Децата милион пати повеќе ќе се истрауматизираат ако гледаат насилство. Најлошото нешто шо мојш да му го напрајш е да ги остајш да живеат во таква средина.
Јас ти гарантирам дека ако останеш со овој човек децата ќе имаат поголеми трауми. Многу поголеми отколку развод на родители.
Вајлд. И јас и ти знаеме дека бракот е институција и дека се треба да се проба пред да се разведат. Само немој деца да ме цитираат и да ми објаснуваат за брак плс. Патем и тоа барање совет за животна одлука НА ФОРУМ ми е најглупо нешто..
Аман више од темава. Преку десет години сум тука и само жени пишуваат и вечито се несреќни, тепани, малтретирани. Каде е 'посилниот' пол да побара совет како да ја излечи својата психа за да не доаѓа до вакви проблеми?
Повеќе го гледам како искажување на маката. Многумина од нас за тоа го корисат форумов. Да си кажат шо ги мачи, а не дека бараат некој совет. Кога има физичко насилство, нема што повеќе да се работи на бракот. Тука прекинува се' Никогаш. Пошто тие не зборуваат за чувства. 'Мажи се'. Посрана ни е културата.
Да, ама знаеш, станува тенка и линијата од 'жм' до 'жмж'. Оваа последната 'ж' доаѓа како ненарачана последица на дисфунцкионалниот брак, полн курац долгови, несогласувања и проблеми. Најчесто за последната непредвидена 'ж' читаме и во темава.
Па прочитај кај што пишала дека ја малтретирал и психички и физички и ти и викаш да има секс. Имаш ти секс со некој што те вика смрдена?
Имаш ли пробано да разговарате? Има ли нешто од твоја страна за кое е гневен? НЕ ОПРАВДУВАМ НАСИЛСТВО и сметам дека треба да се разведеш во секој случај, но мора да се расчистат сметките пред тоа. Најважно, работиш, независна си?
Одсекогаш беше таков или одпосле почна ова негово однесување? Имавте проблем или некоја криза? Работиш ли? Твоите родители знаат низ што поминуваш? Те подржуваат ли и како стојат финансиски? Ако не сакаш јавно, пиши ми во лп. Сакам да ти помогнам. И те молам, ама стварно те молам не ја прифаќај ситуацијата како нормална, најмногу заради твоите деца мораш нешто да промениш @LiliBoz помислив дека маеш иронија, се разочарав кога сфатив дека не е така
Сериозна си? Нормално дека имаме секс, но не толку колку што сака господинот. Зошто си е одморен, нема никакви обврски, а јас ставам глава на перница и заспивам од умор. И да ти одговорам на прашањето. И после секс е истиот. Мислиш ли дека еден секс може да го промени? Ако беше така ќе беше премногу лесно да се решат сите проблеми и недоразбирања. Нему сексот му е за да си се задоволи тој, да легне да спие, да рчи и од утре пак исто. Ни помогнал ни пак ќе помогне околу деца и куќа. Плус ако не сум расположена за секс се заканува дека ќе излезе и ќе најде некоја. Доволно е ова за да сфатиш што сум му ја нему? Знаеја моите порано кога се расправавме, кога ме има бркано од дома со мало бебе во раце. Ама за нив развод е срамота. Ќе се оболат, па ради нив молчам, не кажувам ништо зошто после ќе имам грижа на совест. А 1000 пати им имам кажано вака некој просјак утре на ќерка ми да и прави одам таму и си ја земам да види дека има кој да ја штити. Еве ќе ти кажам пошто не ти беше доволно тоа што напишав дека ме малтретира ПСИХИЧКИ И ФИЗИЧКИ. Макар што мене тоа што ме удрил не ме боли колку тортурата што ми ја врши секојдневно. Гневен е кон мене ради сексот. Каква жена сум јас што не сакам секс со него, а не се видел каков маж е тој што дење спие ноќе шета и нема никалва обврска спрема жена и деца. Значи кога тој не ги ислолнува своите обврски спрема нас не смееш збор да му речеш, а јас сум морала да ги исполнувам моите обврски. Инаку работам да. Не зависам никако од него за тоа воопшто не е проблем.