За жал има многу такви случаи. Па и уште ако жената е невработена... децата се само нејзина обврска. Тој доаѓа уморен, руча и оптегнува нозе на кауч. Жената пошто невработена, нема право да се жали дека е уморна, јер она "цел ден е дома,ништо не прави" . Така да , не се очекува помош од него. Неговиот работен ден завршил, а жената од јутра до сутра активна. Навистина ми е жал за жените со такви мажи. Не верувам дека некоја успеала да смени таков "маж" .
Добро бе нека не е свекрвата нека е мајка и, сестра и , некој да и се најде. Од пубертлетијата тешко. Најреална сум. Гарант он не ни сакал да се жени ама ајде време ти е , ајде долго сте зааедно притисоци и ете резултат. Најчесто е така.
И ако е вработена жената пак е истото. Порано не работеле и се грижеле само за домот, сега ем за домот ем на работа. Тоа е, еднаквост. Кога доаѓам во темава ми се одмилува желба за брак, искрено.
Не е еднаквост тоа. Ќе биде кога мажот нема да легачи по дома после работа, туку ќе се грижи за домот и децата
Јас си благословувам што не сум мажена. Вакви глупости да трпам нема шанси.. Поарно сама него некој душата да ми ја сиса.
Ти верувам. Среќа не читав вакви работи пред да се мажам, па влетав во брак без да размислувам многу. Уште поголема среќа, па и ми се погоди од прва. Немој да се плашите, тука само проблемите ги споделуваме, има и убави и хармонични бракови.
Drugite I tugji iskustva vi dava nerealna pretstava za brakot I mislite deka ne e ubavo da si mazena. Ne dozvoluvajte tugjite I ekstremni primeri da go sozdavaat vasheto mislenje.Kreirajte svoj zivot, svoj brak I rabotete da se podobrite vo nego. Negiranjeto na nesto za koe nemate iskustvo e povrshno.Sekoe dobro.
Не е тоа од што читам туѓи искуства туку дека знам што сакам и како сакам и не го романтизирам бракот. Јас сум цел живот самостална. Јас не би дозволила да ми се однесува како незрело теле во брак. Или ќе го бива или децата со мене и ајт чао. Да се туфкам вака така онака нема шанси. Ама јас имам свој стан, имам сигурност. А не да живеам кај него, да немам ништо мое, да се тресам кај да одам ако не функционира. Не, животот е суров. Убаво е да се романтизира, се е на куп, се а наше.. Кај мене нема тоа. Се знае дел заеднички дел мој, За моја и иднина на деца. Не знаеш што се случува. Еве конкретно за членкава, јас после првата дешавка на играње кантер на 31 година , додека сум трудна за второ а првото ми има температура, си одам!! А ако е во мој стан, му ги пакувам работите, менувам клуч и писмо од адвокат. За во брак ми треба партнер, а не донор на сперма. Ако сакам да гледам сама дете ќе одам и ќе си направам, а ако сум се омажила или ќе го бива или чао. Нема јас да воспитувам некого и да учам како е да се биде во брак.
Би сакала да прашам совет, дали имам право да се лутам? Живеам со сопругот во неговата родна земја и се уште го учам јазикот и сум невработена постојано сум дома но затоа што бев депресивна почнав да се занимавам со некои активности и исто така се запишав на јога гледам повеќе од времето да ми биде зафатено. Но не знам дали од толку слободно време или што почнав да станувам многу љубоморна , сопругот на работа има колешка која постојано му се јавува он ми вика дека за работа да го праша (јас не разбирам затоа што зборуваат руски ) не би требало да ме лаже но сепак многу сум љубоморна и многу се нервирам кога ќе му се јави едноставно ми пречи мислам дека и се допаѓа. Неколку пати му се налутив на сопругот и се чувствувам од една страна лошо како некоја љубоморна тинејџерка во врска но од друга страна ете ми пречи што да правам не можам во себе да го држам тоа.
За лутење е. Што има да се јавува постојано надвор од работно време? Не може да е секогаш итно. И мене би ми пречело. А ти го прашуваш ли маж ти зошто му се јавува постојано?
Чим ти пречи има нешто што го предизвикува тоа. и јас исто би реагирала. и би РЕАГИРАЛА.седни го кажи му јасно и без нервози дека ти пречи и како би било доколку сте во обратна ситуација.
Па прават нова апликација и не знаела да се снајде за некои работи и постојано од него бара совет. Они и после работно време од дома доработуваат понекогаш. Но едноставно такво чувство имам како да сака да му се упика , еднаш намерно отидов кај него на работа му носев кафе и она многу чудно ме гледаше не го тргна погледот од мене ,разменивме неколку збора откако и кажав дека планираме бебе и се смени расположението.
Да му забранив да му се јавува и од тогаш не му звони , он само ми рече немаш причина да бидеш љубоморна она ми е само колешка пет години работите заедно но штом ти пречи ке и кажам не сакам да се расправаме за глупости. Јас му проверив и пораки преведува што можев на транслејт и немаа ништо друго освен за работа пишувано.
Да не малку претерувате? Маж ми е цел живот со жени на работа, останувале и до 12 ноќе на работа, оделе заедно на пиво, искачанки, сега работи од дома но хонорарно кај што работи се само жени и се дружи прилично со нив, 6 жени, родендени, искачанки, слави, дружби, состаноци, многу пати дур бил на работа од дома сам што се вика, едната доаѓала да потпише документи, да се видат, да испијат кафе... Ако секогаш ми било на памет тоа, па да му ја мислам, да си тупам глава... Со ланци сакаш врзи го ќе направи ако науми. Целта на бракот е да се има доверба, да се биде едно, не да биде хорор самиот живот со некого, да ти стои на глава дека тој можеби на работа прави нешто, дома му се јавува... Особено во ваква ситуација кога ти не знаеш јазик, па се чудиш што зборат, секоја насмевка негова да те копка, да не смее да се однесува нормално. Што знам, мене тоа не ми е нормално. За ова треба да се размислува многу пред брак, дали некому доволно му веруваш. Кај тебе е проблем секако што ти не знаеш таму никој, не познаваш, немаш пријатели, слободно време на претек, само да го мислиш што прави... Најди начин да се ослободиш од тие мисли и ако не му веруваш поработи на довербата. 21 век сме, работното време одамна не е 8ч во склоп на работното место, комуницираме по цели денови со странки и колеги, не знам дали тоа на долги стази би ти било изводливо.
Јас мислам ГПС да му ставиш, и него и неа и да ги следиш кај одат додека се на работа, дали се заедно седнати еден до друг, ма камера постави му!! Господе боже мили за што се замара. Кога работевме еден период турбо, дене ноќе звонеа телефони, машки женски па што требаше бе жените да ми се закануваат зашто им се јавувам јас слободна на мажите нивни? Не си го преценувај маж ти не сака да го земе секоја.
Нема потреба од такви коментари,може да кажеш совет со убаво , јас убаво прашав и едноставно се чувствувам како што се чувствувам. Затоа и побарав совет а не побарав совет за да бидам исмевана.
Ти им обраќаш внимание само на советите со кои те тапшаат по рамо, еве јас ти пишав мое видување ме одмина, ама Нена поостро напиша и одма и се пушти. Најди си занимација, многу имаш слободно време!