Менталитетот тука. Па како би била прифатена од фамилијата ако ете пак се случи да се заљубам. А имам две деца. Не знам.. Во голема депресија сум мислам дека животот ми заврши... Живеам со луѓе кои не ме сакаат, не ме почитуваат. Маж на прво место. Живеам механички, од ден на ден. Со голема тежина на душа, со страв, со жал за животот... Цел живот трагав по вистинска љубов, голема љубов и на крај добив нешто сосем спротивно од тоа...избрзав многу.
Јас сум со дете и ни на секунда не жалам што се решив да го направам овој чекор. Не знам колкави ти се децата, но и без разлика на тоа, жртвата не вреди. Многумина се лажат дека подобро е под ист кров, но ако односите др крш- дефинитивно тоа е штетни не само за тебе, туку и за децата.
Ако слушаш кој шо рекол и се додека чекаш некој нешто да прифати, ќе останиш несреќна и ќе заглавиш во никаков брак. Ќе се уништиш и себе и децата. Па бирај шо ти е поважно.
Подобро децата да растат со самохрана мајка отколку во дисфункционално семејство. Не сакаш да знаеш што преживуваат децата со тоа второто. И секако и јас сметам дека можеш да бидеш среќна по втор пат. Луѓето зборувале и ќе зборуваат секако. Гледај да си погодиш за тебе и дечињата.
Зошто со жал за животот? Кој не те сака? Родители? Имаш деца кои ти се ѕвезда водилка. Немој толку тажно да гледаш на животот. За секој има среќа која кога тогаш ќе дојде. Ако си во несреќен и тежок брак разведи се. И децата да те гледаат несреќна и ако имаш кавги со маж ти не е здраво и за нив , а и за тебе пред се.
Се додека те боли...увце за народот, ќе бидеш вака несреќна. Треба да го гледаш својот живот, свои потреби. Секако дека можеш да најдеш љубов, но нема да ти дојде на врата, па и покрај маж ти. Не ти ги знам условите не ти го знам животот, но ти ако се отпишеш од живи сама себе, кој друг да те враќа? Сама треба да покренеш нешто за да има промена.
Не гледај толку црно на работите, наместо негативните страни гледај ги позитивните. Имаш две деца кое се огромно богатство, тие ти се центарот на светот, од нив имаш најголема и најискрена љубов, таа љубов треба да те движи и бутка во животот, ако си несреќна во бракот заврши го бракот и продолжи по твојот пат сама со децата. Ќе биде тешко на почеток ама они ќе ти ги полнат батериите, ќе дојде време и кога ќе си најдеш партнер, само не избрзувај повторно од страв да не останеш сама. За народот што ќе зборува воопшто да не се замараш, и да зборуваат секое чудо 3 дена и ќе заврши. Се додека се грижиш што рекла тетка Стојна за тебе или комшиката Петрана ќе продолжиш да бидеш несреќна.
Жал за животот зошто си го уништив и сеуште си го уништувам. Покрај тоа и на децата животите им ги уништувам. Живеам со маж кој не ме сака, прво не ме почитува, не ме подржува, а потоа и неговите родители кои се прават контра за инат мој и секој ден гледаат да ми го направат пекол и им успева. Не сакам да ме сакаат ама тешко е да живееш под ист кров со луѓе кои не можат да те поднесат, кои се прават за да те изнервираат, кои ти прават проблеми со маж и се среќни ако се расправаме. Значи станувам легнувам никој не ми зборува, се понашаат како со ѓубре. Плус и маж ми. Му кажувам како ми е , му се жалам ме игнорира не зборува, не превзема ништо, не му е гајле и си тера по негово. Цело време како со ѕид да зборувам. А тешко е да живееш вака... Немам храброст да заминам. Многу сум чувствителна и после еден убав збор ќе го сожалам и ќе му простам се ама ме знае дека сум таква и затоа така ми прави а после пак по старо.
Викаш не те сака не те почитува и си свесна а паѓаш на убави зборови?? Како?? Зошто не си заминеш шо те спречува? Очигледно живееш пекол.
Ти го прочитав и најпрвото мислење и знаев дека си таа членка одма ми текна дека поодамна имаш пишувано. Мораш да го оставиш под итно, вака не смееш да си дозволиш да живееш, и покрај тоа што не те сака плус и те малтретира и вреѓа, а ти на еден убав збор паѓаш.
Сиве овие години од жал не го оставам. А знам и свесна сум дека за мене на никого не му е жал. И затоа вака ми прават сите. Свесна сум дека вака само животов мој си го уништувам од страв да не го уништам неговиот живот ако заминам. Не знам како да објаснам, не знам.... мора да живееш со вакви манипулатори за да ме сфатиш. Бев неколку дена кај моите наместо да ме гушне да се радува што дојдов тој одма почна со навредливи зборови. Ај мене ама и децава не сака да ги види. Пробав не му зборував неколку дена, не му се јавував, не го барав...сеедно му е. Никаква разлика не му прави.
Многу сакам да заминам. Најмногу од се на светов. Ако не заминам подобро да умрам ама вака да не живеам. Ама немам храброст и немам доволно поддршка од моите...
Размислувај на децата. Мораш да собереш храброст за нив. Не знам колкави ти се децата ама ги боли сигурно што си несреќна. Разговарај со твоите, сигурно и тие сакаат се' најдобро за своето дете. Можеби ќе треба повеќе време за да те сфатат ама верувај штом те разберат, ќе ја имаш најголемата поддршка. Исто како што ти би им ја дала на своите деца.
Лесно ни е нас да ти речеме "оди си", тебе не ти е лесно воопшто ама мораш да собереш храброст. Па и твоите деца сакаат да имаат среќна мајка, сигурно и тие го чувствуваат притисокот дома. Батали ги неговите, кога веќе со маж ти не ти оди, тие не се важни ич. Твоите што ти викаат? Да седиш и трпиш или имаат барем малку разбирање?
На крај секако јас ќе бидам крива ако заминам. Ама еве кажете дали вреди да останам во ваков брак. Ние со години немаме седнато кафе да пиеме заедно дома, да помуабетиме како сме што сме, што планираме..се преку пораки контактираме, јас пишувам он игнорира. Ако имам мака ако му кажам исто на игнор сум. Значи да умирам нема да е покрај мене. Кога е дома спие цело време не сака да поминува време со мене и со децата. Не ме почитува, немам поддршка за ништо, ме вреѓа, не ги почитува моите и не им зборува иако ништо не му згрешиле. Изговорот му е како ти со мама и тато така и јас со твоите. А јас не знам што се немам претрпено од неговите и пак им зборрувам и ги почитувам од чиста култура. Не ми помага за ништо, ни дома ни со децава, не се прибира дома, важни му се материјални ствари повеќе од децава. Ако треба роденден за дете јас да плаќам се не сака да си ги троши парите на децава како за туѓи да се работи. Шета до сабајле јаде надвор пие надвор дојди сабајле легни па пак спиј цел ден стани работи па пак шетај. Јас сум земена и фрлена како ѓубре овде само не знам како моите уште не можат да разберљт низ што поминувам јас.
Моите седи трпи игнорирај ги терај си по свое нека пукнат. Ама не пукаат тие јас ќе пукнам зошто ова не е живот. Не е работата само живеј и седи тука за инат нивни. И што ќе постигнам? Ништо. Само што ќе се разболам.
Седни ги твоите и кажи им како се однесува маж ти со тебе. Дека уствари ти воопшто немаш маж дома и дека повеќе не можеш да живееш така. Не криј ништо од нив, биди скроз искрена и верувам дека ќе ти пружат поддршка. Со тоа што ти седиш таму и трпиш страдаш само ти и никој друг. На твоите деца им треба здрава и среќна мајка, нека го имаат и тоа на ум. Не дај боже да ти бидне нешто дали физички или психички кој ќе се грижи за тие деца. Кажи им се.
Мораш да собереш храброст и да заминеш ,уште и кажуваш твои пари се трошат за родендени а тој си го тера ќејфот,да оставиме настрана што во брак не треба да има твои мои пари... Него не можеш ли да земеш некој мал кредит за стан барем еднособен кога вејќе немаш подршка од твоите да си почнеш сама нов живот? Колкави се децата?
Кога викаш дека на убав збор ќе паднеш и ќе му се вратиш, сфаќам дека џабе дрндаме сите тука. Ти сама не се цениш, се понижаваш и учествуваш во срањево. Работиш ли? Колкави се децата?
Прво прочитај го одново ова што си го пишала, а потоа прати им го на твоите. Дури и да се противат твоите некое време ќе мора да бидеш одлучна и да работиш само за твојот интерес и на децата. Мисли на нив, затоа што ако се ова е вистина што си го напишала тогаш си свесна дека тие немаат никој кој се грижи за нив и како сѐ ова се одразува на нив. Ментално ќе ги осакатите за цел живот. Прво мислев дека заради финансии трпиш но ако гадот и со сметки не придонесува, зошто си ти должна и за него да плаќаш. Барем со развод ќе има судски налог за алиментација да ти плаќа.