден па може ќе го убеди да и ја исполни желбата.
    Што повеќе се глупира мажот тоа повеќе секс да му се нуди за да омекне.
    Тој не прочитав да си рече , женава нервозна е што немаме интимност, дај да ги избркам овие две, ама женава треба интимноста да ја спасува со повеќе секс.
    На сред секс му шепнуваш дека на детето му фали детска соба, и така во жарот ќе ти рече утре одиме во салон за мебел, инаку не се надевај без секс, преку леб погача барате |(
     
    На Priroden, kalinaka, Idedemja и 25 други им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.680
    Им фали интимност зошто на тоа мулето му се побитни мама и дада, од интимноста со жена му. Он прв треба да осети потреба за интимност со неа и да им го покаже патот. Вака во ситуацијава најнебитна му е жена му. Го заболе стап што секој ден плаче. Што знам. Јас не би можела да имам секс со некој што ме множи со нула. Сексот не е решение. Ќе се испосексаат ќе го сврти од кај себе. Ќе отиде кај мама, она ќе му каже два три лепе речи и тука ќе заврши влијанието од сексот.
    И јас сум да реагира макар и до скандал. Ама не татко и да крева кревети.
    @Mantub потпис на се што пиша.
     
    На Idedemja, Bezimenka90, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Не беше тоа моментот, и не реков да имаат секс, туку акцентот беше ставен на неговата реакција. Повеќе беше иронично, да го доловам моментот на неговата приврзаност. Ама батали, тука сите силни а во позадина друга приказна.

    И да јас би го натерала тој да им каже, бидејќи очигледно му е претешко да им каже, да се осетат поразено кога ќе си одат. Да звучи одмаздољубиво, ама како што ја разбрав членката сака да продолжат по старо, како пред да дојдат.
    А ако несака да останат во брак тогаш нема што да се докажува и расправа ниту нејзини да вика. Го седнува и му кажува дека сака развод и со културно го замолува групно да го напуштат станот и тоа е тоа. Нема што ниту да губи здравје, ниту да им се дере, ниту полиции да вика ни ништо. На крај на краиштата тие се таму поради маж и. Си поднесува барање за развод уште наредниот ден и завршена приказна.
    За се има решение. Битно е што сака таа да постигне.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    и јас не можам да имам секс ако сме налутени... не пак до толку ко ќе дојди.
    Никогаш не сме имале мејк ап секс.
    Инсистирам на разговор.
    Цела ден и цела ноќ ако треба ќе седиме и муабет ќе прајме, ама мора да се збора.
     
    На Bezimenka90, Nausicaa, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.