Познавам ваков сличен случај. И знаеш што се случи? Жената се распаѓаше да останат во брак само заради децата, сѐ од себе даваше, години поминаа..И на крај се разведоа. Она беше свесна дека еден ден ќе дојде до тоа, но вредеше ли сиот труд кој упорно го вложуваше да се поправи нешто што не може да се поправи? Вредеа ли сите тие нервози и изгубени години? Разбирам дека немаш храброст, и тоа е многу голем чекор, ама некогаш треба да излезеш од ‘комфор зоната’ и да се ставиш себеси и сопственото психичко здравје на прво место. Дефинитивно не вреди да останеш во таков брак.
Мајка како прво жал ми е за твојата ситуација во која се наоѓаш. Ти имаш уште едно дете за гледање, тој карактер и такви навики шо ги има не верувам да се променат никогаш. Дали имаш некој близок да викниш да ти помогни за низ дома со обврските, мајка, свекрва било кој? Дали имаш можност поголемкото да го пуштиш во градинка? Тој нека го носи на сабајле. Мало е многу бебенцето хормони ти фучат напорно е. Пробај се шо правиш да биди попрактично, околу бебето и тоа шо не мора не го прај, него гледај да се одмориш. Ко ќе е топло времето сонце има земај количката и детето заедно шетајте надвор, и поголемото прошетано и бебето ќе ти спие во количка. Во врска со доењето знам е далеку покорисно и со огромни бенефити, но верувај многу е понапорно од формула, при што детето тие буквално на цице и не можиш да мрдниш ако немаш никој за помош ни преку ден ни преку ноќ, со ад бебињата спијат повеќе сати и во ноќта и преку ден, правиш шишиња ставаш за навечер се будиш но не на секој 1ипол. Ако можеш барем да го замолиш навечер да си иди порано не во 4 по сабајле, речи му нешто дека ти е страв на вечер да те остава сама со децата, па друго нека прај шо сака, нека си иди и нека го заспива поголемото. Некои обврски мораш да му ги наметниш па и на сила дури. Ручек нема не си стасала да напрајш, или нека напрај тој или нека седи гладен. Бебе плаче дај му го враце и негово си е нека го игра малце, не може се на тебе, ти бркај си други обврски. Мали се многу децата за развод ако немаш каде да одиш. Али ти препорачувам за потаму, оти цел живот вака ќе ти помини со него.
А дибеков има мајка, татко? Да си ја викне свекрвата на поседок, да и помогне да и направи филм дека мора да лежи, а синчето нејзино е зафатено со кантер? Мислам жени, кај ги наоѓате?? Па уште и деца правите со нив? За жал од овој аир не гледаш. Дека ќе се промени, јок. Само нерви за тебе и здравствени проблеми. А за рие што викате ќе си оди ќе се свести, јок бре. Он друштво ќе вика за кантер.
Тоа не е решение. Свекрвата да дојди за синчето да продолжи со лежење, да не се измачи од играње со децата Не можи свекрвата да го земе местото на таткото. И колку време ќе помога недела, месец?
Види јас да сум развод ќе си добие одма уште после сцената со болно дете а он кантер игра. Ама она да се мачи со загноена рана, две бебиња.. Е кога синчето не го бива мама му нека дојде. Она е таа што така го воспитала.
Какво размислување хахаха.. Ако мажот не помага, свекрвата мора да помага оти таа е крива, нормално. Која мајка го воспитува своето дете да прави вака? Можи не го учи да работи по дома, ама сигурно не го учи да се однесува неодговорно за децата. Значи свекрвата е надвор од приказната. Проблемот е со сопругот.
Не можи да го заземи местото, ни татко да му биди, ни да го превоспита синот. Ќе помага на внучињата пошто му е баба, не на некое туѓо дете. И година ако треба, шо е толку чудно баба да ги гледа децата, излезете и прошетајте ќе видите колку деца шетат со родителите колку со бабите. Жената има потреба од било каква помош, не можи на нозе да застани со две мали деца. Тоа ко ќе се среди и децата ко ќе пораснат друго е.
Гледам погрешно ме разбравте или јас погрешно се изразив. Ќе пишам пак. Бабата можи да помага ако сака, не е должна да го прави тоа. Тоа е обврска на родителите, сите други можат да помогнат ако сакаат. Треба еднаш да се разјасни дека свервата си има свој живот и на никој не му должи ништо. Повторно ќе го пишам истото тоа не е решението. Треба сопугот да се вклучи во домашните обврски и децата.
А што правиме со брачните парови што живеат сами во странство и немаат родители покрај себе, во друга држава им се и на жената нема ни мајка ни свекрва да може да и помага за мажот да биде слободен да игра игрици и да се понаша ко ерген? Кога мажот ќе сфати дека домот и децата се подеднакво негови како и на жената, и кога ќе сфати дека НЕ ПОМАГА, туку ги дели домашните обврски со партнерката, тогаш ќе бидат ок работите.
Ама и жените треба да сфатат дека не можат да го променат мажот и треба да отвараат очи пред брак. Исто така дека со раѓање деца нема да го поправат бракот или да го сменат сопругот. Само си прават лошо на себе и на децата. Ако сопругот не помагал со првото дете и си играл игрици, наместо да се среди тоа и да се пронајде решение, членката раѓа второ дете.
Не се откажувај во такви тешки моменти не сме ни свесни колку имаме моќ над нас, јас верувам дека ке успееш и дека ова ти е прв чекор што го споделуваш овде..You go girlll
Се додека се мисли вака Ќе има маженца како членката која бара совет. А ќе има и бабички што мислат дека се центар света на внучето и трет родител. Аман веќе бе ЖЕНИ, вие со свекрвата ли ги правевте децата или со мажот? Само овде кај нас останало од пусто турско бабичка да е секаде присутна и да не се може без неа
А кој рече дека им е должност!! А бре женава се раскостува ало, рана и гнои и крвари. Треба да лежи да одмара. Нека дојде некој да и помогне додека да се опорави па после нека решава што ќе прави со 31 годишен пубертетлија.
И треба маж и да се покрене. Уште сцекрва и фали да и звоца ако е таков карактер. На вашиве мажи баш лесно им е со вакви жени. "Што маче, не ти се чуваат децава, ок викни ја мама, нема проблем"